Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Екстерни ќе полагам, Абер немам, Аџанак-Баџанак :emo:
     
    На lana.del-rey, Speechless, BlondeGirl8 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.292
    Допаѓања:
    158.107
    Јас не знам шо се замарате со животот!
    Отворете прозор, пуштете си еден smooth lounge, наточете си пивце и учете си, читајте си, љубете се, шо сакате бе!
     
    На bittersweet, Someonespecial, Girl-50 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Утре е Петок и конечно само нека ми поминит тестовите за 1 месец иначе ќе пукнам =.=..и да дојди побрзо лето :D :D <3
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Мириса на `ДОМА`....татичко гледа српски класици (кои патем од негледање ги научив на памат) а јас и мам пијуцкаме кафе .
     
    На kravce, teddybear, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Колку добро се осеќам после еден туш после напорен,исцрпувачки тренинг зумба.Милина. :mm:
    Утре можеби правам тест хемија,можеби не,да се надеваме не.
    Долгоочекуваната средба со братучетка ми најверојатно ќе се реализира наредната недела и тоа на нашето омилено место. Can't wait. :)
    Засега,добро е,терам некако.Со последни сили учам физика,математика,хемија и такви тешки напорни работи кои ми го одмилуваат меракот за секој ден.Ај да не се жалам,добро е.
    Поздрав,убава вечер. :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=SQ4a0vW0Y1o
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    48.604
    Пол:
    Женски
    Мирисот на пролет во Скопје. Конечно испушена цигара на прозор без да се тресам од студ проследена со мирисот на скара од Стара чаршија. Галама од околните кафичи проследена со весели пијани луге. Колку и да ми смета тоа урлање под прозор после лудиот провод,толку и го сакам. Конечно раздвиженост и живот во лугево. Моето омилено годишно време.Убаво ми вика симпатијата-С ти си како времево.Како дојде пролетта и ти живна со цвекињата надвор. Во право е човекот. Му се радувам на секој нов ден исполнет со сонце и топлина.Топлина која ми го обвива срцето. Дури ни алергиите што секоја година ме измачуваат не ми сметаат колку што ми смета зимото.Во пролет животот ми добива поубава смисла.

    https://www.youtube.com/watch?v=VDJufnv8OwE
     
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш кога ќе се решам дека треба да слабеам ми се јаде најмногу?! :?:
     
    На sweet-cherry, Speechless, BlackPiano и 3 други им се допаѓа ова.
  8. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    СДК од вчера не престана глава да ме боли,очите крвави,ненаспана кнап(ко и секогаш)... Катастрофии , вака грдо мислам дека никогаш се немам чуствувано, но како и да е вечерва оди на подобро малце..(да се надеваме... што не поминало пак и ова..) :)
     
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Ќе треба да се соочам со овој single живот.. но како?
    Зошто немаше копче во мозокот за делете, или копче за отсакување на одредени личности?
     
    На Monroe, Rubiii и teddybear им се допаѓа ова.
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    СДК It is open season for мишки!! :D
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    1.Денес нашето школо имаше академија и се почна добро..јас бев водилка вејќе 2 година по ред сум водителка,но се беше убаво се до делот кога требаше да му се заблагодарам на наставникот по музичко и да му го дадам подарокот затоа што оде во пензија.Кога почнав да го читам текстот очите ми се наполнија со солзи и кога завршив и кога му дадов збор на него и кога кажа дека не може без нас ;( ;( заспакав вејќе не можев да издржам.Колку се имам карано со него (на шега) онака ни тој тоа не го сваќаше (на инат се фаќавме)сериозно,а ни јас.
    Не можев после да се приберам и сеуште не можам да се приберам,толку ми е жал за него ќе нема со кога да се шалам. :| :|
    За наставникот по биологија и географија ми беше сееедно,но за музичко заплакав.


    2.Едно не можам да сватам како може 14 годишни девојки да одат во 24 годишни машки.Сакам некој тоа да ми го објасни па и да спијат со нив ..не јас ова не можам да го сватам тие стварно немат мозок или што????што сакаат уште на 15 година деца да чуваат..па и во кола пред училиштето сред бел ден..добро тие родители нели знаат што прават нивните деца????
    не не не дефинитивно во овој свет на здрави луѓе и луѓе што размислуваат здраво ретко ќе наидеш... или можеби грешам..Ставила пудра 1 кило и шминка дупло се облекна во мини и корсет и до неа 24 годишнак и во колата сред бел ден да не кажам што прават и после вика јас сакам да сум како ким ..ало девојче ти си вејќе бетер ким ќе ја надминеш и неа...
    Она е мој идол вика ...многу добар идол си земала јас незнам што има во не ада ти е идол...ее ја поради вакви работи младинава денес се расипува ...затоа што имаат многу добри идоли...
    па уште тие не се развиени за такви работи .Па кога ќе подразмислам поубаво грешката не ее во децата него во родителите.
     
