Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Се изнервирав. Се јавија блиски роднини да не поканат на роденден да одиме вечерва. И океј тоа, имам спремено и поклонче и ние се договоривме се и сега искача јас ќе одам на роденден и ќе седам со родителите и гостите на славеникот пошто славеникот ќе биде искочен кога ќе отидеме :^) .
    И ќе го дадам поклонот на родителите и преку нив да посакам се најубаво и такви ствари :^) .
    Мислам молим ти се. И им реков на моиве, дека не ми се иде денеска. Стварно што ќе правам со возрасниве... Мислам се напнав |( . Кога чекаш гости пречекај си ги со ред, ако не не ни кани. :emo:.
    Може грешам. Не знам. Ама вака размислувам јас :geek:
     
    На Divinebutterfly и sweet-star им се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    конечно ми се допадна некој и јас ја зафркнав работата,му пишав да дојде во кафичот а во мегувреме бившиот се залепи до мене и виде-невиде си отиде а јас потоа ништо не му пишав а и него го нема и така..ми пропадна
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Клубот за јога во мојот град пропадна! Колку ми е жал!
    Ете го одговорот зошто не сакам да живеам во мало место.
    Сметаат дека јогата е губење на време и џабе фрлени пари. :!:
    Мислам, премногу се искомплексирани.
    Ако комшиката не оде на јога, ако тоа нејзе и е апсурдно не одам ни јас. По тоа размислување се водат.

    Стресен живот е. Ако немате време или пари за да посетувате јога - тоа може и дома да се прави.
    Како што сами дома си вежбаме Зумба, Аеробик и слично.
    За да самите не потониме во агонијата, треба да се заштитиме.

    Ако ние не мислиме на нас, никој нема да мисли.
    Да бидеме среќни, весели и со исполнет дух.
    Да научиме да посветуваме време на нашето тело и душа.

    Кажете им стоп на негативните влијанија и запловете во еден ваш свет. Свет во кој сте тотално опуштени, кој ви дава сила полесно да се соочите со сите проблеми и нервози.


    [​IMG]

    Кога го прчитав ова, како оние рекламите на тв звучам. Кога треба да го убедиш народот. :^)
    Но, стварно многу ја сакам јогата. И толку позитивно ми влијае.
    Па на сите ја фалам...си велам како порано не сум ја открила убавинава :D
     
    На tweety26, kravce, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска цел ден ме вртат нозете. Стареам! Брчки на очите, а кожата ја чувствувам ми се преобрази од средно мрсничка во сува... Добро е што косата ми се врати во нормала и целата ми е така свежа ем убава, мхм, милина. А не минатото лето ми се броеа влакната на главучот мој.

    Јас да ви кажам може немам некој хумор кој така си извира од мене, ама па кога ќе слушам нечиј длабок хумор ми е :rofl:. Ама нема врска!

    Туку ете не работиме со полна пареа. Тресеме јамболии, складираме непотребни работи, чистиме риби, шприцаме со спреј против пролетниве мравки кои ни доаѓаат на кафенце и цигара на балконот. Чистиме! Добро јас бришев прашина и сега се одмарам, а тој сега чисти нешто во работната соба и само ме вика. Се се нешто не сум избришала добро :rofl:. Ама ајде. Пих немам никакво право да се лутам.

    Од Водно ништо не бидна, утре можеби ќе одиме на Велешко. Како ќе посакаат нашите душички така и ќе биде, Нали?!

    Наслушнав дека уште од 15 години некои од нас оделе по партиски состаноци. :clap: за нив. Сега тие ќе си го ладат г'зето во некоја канцеларија за општествена одбрана :rofl: и слично. Крајно заслужено им е, знаете па тие цели 10 години неуморно оделе на состаноци и заслужено е сега да ги вработат. А тоа дали се ОК работници не е тема на разгледување. Сигурно, море 101% се ОК работници. И всушност гајле ми е дека ги вработиле, па и мене ме вработија преку врски, кај приватњак кој беше без памет и си ја прокоцка фирмата, ама јас барем си кажував кој и како ми помогна. А не тие фуфчки кажуваат дека самите си се вработиле, а чудно ти е како така кога тој што ги вработил ти кажал како течела целата приказната. Тука ќе престанам.

