Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Дека сакам да ми успее планот.Но не е до мене...
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.481
    Пол:
    Женски
    „Зошто да се трудиме да се разбереме кога може да не се разбереме по секоја цена и да си најдеме изговор да обвиниме некого па на глава да му се качиме?“

    На овој феномен му треба име. Навистина. И да си го патентираме. Затоа што најмногу кај нас го има и си опстојува.
    Навистина не знаев дека во Македонијава имало толку луѓе на кои карање, обвинување и повредување на другите им претставува душевно грч пиво на жештиниве.

    Завчера бев во ситуација да за најпроста, наједноставна работа која можеше да се договори на непристрасен и разумен начин и на сите да им одговара, излезе каша-попара. Наместо секој да си излезе со својот став и мислење, секој секого зезна. И што бидна резултатот? Сакате да знаете? Е резултатот не одговараше ни на едните ни на другите. Ама сите се преправаа дека е спротивното као демек „Аууу како не ни текна порано вака“. Знаете зошто? Си ја постигнаа целта. И едните и другите го зезнаа другиот. Им светеа очињата од задоволство. Само јас се чудев со кого дишам ист воздух. Ја кварев идиличната слика.

    Да имав можност само, со мм да ја “чурневме“ оттука. „Aма западњаците се ладни...“ Е ми треба „ладно“ за промена. Доста ми е од вжештениве глави и дволичните душебрижници. Најблагодарна ќе сум им на луѓе кои си ја гледаат својата работа. Себично. Ладно. Заштитено.

    Ех, оваа моја чудесна земја... :clap:
     
    На Hipster, imelda, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денот ми почна пред еден час, а веќе толку многу работи ми се случија.
    Како прво си реков јес си одам Неготино пред некој ден, и конечно не се наспијам, ама јас не памтам од кога сум се мачела вака да заспијам или воопшто да се наспијам, како е уопште тоа возможно во ѓупска куќа со овие старите доле на кои пред еден час им се симнав и у полу сон им одржав една лекција за култура..по незнам кој пат, и знам за џабе е, само ме гледаат како се симнувам у пижами замижана и бушава, и таа старата одма Ане Ане готово, незнајме шо и како се случи, вода цел двор, знаци цел двор, арно до градината на тревата и палмите не стигнало тато ќе ги обесе, ама нека тоа, куќето надвор за у вц испаднало и до колена у кал од кај шо тече вода скока копа, цел кал, а инаку дома го чуваме, мајка а гледам кафе си пие на едната тераса и и викам шо праат бе виа бе, ме разбудија пак, секој пат кога си идам истата приказна, кога им се подадив леле леле, малку беше и тоа, одма готово ми викаат, кое готово бре невоспитани стародии, па бива ли до толку прости да сте, 3 дена сум дома, 3 дена до 10 не можат да се воздржат од поплави, пожари и слични ствари бучни насабајле, и и реков ако не се смират дека нив ќе ги пикнам кај шо тече водата, веќе сите границии се претераа, и му кажав или еднаш засекогаш соберите се и ред воведите си или нема фацата да ми а видите, не ви се симнувам доле.
    Знам колку многу на форумот си ги цените бабите и дедовците, ама може вашите се мили и добри, со кои можиш муабет да си правиш и да осетиш убава и толка љубов, тоа тука го нема, го нема, и јас немам воопшто грижа на совест што се однесувам вака, пошто треба уште и бетер, стари се некој ќе рече, греота е, греота е ?! Ај повтори уште еднаш греота да те чујам?! Нема шо да пишам како било порано со години и што не правеле, само ќе кажам свака им част на моите, свака им част!
    Значи тоа што се клети, и тоа што цел живот на почеток и го загорчиле на мајка ми некако замижав пред тоа, да не отварам стари рани, ајде си реков, ќути и стискај заби Ано, мразам неправди, мразам најмногу на цел свет, а посебно на мои најсакани неправди, иста сум ти како да влезиш кај лав во зоолошка со месо у рака, во кафезот, е така!

    Имам мече големо два метра поклон ми е од една бивша другарка со која цело детство го поминав, на крај таа ми забоди нож во грб, кај шо најмногу боли, небитно, помина и тоа.
    Животот и врати доволно, има дечко кој секоја вечер е со различни, а таа живее во свет на илузија, или бар сака да живее, сепак мислам дека се прави луда, зашто друго незнае паметно да прави.
    Тоа мече ми беше од неа, и ми стоеше во мојата соба покрај многуте други работи од детството, и секој пат, кога и да го погледнев, чистев или преместував, мене не ми текнуваше на неа воопшто, јас кога бришам некој од мојот живот, бришам еднаш и засекогаш, и нема никогаш ништо да ме омекне или да ми смене мислење. Но, денес кучето влегува кај мене, кога му скокна на мечето, знаеме му скока, ок нека го, но малку го распарчи на муцката голема, памук или што и да беше лета на сите страни. Мајка вика, да ти го фрлам а, редно беше, не бе и викам, нема зошто, ќе му ја сошиеме муцката, мечето ми е најубаво, и ми е мече, а не ми е мече од бившата ми сестра која ме предади. Никогаш од тогаш мечето не ме потсеќало на неа, пошто јас неа ја избришав, небитен фактор е во мојот живот, знам дека пате, не ми е воопшто жал што и се смее цел град и што сама се праве луда, но не можам да кажам и дека не ми е мило, кога слушнав прво се насмеав, и се насмеав од душа.
    И си реков денес така размислувајќи за неа, пошто мајка ја спомна прва сепак, и си викам, зар знам да бидам бар малку злобна?! И убаво на душа ми дојде.
    Не ја мразам, воооооооопшто, кога ќе се видиме здраво како си муабет, ама јас неа кога ќе ја видам, не ми иде сликата одма од тоа шо ми го направи, не, јас тоа го надминав и закопав, мене сега ми иде слика на една сирота душа која животот и го подари тоа што таа си го засади.

