Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Што значи да си убава во денешно време? Да си преслаба? Да имаш големи, плави очи? Полна уста?
    И што сеа, сите останатите треба да не се осеќаме убави?
    Имам другарка, висока, убава виткана коса, згодна, не е слаба, си има и меше и г’зе, се си има. Ама девојчево си паднало во бедови, немала слаби бутови, нема „дупка“ меѓу бутовите, дебела значи дека била. :!: немала полна уста, округло лице имала, ич не била убава :!: и не го прави ова за внимание, девојчето озбилно си има таква слика за себе. Срам и е навечер да искача, сите биле поубави од неа.
    Секој ден доаѓа во школо со нови диети, нови планови за слабеење.. А искрено, не и треба. Не дека сега јас сум и другарка па лице и правам. Ама најозбилно не и треба.
    Па кога ќе размислам па, дека и јас влагам во бедови. Зошто? Бидејќи летово тежев 43 кила, сега 51. Па си велам што имам да се осеќам волку заебано бе? Што сеа, ако не изгледам ко манекенкине значи дека не сум убава, па морам тука да се измачувам со диетиве? Не велам дека прекумерната тежина е океј, првенствено не е здрава, а воопшто не изгледа добро. Ама еве, ваквиве ко мене и другарка ми, со некое килце плус.. Ни фали ли нешто? |(

    Ама жени бе.. Ќе се мачиме, ќе гладуваме, за очите на душманите да се наполнат со завист!
     
    На mamma-mia, Beaty, De-lovely и 22 други им се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Во контекст со муабетов, не можам а да не спомнам дека никогаш се немам поубаво чувствувано во сопствена кожа! 70-ка чиста ја држам, ама се осеќам како маче, да не речам мачкица, тигрица. :D

    Да не се разбереме погрешно, секој си одлучува што ќе прави со сопственото тело, а јас моментално сум презадоволна од моето. Го знаете муабетот со циганката, нели? :rofl: :geek:

    Последната реченица што ја напиша е страшно точна, и многу комплексна тема развлекува.
    Сочуствувам со оние што патат од комплексот, А што мислат другите...
     
    На Moira, bittersweet, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Како што е редно јас да ве почестам :*

    Не отварајате сите оние кои сте на диета :lol:
    [​IMG]

    [​IMG]

    Почастете се :)

    [​IMG]
     
    На kala21 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ме нервираат продавачките по бутиците, немаме поголеми бројчина демек ние од кина сме и треба ХЅ да носиме :@
    Не е се до тежината, суштината е како ја носиме и како се чуствуваме,човет теба да се чуствува удобно во сопствена кожа :emo:
    без разлика дали си дебел или слаб, има многу кои се слаби а не се убави, а и дебелки а слатки, :)
    И пак ке кажам чуствата го прават вашиот изглед, ако сте задоволни со себе едноставно ќе зрачите без разлика ка кг, :sun: :f: :sun:
    Затоа уживајте!!!
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што девојка ке бев :D
    храбро срце-дури и повеке од тоа што треба :!: ама на моменти кога треба да кажам тоа што треба т.е. сакам да го кажам од трема јазикот ми се сплеткува, почнувам да дткам-треба да поработам на тоа, си знам :!:
    а за физикусот-лугето што ме познаваат нека се изјаснат-иако по малку сум разочарана :doh: стомачето почнало да се дебелее и наликува на пивски квасец што почнува да расте :worried: :x
     
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Колку од вас, фенси фаци што преку два дена ја постирате Ти си проблем на фејсбук, знаат дека оригиналот е на Студени Нозе?

    Yeah, that's what I thought. :)
     
    На Nefertitii, kravce, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК денес а и понатаму во ноќта имам и ќе имам прекрасен женски ден. Е ептен си сакам кога по долго време ќе ги убедам жеништана да излеземе еднаш по женски, без приколките. :D

    И веднаш расположение на нивоу имам не можам да опишам. А и баш ми прија кога му недостигам, срцка е. ;)

    А и да и се заблагодарам на XStrongerX, затоа што можеби 15 минути се смеев ко будала на еден пост во Свекрвите и снаите- проблеми, денот ми го направи :* .

    Женчиња бидете ми поздравени ;)
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Многу ми е смешно што и да немам услови за нешто,и да сум свесна дека тоа нема да биде така јас пак не си се откажувам и упорно си правам планови,списоци,итн...
    Толку многу се внесувам,размислувам,анализирам...
    И на крајот,до последниот момент ако не испадне така си се разочарувам и пак сите ми се криви а јас не. :D
    Дури на крајот повторно викам е добро де оваа прилика не беше така идеме на наредната,зошто ЌЕ ЈА ИМА! :rofl:
    Никакво откажување,и тоа може дака до бескрај. :lol:
    Си се чудам самата на себе,дури мислам дека таква ќе си останам.
    Полна со надеж... :)
     
    На AnaKarenina, kravce, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Петок вечер, а јас седам дома, гледам Бурни Времиња, ми се плаче поради филмот.
    Изморена сум некако, како заморот од цела недела да ми се собирал до сега. Се мислам дали да си легнам порано денес или да гледам Големиот Брат :?:
    Инаку мајка ми купила сончоглед, страв ми е да почнам да грицкам бидејќи нема да ме оттргнат од него после :lol:
    Поздрав Феминки, ви праќам неколку зрнца натаму :*
    [​IMG]
     
