Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Понекогаш погодува хороскопов баш се радуваммм :rofl: :rofl:
     
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Дури и во ова пролетно шаренило, мене без тебе се ми е сиво!!
    Пролетна носталгија , а сакав да сонувам за утре а не за вчера.
     
    На Umbrella22 и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.781
    Братучедка ми бранеше дипломска пред некој ден. Положи со 10ка. :)
    Цела фамилија бевме горди на неа, заедно на факултет отидовме да гледаме како ја брани и таму ја испофалија.
    Кога се вративме дома почнавме сите да пееме. Татко ми никогаш не сум го видела така расположен. Солзи од среќа му течеа и си пееше мерачки. Тој момент сакам да го замрзам и вечно да ми остане во сеќавање. :)
    Конечно после толку време таков спомен каде што сите со сите се гушкаат зошто вистински се сакаат :)
    Поубаво нешто има ли?

    За 1 Мај мојата најдобра другарка ме шитна за дечко а дечко ми во викендица со друштво ќе иде. Така да, ништо посебно, со две братучедки ќе си седнеме некаде на пивце. :)

    Убав помин девојки каде и да идете и возете безбедно :D :hug:
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.824
    Денов е само за ска и пиво у парк и фризби.
    Ал ми се недопаџа што е толку топло за ова време од годината...искрено.
    Сакам да е свежо под сенка,онака да ти застудкува. Ова не е на арно, билив ми пипл!

    Лелееее, да ми се најде девојчево за да си потврдам дека стварно не сум луда!!! Стварно фрикам дека се губам и твитам и после не се сеќавам!
    Јас вака си најдов работа. Не ми беше убаво, се нервирав нешто и си најдов работа. Пред пола саат го мислев ова како од сите нервози и порази у животов ми изглегле сите триумфи и успеси! :D
     
    На Trnche, mims-89, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.134
    Пол:
    Женски
    За возење точак низ градов требаат челични нерви. Луѓето се скоро сите сите расеани, ретко кој гледа кај оди, кога поминува или по која страна оди. Најчесто се на средина. Се рашириле по цел тротоар или патека и мислат тоа татко им го правел. Па и да го правел се знае редот. Или ѕвониш, си стаил типот слушалки, нит те слуша ни бутур, мува не го лази. А најлоши се оние ем те гледа дека идеш, ем ко муле некое не се мрда бре. Идиоти. Улиците катастрофа, качи се, па симни се од тротоар, па застани ако не сакаш да си го испокршиш превозното средство, па симни се, па пак качи се... Колине испаркирани кај треба и кај не треба, најчесто се баш на патеката кај што треба да се качиш, па оди по улица со ризик да те собере некој од позади, па после застани за да се качиш на тротоар, чувај Боже да има накосен тротоар или онакво зацементирано или било што. Се напнав. |( Па на оние кривинине не намалуваат брзина, си шиба мисли по автопат дека е. Една секунда да не свртам глава отидов на шофершајбна.
    Така да знаете, да си одите по страна и да си пазите, да не ве згази некој точак од позади па да се чудите што ве снашло.
     
    На tweety26, lunicka, Foreveryoungiwannabe и 8 други им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ова Мајов не ти било уживање,него преживување.
    Ако си во природа се разбира,и ноќта планираш да ја преспиеш во шатор.
    Како јас на пример.
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува кои спомени ми се вратија нокеска и тоа во еден сон, почуден здравје-ноу комент :x
    а во сонот беше и дедо ми што почина пред две години, ми зборуваше ко да е уште мегу живите-дури кога се разбудив ми текна дека умре :fubar: а во сонот одаи со фотељи и тој-дечкото од партија за којшто почесто пишувам-само се прашувам што ли бараше во мојот сон :swear: кога се разбудив бев :o :tmi: незнаев што е вистина а што јаве :x :D Господе чувај ми го умот, оти почнувам сериозно да забегувам :!:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам на одмор.
    Сакам да пливам, да се сунчам, да се изнашетам, да се сликам, негде кај што никогаш или па одамна не сум била...
    Крај на април, 30 степени, на што друго да мислам?!
    Офф..да.. имам на што да мислам уствари.
    Не на тоа дека утре е 1 мај и дека ептен ми е онака и дека не сум по цел ден дремење во природа, туку на тоа што... за една недела почнувам со полагање. О мај гад... кај да учам на вакво време, кај, коа паметот ми е сегде само не во книгите?!?!
     
    На senza.parole, Doozy, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ништо поубаво.
    ...си седиш надвор на тераса, го пиеш третото кафе за денес (оти од временските промени се чувствуваш како да си паднат од Марс) и слушаш чил музика- рај за душа, а и за ушите на комшиите :lol:
    Медитираш, се опушташ...така спонтано, несакајќи.

    Плус, свежо бањата. Мислам целата тежина од мене замина со млазот вода.
    А, сонцево печи ли печи, ми ја исуши косава за 15 минути.
    И, да...штом се стопли, почнува да ми се витка косата. Кој закон во физиката е ова, којзнае? :^)

    Малку рано за жештиниве, ама среќна сум што хулахопките и чизмите ги фрлив за подолго. ^_^
    Јас сакам да се печам на сонцево...да мижам и да уживам.
    И, онака редовно си фаќам јас боичка, уште пред да заминам на одмор.