    На sweet-star и Katerinceee им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Мириса на пролет....

    Пролет, ми мириса на чисто, ми мириса на спомени.
    Убави спомени.
    И кога сум меланхолична, не тажна, сакам прошетки, па макар и кратки.
    Сакам и кога мириса на пролет...
    Чудно, не ја сакам пролетта, затоа што е чудна, променлива па така и моето расположение како времето, ама го обожавам мирисот, ми ги разгалува сетилата.
    И дишам со полна плуќа...
     
    На bittersweet, Glossy-girl, MandyLane и 12 други им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Една работа не ми е јасна, и никогаш не ми била. :^)

    Дали, дали си ги познавате границите?
    Она, најсериозно, знаете ли до каде ви оди, колку ви фаќа црпката? Или само се форсирате, унија на млади сили, младинска организација на оваа или онаа партија. Од толку организации, во унија на млади сили?! Млади сили?! Какви млади сили бе?

    За да ви го купат индексот со се оценки?
    За да ве вработат?
    За да не мрднете со газот и да печалите пари.
    За да ги згазите сите?

    Мрш тамо.. [​IMG]
     
    На kravce и Mishela им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Оф колку се смеев денес тоа чудо едно. 8)

    Купила мајка ми еден Велигденски украс кокошка и петел и седат на нешто(не знам што е тоа) а околу нив нормално има велигденски јајца. И нема врска битно кога некој ќе викне или ако го допре украсот кукурика многу гласно и тоа баш како петел да има во собата. И мајка ми легнала и фативме со татко ми тој ќе врисне петелот кукурика, па ќе прекине па јас ќе викнам па пак кукурика, на мајка ми и баба ми косата им се крева, абе сме се згазиле од смеење, после нешто да викнам по дедо скроз изумив на тоа украсот ментален и викам дедооо и кога почна да кукурика тоа, како скокнав уплав добив :D

    Инаку да ви кажам после долги години овој ќе ми е прв 1ви мај без него, ме фаќаше страв дека ќе направам некоја глупост како што поминуваат деновиве(од типот да му се јавам, титнам, пишам) а ако не го сторам тоа мислев дека ќе плачам цел ден и ќе бидам депресивна, ама ги превртив работите, ги викнав другарките од средно, веднаш падна договор, бунарче, салатиче, кифлички, мајне прекрасна тераса(што со другите другарки ја крстивме little italy) и денот ќе биде прекрасен, полн со смеење. :)

    Можеби по многу години со мојот Улај ќе се сретнеме, може и ќе се гушнеме, кој да знае можеби и ќе заплачеме... само се надевам дека кај и да не однесе патот ќе бидеме среќни, секој на својата страна, кога веќе не можевме да бидеме среќни заедно. :!:

    Утре ми се враќаат и Блгарките и тоа на доооолг период, little Italy ја светнав денес, спремна е за нашите долги кокодакања и хистерични смеења пиејќи цеден сок од портокал со многу мраз, утре ќе и правам и генералка на собава, и по милионити пат да повторам спремна сум да го дочекам мај со ширум отворени раце и срце. :emo:

    Оф колку се менувам, понекогаш ме плашат сите овие промени поготово затоа што не сум човек што многу сака кога работите се менуваат, ама за прв пат после долго време уживам во нив, и сум навистина искрено среќна. :f:

    Направив бизнис со мајка ми и татко ми, сега ќе ми купат убав точак, според нив заслужувам, а според моето мислење меееех не знам баш, ама еј, тие се родители која сум јас да се бунам ако сакаат нешто да ми купат? :D

    Денес скоро цело попладне го поминавме фамилијарно ваму таму, видов една друга страна од мајка ми и татко ми, една страна што ретко ја гледам а ја обожавам. Таа нивна добрина и човечност, нивниот дух и напорот што за мене и брат ми го прават се надчовечни и не знам како некогаш ќе им возвратам за се. :)

    Воглавно, многу убав ден морам да признаам.