    И конечно после незнам колку дена, ден за мене и мајка ми.
    Кафенце, муабет, сами појадок, раскревање низ дома, па заедно и ќе одиме на лекар.
    Пишав пред некој ден за мојот проблем, кој изгледа се влошува па време е изгледа за лечење.

    А денот е толку мирен сега, за разлика од тоа како ми почна.

    http://www.youtube.com/watch?v=FHh86ySgKrA
     
    На Hipster, Micheleljubov, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    толку од претчуството дека работите ке тргнат на подобро :|
    дури сега свакам некои работи-и друштвото Шричин мој не е она што мислев дека е-очигледно дека имаат одредена бројка и таа не смее да се надмине-нешто ми беше чудно што ги нема жениве што се дружевме порано, ко да испарија две од нив :?:
    вчера влегоа двајца нови, а присилно излегов јас-причина-премногу било комплицирано да ми објасни еден од главните-ех... и таму ли матни игри :doh:
    вракање назад-можно по една година(дали ке бидам жива и во р.м. тоа е друго прашање) :!:
    а за дружење, пред тоа се договаравме со девојките за на Водно за задутре ама ке видиме што ке биде-пропао је план за Бања Лука-политички причини :puke:
    решив почесто да договарам нешто со девојкиве ама отом потом-моја организација се разбира :D
    како што кажав и во еден мој поранешен пост-двете другарки со кои се дружиме и сме се дружеле и ке се дружиме остануваат но метер ват,а најважно од се е што се имам самата себе :!:
     
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дали е до мојот пмс незнам.Но расположенија милион менувам.Него почнав веќе да го напнувам,само нешто ми смета,се нешто он ми е чуден.А човекот се труди колку што може.
    Како што ми вели мама проблемот ќе да е во мене.
    Ниту знам што сакам,ниту како да го задржам...а и искуството си го прави своето,не можам туку така да верувам и пак да сум повредена.
    Сепак,вчера се почувствував многу сигурна покрај него.
    Ме викна кај него,си седевме во дворот и полека почнаа сите да доаѓаат од домашните па и до поблиските. :lol:
    Добро сум прифатена,барем така јас мислам.
    Потоа отидовме на пијанка,седевме припиени еден до друг,гушнати...ахх неможам да опишам во моментот како ми беше.
    Би сакала повеќе емоции да покажува,ама тоа со тек на време и ќе биде.
    Сигурна сум.
    А сега стандард...идам да си пијам кафенце на лулашката,да размислувам и да уживам цел ден. 8)
    Денес денов ќе си го посветам само за себе. :)
     
    На kravce, Elennaa, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Не верувај на оној кој со насмевка на лицето ти вели дека те сака, туку на оној кој со солзи во очите те прашува дали го сакаш!
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Јас вежбам математика ..наместо да се шетам по овааа убаво сонце... :D :D ..време...
     

    Прикачени фајлови:

    На Katerinceee и Dog-lover им се допаѓа ова.
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    24.074
    Пол:
    Женски
    СДК, ми треба некој кој има познавање од Албански јазик.

    Ве молам за ЛП.
     
  9. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Живот без музика е исто како небо без ѕвезди...♪♫
     
    На Elennaa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јеееј си имам ново другарче!!! :D Едно куче,Роки се вика :D Татко ми го донесе,па да видам сега како ќе се сложуваме.Паметно е :) Ај ќе ви го покажам во темата :D Сакав друштво да си имам :)
     
    На Someonespecial, teddybear, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сакам повеќе недели како оваа.На излет во природа,скаричка,цела фамилија на едно место,ма радости.
    ***
    Летово со душа го чекам,неможам веќе да издржам,а морам.Во глава ми се вртат сцени од филмчиња на плажа,на одмор,море,сонце,среќа.Во друг момент ќе се освестам и ќе сфатам каде сум и што правам.А да! Во школо,ја слушам досадната наставничка како објаснува француски.7-ми час,се гледа дека и на нејзе и веќе досадно.Кај спиев малку,мислам ќе паднев на под во секој момент.Ќе дојде и тоа долгоочекувано лето,ќе дојде. :)
    ***
    Сосема се пронајдов во колумната на Трендафилка за бабите и дедовците.Искрено,ги сакам,многу,ама не им посветувам онолку внимание колку што заслужуваат и колку што тие мене ми пружуваат.Чао пријатно,одам јас во посета :hai:
     
    На Elennaa, Katerinceee и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ужас , ужас е образовниот систем во Македонија!!!

