Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Тој и јас, никогаш повеќе.
    Јас и мојата самодоверба, никогаш повеќе.
    Јас.. никогаш повеќе.

    Кое проклетство е да бидеш со тага до срж на толку убав ден.
    Проклетство кое ќе те постсетува колку луѓето со леснотија доаѓаат и си одат.
    Всушност, пред него никогаш не ги ни сакав овие денови.
    А богами, ни после него.
     
    На Hopeful, kala21, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    колку е беубаво Чуството кога гледас како се измаЧува некој а не можес да помогне :x :x онака само гледас и си мислес само као да помогнеса да не страда,не се маЧи и не тагува некој :!: ама понекогас е добро да помогнес и со утеха иако веке знаес дека не можес на други наЧин да помогнес :)
     
  3. cato

    cato Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Го разгледував подфорумот за литература и најмногу имате мерак на патетична тривијална книжевност.:P

    А таква и пишувате... :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Имам еден од оние-"требаше да кажам дека ум болна"-денови, за да си останам во кревет...

    Ај станав, од што морав, ке правам кафе, се посипав со вода...Поспана бев.. :^)
    Иде после госпоѓицата ке мие заби( работен ден е-морално ми е)--се што можеше превртив..А и се удирав во зидови..
    Се нервирав на утрински, не се нашминкав ко што треба, имам рогче на челото..

    Ме пратија на состанок( бенефитот од измиените заби дојде до израз) ќе се потепав со присутните...
    Председатели на управни и надзорни одбори 4 години, а ме прашуваат кои им се функциите....6 месеци пред истек на мандат-решиле да разберат што правеле изминатите години...

    И моето омилено-таксистот ми кажа-"Благодарам госпоѓо"- :doh: :( ;(

    Како од " фала девојче, ајде чао" , стигнав до "Благодарам госпоѓо".... :x
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Повеќето гледам се жалите на лажни другарки. Постоеше период кога жестоко го бранев својот пол, ама како што минуваше времето сфатив дека не сум била целосно во право. Во нашите редови има многу повеќе себични, егоцентрични, манипулаторки, калкулаторки, кои гледаат се‘ низ призма на интерес и другарства и врски, дури што е најчудно и во однос на своите најблиски се такви. Таквите во првата прилика кога другарката или дечкото веќе нема да им се совпаѓа со интересите и целите, без да трепнат ги напуштаат, за нив луѓето се еден вид потрошен и заменлив материјал. Скоро и да нема некоја која немала ваква ,,другарка,, скоро и да нема машко кое не налетало на некоја ваква ,,прекрасна партнерка,,... Понекогаш дејството на ваквите е многу разорно за нечии животи, за жал, ама кога ќе дојде ден да се соочат со себе, нека му ја мислат.

    Не е се‘ ни така црно, сепак постојат уште и припаднички на нашиот пол кои кога ќе затреба едноставно ќе видите дека се тука. И најчесто се изненадуваме бидејќи не оставала баш таа личност таков впечаток дека и‘ е грижа. Чувајте ги до себе таквите, ретки се, другите хм, прашање на време е кога ќе се заплеткаат во сопствените пајакови мрежи и тоа кај нив ќе дојде до пресметка од типот интерес на интересот...

    Неколку дена веќе ми стои како кнедла и ми поминуваат морници поради една голема семејна трагедија, а не ги ни знам добро луѓето, ги познавам само онака, тешко е и да се замисли како им е нив, никогаш веројатно нема да го најдам одговорот зошто воопшто се случуваат такви настани, за кои едноставно нема утеха. Мислам дека Ниче згрешил донекаде со констатцијата дека она што не не‘ убива не прави посилни, бидејќи некои нешта едноставно оставаат само непребол и пустош после себе.
     
    На thelittle17, bittersweet, tinan и 19 други им се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Убав период од мојот живот, убави денови, убава јас...

