Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се навратам назад во детството или во пубертетот, сфаќам дека во многу моменти сум останувала со прашалници над глава, многу работи не ми биле јасни, и за многу работи сум размислувала на каков начин да ја прашам мајка ми, затоа што никогаш не сум се чувствувала толку блиска и отворена кон неа.
    И отсекогаш сум си велела дека ако здравје Боже еден ден имам ќерка, ќе се трудам да се зближам со неа и да ѝ дадам до знаење дека мене може сé да ми каже и да ме праша.
    Ми стои некоја грутка на грлово уште од сабајлево, кога се замерив со мајка ми дека треба малку повеќе внимание да ѝ посвети на сестра ми која годинава е матурантка. Сестра ми самата си најде шивачка за фустанот, сама беше да си купи материјали, сама си одбра модел, а мајка ми никаде ја нема во приказнава. Ја разбирам и неа, зафатена е, таква ѝ е работата особено периодов, ама некогаш ужасно многу ми недостига таа близина која ја забележувам меѓу моите другарки и нивните мајки.
    А кога некогаш во друштво ќе се пожалам дека мајка ми не ја гледам периодов, наидувам на коментари од типот: Дур ти носи пари дома, не се жали.
    Ама не е баш така... А кој не почувствувал како е, не може ниту да знае, ниту да суди.
     
    На bittersweet, Elichka, kravce и 34 други им се допаѓа ова.
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Си ги разгледувам вака мислењата кои ги имам пишано до сега и велам „О Боже! Колку смајлиња имам употребено!...Сум претерала!“ :D Велам ајде следен пат повеќе ќе внимавам, да не изгледа постот премногу несериозно, наивно или слично.. Но еве ме пак. :D :D Морам бе луѓе да ставам многу смајлиња, така се чувствувам поубаво, ми даваат позитивна енергија. :rofl:
    И така ви велам јас, ограничениот број смајлиња во еден пост е измислен само за таквите како мене. :emo:
    Се изналупав глупости ама морав ова да го изнесам од мене!
    Поздрав Феминки! :sun:
     
    На Someonespecial и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  3. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    многу сум разочаран од животот незнам што ни како понатака незнам што да правам како ништо незнам не е фер више
     
    На kala21 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Браво за мене, го скршив огледалото, и баш големото шо цела можев да се видам.. Сега не само шо ке ме следи несрека 3 години (бла бла бла бабини деветини) туку не ке можам да се видам каква сум.. :(
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Работа најдена, она што го сонував тоа ќе го работам, мастер студии при крај, изложби по Европа договорени. Се чувствувам сама себе. Посветеното време на себе си те како ми годеше. После долго ќе бидам гостинка на свадба, а нема да сликам и ме радува скроз тој момент. Нови луѓе во мојот живот. Китен моја ме радува, имам пријателка за која верувам дека многу патат. Како што ми кажа не сум постара, туку позрела, помудра па и посекси да.. хах, ја сакам не е свесна ни сама колку чисто ја сакам, како и тие неколку луѓе кои можам да ги избројам на прсти.. ама го создадоа цел мој свет. На хуманитарно поле, и те како ќе се активирам кога ќе се вратам во Скопје. Со Мила си зрееме двете, она мене лекција и јас нејзе.. Не знам колку и да ми удри животов шлаканици ме научи, и ми даде многу работи кои не ги побарав. Бабето мое правеше операција, и душа убава го запомнила мојот роденден, одам да ја видам како закрепнува, поклонче ми купила.. Секој ден се повеќе сфаќам не сум човек да мрзам, да покажувам муда и да бидам арогантна и иритирачка.. се чудам како им успева на луѓето околу мене да се однесуваат хронично така. Како и да е, се менува бројката напред почнувам со 3, нова деценија, и се надевам многу поубава од претходните.. Живејте жени и дишете длабоко, грижете се за себе најбитни сте си, а кога ќе се грижите за себе ќе можете и за другите. Животов ќе не учи вака или така, ние треба да се справиме.

    Имјате убав ден. Мојов е полн со Љубов од сите стани на светот.
     
