Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Доказ дека и ќоро и сакато, неписмена и проста раја се докопа до кола се мал милионите сообраќајќи за кои се известуваа денес. Дај Боже да се грешни, ама веќе се збори за смртни последици.

    Е*ем ви 1ви Мај, дебили тешки сте. Локате ко да нема утре, дечишта влечат 5 кила месо и гајби по улица, простаци возат ко улави откако се провеле лудо, а женски примерок се ложи на брзина и адреналин и како нејзиниот мачо со Голфот е д уан.


    Една тешка мизерија од младина. :|
     
    На antonina, sweet-cherry, Marge и 36 други им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Секогаш кога ми побара услуги, ти излегував во пресрет штом можев. Првпат ти побарав најпроста услуга што можеше да ми ја завршиш, и не сакаше, тешко ти беше и забораи на се. Епа, очигледно не знаеш какво злопамтило сум, така? И за најмала глупост нема да ти заборавам, не си ме знаела доволно. Тек доаѓа времето кога јас ништо нема да можам да напраам за тебе, а со душа го чекам, па да видиш како е и многу полошо од она твоено. Зошто ти си таа која целовреме ми цимолеше и ти си таа која има потреба од мене, не јас од тебе. Јас само учтиво те прашав, ама пак си ја завршив работата и без тебе. Ама дали ти ќе можеш многу работи без мене да завршиш, останува да видиме. А, и не за џабе викаат:

    „Кога ти треба нешто, затропај на вратата на пријател. Ако не ти ја отвори вратата, ќе ти ги отвори очите.

    Е доста ми е од „другарки“ само за по кафиња и дискотеки.
     
    На Chica.Loca, Doozy, Jagoda123 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    СДК дека моментално единствена желба ми е повредените деца од вечерашната трагедија во кочанско кои се борат за живот да истраат и да излезат од животна опаснот. Која вина ја имаат тие? Животот тек им почнува. Се молам за нивните животи - тоа е единствено нешто што од срце сакам да кажам
     
    На Jagoda123, Ketrin.Moon и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Подадов рака денеска...не е воопшто важно како и кому.Важно е дека видов благодарност во тие очи.
    Зашто да се биде добар е најважно од се,направете и најдете мир со самите себе.Живејте го својот земски живот,зашто тука е и рајот и пеколот.И секој преживува дел од едниот и другиот во текот на животот.А потоа...сите сме исти...
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Someonespecial и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ау на што ми текна :D

    Има едно девојче што учи со другарка у клас, премногу зборлеста и никој не ја дружи ради тоа :rofl:
    И сеа, ги наместиле клупиве во групи, и се погодила оваа да седи баш до другарка ми. И дека апла замарала со зборење, другарка ми со некоја нејзина другарка решиле да и дадат теми да пишува есеј, демек да се вежба за матурата :rofl:
    И сеа девојчево врска немала од англиски, и тоа им била фората на овие, демек да се научи да пишува есеј за матурата.
    И тоа многу глупи теми и давале: „Чашата падна и се скрши“, „Вратата се отвори и влезе...“, „Ветерот дуваше силно“.... :lol:
    И девојчево пишувало, пишувало, 2-3 страни... И овие кога виделе колку се распишала, ја прашале како пишува толку многу кога не знае англиски и следувало одговор: ПА ЈАС КОГА НЕ ЗНАМ НЕКОЈ ЗБОР, САМА СИ ГО ИЗМИСЛУВАМ :rofl: :rofl:

    Уште не можам да си дојдам при себе од што се смеам :D
     
    На hermosa, Someonespecial, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Денов преубаво ми помина..шетање,скара,муабет..абе уживанции..леле луѓе го обожавам овој период,пролет..сите се раздвижени,времето од убаво поубаво :sun: :inlove:
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се прашувам дали сум јас нормален,па видите како ги прашувам комшиите. :D :D :rofl:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Нека ги чува Бог дечињата и нека се вратат живи и здрави кај нивните родители.И нека им ја олесни болката на оние кои загубија свој близок вчера, толку тажно...уште колку млади ќе загинат, аман зар не е доста.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Toa што сакам да го кажам не е за јавност, :swear: :@ :swear:

    Ме израдува добрата вест за нашиот Најден
    Американски лекари ќе му го оперираат јазикот на Најден

    ама ова бе луѓе... ОВА...
    „Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче.“

    СДК ѕверот кој ова го направил уште шета, јаде, пие и спие слободен, најверојатно без грижа на совест... :@ Ме згрозува помислата дека нема никогаш да биде фатен, ме згрозува и тоа што се е способен овој ѕвер да направи, штом на новороденче на живо јазик можел да му откорне... ;( Ни право ни правдина нема на светов... уффф ;(
     
    На bittersweet, Doozy, Ethrnity и 6 други им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е уај де?! :D
    Уај вие ја ставате на фемина? Затоа. Икс фактор. Ширите зараза од раке пуке раке шлаке :rofl:
    Озбилно не можам да и се нагледам. Поарна е од валиум :wasntme: Како игра, не смее да помести нога да не падне од штиклите, ама ќе се научи, мала е. Ајде оп оп оп, ајде снао! :dance:


    Е! Овоа е за на евровизија :clap:
     
    На bittersweet, Doozy, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    ХАХА
    Му вика мајка ми на татко ми...
    -Абе стари ја знаеш она песнана "како старим све те више волим" ?
    Душава ми игра од среќа,кога ги гледам такви.

