1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Nothing ever seems interesting when it belongs to you, only when it doesn't.
    - Natalie Babbitt, Tuck Everlasting

    Вистина.
     
    На Hopeful, Hipster, Buttterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    7.298
    за некоја недела полагам а книга не сум фатила.
    љубовта ми е срамнета со нула.
    на некој што толку му верувам всушност цело време ме лажел.божем пријател ми се правеше,мислев дека е искрен но изгледа сум погрешила.
    враќањето дома ми е неизвесно.милион пречки.изгледа ќе си почекам за да ги изгушкам оние кој највеќе ги сакам.

    но ако.пак сум среќна и смирена сум зошто ја имам подршката од оние кој највеќе ги сакам.знам што и да се случи некој е до мене за да ме креен.е затоа сум среќна.
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    На kravce, manja666, vitomir и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Зошто бе? Зошто?
    Едно нешто на кое сакав да се израдувам....
    Зошто бе животе ме толчиш?
    Ме трескаш од земја по незнам кој пат. (навика ти стана)
    Ме удираш цело време по една точка, најболната.

    Зошто неможам да се радувам како сите други?
    Уште ли ме тестираш? - Епа, немој повеќе.
    Ништо неможам да издржам, немам сила...

    Болка ми ја изеде душава бе...
    Џабе и позитивизам и храброст и борбеност и се`....сакам да сум сама, да се исплачам на цел глас!
     
    На kravce, Micheleljubov, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    И денес последните пари ги потрошив на цвеќиња :f: .Мајка ми збесна :lol: ме погледна и ми рече:
    Ти ма во животот трошиш само на штикли и цвеќиња девојче. :rofl: :rofl: :rofl:

    Празнициве малку покрај вода,малку на планина.Го исклучувам мобилниот на 24 часа и одам да одморам.Малку скара,некоја чаша џин тоник,пивце за живце,салатка...И ондак то :).
    Овој Велигден ќе ми биде еден од највеселите.Ќе бидам кума и ќе крштевам едно прекрасно бебе.Среќна сум :* .

    Периодов неможам да се пожалам добро е ... Се ми онака по кејф и без нервози.Ако не се читнеме деновиве имајте убави празници и споделете ги среќните моменти со најблиските.
    Поздрав :* :* :*
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    ***Бидејќи темата општи прашања е заклучена,ве молам извинете ме ако прекршувам правило и тука поставувам прашање.Многу ретко се уклучувам само кога имам потреба и не сум во тек со правилата.

    Дали има кетеринг служба во Скопје која врши бесплатна достава на благи? Дајте бројче јас ќе се јавам. :)

    Навистина ми е итно и важно! :nod:
     
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Само уште малку остана...И потоа што?
    Нова страница во животот?
    Или целосно нова книга?
    Како понатаму? Што ли ќе биде со мене?
    Дали со нова промена следува и нов (подобар) живот?

    Премногу прашања а премалку одговори.
    Изгледа само времето ги знае сите одговори..
    Кога тогаш ќе ги дознаам...се надевам на подобро утре.
     
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Има тешки и многу потешки денови.
    Овој е од оние потешките.

    Само овој ден да помине
    Бернајз Пропаганда
     
    На Springy и Katerinceee им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Имам посебен талент кога се работи за косата.
    Знам да ја расипам за минута време :)
    Кој сака нека ми се јави, цена по договор. :emo:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    Мислам дека никогаш не постоел побаксузен ден од овој во мојов живот. Да се надеваме на подобро утре :wasntme:
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Старомодна...
    Би бил најприфатливиот збор кој би ме објаснил во една секунда.
    Го прифаќам.
    Можеби клише муабет, но ете таа сум. Од секој збор учам, од секој поглед, од сечие лице, од сечиј живот...

    Денес бев во едно село.
    Во минатото тоа било права кошница со пчели, а денес... денес нажалост нема ни трага од тоа. Стари куќи, урнатини. Од еден молскавичен поглед ќе видиш многу. Во фантазијата ти се ројат безброј слики. Се нижат една по друга, а немоќен си да ги запреш.
    Под таа полуурната камена тераса, сфаќаш дека некогаш живеело и седело некое семејство, од чиј дом се ширела смеа, плач...
    На таа камена ограда се шетало и било чувар некое големо овчарско куче.
    Во соседниот преголем двор имало безброј животни, лаеж на кучиња, блекање на овци или кози, а денес трева, камења, пустош...
    Најжално е што во таа глетка на разурнато селско училиште, порано во воздухот струел џагорот на дечињата.
    Сфаќаш дека се дишело со живот.
    И за миг веднаш се враќаш во релноста и сфаќаш дека се е тоа фантазија, минато.