    Патување, преубави градови, многу добри луѓе го окупираат овој април.У принцип, не го сакам месецов баш, не ми е нешто посебен, ама оваа година многу ми се погоди.Еј луѓе, се заљубив :$ Вистина било дека изгледаме така како што се чувствуваме.Среќна и заљубена, прави да сум и убава и енергична, полетна.Најдов некој што ме прави среќна, некој што мисли дека сум совршена, некој што уште пред да ме има, не сакаше да ме изгуби :inlove:

    А не сакам ни јас да го изгубам него :)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Идам да ги умножам сликите од алманах и ги оставам таму,ме запишува нели тоа све.И после 2 саати идам да ги зеам,а госпожата неможеше да ми го прочита името од нејзиниот прекрасен ракопис.Ми идеше да и речам : Следеќи пут кад пишете ово,пишите са писаќом,а не са шиваќом машином.

    Али ај,си преќутев.
    Барем асални ги напраила :D
     
    На prettyliar, kravce, Micheleljubov и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    100.620
    Пол:
    Женски
    Повеќето од нас носат во себе некоја болка и прегазени соништа и напукнати срца...секој од нас има своја болка и свои радости кои ги бараме од милоста Божја...кои ги бараме за да ги исполниме нашите внатрешни празнини...и тогаш...одеднаш доаѓа вербата...вербата во Неговата љубов...и одеднаш се заблескува ...
    Ако ми се исполни желбава ,ќе ја частам Фемина!
    Господе...те сакам и ти благодарам...
     
    На antonina, bittersweet, Trendafilka и 19 други им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Се што може човек да плати со пари е ефтино...најскапо е тоа што го плаќаш со солзите и душата
     
    На ozbilnazena, kala21, Jagoda123 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Добро утро мили мои. Знаам дека е доцна за почеток на денот, ама ајде, ќе се обидам некако да го почнам.
    И додека го пијам благото кафе, горчлив вкус имам во устава. Ме боли душата за мојот мил другар. Прв пат во живот да видам машко, да се бори толку многу за некоја девојка, а таа онака себично да го игнорира.
    Од секогаш не сум ги сфаќала таквите девојки, им било убаво секоја вечер со различен да се, ќе посакаат ли некогаш да се сменат?
    А и другарчево мое, кај ја најде бе!?
    Многу сакам да му помогнам, ми доаѓа да одам и да и удрам две-три и да си заминам. Му дава лажна надеж и се трга на страна.
    Девојки не си играјте со машките чуства, после она синоќа, тешко дека ќе се опоравам јас, не знаам за него.
    Читав некаде погоре дека некои од девојките не им искажувале доволно чуства на дечковците. Мили мои, колку и да ви е тешко покажувајте чуства и бидете благодарни што имате такви дечковци, кои прават се за вас. Кои во секоја смисла на зборот би го свртеле светот наопаку за вас.
    Јас како оштетена страна си кажувам, ете го човечето мое. Абе треба зборови од уста да му извавам некогаш. Ретко, многу ретко покажува чуства и тоа многу ме боли. Ме боли тоа што е ладен, тоа што не ми кажува дека ме сака, колку и да прави работи за мене, сакам да слушнам и јас убаво зборче, некогаш де :emo: .
    Си ги кажав маките, сега да одам да се спремам за на факултет. Па да трчкам кај него, за да се туткаме еден до друг. Ми треба љубов, подршка и разбирање, следува тежок период.
     
    На Doozy, Hopeful, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    Теодора се согласувам во целост. Уште ќе додадам дека иако покажувам дека се грижам, дека ми е гајле и дека ќе бидам тука и после 10 години да ми се јави некој тоа не го цени. Тие што се од интерес, на нив им е како природно да им ги исполнуваш желбите, а да те третираат како ѓубре. Кога ќе смогнеш сили да речеш НЕ, спремни се и на Трета светска да дигнат, да се дурлат и лутат, да те изнавреѓаат и после да се прават дека ништо не било. Ќе им стане чудно што ти ги одбиваш, што не дозволуваш да те газат. Демек, како се осмелува?Ама важно нејзе и е лесно на совеста. И, не дај Боже тебе да ти биде тешко. Може нема да се исмеат во фаца, ама ќе гледаат да извлечат што е повеќе можно од тебе за да после те оговараат и си плакнат уста со тебе. Штом малце ќе осетат слабост веднаш ти се нафрлаат.
    За нив е се само пролазна станица. Ќе ја користам и газам до крајот на школската година, па после гајле ми е, и така нема да се гледаме. А и да се гледаме, уште поарно. Пак ќе го ведне носот пред моите желби - јас нема да се замарам со ништо.
    :@
     