    Инаку домаќинка сум, од голем мерак по 100ти пат ја средувам летната облека.
    Фустанчиња ме чекаат, ајдее...мора да се шетне некаде за празнициве :D

    Имам еден план за летово. Мора да го остварам.
    Неколку дена во планина, без модернава технологија, без ништо.
    Кога ке се вратам има да бидам како нова :emo:
     
    На honorthyself, Serafima, senza.parole и 16 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк колку е чудесна оваа наша мала државичка,има многу убавини мислам на природни,планини,манастири и итн.
    Но што е со луѓево тука е тоа е друга тема,тука треба малку подлабока анализа да се направи,фала му на господ што останаа и добри луѓе на земјава,а за останатите не би говорел пошто иде велигден па да не си ја поганам устата.
     
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912

    „Единствена утеха која ни останува е да се криеме сами сред ноќ, во некое напуштено место. Секое ново утро, помали сме од нула, а човештвото е чекан за мозокот.“ - Буковски

    Така да, Вито...оди уживај и релаксирај се во природните убавини :)
     
    На Serafima и vitomir им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Интересен ми е моментот кога ќе се појави некој/а нова на нашава естрада, од типот на оваа што баш ја заболело :D и гледаш сите плукаат, онака сочно, на топлиниве се плашиш да не дехидрираат... И да е иронијата поголема, три четвртини од истите слушаат турбо фолк. Иако не ја преслушав песната на оваа погореспоменатава, не и‘ го запомнив ни името, тврдам дека некоја посебна разлика - и нема. И немој некоја Цецољупка сега да ми вади статистики колку луѓе и‘ доаѓаат на концерт, бидејќи тоа не е знак на квалитет.

    И на крај таквата певаљка, ќе си направи тура низ Австралија, ќе се омажи за некој полн пари гастербајтер кој ќе е пресреќен што има ѕвезда до него, да му пее на увце :D , а обичниот плукач и натаму ќе ја поминува секоја зима со тешката дилема на распределбата - heating or eating :?: ?

    Верувајте нема случајности, постоењето на цело ова естрадно фрик шоу од типот на Гулабици до Лејдигаговки, не е случајно, побарувачката ја создава секоја понуда... Исто како што и светските лидери на сите земји моментално се рефлексија на народите. Значи се‘ е по заслугите. И затоа, дури гордо се расфрла светот со пролибералното срање од изрека - за вкусовите не се разговара - ете на здравје нека ни е давењето во невкус.
     
    На thelittle17, sweet-cherry, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Време е да му кажеме чао на април... и да му посакаме добредојде на прекрасниот мај [​IMG]
    А богами време е и за пуштање мозок малку на пасење, и уживање на големо. [​IMG]
    Дојдоа 6-те дена резервирани за еуфорија, одмарање и уживање во прекрасните празници. Без грижи, школо, книги и професори. Епа заслуживме малку... вакво преубаво време е штета да се упропасти со учење. :wasntme:
    А во школо... некако брзо поминаа потешките тестови, барем првата тура :D И да ви кажам, штом можам јас, којашто не ги поднесувам математиката и физиката, да извадам 5+ математика и да одговорам физика ко од пушка, можеме сите да успеете да научите било кој предмет. :rock: Да се разбереме, не ми е ни за критика ни за фалбаџиство, туку чисто за мотивација на сите што се мачат со тешкиве предмети. :hai:
    Е за тоа сега следат денови на релаксација и празнична радост. 8)
    Утре дружење со најблиските другарки, а за Велигден, секако, празнична атмосфера со семејството. Милина. :sun:
    Туку, пролетта ја сакам, ама летото уште повеќе. Сега троа порано ни дојде, ама баш супер. Најубаво ми е навечер, на ладничко, кога можам да излезам на клупа и да уживам во ветренцето. Ептен ми е прекрасно. :inlove:
    Имајте убави денови. :*
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Elennaa им се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Денес денот ми е толку лош што незнам што да правам ...
    се надевам дека ќе ми се попрви расположението :D :D
    целиот велигден учејки ќе го поминам...
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Постои надеж и за такозваните роденденомрзачи.
    Јас на пример денес добив роденденски поклон еден месец порано.

    Радости. :sun:
     
    На ilipili и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    10.113
    Чуството кога после дождот решаваш да направиш една прошетка,и првата кола што налетува те бања како глушец :( .
    Ах комши,комши те познав ]:) .
    На следното видување за ова ќе те почастам две воспитни :D :D :D .
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Си се спремав за утре ...
    Си ја наместив торбицата пошто ке слевнам дури во петок вечер...
    Но ќе си го земам лап-топот и USB за интернет па кој знае дали ќе фатам интернет пошто ноќите се досадни...денто се шеташ се смееш..читаш книги играш карти,монопол и не лути се човече...а ноќта читаш книги си ја празниш главата..а доколку фаќам интернет и на фемина ќе си седам...вечерта..сите се изморени и се легнуваат...
     
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Можеби не се чувствувам добро ама барем изгледам убаво. :wasntme:
    А кога не сме задоволни и среќни менуваме нешто на себе. Е јас сменив боја на коса, од махагони црвена сега сум црна и ми се допаѓа :wasntme: И иако не сум личност која што сака да и делат комплименти овојпат тие ми годеа. Во последно време се чувствувам многу убаво во своја кожа, ги симнав тие 5 килограми кои што ме мачеа и живеам здраво, телото ми е препородено.
    И сето ова во комбинација со новите чевли на плута, омилените парчиња облека и прошетка со блиски луѓе е доволно за да се констатира дека денов беше позитивен.
    Ете така, површни работи се знам ама знаат да ти го направат денот.
     
    На Serafima, BlackSwan5, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  20. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК

    Се чуствувам, безволноо, потиштено, како сите бродови да ми потонале......
    Ужасно ми е!!
    Се може да ме изнервира, да ме извади од такт во секунда...
    :/

    Сакам само да сум самааааа далеку од сите и СЕ!!!!
     
    На Umbrella22, Katerinceee и vitomir им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.