    Додека го причекував сопругот, ме поканија во една куќа, само да не седам сама во колата. Едно старо бабуле (бабичка), кое не гледаше, кое не слушаше, ми измами безброј тажни воздишки, солзи... Додека зборував со неа гласот ми трепереше, ми застануваше на грлото, а очиве веќе ми беа преполни со солзи.
    Имаше над 80 години, на лицето и беа изцртани браздите на животот. Се гледаше дека живеела тежок живот. Подгрбавена, со бастунче во рака, со искината и крпена облека... како срцето да ти остане рамнодушно. Од неа бликаше толку мудрост. Нејзиниот маченички живот и ги открил вредностите на животот. Дедото и починал, а таа живее со нејзината ќерка која и помага. Можеби маченички живеела, но нејзиното лице оставаше зад себе друга слика. Едно бело лице, жолто како смил, здрава, затегната кожа која сигурно не знаела за шминка, очи од кои е одземена потполната светлина, но светол дух во нив. Можеш да се огледаш, да сфатиш дека треба многу да учиш. И најважно на тоа бабуле му беа сите заби на број. Замислете нејзините сопствени заби! Особено нејзиниот милослив и тивок глас. Мислиш дека те милува, те гали со зборови, те храни со некоја храна од која си постојано гладен и не ти треба ништо освен тоа.
    Не сум таква личност да загледувам во домовите, но сега како сунгер впивав се’ што гледав пред себе. Камена куќа, стара лоза потпрена на стари дрва, внатре на подот стара мушама, стар железен кревет, а на ѕидовите еден мал дел запрени мигови од минатото, ставени во рамки и овековечени засекогаш.

    Цел на овој пост и да нема. Нафрлени зборови, една капка пресни спомени...
    Сфатив дека не знам што е телесна сиромаштија. А пуста сум и духовно сиромашна, како исушено дрво. Знам дека не заслужувам, но бекрајно ми е мило што Бог ме испратил да влезам таму, да го видам она што го видов денес. Можеби ќе научам нешто за животот.
     
    На Sara123, bittersweet, Hopeful и 22 други им се допаѓа ова.
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На Someonespecial, kikav и Christina.A им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    ми се слуЧува да сакам да бидам сама,да јадам и пијам како сакам и колку сакам,да имама тисина и мир и па да слусам гласна музика и да играм играм играм :rock: :rock: :rock: да си правам мои работи онака да излезам малце од се :geek: :geek: онака мир за дуса :)

    и така секој ден е ова секојдневие исто ;) затоа :D
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Официјално една недела сум на одмор. Без предавање, без работата ми импровизирана. Само планови кројам и себично, можеби за прв пат се ставам себеси на прво место.

    Имам семинарски и испити во мај и со планерот-тефтер чекам да излезе распоредот. Bring it on! Се имам, и маркери, и бележници, и пенкала во бои, и екстра листови. Мај е само за факултет посветен годинава. Барам некоја работичка за летово, некое волонтирање по можност северно. И сама би отишла затоа што луѓево околу мене почнуваат да ме гушат. Криво ми е, ама не сум јака за оние битни муабети. Не знам како да ја седнам и да и кажам се што ми смета. Можеби ќе се просветлам деновиве кој знае.

    За 1 Мај, средување на стари работи кај баба ми. Ни скари, ни глупости, едно фамилијано ручече и доста е. Жал ми е друже Тито, повеќе можеби догодина.

    Некое посно колаче низ чаршија и лелекање во автобус за топлото време. Луѓе сме, секогаш нешто ни пречи. И кој бре купува фарбани јајца, дај не ме зезајте. Минус во препораките за мажачка, под хитно се става!
     
    На Hopeful, Hipster, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Како што минува времето луѓето се се повеке расипуваат и расипуваат. Значи во нашата држава толку нема човечност, не знам што да кажам. Наместо сите да се дружиме, да споделуваме се, да си помагаме-ние само знаеме да се тепаме, навредуваме, и да се кољаме како што викаат некој... Добро како прво да погледнеме кој владее со Македонија, па после да зборуваме...На секој втор чекор во Скопје има само Албанци, само тепачки заради нив...Зошто народот толку се смени во последите шес години, порано како што паметам живеевме слободно, а сега како во некој кафез со изгубен клуч за слобода. Толку луѓето се прават образовани, совршени, паметни, како научни докторати или како уште да ги наречам...А, Македонскиот народ да се крене да се среди власта, да се среди образованието, да се уредат болниците...Добро бе луѓе свесни ли сте во кој хаус живееме, во која и каква држава! После многумина велат тоа не им чинело, па друго па трето...А зошто молчите бе? Кога бев за Скопје се качив во еден автобус, и сите средношколци исоседнати не им отстапуваат место на старите и изнемоштени лица и на бремените жени-НЕКУЛТУРА!-По се изгледа нема кој да ги воспита на таквите како нив... СТРАМОТА Е БЕ, ама за кој како... Опаметете се затоа што еден ден многумина ќе жалите, ке дојде ден кога ке не чуваат како робови а други ке владеат!-така ке е додека молчите!!!ТОЛКУ ОД МЕНЕ!!!

