Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    [​IMG]

    Никогаш нема да дипломирам!
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.763
    Пол:
    Женски
    Им се чудам на луѓево, мајка ми го знае секој мој чекор, а не се движи со мене. Не знам како некој нема друга работа освен да пренесува што правам , како правам и со кого правам... Преку глава ми е од услови, сакам бре како птица да сум слободна.
     
    На crazylady и baguf4e им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не можам да ги поднесам моите дома со нивните затворени умови. Врие од стереотипии и предрасуди кои најверојатно ги добиваат од грозните серии кои им го трујат мозокот секојдневно. Чисто генерализирање и делење во класи кои не ти даваат да го вклучиш умот. :puke:
     
    На crazylady, Dgirlll, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека кога и да го видам овој Рузгер од каде е ќерка ми,флертувам со телевизорот :rofl:
     
    На Smilly, Lepaaa, Chocoholic и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Викајте колку сакате по мене и убедувајте ме дека не е така, и колнете се, и заколнувајте се, ама јас само едно ќе кажам.

    Македончето, сирото, изгубено во свемирот, не е научено на работа. Ни на труд, ни на посветување, ни па сака да се замара и научи нешто. Не не. Македончето е невиден феномен досега, феномен кој преферира да мото во животот му биде ,,Лежи лебу да те јадам,,. Баш некна на радио слушав дека дневно, просечниот Македонец поминува само 2 часа во работа, а 5 часа одвојува за слободни активност. Виц на денот, еј.

    За гревови. Прво се нервирав, па ги жалев, сега им се смеам само. Така е дами и господа, така ќе ве биде во животот. :D ОО, грев, па како тоа некој сам нешто да направи ?! Ау, ау, чудо. Не, не, никако.

    Тешко им било, оооооооо сите светци, помогнете ми.
    Не виделе тие тешко, па ова им е тешко.

    Е, ај.

    Ви мавтам од под купот книги. :hai:
     
    На JuLleE, Strumfeta93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    СДК дека пред некое време се вратив од изложба. Типот ми беше професор по ликовно во гимназија, и е татко на другар. Па јас до сега немам приметено колку е згоден :$ Значи за годините што ги имааааа, ауууу :worried:hock: Колку елегантно се движеше, во фармерки и сако, застанува до нас ни вика "Здраво" и пивнува од чашата и јас ваква :worried:ilent: :$ :P Здраво професореее , а во глава сексуални фантазии...Изложбата ја правеше со уште еден уметник, ама неговите слики искрено беа светлосни години далеку подобри од неговите :D
    Леле не знам што зборам, утре на трезно кога ќе го читам ова ... :?:
    Ај наздравје :d: :d: :d:
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што магнет ке бев секогаш да налетувам сред „муабет“ во кој се оговара.
    Па глупо се чувствувам бе луѓе. Ко да немам за што да се пофалам или пожалам од себеси, па ај ке паламудам за други.
    И што е воопшто поентата на истиот?
    Што има мене да ме боли половиот орган кој во колку часот си дошол дома и во каква состојба, со кого, дали дошол пешки или со кола, или кој ставил шминка што не му одговара. Бре! Јас што насабајле во огледалото гледам чума, сега ке изигравам големиот мејк-ап артист... :?:
    Или пак уште појадна варијанта, оговарање јавно по интернет, па вана би прикривање со точкички.
    Еее готово, секого ке заебат со таа „финта“.
    Браво за изумот, оди дада да ве потапша, оти неписмени сме ние и незнаеме да скроламе. |(

    И конечно поминаа овие болки во стомакот после цела една недела.
    Пекол мајката. Се чувствувам препородено, можам саглам да дишам и немам веќе желба за спиење само за да не чувствувам болка. Погаден ПМС во живот не сум имала.
    Кое најрелаксирачко чувство е да ја гледаш свежо накитената елка како блеска, си јадеш милка и си читкаш низ интернет. :inlove:

    Денеска го сакам светот, без разлика што секаква дебилана гази по него. :inlove:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк
    чувствава мои се на ти го -дај ми го.,...
    кога станува збор за "љубовта ми моја" :swear: слатко :swear:


    Некако имам чудни барања, желби.