    Значи некој да те мачи врти и вози како сака за што? за еден ЦЕНЕТ потпис негов?!да пушта списоци и да лаже дека се за ПОЕНИ а не за ПОТПИС.
    Денес за прв пат зажалив што го избрав овој факултет можеби во афектна состојба, но денес се чувсствував измамена, присуствувајќи на многу предавања не добив потпис бидејќи ме немаше на 10 туку на 9 списоци ?!
    Професоров(искомплексиран ) -дозволувајќи си да омаловажиува деца од различни социјални класи при секое предавања , ќе си ја наполни сметката и со моите (+500)денари , е арно земи ги ама некој крвнички се мачел и за таа двенвница . Лоша е финансиската состојба на многу луѓе , плаќање автобуси секое одење на факултет , присуство во 8 сабајле и на крај , заминуваш без заслужено.Страшна е потребата некој на овој начин да се докажува...

    Секој втор прима мито и дошол до некоја позиција и те спушта доле , ама не не , ќе си платам 500 и поздрав на предавања ме нема, бидејќи немаш човечност. :@
     
    На Mishela, WildCherry, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Не ми се живее поише сакам да кажам! ;(
     
  14. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Се си е убаво, така како што ќе си го наредиш сам, најубаво си е. Е сега за преостанатите маки, малите прашинки наоколу кои никако не можеш убаво да ги избришеш со тие магичните крпи, си земаш неколку шери бонбончиња од донесените бонбоњери и си јадеш. Едно бонбонче повеќе, една грижа помалку. И така кога фино ќе си се заблажиш, чоколадно ќе си се размачкаш околу уста, а прстињата ќе ти лепат од прекрасното полнење со вишни, ќе увидеш дека нема прашинки, нема грижи. Се ти е рамно. И беспрекорно чисто. Само си миеш раце фино лепо, си се насмевнуваш, па и си потпевнуваш, си мислиш кафенце ли да си правам или чајче, и сфаќаш дека се на се, тишината и мирот се веќе твои, за останатата прашина ќе се погрижам од утре понатаму.
    СДК дека се тренирам да станам посмирена личност. Тешко ми оди, затоа што тоа се се одразува на мојата па и не толку совршена линија, но се трудам, навистина. ;)
     
    На bittersweet, kravce, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Се ближи први мај. Да, како и секоја година организирање, договарање, правење 100 планови кои пропаѓаат во последен момент, паничење и чудење како некој може да остане дома на тој ден.
    Епа тој некој изгледа годинава ќе бидам јас бидејќи сум дошла до степен да не си го поднесувам друштвото и да ми треба малку одмор во вистинска смисла на зборот.
    Не, неможам да ги поднесам сите тие препаѓања околу денов... :emo:

    И да, сум решила да си го променам љубовниот статус... :inlove:
    Ај, нека е на арно само... :wasntme: :lol:
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како така не ми се живее на 17 години :fubar: ти се молам
    сите имаме тешки денови ама полека, смирено, со разговор се се решава
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Среќата е всушност... кога сите околу тебе се здрави.
    Сѐ друго... може да се купи, поправи или заборави. :D :D
     
    На kravce, kala21, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... сите се во некоја забавена и зачмаена состојба денес, а и јас не сум некој исклучок.
    Бавно се разбудив, бавно работев, бавно се пакувам и патот до менувачницата ми беше долг како еден век (во зграда ми е инаку).
    Бавно и џвакав, бавно се вари кафево, ме акнала некоја летаргија (од времето ти е - баба).

    Кога ќе помислам дека треба да се фарбам, ми доаѓа да приплачам.
    Ова е моментот кога сестра или куќна помошничка се навистина неопходни, да те зашлака со малку боја помешана со хидроген.

    Ментално се подготвувам за 12 часа возење во автобус, листам книгички и си мислам колку ќе бше добро сериите да ги понесев со себе. 10 епизоди едно по друго, ма песна ќе биде патот до Истанбул.
    :D
     
    На bittersweet, Peppermint, Isabella и 12 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Сакам да им кажам на некои личности да ми се симнат од грбов,и ако немаат друга работа освем да се бафтаат со мојов бајат живот,нека си ги чешлаат ресите на тепихот во нивната дневна соба.Или нека си ги бланшираат .А можат да пробаат и со фенирање.
    Они мене...[​IMG]
    Од мака изедов 2 + 1 Кит кет...
     
    На Trnche, Moira, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.834
    Луѓе кои нон стоп викаат - мене ми е сеедно, зошто немаат идеи и после ликуваат или се мрштат или се незадоволни... по закон да се пропише шамар да им удриш,прописен, со прсти, петокрака!
     
    На Hipster, kravce и WildCherry им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.