    Убав ден, со најсаканите си бев. Си жонглирав со домати, а после со сласт си ги јадев. Татко ми е мојот летен Дедо Мраз. Ми купува свеж пролетен зеленчук. Еве јавно ќе му кажам благодарам.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Уфф конечноо сабота :D
    Малце во парк со друштво...хм..што ли ќе биде? Дали така треба да постапам?
    Да не направам грешка па утре да се каам за тоа?
    Што ќе биде нека биде...еднаш се живее а овој момент не се пропушта :$
    Срцето ми чука како да е прва љубов :inlove:
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сончаница и лекување со зелено јаболко.
    Мачнини од топло и туш со млака вода, тој ми го трие грбот со луфа и ме бакнува во некој мутав шепот, ме прашува дали сакам на Матка за први мај, или да палиме скара во дворчево дома.
    Мене, главава ми е ко да сум ја центрифугирала.
    Дишам зумбулчиња од маало и ја читам книгата што ми ја подари тетка му - Да се живее за да се раскажува од Габриел Гарсија Маркес. Многу ме изненади, ми направи чест.
    Саботава како јули да е... Омарнини.
    Вчера, после работа, бев на роденден и падна многу Љубов. Онака, една од оние вечери кога си тотално припаднат во околината, со пиво и песна, со смешки и переци, пиво и цигарче од мерак. Умни, млади луѓе, креативци, голем дел од нив мои "деца" во периодот кога бевме средно, а сега големи дечки... Ми падна мило, што секој од нив успева, на свој начин. Кој со магистерски надвор, кој со работа и труд овде, со ревии и дизајн на модна сцена. Така. Убаво чувство на радост те опфаќа, среќен си што си таму и споделуваш мигови. Ме викаат на роденденот на Театра вечер, а мене очиве ми се полузатворени од умор. Сакав да одам и на Водно на пијачка со женичкиве, ама телото ми праќа сигнали дека доволно е.
    Некогаш, морам да го послушам. Па си легнувам кај него на рамо и го душкам, да ми дојде раат на срцево.
    Сакам да си се гушкаме со саботава, креветно. Со лимонада и отворени џамови. Надвор да пирка ветре, а јас да се надевам на најдобрата верзија на постоењето.
    Да живеам, за да раскажувам.
    Зошто, утре е нов ден.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Love ...I'm in love!!!!!!
     
    На kravce, ilipili, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право, не знам, никогаш нема да знам, како им е на оние, пресамоуверените кои со задоволство ги навредуваат другите. Дали поради физички изглед, дали поради некоја друга причина тесно поврзана со нив.
    Оние што у прво одделение си ги буткале послабите соученици од столчето, ги ударале со секакви предмети, им префрлале секакви зборови, ги споредувале со најгрдите нешта на светот.
    Не знам што да ви кажам, не знам во кој лежи проблемот со таквите луѓе.
    Дали е домашното воспитување, дали некој комплекс, не знам што.

    Најлошото е што растат. И како што растат се повеќе расте и тоа „таквото“ во нив.
    Се` додека еден ден не заборават што направиле.


    Се прашувам, дали знаат како им е на оние кои ги буткале од столчето, ги погрдувале со зборови и слично.
    Мислите ли дека нивната ситуација лесно се надминува?
    Не знам, барем мене ми е тешко да се извлечам од тоа иако помина долго време.
    Какви сте вие, што гледате вие во луѓето?
    Мислите ли дека очите на едно мало беспомошно дете што сака само да не го задевате не ви зборуваат доволно за тоа каков хаос се случува во неговата душа?
    Мислите ли дека трагите лесно се бришат?