    Најубавиот подарок што децата можат да го добиаат од своите родители,е тие двајца незимерно да се сакаат и почитуваат :)
     
    На pamelche, bittersweet, Buttterfly и 32 други им се допаѓа ова.
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10, martinuska, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27



    и јас :$
    оваа година ја немаше таа еуфорија како другите години, спремање, договарање ... ми беше обична среда
     
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Деца бидете храбри, сите сме со вас, издржете! Голем празник е пред врата, не смее и овој Велигден да биде завиен во црно! :(
     
    На anggell, Jagoda123 и nati44 им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Кала до сега не сум се расправала со никого на форумов а и не планирам, ова е јавен форум и секој има право да каже што мисли, е сеа ако не ти се допаѓаат моите мислења па немора да ги читаш...
    А за постот јас никаде не те спомнав тебе, ниту бил кој друг од тука, зборев онака.
    Што има лошо во ова не сфакам?
    Да има лошо, затоа што ние на 14 сеуште игравме со барбики и славевме Мај со Мама и Тато, игравме ластик на улица, скокавме јаже, не се пијанчевме и не не' враќаа најдобрите другарки пијани дома.

    Уште еднаш ќе кажам дека постот не беше наменет за тебе или за никој од тука затоа што ниту еден од вас не познавам и немам право да судам...

    Толку.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Некои чекаат некој ваков вид на празници, за да се испијанчат, наждерат... а мене искрено ме заболе, одоздола па нагоре, за јадење и пиење. :wasntme: Јас сум најсреќна, затоа што тоа е тој ден, кога сите ќе пејат со мене. :D Раке пуке, раке шлаке... за друго не ми е гајлеее. :D Добро нема да штети и малку од овие горе наведениве. :wasntme:

    Ама озбилно... ај некој нека смее да ми рече прекини, не пеј? [​IMG] Е нема... мора да и другите да пропејат. :D И тоа да знаете какви се` песни пеев. Ихаа... :D Па што убаво ми е на душичката, кога сите ги знаат сите песни. Милина. :D Добро, додуша без такви од типот: раке пуке, раке шлаке. Не сум и јас до толку. [​IMG]Ама како диригентче си бев. [​IMG]

    После ги собрав на купче. Ја земав мојата колекција со вицови. :wasntme: Им реков: - Сега јас ќе почнам да читам вицови. Кој нема да се смее, нека му ја мисли. :D Се` на се`, јас супер си поминав. За другите не одговарам. [​IMG]

    Ајт, поздрав. :hai:
     
    На sweet-cherry, Doozy, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    "Раке пуке раке шлаке."- Сања Ристеска
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зашто да го сметам некој што останал дома за 1 Мај за забеган, асоцијален и досаден?! Која е таа глупа теорија?! Па знам луѓе што останаа дома, а секој втор викенд се негде надвор од градов и топ си го живеат животот, а знам и луѓе што ретко кога шетаат и се такви да речам не-многу-по-вакви-работи, ама затоа за 1 Мај цеел ден го окапаа во природа ко да нема друг ден. И?

    Ја го поминав 1 Мај како и повеќето, значи не останав дома, ама за мене беше еден ден тоа, вечерта се вратив отспав малце и станав и си продолжив да живеам како и секој друг ден.
    Супер за тие што отишле негде и уште не се вратени, ама што ако и некои не отишле нигде од разни причини и останале дома, ШТО АКО?! Крај на светот, така?! Аман бе, аман глупи едни.
    Да, некои не отидоа ради учење, некои ради немање пари, а некои ради тоа што се свесни дека 1 Мај не е единствениот ден кај што можете да отидете на пикник па ќе си отидат коа ќе нема гужва негде, а не сакаат гужви.
    Значи, ќе повторам глупи едни, не живејте од празник до празник и не мислете дека сите мора да се поминат со сите салтанати, аман. Секој ден можеш да си го направиш празник ако знаеш и ако имаш желба.
    И да, поубаво си поминувам на други излети во викендица на Шапка, прошетка до Велешко и Мавровско, кога сме оделе во Вруток или накај Мијачијата со моите, било каде кај што одам и со кого и да одам е поубаво од пикник во природа за 1 Мај што е повеќе замор отколку одмор да не се лажеме.

    И затоа од догодина 1 Мај ќе биде обележуван најверојатно со јадење во ресторан и шетање, или да беше само до мене би отишла во рибен ресторан во Вруток или на Матка и би си поминала многу поубаво од рандом славењето на денов.
     
    На Boleyn.7, Monna.Monna и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    11.871
    Пол:
    Женски
    ^ Прифаќам се, ама тоа изразот ГЛУПИ ЕДНИ, не.
    Како можеш така да речеш? Од каде да знаеш, можеби и тебе те смета некој за глупава.
    Гужви се, има глупости, некогаш ти се одмилува, ама некогаш ги занемаруваш тие работи и сакаш да направиш муабет со луѓе кои не се гледаш често колку што би сакал ради обврски.
     
    На Mishela и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Па факт е дека е глупо да го сметаш некој за чудак само затоа што останал дома за денот на трудот. А пола од тие што останаа дома, се стопати пошетани луѓе од тие што го зборат тоа. Глупо е.
     
    На simoncelicius и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.