    А да, денес го добив првиот комплимент дека сум ослабела, значи да се пофалам веќе не сум баскет во лицето, сега сум фудбалска топка, идемо даље, наредна цел е топка за куглање :rofl:
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Hopeful и 30 други им се допаѓа ова.
  15. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Никогаш нема да ми биде јасно шо кур копилиња од по 12-13 години се траќаат од земја за легализација на марихуана.
    Пробале еднаш се утрипале у Боб Марли фазон и веќе се големи џанаци и боеми и можат да водат полемики и дискусии за тоа како халуцинациите се закон и те носат до небо,вау!
    Говеда полу писмени.
    Оти не се залагате за бесплатно членство во библиотека? |(
     
    На antonina, WarriorAngel, Foreveryoungiwannabe и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Не, јас повеке во животот немам брат. Се каам што до ден денес тој човек сум го нарекувала брат, а уште повеке ме боли што сме иста крв. Само сакам да кажам дека тој човек е нечесен, не се плаши од Господ изгледа. Како може моите во очи да ги гледа и да ги лаже?-А, моите му веруваат и го подржуваат. Заради тој глупак се скарав со мама и тато заради тоа губре што никогаш не знае да ја каже вистината, моите наивни му веруваат. А зошто мајка му не го подржува, зошто сестра ми?-Мојата мајка кај што не му е правилна мајка душа дава за него а тој само знае глупости да збори за нив. Ако тој тоа што го направи пред овој голем празник ВЕЛИГДЕН Господ има да го казни. Ова ке заврши многу лошо!На крај сите ке плачат ама јас ке се смеам, на крај сите ке срадат само јас ке си го живејам животот во мир и спокој. А што се однесува на моите, зошто се противат дека не го подржувам, дека не размислувам како нив и дека имам сопствено ЈАС!Ги жалам, како можат после се што им направи да го подржуваат...А сега почна и мене да ми се умилкува, кај си сестричко како си...А кај беше до сега барем еднаш да ми се јави во животот да ме праша како сум, дали ми треба помош или подршка за нешто? Ама ако, јас сум си со чиста совес на душа, никогаш не сум лажела секогаш ја кажувам вистината. Некој ке се кае многу ама касно ке е за се!
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И ми се пишува нешто и не знам што да напишам. Интересен е животот, интересен е начинот на кој функционира се... како некои работи се случуваат само за да се задржи балансот на работите, и кога мислиш дека се излегува од контрола - полека се се враќа а старо. Така е и со некои луѓе: се појавуваат доволно долго за да бидат запаметени, а доволно кратко за да не го пореметат оној пат по кој си тргнал. И тогаш е толку, се се враќа во нормала. Се појавуваат само колку да те вратат во колосек. И... и толку, не знам што веќе да кажам. И пишам и бришам редови. Денот е штур, тежок, го поминав во кревет, а креветот не е баш некој другар. Колку ги мразам овие денови во месецот... И мразам разделби :)
     
    На Hopeful, Ilusionist, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    913
    СДК
    Не сакам да се возам во гратските автобуси на ова пеколно време. А кога ќе ми текне дека уште потопло ќе биде ми се темни пред очи. :(
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Колку е некултурно да повикаш човек на гости, а потоа да избегаш |(
    Со мајка ми отидовме кај нејзина пријателка, прво не сакав да одам, ама девојката (ќерката на пријатлката) ми се јави и ме повика на кафе да се запознаеме.
    Отидовме се убаво не пречкаа кафе, сок..
    амааа девојката немтур бре |(, седна во еден ќош и се расчачка на тоа лаптопот, ни муабет да направи ни ништо, а мене не ми е згодно што имам јас муабет со нејзината мајка |(, за ланскиот снег, или можеби да ја прашам дали ги полила цвеќињата во дворот :^) едно време стана, се облече и излезе од дома.. мислам ептен непријатно се почувствував, ако веќе каниш гости, не планирај ништо друго :|
    ************
    Денот преубав, после работа се најдов со другарка ми да прошетаме, го користиме секој слободен момент за да бидеме заедно, пред да си замине нели, кај муж и :lol:
    Сонце, смеење...
    **************
    Денес точно една недела откако не разговараме јас и тој, ми фали, едноставно се навикнав на него, се навикнав да делам со него се.. Прерано е за да кажам дека ми е добро, ама одам напред, не се предавам...
     
    На Monna.Monna, Jagoda123, Katerinceee и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Леле каков пролет, јас денес сончаница фатив. Можеби календарски е пролет, ама климатски веќе започна летото. Сакам викенд на море, најблиску во Грција, за до таму имам лова бе :lol:
    Од сите денови, мене денес ми текна да одам на мониторинг на полагање на правосуден, денес ми текна да одам низ гтц за една ебана блузичка и да барам матичен гинеколог. Испоцркав бе.
    Нагла промена на клима, сега не се осечам добро, гљавата ме бољи, оффф...мрсули течат како бистра река, вируси вриштат.
    Сакав лето, ама не вака, сакав прво пролет, убава, раззеленета, свежа и малку дождлива. Не сакав од палто да се соблечам одма на кратки ракави и да посакувам море.
    Па дури ниту моето кученце не се чувствуваше добро денес. Со јазикот надвор само гледаше која сенка да ја фати. Некој ден ќе го фрлам во кофа со вода, да се побањка малку :lol:
     
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.