Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Скролајте. Морбидно мислење и едноставно вентилатор уклучен.

    Денес бев на погреб од колега. Кој не ни знаев дека дојдел до тој степен, не беше баш ненадејно да си отишол човекот, ама кога јас напуштив фирма, он беше здрав и прав, полн со хумор, повеќе пати досаден хумор, чуен, повторен сто пати, ама сепак интересен. И никој не ми кажа дека човеков бил болен. Рак по сите органи, не бил на работа некое време, примал терапија, додека не превртел очи една вечер и толку од човеков.
    Кога ме викнаа на погреб реков ќе одам, да го испратам како што е ред, и по дефолт си мислев, локалниот крематориум, ќе си кажеме пријатно, ковчегот зад завеса и сите на пиење и јадење да му се сетиме на животот и ујдурмите, да го прославиме. Не беше во крематориум, туку во црква, и го копаа два метра под земја.

    Сите претходни погреби ми се вратија врз главата. Фала богу тука немаше тетки што вијат кога го спуштија ковчегот, ама пак страшно, тажно и страшно, да закопаш човек под земја е некако пострашно отколку да го пратиш на печките при кои не гледаш, не присуствуваш на тој краен чин.

    Јас си го поклонив телото одамна на наука, со потпис. Нека сечат нека се учат кога ме нема. Нека вадат на време што им треба на живите ако имаат корист, другото да го изгорат, еден меморативен сервис на кој сите ќе зборат дека сум била чудна малку, и толку, ама никако да не ме дадат на некој како обврска да ме бања, облече, нашминка и закопа.
     
    На NoellePage, Monna.Monna, Trnche и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Колку е тивко без брат ми :) Утрово сакав да го задавам со таа неговата гласна музика, ама сега се би дала да е дома... Едвај чекам да се врати :lol:
    *********************************************
    [​IMG]
    Да навистина го молам Мај да биде многу подобар од што беше Април. Ми требаат промени и тоа многу.
     
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Згрешив, многу згрешив признавам. Не требаше да кажам за мама дека никогаш нема да и простам, иако ме тепаше ама беше во право. Кога ке ме удреше јас плачев бидејки многу ме болеше, но сватив дека повеке од нејзините шамари болеа зборовите кои и ги кажа татко ми. Мајка ми била во право за се, таа најмногу ме сака-нејзината љубов неможе да се спореди со ничија друга... Навистина си ја сакам најмногу. А, татко ми...после се што ни направи, посе се што и изнакажа на мајка ми епа навистина е најоглемото ѓубре од човек кое опостои на планетата Земја. Страм да му е, што не предмаку и изнакажа на мајка ми... плачам но знам како и е како ја боли на неа. Таа то гледаше, му даваше пари за се оти не работеше, го пушташе секаде да оди и после сите луксузи кои му ги пружеше тој си заврте грб и не напушти... Се скараа он ни изнакажа се и си замина, и после се и да се врати лучно како негова керка ке го плукнам во лице. Можеби не му е местото на овој пост овде, на јавен форум но верувајте како се чувствувам-нема на кој да кажам. Веке срцето ке ми пукне, не само што сакам да го напуштам градот, и даржавата да ја напуштам исто ке е....Неможам веке ништо да поднесам, незнма веке што да правам што да мислам...Само да кажам Годод нека ни е на помош, ништо друго не сакам...

    Утре сите најубаво да си поминете на Мај, ве сакам :* :hug: :hug: :hug:
     
  4. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    време е да се фатам за книга! :drunk:
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.495
    Допаѓања:
    17.227
    Сабајле во 5 треба да бидам будна, по некоја логика би требало сега да си легнам. Но, секоја година истата приказна,ноќта пред 1-ви мај е нешто премногу возбудливо. Па, утре какво ќе биде времето, кој ќе биде у близина кај шо ќе седеме, ќе најдеме ли убаво место да се сместиме, ќе најдеме ли некој да ни помогне околу скарата...мхм, ок...да не заборавив нешто?
    Деца, шо да ни правиш.
    Незнам, стварно незнам што да кажам. Кажав веќе дека сум многу возбудена околу утрешниот ден, нели?
    Се познава колку сум работела изминатата година.
    Метрополис во позадина, меко креветче, мисли за утре и надеж дека ќе заспијам.
    Убав ден утре!
    Поздрави и бакнежи. :hai:
     
    На Elennaa и senza.parole им се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Деновиве доаѓаат и си одат,годините минуваат. Денеска тато да беше жив ќе му славевме 59 години.Се сеќавам кога на мама за роденден и купе машина за миење садови и таа беше пресреќна,секогаш ќе ги паметам такви среќни еден со друг.
    Јас си ги посетив денес нив и со грутка во грлото,но со среќа во срцето им кажав дека наскоро ќе се вклопиме во едно со мојот сакан и почувствував дека не благословија,ме облеа некоја чудесна топлина и ги почувствував дека се тука со мене.
    Од утре 5 ипол денови заедно со него ќе уживаме во прекрасните денови,ќе сме луди,заљубени како и првиот ден и ќе правиме лудории :D и ќе го завршиме постот :wasntme: :$ .Сакам секој миг да ни остане запаметен по нешто,до сега и така е,но сакам да продолжи тоа вечно и никогаш да не престане. Се плашам од иднината и од тоа како ќе успееме да се справиме со предизвиците кои што ни ги носи таа,но верувам во нас. И двајцата сме тврдоглави и некогаш тоа е причина за да се спречкаме,но за среќа многу брзо го решаваме тоа.Знаете сите,дури и ја отупев дека тој мене ми е се ама го сакам бре :inlove: :D. Но,не дозволувам да ме заслепе љубовта кон него и да не си останам своја каква што од секогаш сум била.Јас со него пораснав,созреав и научив да живеам.
    Следуваат убави денови,чувствувам.Уживајте и вие во нив :)
     