    Знам можеби сум досадна со овие постови ама размислете малку за вас, за вашата иднина на децата...Се надевам ке се најде некој паметен што ке ме разбере...
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Подобро да се смееш отколку да беснееш........... :D

    Добра ви ноќ
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Си го затворив пенџерево и ги заклучив терасниве врати! За секој случај! Да не ми се врати нагонот да се фрлам одозгора |( Или недај Боже да беа дрвцана повисоки, вака на две метра не можам да се обесам :worried:

    За секој случај...да не објавите уште некоја лаке шлаке штуке мука :worried:
     
    На Sara123, bittersweet, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Абе убаво си ни е, џабе кукаме...
    Абе кај го има ова? Седам со моите, вечераме. И со мајка страшно се расправаме дали пржени тиквици со лукче и магданос или пак со сиренце и патлиџан се повкусни. Барам мислење од тате, ама тој си молчи клима со глава и си мисли на работата што го чека утре.
    Има нешто повкусно од неделно утро на тераса да јадеш патлиџан, путер, сиренце и лепче? Е нема... Па уште и ако некоја птичка ти застане на ограда и ти пее. А утринско ветренце така, слабо и нежно дувка.
    И нема ништо по убаво од правање ајвар! Се собирате комшивки, де кај една де кај друга, редите сеир, редите пиперки. Ги мелете, а претходно тато или детко ќе ги испечат. Па овде цело маало, цела фамилија се собира на куп да јаде жежок ајвар со тазе лепче и сиренцето на бабето.
    Па ќе се соберете со другарки на кафица, па ќе вртите филџани, па ќе си гледате на кафе. Па на една ќе и личи на слон, на друга на чизма. Па глави ќе се сечат на змии... па која ли би можело да биде оваа плава змија? Па прашања, па претпоставки и ќе помине пладнето. Си го „отепал“ времето неосетно. Па ќе зборувате за згодни момци, кој на која што рекол, кој на која каков комплимент дал, па радости, па маки...
    А и како можев да го заборавам актуелниов ни 1-Мај? Па договарања, па кај ќе одиме, па превоз. Пусти маки. Пусти слатки маки!
    Па празници еден куп, со тоа и семејни ручеци еден куп. Па ќе дојдат маливе од маало по јајца, па ќе се чукаме, па блиските сите ќе се видиме. Абе убавини, особено кога велигденскиве јајца се спремаат.
    Убаво е, се е убаво кога е пролет.
    И да, денес се видов со една пријателка, онака кратко. Ама вредно, ми фалеше... многу ми фалеше. Ајде да ја поздравам со една песна, текстов како мислен за нас двете е. И да, го обожавам Игор. Единствен е. Сакав д акажам нешто, ама ништо не бидна. Се на куп, ама ако...
    http://www.youtube.com/watch?v=LjRO7i2F4io
     
    На Monna.Monna, SparkyAngel и pamelche им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Она је Бомба, аааа.
    Она је згодна млада, сви је желе у град аааа! Кучи ајвар...
    Ни се гледамо и ј.... аааха. :D :D :D м

    Денеска што знам што ми е. Грлото ме гребе и ете ќе си настинам. Толку беше дејствието на алое верата. Барем две години не се разболував.
    Верото е полно со зајаци - порцелански, дрвени, пластични, памукливи :D . Само да си изберете останува. Леле! Каде искачаат, по маркетите деногубат. Зар здраво е тоа што го прават во Америка wonderful? Излегуваат по големи, огромни молови. Абе ајде не ме зезајте. Како може тоа да ги прави среќни. Моите шопинг тури изгледаат вака некако. Одам, разгледувам од око, го допирам материјалот, го пробувам парчето, си викам да/не и го купувам или не. Не ми се чека во продавници бе.

    За први нот. За Велигден никаде. Тоа е животот. Јас сум незадоволство. Оф ќе си сонувам дека сум некаде каде би можела да се шлапкам.
     
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Being alone never felt right. Sometimes it felt good, but it never felt right.
    Тоа сакам да ви го кажам.
    Осамена сум многу, и џабе е се.
    Џабе е кога имаш убави моменти кога немаш со кого да ги споделиш...
     
    На Hipster, sweet-cherry, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.