Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Еве ја и Ади, смрди корни на трева :D
    Имаше еден од подобрите 1 мај in her life, друштвото топ, се прпелавме низ треви да :rofl: , си пеевме, јадевме и едноставно преубо си поминавме. Пешадија со друагрките назад, нозете не си ги осеќам, многу сум смрдена, ништо на мене не си осеќам :D
    Сакам дечко шо свири на гитара :) Да ми свири и да си пеам, не дека знам да пеам, ама пак да си потепвнувам по тро, од ќеф онака :) Ај боже еднаш послушај ме :$
    Се вцрвив на лице, врат, на раце, џоа гуштер сум напраена, вечер на паркет ќе спијам, за ладно да ми биди, како ќе спијам уште се чудам.
    Дечки мене од утре овде ич ќе ме нема, се затворам дома, ја претерав со кафиња, средби со сите, ич не ми се учи :| Ама морам уште 4 пати да полагам, па бидам слободна цело лето после то.
    Чувајте ми се, ќе ве читам ако најдам послобдно време, радосни, повесели, со среќни новости ко ќе дојдам да ве прочитам, многу ќе ми фалите, ама обврските се пред се.
    Денов стварно заслужува гушка ! :hug:

    Одам, оти мајка ми ќе ме пикни в машина :rofl: :hai:
     
    На Doozy, anichka94, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  2. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Како што ни е последна година, си поминавме многу убаво.

    Ептен необичен Мај. Мајка ми вика бидејќи сме пораснале, а можеби е точно. Ќе го паметам овој ден, многу смеи, бањања, музика и јадење. :D Сакам пак! :sun:
     
  3. Isi-Dora

    Isi-Dora Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    http://www.youtube.com/watch?v=JOzFDl7lsS4 кој го нема гледано обавезно да го погледне! Ова е тоа што го мачи целиот унимерзиум. Браво!!! :!:
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие личности што не ја сакаат традицијата одење на ливада за Први Мај. Затоа со друштвото бев во Охрид. Преубаво си поминавме, се смеевме, си кажавме тоа што ни лежеше на душа, дојде 16 и 30 и си се вративме дома. Многу брзо ми поминуваат деновите, уште месец и пол и почнува сесија. Најкриво ми е што нема да одам на одмор оваа година, ама тоа е мора некој да се жртвува.
    Ми се допадна тоа што си го прочитав во месечниот хороскоп. Секогаш си читам и секогаш е така како што е напишано. :rofl: :rofl: :rofl: Имајте убави празници
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    17.961
    Пол:
    Женски
  6. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7

    Јас не го правам тоа,но и јас сум од девојчињата што имаат 14 год..
    Искрено подобро тоа отколку во ваква ситуација во која што се наоѓам јас....
    Што има лошо во ова не сфакам? Те молам просветли ме...
     
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Прекрасен ден!
    Прекрасни луѓе околу мене.
    Среќа!

    Полни батерии.
    Мора да се исповедам за нешто.
    Луѓе, несакам да претерувам, ама ми се појави еден човек во животот, и баш како што побарав во некој од постовите, момче да ме размрда од корен, епа тоа го добив.
    Знаете кога рацете сами ви одат накај него? Кога погледот го наоѓа во гужва само него? Кога воздухот е посвеж кога го делиш со него?
    Ова за инат дека кукав како кукаица дека незнам да љубам, сега ме размрда малце.
    Само неговата близина ме прави среќна. Само секунда да незнам каде е и што прави, мене ми фали.
    :o
    Леле shit shit shit. Ќе го изгубам умот..
    И тоа ни двајцата не сакаме патетики, но тој воопшто не е патетичен туку на некој свој начин, ми дава внимание, ме пази, ме чува. Дури е малце груб, па тоа уште повеќе ме распалавува.
    Се ова за 3 недели. :tmi:

    Сега сум полна батерии од цело разбирање, внимание, галење што го добивам..

    Другарките ме зезаат дека во очите ми гледале блесок. Yeah sure. Ма не е блесок, цело сонце имам во очите, толку сум среќна. :sun:

    Сега мора да се учи, мора да се спремам за колоквиуми. На обврските гледам како не некоја занимација, толку се одвеав. 8)
     
    На M.a.r.i.l.y.n, antonina, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Се испокарав со мајка ми.Убаво ја замолив да ми даде се црни алишта да носам ми се дере.Јас не и викнав,ама заслужи и шлаканица да удрам.Па како не и е јасно.Јас имам само 14 години и не смеам ништо да правам додека не наполнам 30 па да ме сметаат за човек и да смеам да се радувам.И наместо јас на мајка ми,мене ми удри шлаканица татко ми. |(
     
  9. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Зарем толку е нужно да се чекнеш веднаш штом излезеш од дома ?!!
    Па дај побогу излези си за тебе, прочисти си ја душата од секојдневните драми, види природа, диши чист воздух немора и во тие моменти да се загадуваш со Фејсбук.
    Ако си стварно среќен ќе немаш потреба да те види и тој другиот како си ти " најсреќен " !
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Денеска на мај преубаво си поминав, но сватив нешто благодарение на едно дете, дека богатите луѓе, не ја ценат вредноста на парите!!
     
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Зошто е толку битно девојче да се испијанчи?..
    Според мене погрда глетка од пијано девојче(15 год) како одвај се движи,бледа е и повраќа пред сите НЕМА!
    Демек машките така повеќе ќе ја сакаат? Јас баш го мислам спротивното.
    На тој начин сами си се понижуваат.