    На pamelche, Ana.Jones, Lepaaa и 36 други им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ми се случуваат толку многу работи што ми треба време да седнам смирено, да се соземам и да направам еднa мини ретроспектива на настаните досега. Многу нови места, многу нови имиња и безброј нови предизвици. Ми се случува живот, и за моја голема среќа - од секогаш сум знаела како да го извлечам максимумот од работите.
    :D


    ***

    Не сум свесна дека е Мај, дека завршувам уште една година учење, а не сум ни свесна дека штотуку вдомив 3 прекрасни чивави. Не една, него три. :rofl: Од што беа сите премили, преубави и кое од кое повоспитано - ги земав сите. Не се опишува колку се мили, доволно е само да ги видам & my day becomes awesome!

    http://www.youtube.com/watch?v=h1xO7RwTV4k


    Имате пријатни празници, резервирајте си одмор за психичко и физичко рефреширање.
    :D
     
    На sweet-cherry, Edie.S, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК кој идиот од жена погледете само на колку убав уникатен начин ја запрои а оваа ни да се насмее ни да заплаче некои девојки пола живот би дале да се на нејзино место а ова беее дури и цело време нешо му се дере па да бев на местото на дечково ке си земев прстено и да ме нема какви кретени има на светов бе не се свесни што сакат што не ИДИОТИЗАМ
    http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/107 ... ot-plostad
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Што да правам што да чинам... кога живееам во овој град со луѓе што само се занимаваат со оговарање. Рекла казала. Колку што не сакам да се замарам со тоа тоа се повеќе м исе случува. Аман веќе :@ . Нити сум зборувала за некој нити ќе зборам секој шт сака нека си прави . Не се спуштам толку ниско да трачарувам.. Ама ајде докажи им на ова проста раја...
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    СДК дека ја сакам..Премногу,многу повеќе отколку што сум замислувала дека ќе сакам некого..Се будам и заспивам мислејќи на неа,деновите ми имаат смисла само кога е покрај мене,буквално живеам за секоја наредна средба..
    Нема да се откажам од нас по никоја цена.Редно е да мислам на себе..А тие можеби ќе разберат еден ден.
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1. Ден на трудот, а највеќе го слават најголемите паразити и неработници. Парадоксално :lol: п.с. и умствената работа е работа, не е само физичката! Ама некои, ни тоа не го работат...

    и

    2. [​IMG]

    До кога?!?!
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК страшно е тоа , колку е ироничен животот, до толку што истиот делува смешен, посебно кога некои луѓе така ненамерно ја откриваат својата грешка.
     
    На Sanjichka007, Jagoda123, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ај-де.
    Спремно е све,само уште да си изрежам едно екс-ју ЦД за во кола,и готово.Ќе биде денес убав ден,осеќам.Во планина,со друштво,со гитари...Перфекшн.Малку одмор од работна недела. :inlove:

    Друга работа.Од вчера неможам да престанам да се смеам на Раке пуке,раке шлаке,до сабааајле. :rofl:
    Неможам да ја сфатам поентата,али како и да е.

    Имајте убав ден и не заборавајте дека насмевката е најубавата шминка !
    Ве сакам сите. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=jRiGOjHFsgg
     
    На anichka94 и imelda им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    [​IMG]
    Чао.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Marge, Doozy и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Сите си се радуваат,дружат,забавуваат,само јас плачам и си седам дома.Доста ми е од ова малтретирање.10 годишно дете да си гра со мене? Да ме тепа? Да не ме остава на раат? НЕкој ке рече дека сум себична ама едвај чекам да умре брат ми,што побрзо тоа подобро.
    Дома имаме два компјутера.И јас сум на едниот,игарав игри на фб ми доага и ми вика да станам нешто на фб имал работа.Па има и друг компјутер,кога е зафатен овој компјутер јас одам на другиот.И му реков да не ме замара и зема шишето од кока-кола по глава ми го мавна,па после и далинското по глава.Дали јас ова го заслужувам? Го сакам,ама јас немам мир од него затоа секој ден се молам да умре.И не сум себична.
     
  16. Isi-Dora

    Isi-Dora Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Смешно ми е тоа што луѓето се премногу возбудени во врска со денешниот ден :D луѓе бе, тоа е само еден обичен ден и не се прави скара само денес :D јас си седам дома и од пуста досада отворив фемина и се зачленив, добредојдов :D
     
    На WarriorAngel и Katerinceee им се допаѓа ова.
  17. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Се погоди 1 Мај на ден пред Велики Четврток па сите со скарите ... Не можат да се воздржат без месо, ни на една Недела. Но не е мое да судам, секој со своето мислење. Од друга страна пак се надевам дека сите си поминуваат одлично. Иначе ние даваме многу значење на денешниов ден, но барем сите ќе заборават на проблемите и сиромаштијата макар и на неколку часа... :)
     
  18. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    првпат за мај да си седам дома :D
     
  19. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    не идам нигде за први мај! луѓево полудеа! продавниците ги дигнаа! поентата на 1ви мај не е да праиш скара... ама кој да сфати...
     
  20. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    еве јас ќе те дружам :) Добредојде! :*
     
    На Isi-Dora му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.