  12. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Денов е преубав значи,сонце пука за претходните облачни денови. :)

    Одам јас на прошетка,
    а вас ве оставам во добро расположение и ве поздравувам со едно релаксирачко песниче. :*

    http://www.youtube.com/watch?v=_oVI0GW-Xd4
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    СДК дека темата Смешни мислења! ми стана омилена, цел ден ја читам и се смеам, ми го разубави денот :lol:
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Зошто бре толку чури на форумот, мириса на чад :geek:

    ...aко се извинуваш не значи дека се понижуваш. Тоа значи дека се воздигнуваш над себе си а во најмала рака дека си културен :angel: . Тукуу кај ни отиде светот а не пак културата :angel: :!: Ако одиш на опера и балет не значи дека ,,културно се издигнуваш,, или да :wasntme:
     
    На bittersweet, The-Queen, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    внимание, светка :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Doozy, zhap4e, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    [​IMG]
    Да ти кажам право и јас сум се прашувала што филинг е да леташ гулаби :D :D :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Убав состанок, идеи споделени, обелодинет победникот, уште утре останува да се средат некои ситници околу корицата. Цел ден шеткарање на сонце, мирис на јоргован и поздрави пратени од Словенија наваму.
    Кога ме прашуваа дали сакам сјајна или емулзирана површина, каков фонт да ми бидат буквите, дали да стои нотичка како знак за музика - поезија на изданието, се шашардисав.
    Ова, навистина се случува бре!? :?: :$ :rock:

    Студентска пролет помина многу кревко, ентузијастично и во склад со пролетните визии. Се прочитаа многу песни, раскази, се цртаа уметнички слики и се продаваше рачно изработен накит. Си купив обетки во облик на лижавчиња и цела вечер си ги гледав, ко некоја средношколка. Сфатив, дека ако имам ќерка, ќе добие најголемо шарено наследство од моите чудесии од обетки и накит. Мачиња, точаци, микрофони, торти, виолински клучеви, лижавчиња, срциња... Шашавости.
    Јадев кинеска храна за ручек, уште ми лути јазикот, и сега тропотам низ соба средувајќи си ги алиштата. Купив (пак!) гел за туширање од ДМ, човек просто да не може да влезе таму а да не купи ништо. Некоја нова линија, со грејпфрут и масло, мириса на лето. Ми сака кожава игри. Башка за 99 денари, радост!
    На мачоров мој му стигнала пратката од Јапонија, после одиме да ја подигнеме. Перница за масажа, некои летни еспадрили и ситнурии што сакам да им се радуваме заедно.
    Што ли ќе донесе оваа пролет?
    Сонце и новости.
    Грижи за грбот и трчање на Кеј.
    Крем супа за вечера наместо 200 грамско чоколадо.
    Депеш Мод во мај со даде, уште сега спремам ранец и фотоапарат.
    Грижи за моите. Лекари, апчиња, притисок. Живот.
    Вагинални монолози во понеделник, а потоа палачинки кај Водолијата дома.