    Ми шараат очиве по една година помали од мене и на врв на се со женски покрај себе :tmi: летаат бумбари,(од оние големите мајските ) се трескаат од желудник,во жолчка,цревца едвај чекам да излезат низ душник па низ усни.
    :*

    Охх како ли јас да пораснамм...

    http://www.youtube.com/watch?v=0bF7f6A_IcQ
     
    На baguf4e и Lepaaa им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДК....Лош ден. Тажен ден.
    Чудно колку несреќата на блиските влијае на мене. Премногу... Денот ми започна со лоши вести. Мислите цел ден ми лутаа таму некаде далеку, накај неа, накај личноста која ми значи многу во животов. Знам дека и' е најтешко до сега. Помина еден тон лоши работи до сега, еве уште ова фалеше во листата......Се прашувам само што ли му згрешила некому што и' се случуваат вакви лоши работи. На едно вакво чисто, искрено и неискварено суштество да се враќа на овој начин......Што останува за оние другите.
    Безброј пати до сега била тука за мене, за се' и сешто. И во добро и во лошо...Сме поминале многу работи заедно, од тинејџерски глупости и зезанции до озбилни работи на овие години. Буквално се'. Ја знам, ја познавам многу добро. Ја знам како дише. И токму поради тоа знам дека после ова ќе биде уште посилна. Иако не признава дека е јака и за себе скромно си вели дека е „слабак“, го тврдам и со две раце го потпишувам спротивното-јас во животот не сум сретнала појака личност. Покрај сите удари кои и' ги нанесе (и се уште и' ги нанесува) животот-да останеш секогаш приземен, ведар и позитивен, да имаш неверојатно силна волја да се бориш за себе и за најблиските.....
    Ретки се таквите. А таа е од оние, најретките сорти. Една и единствена. Уникатна и оригинална. Најдобра.

    И праќам бескрајно многу поддршка, зашто знам дека сега и треба во неограничени количини. И ќе ја замолам да не се откажува сега. Знам дека нема, но сепак да си кажам.... :(

    You're one in a billion. Keep the smile on your face. Stay strong!!! :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сакам да кажам од Карина свирол не бива не па друго.. слабо слабо..
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    А да кажам дека и јас веќе ќе си се смешам некогаш, а искрено и ме нервира дека корисничкото име е слично како моето, па можеби некогаш ќе дојде и до некоја забуна, а јас тоа не го сакам :(
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Па рекоа снег, а не дожд.. |(
    И доста лажете по фејсбук дека е снег, ме терате на ладново по пижами да излегувам надвор да проверувам! :D
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Се гледаме под елката. :lol:

    јас решив утре да се пеглам ... и видете што прави марфи.

    Го читам постот на пеперутка и се смеам. Денес им завршува учењето и и другарка ми се врати од бг ... Море како мерачки ја гушнав. Со толку радост и среќа ми покажува слики, ми кажува, раскажува ... а јас уживам зошто ја гледам, искрено е среќна. Не и посакувам ништо помалку ...
    таква е слаба а толку се стиснавме, миослев ќе ми се скрши прееска ... ама обавезително беше, не сме се виделе една година. Пууу :)

    Убаво е да имаш луѓе во животот.
    Вредни за да бидат дел од твојот живот.
    Поголем или помал дел.
    Да те нервираат, да ти се качуваат на глава, да ти креваат притисок, да те повредат понекогаш, да ви иде коси да си искорнете, и да ви иде да не ги тргнете од прегратка од што толку многу ... толку едноставно а толку силно ... и покрај се ...
    ги љубите.
    Со личностите низ нашиот живот растеме, созреваме, се смееме, плачеме, учиме. Ние ги одбираме истите ... ние им дозволуваме да зафатат дел од нас ...
    А јас, иако се бројат на две раце, ги имам и совршени се. И совршено гордо и проклето убаво се чувствувам кога си викам имам човек што го сакам повеќе од се ... имам пријатели што ги сакам и почитувам ... возвратено ми е се од нивна страна и плус си имам совршена рамнотежа помеѓу нив. Зарем ми треба нешто друго?

    Во нашиот живот ние сме целосно главни. Од цртањето скици, преку набавувањето материјали, па и градењето ... ние ја носиме секоја одлука.
    А убаво е кога човек може да одлучи нешто, и зад истото да си стои и да си рече ...
    нек си и*е мајката, јас сум феномен.

    Секој еден јас, е феномен. Секој јас на планетава има нешто добро во себе. Има и нешто лошо ... како приказната дека секој човек има добар и лош волк во себе, кој ќе го храниш тој ќе те служи. Јас преферирам да го хранам добриот, и оооо да, јас сум едно пресреќно суштество.

    Едит: имајте убав петок, не го ни видов кога дошол, ама фино го пречекав.
    :f:
     
    На mamas, Divinebutterfly, Butterfly15 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тастатурава ошла јабана, некои копчиња треба да ги силувам за да си ја завршат функцијата.