    На LaraSolare, Hipster, danichap и 47 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    каков ден
    уште од рано науто будна, освестена, земав да си испеглам што планирав да облекувам за денес-нели на гастро на клиника требаше да одам, ај каснав малку-колку да не колабирам таму :D и до кај матичната за да ми напише упат-нели за контрола па не можеше да го најде претходниот резултат-знаеме какво ни е здравството во Мк многу добро познато :puke: и кога ми рече не можам да го најдам, врати се дома да провериш дали ти е оригиналот кај тебе го најдов и и го однесов , и ми напиша упат:) на пат за натака , кога ми застана еден манијак на два пати-демек џентлмен изигрувам, трет пат да застанеше мислам дека ке му се развикав :!: а таму кога стигнав гужва, хаос, исто ко во лудница-луге од цела Македонија, чекај ама кој што чека ке дочека, ама некој и умрел чекајки :D ама важно дочекав, и кога ми рече докторот дека сум убаво градена :rofl: си реков во себе-докторе ти медицина студираше или пасеше трева :fubar: нели лугето со проблематични црева се слаби, а јас се здебелувам :worried: и пак еден куп за испитување анализи :swear: па пак со резултатите кај него, а заборави да ми спомне за терапијата дали останува иста или не, ама си ветив дека поредовно ке ги пијам лековите :!:
    и кога ми се закачи еден од внатрешноста леле леле да земам да го треснам од земја и дури еден дедо кога му рече поканија на кафе |( до толку ли бе луге по болници девојка да бараш хелоу реално, знам дека малку повеке се вообразувам, ама кога не ми е периодот не ми е па и принц на колена да ми клекне џабе е-си имам јас и други проблеми, не ми е до тоа дојдено
     
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Абе мене не ми е жал за тие 3 несрекни години (ако е точно :lol: ), туку за тоа дека нема да можам целосно да се видам :rofl:
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Депресијата и тагата се само туристи. Изнеси ги на една прошетка на пролетново сонце, купи им чоколадо и подели го со нив, прочитајте заедно некоја добра книга, а пред спиење вечерта купи им карта во еден правец, испрати ги и насмевни се. :D :D
     
    На sweet-cherry, ilipili, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Да ви се пофалам денеска бев многу вредна,со мајка ми ја светнавме цела куќа,бришев прозори,маси,дури и садовите ги измив :D сега мајка ми прави макарони има да се прејадам :D после седнувам сокче,пуканки,смоки,соленки и ќе гледам фудбал нема да се помрднам да одморам и јас малце се премопорив денес :D
     
  11. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Зошто сум толку голем малер? Секогаш на мене ми се случуваат вакви работи, секогаш.
     
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Пак јас. Ќе одам и на републички ^_^ .
     
    На kravce, Moira, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ме гонеле некои мисли дека помеѓу мене и брат ми има видлива разлика. Почнувајќи од најочигледното, изгледот. Тој висок, плав, со плави очи. Крупни очи, тенка уста и голема насмевка. Јас ниска, црна, со темно кафени ситни очи, полна уста..
    Секогаш во мене имало некоја необјаснива љубомора кон брат ми. Памтам, уште од мали кога одевме на гости кај некои куќни пријатели, секогаш тие се врткаа околу брат ми „Леле пу-пу машала, колку е сладок, па плави очиња, плава косичка, машала машала, ќе стане лепотан кога ќе порасне. Цел е на вас“
    За мене незнам искрено кога некоја пријателка на мајка ми и рекла пред мене нешто такво. Секогаш тој бил центар пажња. Секогаш него го фалеле, за неговите успеси збореле.
    За беља па, тој ко мал тренираше карате, и моите и мене ме запишаа. Зашто не ми е јасно, јас не им дадов до знаење дека ме интересира тоа. На крај се жалеа дека џабе пари давале за мене, не ме бивало. :!:
    Па и во гимназијата кај што учеше брат ми, и мене таму ме запишаа иако против моја воља. Тој беше секогаш одличен ученик, па се надеваа дека и јас ќе бидам како него. Јас не сум како него, никогаш не ме интересирало да учам за работи што не ги сакам.
    Мене ми беше желбата да се запишам во средно уметничко ама ете.. Не ми било пишано.
    4 години ми поминаа без воља, со карање дека не сум била како него, дека он бил подобар од мене 100 пати.
    Секогаш нашите различно не третирале. Во нивните очи брат ми секогаш во се е најдобар. Иако уште нема ни дипломирано, запоставил кој знае колку испити, тој сепак е генијалецот во нивни очи. За родендени секогаш повеќе пари добивал, секогаш му било се дозволено, он е поголем, он е машко!
    Но еве сега и јас пораснав. Зошто и мене да не ми се дозволени работите што на него му се дозволени? Тој од 4та година средно живее сам, а јас да не смеам да се вратам дома 20 мин. покасно од договореното.