    Ќе донесе се’. Само успешно да ја изиграме играта.
    ;)
     
    На Hopeful, lunicka, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Прееска во школо, го прочитав тој постот на Jagoda123 што е напишан за татко и, ѝ се замислив, татко ми е многу далеко од мене, секој ден неможам да му кажувам колку многу го сакам, да го гушнам.. Ми фали, многу ми фали тато.. Се гледаме на неколку месеци, и тоа само на неколку дена.. Одвај чекам да отидам кај него во Данска.. Кога му беше роденден, неможев ни да му го честитам како секое нормално дете што му го честита и му ги тегне ушите, јас преку телефон му го честитав.. Но, тој е таму за мене, за брат ми, за еден ден да имаме подобар живот, да не се мачиме толку колку тој што се мачи.. Мојот татко никогаш ме нема испратено до школо, но тоа е.. Секогаш кога ке се врати од Данска, секој пат косата му е побела, и на лицето се повеке брчки има.. И да пишувам реферати нема да ми се доволни, но знам дека ке ми е доволно само да кажам ТАТИЧКО МОЈ, ЈАС ТЕБЕ МНОГУ ТЕ САКАМ, НЕЗНАМ ДАЛИ ЈА ИСКАЖУВАМ ТАА ЉУБОВ, НО СЕПАК ТВОЈАТА ТАТИНА МАЗА ПРЕМНОГУ ТЕ САКА!! ;(
     
    На Jagoda123 и prettyliar им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Предмалку си ги барав летните ципели и сите кутии ги направив каша попара. А воедно и сфатив дека морам да си ги исперам и подарам во црвен крст старите патики кои едноставно си ги обожавам. Ги утепав од носење а ништо не им е. Кожни се и можеби ги носам едно добри 6 години, од нив константно секој ден 3 (факултетски) години. Приврзани ми се за срце, ама па мислам дека и претерав со нив. Сега секогаш кога купувам патики си одбирам сличен модел мислејќи дека во мене ќе го пробудат тоа убаво чувство кога си ги носев тие старите. Тие беа мојот обожуван предмет, интем :D па да ви кажам и тотем :rofl:. Ах, тие беа мојата љубов!

    Некогаш сакам да ви кажам за госпоѓиците кои ги среќавам во мојот живот. Почесто и сум пишувала за нивната нарав. Сакам да не гледам така на нив. Бидејќи не се ни вредни да ме трујат со својата лошотилачка "позитивна" енергија.

    Дечко ми сонувал како нурка, а покрај него видел крокодил и ајкула. Прочитав што значи тоа и ми се стемни. :@ :rofl: Се зезам, нисам толку патетична. Ама знаете, видете, ние колку и да се одалечуваме од другите тие другите сепак не не оставаат на мира. Абре ќерата! Кога сакаш да живееш без маски така е тоа, лимитиран круг на пријатели кои ги одбираш по душа, никако по корист. И сега ќе се почудиш некогаш како и тие може да те зезнат. Ама па ајде ќе речеш, барем не се тотална штета. А и јас не сум цвеќе, воопшто.

    Јас кога и да постам сонувам некои случки со луѓето на кои некако сум им згрешила. Совеста највеќе гризе изгледа во таквите мигови. Ама уште неможам да наѕирнам каде беше мојата грешка. Тоа што се откажав од 10 годишно другарување. Ама знаете па тие и некако не се однесуваа рамномерно со мене. Не сите, ама едната аха. Може па бевме и во тинејџ години па поради хормони, а бу, ова она. Ама сега не се каам за тоа. Едноставно чекам да ми светне сијаличката и да ми каже дали јас згрешив повеќе од нив. Всушност тие беа и останаа најдобри девојки кои сум ги запознала, добро освен + две кои ги запознав на факултет. Замислете во 6 поминати години јас сум запознала само 2 женски кои според некои мои размери на моралните вредности кај луѓето се извонредни. Само две жени. За мажи, па еден, двајца, упола тројца. Рамномерно биле, јас мислев мажите ќе натежнат. Натежнуваат малкуцка.
     
    На Jagoda123 и Moira им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    10.324
    Зошто се зема се здраво за готово?
    Зошто сме сите на врв срце?
    Човек не може ни да се пошали малце,а одма да не го треснат од земја.
    Стварно некои немат смисла за хумор ама ич од ич :!:
    Ајде не се зезаме повеќе чесен збор,ќе си правам шали на моја сметка :!:
    А денов од убав поубав да ти е мерак да смееш :D :D :D :D
    Ајт поздрав еве ви по едно од мене :coffee:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.