    Повик од мајка ми ме згреја, реткост е тоа..

    Даре ме смее на скајп, паралелно зборам на телефон и ништо не разбирам..

    Љубово му исклучиле нето, ахах нека одмори малку..

    Денес се осеќам ко бумбар, фрлиме по некоја удолничка ојдов јабана, се здебелив, демек си ја појачувам крвта ја си го дебелеам газо. Косава упорно паѓа трети месец.. третмани дома..

    Испринтав картиве за авион, ах се радувам, си пуцкетам во мене.. дома си е дома.. едвај чекам едвај..
     
    На Divinebutterfly, Peperutka90 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  16. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    СДК дека ми се плаче, да да без зезање. Некако душава ми е празна, од се ми е преку глава,аууууу веќе.
    Воопшто не се чуствувам исполнето и радосно. Не знам зошто.
    И веќе преку таквата ми дојде (се извинувам на речник) од прашањата каде за Нова година? Ауууу никако да ја сватам причината за славење Нова Година, ај ќе се радувам што ќе бидам постара една година,глупости.
     
  17. narcis2011

    narcis2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    многу ме боли грбот, половината и рацете :( а нема кој да ме измасира, ми се плаче ;( ;( ;( ;( ;(
     
  18. magde1990

    magde1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    еден топол туш ќе ти се олесни малку :))) поззз
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Чуден живот. Денес така, утре вака .. Не знаеш кога ќе се смееш, кога ќе плачеш. Не знаеш што те очекува утре, не знаеш дали ќе живееш или пак можеби ќе умреш. Ништо не знаеш. Ама ако, убаво е така да живееме во неизвесност. Да знаев дека овие два дена ќе сум толку среќна, претходните два немаше толку да тагувам и немаше да сватам колку некои личности ме сакаат и ме ценат. Немаше да ја знам вистинската вредност на животот, на солзите, на љубовта .. немаше ништо да знам. Сега се уверив во се што некогаш сакав да се уверам и нема да дозволам никој да го смени тоа мое мислење. Без разлика колку и какви личности има во мојот живот, јас знам КОЈ, КОГА, КАДЕ и КАКО ќе се секогаш за мене тука. Можеби некогаш ќе бидат попречени од Х-прични, но потоа ќе го надокнадат изгубеното време што не можеле да ми го посветат. Затоа треба да го ценеме животот, таков каков што е, да ги сакаме луѓето такви какви што се и да го чуваме тоа што го имаме. Еден ден може да се завртеме назад и да кажеме : "Колку вредно нешто сум имал/а, а не сум знаел/а да го/ја зачувам." А пред се, треба да се цениме самите себе. Тоа е најважно. :!:
    Добра ноќ. Имајте слатки сништа. :*
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Ногу, со н е тапа да врне надвор, ти да имаш компир манџа за вечера, да не ти се глеа никаков филм, другарките да ти се во деветнаести сон, мајка ти да се суши со фен и притоа да кенка дека ништо не те слуша додека и зборуваш, а ти воопшто не и се обраќаш, да има атмосфера за сексуални деланија, а тебе партнерот ти е километри одалечен и хрчи ко еж, да ти се дреме во некој бар со валкани чаши и каубоец до тебе, а ти...
    Ти да дремеш на нет, да скубеш страници за астрологија, да полемизираш за грдиот клип со Кили и сиротата водителка, да се денгубиш низ признанијата и здодевноста, да се сеќаваш колку си имала погрешно мислење за одредени нешта, а сега се смениле, да му благодариш на оној горе што ти дал акал, а не чакал во главата, да уживаш на Фемина...

    Ми се дешава некое откровение, драги мои.
    Поим неам зошто и како. Месечина полна и не видов баш вечерва. Нема што многу да се види по дождов.
    Денес на шала и смеа и викам на една колешка: Денес е денот на бившите! Не заради нешто друго, ами со тројца од нив денес имав комуникација, на виртуелно ниво, испадна сосема ок и на крајот, сфатив многу битна работа.
    Ништо не го менува сегашниот момент.
    Особено ако си го љубиш она што си го имаш и среќен си што можеш тоа да го споделиш, речеш, кажеш, макар како глупаво нацртано срце во огледалото кај него во купатило.

    Изгледа да, откровениево е некој нов раст.
    Чудно.
    Ве гушкам, онака. Несоницава ќе да ме држи до кај 3 ипол, осеќам.
    Важно е да не е тажно, Шилејка така знае! :*
     
    На la-chicka, Strumfeta93, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.