[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК убаво си поминав денес, во друштво со најмилите. :) Иако рано се вративме дома, сакав уште малку да се одморам и да се изнадишам чист планински воздух.
    А сега ама ич не ми се станува и не ми се оди на работа :tmi:
     
  2. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Многу ми е мака,ме болат нозе..но вредеше ,си поминав најубо,се изнашеткавме со најсаканите и единствениот мој ..прекрасен ден :l:
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сдк ама сум се расчистила денес :emo: па и со музиче :dance: :ninja: :music: :emo:
    Еднаш и јас да си се пофалам :D .Умре циганката што ме фалеше :geek: :wasntme:
     
    На ozbilnazena, Antoninaaa, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Се чувствувам удобно. Денес ама бас никаде не отидов. Синоќа се почастив со Doctor Who а откога си дојдов од продавницата си легнав пак. Не прославувам 1ви Мај. Лицемерски празник. Не е овој ден за седење и пиење од страна на газдите. |( Ама не се замарам, јас убаво продуктивен ден си имам. Нешто ја запоставувам фемина во последно време.

    http://youtu.be/NeBjhpw_Ee0
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Што убаво си ја исправ колата, мерачки ^_^
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува што се случи :x
    бевме договорени со девојките од медитација да се чекаме во 10 и 30 за да пешачиме на Водно, ама 3 ми откажаа вчера, 7 останаа и признавам малку доцнев,ама се појавив на договореното место а ниту една од нив не се појави-зошто како-неважно ама ке разберам јас :!: и што ке барам дома-први Мај сме и си отидов сама да си пешачам и да си уживам во зеленилото-рај за очи и за душа :$
    уште ме држи стравот од висина, имав малку проблемчиња па со помош се искачив таму каде што сакав-кратко ама слатко-тренерките повалкани од свинче :D не за друго , ке бев на парчиња за малку-малку заглавив де :wasntme: ама убавиот збор железни врати отвара :) а и Господ не сакал да ме земе денес :!:
    кога се вракав накај дома,патот ми изгледаше бесконечен и согледав колку заморот ме совладал-на нозе не можев да стојам :worried:
     
  7. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    НАЈУБАВ ПОМИН ДЕНЕС!!! :rock: :dance:
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    СДК ама секогаш на некој празник/ден на кој сум поминала убаво,мора де се расипе?
    Не,ама не разбирам.Прифаќам да плаќам за грешките,прифаќам да ме судат луѓе и за најмалата грешка,ама има луѓе кои се толку злобни,бездушни и прават безброј гревови без око да им трепне,па си го живеат животот најубаво.Зошто тие не плаќаат за своите грешки,зошто?Зошто јас?Зошто секогаш јас?
    За малку ќе се оневестам,се нишам како влакно кога дува ветер,ми се врти,ме боли главата,имав убав почеток,ама ужасен крај на денов.Нели доаѓа Велигден?Нели треба да донесе радост,спокојство?Или јас ја немам таа привилегија?
    Така нека биде,животе ...така нека биде.Ете победи,немам сила веќе,немам..Секој момент ќе се онесвестам,ми тежи главата.Да спијам?Неможам,ме јаде душата иако не сум виновна,знам дека не сум.
    Можеби и јас сум најневиното суштество,кое знае за искрен збор ИЗВИНИ,знае да даде ветување -НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИ,ВЕТУВАМ,и тоа искрено кажано.Можеби правам многу грешки,ама ненамерно.А што со оние кои го прават тоа планирано,намерно,со задоволство?Што?Што е со нив?
    Ама да,ГОРДО прифаќам да си ги отслужам казните.Има уште?Чекам.
    Пријатно. :whew:
     
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    12.039
    Денес на овој убав ден мене ми се јаде трици :lol: .
    Да,ми се мрчи за сите они луѓе што мислат дека сите нив ги мразат.
    За сите оние кои што мислат дека од завид неможат да поткренат!
    За сите оние кои мислат дека се центар на светот!
    За сите оние кои само кукаат и кукаат цел живот.