    Мислев дека чим ќе пораснам можеби ќе се променат работите, но гледам дека не било така. Еве, денес собрани сите на куп, цело време се збореше за брат ми. За испитите негови, за тоа он каде искачал што правел, за факултетот негов.. Еднаш не им текна да ме прашаат мене за нешто.
    Ај од една страна ќе си помислиш па не го гледаат него секој ден, ама па од друга страна татко ми секој ден оди кај него, да го видел.
    Мене дома секој ден ме гледаат па дали 3 реда муабет ми свртеле у последниве три дена.
    Ако јас случајно им почнам муабет за факултет, одма се врти муабетот „Оди и ти кај брат ти на факултет, запиши се таму, гледаш брат ти шо убаво си помина таму, лесно му беше, оди таму“

    Ама добро бре, кога сум рекла јас дека ме интересира било што од тоа што го интересирало него?
    Јас не сакав да тренирам карате, јас не сакав да учам гимназија, јас дефинитивно не сакам да го учам факултетот што го учи тој.
    Јас не сум брат ми.
     
    На OneDirection, Moira, Christina.A и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    И после толку вложен труд денес во мојот двор конечно си седнав и си дадов 5 мин. одмор да си испијам едно кафенце.Вчера сум си купила плус 6 цвекиња ... толку сум среќна што си го разубавувам дворчето :) .Малку по малку по свој кејф се средува дел по дел и заликува на една целина :inlove: .Во кошот под лешниковото дрво е масата со столици.Моментално таму седам јас,уживам и смирувам живци.И внука ми е тука си трча низ тревата и ми ги кине лалињата :devil: ...
    Тоа би било тоа углавно,одам да пуштам црево и да си ја навадам тревата. :lol: :rofl: :D
    Бајјј :hai:
     
    На Trendafilka и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    И денес официјално ја добив поканата за свадбата на другарка ми :D
    прво се смеевме, а потоа и си заплакавме, затоа што наскоро ќе се разделиме, и нема да можеме да се гледаме почесто :(
    Како и да е, колку и да сме разделени, нашето пријателство е трајно, вистинско, чисто.. Каде и да сме, секогаш сме во контакт и секогаш ги делиме најбитните моменти во животот една со друга, сите радости и маки... Листата на песни за моминската вечер е составена, листата со алкохолни пијалоци е тука :D ... Како што вели Еднаш се мажам, и мора да има тони алкохол ]:)...

    Си ја сакам бре луѓе, си ја сакам и жаал ми е што ќе оди далеку :$ ама ако нека е жива, здрава и среќна..
     
    На bittersweet, Moira, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Сдк Фемина е во тек со случувањата на своите членови .Тука еден куп ѓумбирџики ,и оп статија за ѓумбир. :clap:
     
    На Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Некои работи колку и да внимаваш да не се случат...има некоја виша сила, која е посилна од нашата енергија.
    И се случува нешто необјасниво. Нешто кое сакало да се случи покрај се`.
    Но, во секое лошо има нешто добро. Зошто можело да биде и полошо.
    Така се тешам.
    Инаку да си кажам, малер ме бие константно.... :geek:
     
    На Jagoda123, zhap4e, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Господе, чувај ме од приучени интелектуалци, што прочитале 6 книги, од кои омилена им е Касни порасни, Хајди е на второ место, а останатите не ги разбрале, или мама им ги читала, па они заспивале...

    Си викам, ај не се они криви, се во склоп на генетскиот потенцијал...Ама иди објасни им нешто...

    Ми останува да се молам, да ме разберат... :^)
     
    На Tomcia, Jagoda123, Primavera и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... мора да има посебна болест за опседнатите со серии (Анушка :* ).
    Мора да има назив за тоа чудо.

    Таму сум јас, во таа група. :worried:

    Еве на пример, толку се соживеав со Six Feet Under, анализирам карактери, си слушам песни од саундтракот, вртам некои стари дискусии од пред 100 години по форуми - што и како околу серијата, па и неколку спојлери си отворив, оф ама сум малоумна, решавам квизови - кој лик од серијата ќе испаднам. :?:
     
    На bittersweet, kravce, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  20. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Авал да им е :clap:
    Си љубоморат на сопствена среќа, :?:
    И не знаат ништо од носон подалеку од љубомора :wasntme:
    ами чукни си ја главата и разбуди сееееее :fubar:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.