    Ако некогаш сте љубомореле на некое соучениче или другарче од маало за петката по математика, или за успехот на некое наивно, детско поле и од таа причина сте го навредиле, сте го потцениле или повредиле на било каков начин - срам да ви е. Срам да ви е. Срам да ви е. Бескрајно да ви е срам!
     
    На Doozy, tweety26, Moira и 18 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Прво да се разведам... :nod: :D
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Понекогаш, да бидеш добро воспитан значи да го трпиш идиотизмот на другите.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Понекогаш многу квантитет знае да резултира и со квалитет ;)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.134
    Пол:
    Женски
    Една статија полна со мажи и собрала 2000 лајкови. Доказ колку сме биле загорени за една таква статија, па мислам треба почесто да ни го пружаат тоа задоволство. :rofl:

    Него дојдов па да мрчам за ова луѓево. За луѓето што се бетер од гниди, што ќе си го продадат гзот за 20 денари. Не бе, не можам а и нема да разберам.
    Се надевам дека нема ова да ми се случи.
    Па спремни се да ти напакостат на секаков можен начин, да направат се за да изгледаш лошо. Кај ќе им оди душата на тие луѓе?
    Ама ај, може ќе ми се посреќи, јас само си се надевам. Тоа барем никој не може да ни го одземе. Само времето.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Ццц оти лажеш?? Луѓе абе школска ми е :o 7мо одд е :tmi: аа и сликата е од сестра му на нејзинио симпатија ;) позз школска |(
     
  14. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Значи НЕ Е МОЖНО да се работи 24 часа 365 дена од годината до три вработени! До душа колку и да се вработени, ДЕНОВИТЕ КОИ СПОРЕД ЗАКОН СЕ НЕРАБОТНИ - СЕ НЕРАБОТНИ! :!:
    Неможе да ми каже дека за 1ви мај ќе работам, зошто нема да работам! :!:
    Неможе да ми каже дека и за Велигден е исто, зошто во истиот момент јас си давам отказ! :!:

    Па нека најдат друга образована и квалитетна девојка/дечко, па нека им работи за 11.000!
    10% од прометот од тие денови (оние кои треба да се нерабтни) ќе бил за нас!!!!
    МОЖЕ У Г’З ДА СИ ГО НАПИКА ПРОМЕТОТ КОГА ТИЕ ДЕНОВИ НЕМА ЖИВО ПИЛЕ ДА ИМА ВО ГРАДОВ, А НЕ ПА ПРОМЕТ ДА НАПРАВИ Г-ЖАТА! :fubar:

    Ај за гласањето работевме. Го проголтав тоа дека у месецот едвај ќе имам слободни 2-3 дена, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ 4 ВИКЕНДИ!
    Ама за Велигден да ми каже дека ќе работи.....у истиот момент земам све што имам од таму мое, принтам барање да ми се исплати до последна дневница и плус згора на тоа не ми го имаат платено факсимилот кој они како фирма се должни да ми го изработат, и и велам ЧАООООО!

    Јас разбирам газда дека неможе никогаш да е финансиски задоволен, дека секогаш ќе му е алчно г’зето по пари и промет, дека он/и секогаш ќе имаат високи давачки за струја и вода и платите и осигурувањето.....али ј***м ти м***Р нека се има осет дека некои денови што законски се неработни неможе да ме присили да ги работам брееее!!!! Од кај што работам секој Божји ден и имам 2-3 ДЕНА слободни ВО МЕСЕЦОТ.... од таму да ми рече да работам на најголемиот христијански празник?!?!? :fubar:

    Сега кога подобро ќе размислам.....какви души имаат тие луѓе? :^) :fubar:

    А јас па имам намера (дури и план) за да патувам на село да си видам роднини за тој празник, да си бидам со блиските...а она (газдарицата) на мене ми вели да работам и за 1ви мај и за Велигден?!?!