    Неможам да сфатам што си мислат кој фактор се тие :!: ,за такви луди идеи да им идат :fubar: :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    На какво се надевав а подобро т.е кај кај подобро испадна...се спонтано 5 за 12 се се случи а тоа највеќе мразам затоа што ми попуштија нервите со ограничени деца,што незнаат да шират другарство што запнале само тие па тие |( во вторник во 8 саат дознавме кои ќе идеме т.е на 1ви мај и други ни се приклучија ...набрзинка се искочи....можеби не беше баш се совршено ама океј беше колку да се искочи на почист воздух и да се одбележи денот...ми се чини за тие 6 саати што седев во рид сета прашина и мравки во мене сум ги собрала :D сеа нозеве некако тешки ми се :lol: јас не се жалам од пешачење,напротив баш сум љубител :)
     
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Имаме баш голем двор.Масичка, ќебенце, скара, најблиските, домашните,семејството, роднините.. За милина :) Што повеќе би сакала за 1ви Мај кога цела фамилија сме се собрале на едно место. тетки,брачеди,баби,дедовци.. што ли уште не.. ;) Еее тоа е убавината.
    ПС.Комшивее па љубопитно гледаа, да дознат кој дојде, што направи... :|
    Сепак, ова беше прекрасен ден :) Сакам уште многу вакви :clap: :clap:
     
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ден обичен. Онака искулиран.
    Ништо посебно не го замислував овој ден.
    Ништо посебно не си поминав.
    Баш онака - е доволен збор за да се опише.

    Уште од мала не го сакам овој ден.
    Кога ќе помине денот и ''прославата''...кога ќе си дојдам дома имам некое чудно чувство.
    Некоја празнина, некоја неисполнетост.
    Како да сум се разбудила од некој полу-лош сон.
    И онака, целата фрка околу празников...е некако, како во сон.

    Сакав да кажам дека не сакам кога нешто се спрема, се планира...сите очекуваат денот да е нешто wow, а уствари беше еден обичен ден. Со незадоволени критериуми.

    Го промашив планот до стотка.
    Неможам јас да седам во двор, заградена од сите страни.
    Сакав да шетам, да се движам...сакав во природа. Па нели, таков е денот? :^)
    Ама ќе си направам јас еден добар излет, таков каков што јас сакам, со луѓе кои што јас ги сакам и на место каде што ќе се чувствуваме најпријатно....ова денес колку за атер на празникот беше :D
     
    На angelina1, julie77 и vitomir им се допаѓа ова.
  14. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ете зошто не сакам многу сонце на 1ви мај.Само пола саат престојував на сонце, повеќето време бев во сенка но ете пак изгорев.Ме боли многу, незнам како ќе спијам вечерва.Инаку интересно ни беше многу после долго време се собиравме сите заедно.
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Мислете дека сте интересни вие 14 годишни "моми" што ставате статуси на фејсбук
    Преубав помин со Рајка, Петка, Трајка :* мачиња... утре ќе бидеме како нови, пивцето добро ни дојде нели?? Ве сакаааам... :* :l: :l:

    Не сте воопшто интересни, и не изгледате wow во нечии очи :puke: а уште и сликите што ги ставате |( [​IMG]
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Пријателе.. Знаеше таа да биде најубава кога ќе посакаше, знаеше да блесне со таа нејзина посебност, со тој нејзин сјај на површна среќа. Знаше да те излуди со тие нејзини близу црни очи и браун коса, само ќе ја наместеше косата на страна, и на лицето ќе ја ставеше таа беспрекорна шминка- нејзината насмевка. Знаеше да биде многу напната, мораше се да биде по нејзино. И да беше црно таа ќе кажеше дека е зелено, а ти мора да прифатиш. Зошто ја остави да си оди пријателе? Вредеше... Само нејзината насмевка и вредеше повеќе од сечија друга. И велеа ти го скрши срцето, а таа им велеше дека само и ја украде душата, ни помалку ни повеќе. А што значеше тоа? Ја повреди пријателе, и тоа многу, а ти не го виде тоа. А и како ќе го видеше? Таа секогаш беше насмеана, не сакаше да покаже дека тоа ја дотакнува макар ни малце. Ја видов расплакана, и таква ја видов. Таква можеше многу ретко да ја сретнеш, а заради кого бе брат? Заради кого беше таква? Немој да кажеш дека незнаеш... Да, заради тебе. Ќе и помине, или па можеби не. Ако таа реши така, тогаш готово, не постоиш за неа, колку и да те сакала. Ќе те избрише, а ќе го снема и тој нејзиниот сјај на надеж во тие очи. Ќе те снема тебе од нејзиниот живот, а воедно ќе ја снема и неа наново. Освои ја повторно, дај и го тој живот што таа го посакува, ни помалку ни повеќе освен љубов. Вреди пријателе, навистина вреди... :?:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    Не сум сигурна,ама мислам дека постот се однесуваше на мене,ако грешам,тогаш се извинувам.
    Нема да се правдам за тоа што сум го напишала,само сакам да кажам дека нетреба да бидеме толку критички настроени кон некој кој си ја пишал маката и веднаш да го испукаме под изговор демек мрчи.Неможе сите да имаат среќен живот како некои и се што ќе посакаат.Немаат сите мајка и татко кои се тука во секој момент да ги кренат кога ќе паднат,немаат сите толку идеален живот.И неможе да имаат колку и да сакаат.Едноставно,некои се родени со тоа,да СЕ СООЧАТ СО ПРОБЛЕМИТЕ,а не да бидат мамини цури.Не,јас не мислам дека сите ме мразат мене,вооптшо.Не мислам дека сум центарот на светот.И не кукам јас,ама ако на анонимен форум,неможам да пишам тоа што чуствувам во соодветната тема,тогаш нема повеќе.Еве ветувам.Ова е она што го кажав во мојот предходен пост.
     
  18. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    За мене 1 мај никогаш не бил посебен ден ниту празник,а и никогаш нема да биде..
    Си реков нов месец,нов почеток,не нова страница туку нова книга....Но џабе.......Прави добро со лошо да ти се врати.Семејство?Јас значењето на тој збор не го знам и никогаш нема да го знам.
    Другарки,зафрканции,друштво,најлудите тинејџерски години? За мене се е отидено по ѓаволите.Од сега никому добро,со никој нема да зборам и ке бидам себична,злобна и се ке биде по мое.Чим не чини со добро,тогаш со лошо.Има на сите лошо да правам.Да осетат барем малку како ми е мене,па тогаш да се запрашаат зошто ми го направиле ова.
    Вчера отидов во викендичката и спиев таму,сабајлево рано дома си дојдов.А сите,тетка ми,тетин ми,дедо ми,братучетките,сите дојдоа кога јас си отидов.Таму има место за мене само кога никој не е таму,инаку е зафатено.Јас дога го трпев брат ми и неговите глупости.Татко ми на шетање со пријател,мајка ми си фура свој филм,се е пропаднато.
    А другаркиве? Вчера на тел ме молеа да си дојдам што побрзо,а денес нигде ги нема да ме викнат,и заедно си излегоа,ама мене кој ме е*е.
    А затвор а дома исто е.И така бел ден нема да видам...
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денов заслужува гушка ! :hug:
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    12.039
    kiki прости ми ако ненамерно сум те навредила ,во никој случај постот не беше за тебе .Уживај сите сме овде да си ги пишуваме маките .
    BTW моите постови никогаш не се наменети за некого од форумов ,затоа што никого не познавам за да му судам.
    Еве и јас денес нешто мрчам и мене нешто не ми е погодено :lol:
     
    На kikkki и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.