  10. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    е не можам повеќе сама за се да се борам,да вложувам секакви напори и се јас прва да почнувам :x уморна сум,Продолжете Вие другите како Вам Ви одговара :clap:
     
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Дами и Господа,
    денес положив уште еден испит. :clap: :rofl: :emo: и така да многу сум среќна ... Празнициве што доаѓаат ќе си ги славам со мерак :)

    Инаку ова странава Radarbox што е за следење на авиони кои моментално летаат е добра ствар.Љубовчето мое си доаѓа дома,точно знам кај се наоѓа и каков лет има :D .Вечерва ќе биде жустро :lol: ќе падне јака борба :rofl: ...
    Чаоооо ! :bow:
     
    На Elennaa, tweety26, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    [​IMG]

    Поздрав :) 8)
    :$
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Ајде да не заборавам да и го честитам роденденот на другарка ми која иначе е регистрирана на форумов ама не коментира а се чита :D Опасна е она, моја С... !! :inlove: Среќа да те прати низ животот срце :*
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Дека ми недостига. Со сите негови лудости, со сите негови испади... Ми недостига да го имам кога ќе посакам. Ама немам сили да се борам повеќе...
    Немам сили да се замарам за било што, и успешно ми оди тоа незамарање. Скроз исто ми се фаќа, за се.
    Повеќе ништо не планирам, и ништо не организирам. Само знам дека утре треба да одам на работа. Втора смена. И дека од работа ќе си дојдам дома. Ете, тоа...
    http://www.youtube.com/watch?v=oVw7IZuyYWw
     
    На Trnche и kravce им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Најди ја Македонија :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.JPG
      untitled.JPG
      Големина на фајлот:
      199,8 KB
      Прегледи:
      416
    На Katerinceee, Mayyya и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Сончев ден и све је могуЌе!
    Денов убавини, прекрасноти...Цел ден после школо си се шеткам, а и таму доста опуштено ради времево. Сегде расцветано, топло, претопло. Премногу ми фалеа оние вечери кога со другаркиве ќе дремеме и правиме безвезални муабети. Вечер си бев скроз сама и со другаркиве седевме на терасава. Временцево преубавко и една птичка цело време ни пееше. Па послем матурантите што слават пробна матурска ни пуштија музика. Весело, весело!
    Си ги слушам уште. Калашњикооооов!!! Калашњиков!!!! Рм, тм, тм!!! :D
    Оптан топтан... Се џускам и јас со нив :rofl:
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Чувствувам меланхолија која што ме убива...
    Чудно е како некои песни можат да ме однесат некаде, незнам ни јас зошто, ни како, но чувствувам празнина, како нешто да ми недостига. Многу често мечтаам за нешто кое што неможам потполно да си го објаснам.
    Чувствувам дека не припаѓам овде, како некој дел од мене да остана некаде. Каде ? Незнам...
    Се трудам да си го најдам местото на овој свет, единствено што знам е дека не е овде.

    Мечтаам за некое поубаво место, каде што има море и изобилие од позитивни луѓе кои што незнаат ни еден дел од мојот живот.
    Мечтаам за бел лелеав фустан, топол ветер, лежење во вода и пуста, осамена плажа.
    Мечтаам за едно парче земја во која пари и проблеми не постојат.
    Мечтаам за среќа, толку едноставна , предизвикана од морски бранови и звуци од природата.
    Мечтаам за да застане времето зашто се повеќе чувствувам дека се што ми е битно ми бега од раце а јас немам доволно време да вратам се во нормала.

    Мечтаам само за духовен мир и среќа, толку!
     
    На Moira, bittersweet, Elennaa и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    21.012
    Да не ме детерминирате како "заостаната" ама некој всушност ја има преработено? :tmi: :lol: Ако да кој?
    Или популарна е таа на Нокаут во анблагт верзијата???
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.980
    Ние убавите уживаме у моментите, а вие грдите можете комотно да позирате смешно како фатени во кичмата и да редите слики по инстаграмови, фејсбуци и слично. Ето...
    Јас ќе славам еднаш кога ќе поставите слика која не е селфи, која не е у некоја точка у вашиот дом и слично...Ма ќе ви организирам настан и пијачките ќе бидат бесплатни и...бесплатни масажи со коњска маст...па мора да е тешко сето тоа кичмење. Барем да има што да видиме од лепота...грдички сте.

    Патем...среќна сум...нешто како есента. Нескротливо среќна. Многу убави работи од еднаш... ама многу! Најсериозно се плашам до кога ќе биде...не е онаа едноставна среќа на постоење...иако имам и таква, туку многу работи се онака како што биле посакани...
    Да се испофалам,јавање на Водно...епа тоа... вие свилените никад нема да ги дознаете тие убавини и затоа сте досадни крекала кои брзо ги откантуваат. Деликатни цветови за кои треба многу внимание, светлина, вода, ѓубриво и на крај или ќе ти скручи да го чуваш и ќе го фрлиш или ќе ти го изеде мачката или ќе ти го измоча кучето!
     
    На Hipster, Hopeful, Katerinceee и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Имам толку многу љубов во мене, ама немам кому да ја дадам...
    Ужас.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.