    Како и да е мене ова ми беше еден весел и уморен 1 мај.
    Ајт поздрав јас идам да спијам :)
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сите зборувате за Мај, ајде и јас. :$
    Со Љубовта спакувавме парталите и ни ваму ни таму, ами у Охрида! :D Се јавивме кај едни луѓенца за смештај, си викам сега ко ќе почнат да прашуваат кои сме, од кај сме, што сме |( , а луѓево абе души! Души!
    Женава да ни погоди што повеќе, сопругот со кола не зема од автобуска, дури и пасворд од Wifi ни дадоа, и DVD не прашаа да не сакаме да ни донесат во собата, со цедиња за филмови. :rofl:
    Да ви кажам, пољубезни луѓе не сум сретнала, ако за Мај се прават непродуктивни работи од типот на гнетење месишта и мрсење, луѓево се најпродуктивна и најкорисна ствар за празников, им симињам капа, секоја чест.
    Да не излезе сега дека ги рекламирам, немој нејзиното височество Фемина погрешно да ме сфати, ама стварно, мене овде многу ми се допадна!

    Бевме ваму таму, џбрцкавме нозе у ладните води на езерото, се џбрцкавме во гушки, што повеќе од тоа?
    Отиде тој, да донел пиво, ако некој од тука уште памти дека сум на диета, де, малце...напрајте се на Тошо, де.. :$
     
    На sweet-cherry, Doozy, Waka-waka и 7 други им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://youtu.be/69O4PXzAQ5Y

    Ми недостига она првото чувство на вљубеноста! Сакам да го осетам пак. Сакам да се вратам во времето на таа прва наша зима когашто јас не одев туку скокав од љубов. Скокав по снегот додека се враќав од средбите со него понесена од неговите прегратки. Понесена од невиноста која ја носев. Понесена од сладоста која ми ја воспалуваше ти и твоите раце, нозе, мали испакнати бицепси...
    Ах каде сме сега ние?! Ах сакам да се вљубам пак, вљубиме пак и двајцата. Љубовта ни порасна да ама каде е нашата вљубеност. Ја осетив пред три недели. Значи се крие тука ама некако ние дали остаревме и озреавме.

    Денеска кога те видов додека се симнувавме од Водно беше совршен. За миг беше мојот иден љубовник, сопруг, татко на моето дете, советник, истрпувач, боксерска вреќа - пријател. Светкаше. Дали ќе биде така останува да видиме.

    Љубете се.
     
    На Doozy, zarah, Jagoda123 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Има некоја слободна да ми пише во лп? Благодарам однапред. :)
     
  15. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас за 1 мај :D
    бев со другари и другарки од одделение многу убаво беше, цел ден игравме фудбал и одбојка, се направив како циганче, страв ми е да си го фатам грбот :D нозете ме убиваат, за враќање одевме 7 километри пешки ( за одење бевме со таткото на еден другар ) дека многу е далеку :D стигнав дома се избањав и одма пред тв фудбал гледав :D и сега на спиење утре сум во училиште :|.
    толку од мене :*
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК имам предрасуди спрема луѓе кои што го слушаат Балашевиќ.
    Ама па што да правам кога ич не го сакам човекот. Ми се сере од неговите песни, озбилно!
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Клише е да зборувам за прославава денес... јас малку ќе критикувам. :$
    Убаво беше, супер поминавме, сонце, музика, друштво. Луѓе на сите страни - многу познати, уште повеќе непознати. :D Сите среќни, сите весели. И се така дури не дојде време за одење дома. Повеќето веќе беа заминати, ние уште малку шеткавме. И луѓе, знаете ли како беше наоколу? Како да не биле луѓе таму, туку некои диви животни. :fubar: Насекаде расфрлани хартии, шишиња, кеси. Се срамев само од гледањето на тој ужас, какви (не)луѓе има... Па добро, што е толку тешко, да се одвојат 2 минути и сите работи да се соберат во една, две кеси и да се фрлат во контејнер, на неколку метри потаму!? Ама не, не би биле Македонци ако не се расфрли се наоколу - да се знае кој бил таму! |( А вгодина дечки, каде за први мај? Пак на истото место кај што испофрлавте ѓубриња? Супер ќе е ако има уште како вас, таман, до наредниот први мај - ќе се претвори тоа во мала депонија. Малку по малку, се си уништуваме... Каде им отиде свеста на луѓето?
    Знам, од тука ништо не се менува... Немам право да солам ум, ниту пак тоа ми е намерата. Ама бар и јас кажав збор, два за денов. Па сум критикувала... е ако де. :wasntme:
    И ајде, да не испадне дека само критикувам, навистина има луѓе кои си оставија чисто зад себе (како нас на пример :wasntme: :D ). Има надеж! :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Преубав ден ...а за да биде толку убав се залужни некои луѓе.... :) :)
     
  19. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    СДК мило ми е што сите пишувате како го поминавте овој први мај , но не за сите овој ден е убав ден , 16те децата од кочани ја немаа таа срека да ги споделат импресиите од први мај повекето од вас знаетре дека точно сега се борат за својот живот Господ да ни е напомош ние неможеме ништо да сториме освен да се молиме за нивното здравје, па ве молам одвоете 2минути да се помолите за нивно опоравување зошто чуда секаде се случуваат само ние требеа да веруваме во нив , Господ е голем :)
     
    На Antoninaaa, 1209, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.097
    Пол:
    Женски
    сдк дека сум многу тажна.денес дознав дека имам тета.ќе си помисли некој -треба да се радувам,но не .за жал,тета ми починала веднаш откако се појавила на овој свет ;( .
    а колку сакав да си имам тетка,но ете така требало да биде
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.