    Не бе, отказ ќе си дадам....за мочаните 11.000 а носам одговорност на работа со лекови (во аптека работам)....па во парфимерија ќе работам за истите пари со 0 одговорност и со слободни денови !
    Овие ништо не ценат! Не ја ценат нашата (на вработениот) добрината, знаењето, довербата.... :x
     
    На Doozy, tweety26, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Се верив :^) малку чудно за мене ама сепак преубо е чуството :inlove:
     
    На tweety26, kravce, ilipili и 14 други им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    89 _та чинам паднал германскиот ѕид. Замислете каква била атмосферата таму.
    А пак Македонија во 90_те! А пак сега! Економијата била/е никаква. Луѓето си се сакале, а сега никаде ги нема прегрнати. Каква разлика има помеѓу тогашните песни и овие од сега.

    Мене на срце ми е тоа што тогаш нудизмот бил распостранет на Балканот. А сега абе некако многу сме си слободоумни за се а сепак затворени во умчињата.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И така велат оди тоа, некој плаче додека пишува а некој се смее додека чита..

    Сакам да одам на чист воздух, на некоја планина па дури и да ме болат градиве додека го дишам.
    Сакам мир...
     
    На tweety26, Moira, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Има една личност што многу ми недостига. Марија да, се викаже Марија. Таа беше единствената личност што ме разбираше, еднинствена личност што можам да и кажам нешто, единствена личност што знаеше да ми ги чува тајните во себе и не ги искажува на другите, единствена личност што ги сваќаше моите фантазии и фантазиравме заедно, и сега скеој ден си пишуваме по 24/7ч на чат на фб :) . Таа беше единствена личност што ми беше прво најверна другарка а сега ја чувствувам како своја сестра. Таа ме врати во живот, бидејки пред да ја запознаам мојот живот беше празен, мислев на истите работи, се собирав во себе бидејки немаше со кого да споделам-никој не ме разбираше, никогаш не се смеев само онака-не се смеев од срце само така да се видат другите дека онака од нивните секојдневни глупави смешки демек се смејам, сонував секој ден за истите работи, и секој ден ми беше ист ама баш ист. Кога се појави таа мојот живот се промени и јас пак оживеав. Се запознавме така случајно преку една шала, на една група имаше еден статус-дали симпатијата ни е boyb и јас кажав, и она почна да ме зафркава на чат и така од ден на ден се повеке и повеке си пишувавме. Еве веке ја познавам четири месеци ама е предобра личност можам да кажам дека во сите работи што ги поседуваме се исти :) . Живееме далеку ама сепак со срцата сме блиску. Неколку дена нема можност да се окл на фб, мора да учи... Мене проклето ми недостига, само си пишуваме на тел. Сега во мојот живот пак се вратија истите работи, пак таа глупава досада...нема кој да ме расплаче ниту да ме насмее..... Се надевам дека во брзо време се ке се среди и дека ке се врати пак....
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    24.074
    Пол:
    Женски
    Не знам шо ми е во последно време, ама многу размислувам за учителката моја од прво до четврто.

    Ич не ја сакав таа жена. Ич. Со причина. Пардон, повеќе причини.

    Не, не е за оценките. Сите ми беа петки. :D

    Малтретираше психички. Се фатив себеси како уште ми тлее желбата да ја искубам за коса. Онака мерачки. :mm: :rofl:

    Редактирам за погоре напишаното*

    Името ништо не ми значи. А проф. Добрила Миловска предава на катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Што значи пак не си магистрирана на катедрата за Англиски јазик.
    Поздрав.
    :)
     
    На Someonespecial, Katerinceee и Mishela им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... сакам легален закон за лоботомија во МК. Под хитно! Поарно да живеам со вештачка интелегенција во блиска иднина него со празни глави над мене. Кој сака да поткине нерви со проста несовесна раја , нека се претплати на доживотна казна, престој тука во нашава напатена земјичка.

    Ај добар ден ... :)
     
    На tweety26, Trnche, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.