[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Преубав ден а и убаво ми почнав станав рано пешачев по планината,се вратив појадував па отидов да си го видам срцето.А,моите отидоа кај едни пријатели во една вила и ајс отидов кај нив се вратив ручав и сега седнав во дворот и си викам малку на нет да поседам.
    Сега седеме во дворо со пријателите што сме на планината па ми се смее чичо **** вика
    -очила ти дојде овде на нет да седеш или да ја видеш планината
    -јас планината ја имам гледано гледано безборој пати аа и дека да одам на вааа жешко ...после ќе шетам викам ...
    -да да да каква случајност се одеш накај летувалиштето да не ти ее таму симпатијата..
    - :D :D :D да ти кажам дека немам ќе те излажам..„ама не ее на таму“...
     
    На teddybear и Katerinceee им се допаѓа ова.
  2. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    изреволтирана сум на моменти изреволтирана од големо невоспитание кај невоспитани што колку си добар ти се качуваат на глава и тоа не на обичен начин на нападен длабоко и длабоко
    живеам за тоа да се чувствуваат и тие така али јас нема да ја предизвикам и нема да бидам причина од некоја друга страна ке им се врати Госпд има и гледа СЕ..........................ОТОМ ПОТМ СЕ ќЕ ИМ СЕ ВРАТИ И НАПЛАТИ
    СО ВЕРБА ВО БОГ МАКЕДОНЕЦ ДО ГРОБ :D :D :D :D :D :D :D
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Си купуваш сладолед од килО ама и со гратис, се наоружуваш со лажица, а се ослободуваш од секаква грижа на совест колку ќе смачкаш и така животот станува многу, многу поубав...

    :)
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Trnche и 26 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Душа немаааам, ама навистина, толку сум изморена што и кичмата ме фати веќе, сега и од кичма ќе се жалам, стареам, не е за зафркавање работава уште 13 дена и ќе бидам полнолетна и по амерички прописи :D

    Вчера имав гости цел ден, едни испрати други дочекај, убавини невидени, тоа беше еден од најубавите денови. Дополнително образите ми ослабеа од толку смеење, може и стомачни ми се оформиле ама сеуште не се познаваат хаха а може и нозете ми ослабеа затоа што 23920302 пати се симнав и се качив по скали. :rofl:

    Не е дека не направив и по некоја глупост, каде без тоа, my middle name is Трапавко, мило ми е. Една од глупостите е дека се напив од водата за папагалот што ми е, скроз изумив дека и него му ставав вода па си ставив и јас од истата. Со едните другарки по не знам кој пат пожар ќе направевме, еднаш кебе подзапаливме со греалка, сега чаршавчето на тераса со свеќа за малку ќе отидеше, ама ај за арно за убаво нека е, па тешко на тој што ќе не земе :D

    Денес цел ден фарбам јајца(нема потреба да кажам дека ми се најубави на свет :D ), среќа мајка ми е турбо на работа па не успеа да го види хаосот во кујна се сум светнала пред да се врати, ама нема баш мирно да помине, секако шок ќе ја мавне кога ќе ја види сметката од продавница. Сметката и ја оставив во ходник, ќе ја мавне шокот, и кога ќе влезе во кујна и ќе ја види прекрасната маса како сум ја наместила се ќе и помине и нема да има шокантни последици (да се надеваме). Ама жената знае дека јас сум малку тралалајка и помирена е со тоа, а да не кажувам дека постојано напоменува како е свесна дека ми фали некоја даска ама што да прави мора да ме сака :D

    МАј сум го дочекала така мерачки, абре дојде пустиот и јас пукам од позитивна енергија, гајле немам, мука немам, се ми е топ, се ми е зелено, жолто, розево, се ми е уживанција, само се смеам, само пеам, комшииве си знаат како им е, али сигурно им е добро затоа што не се пожалиле. За во вторник имам 300 страни да научам, 3 семинарски да направам и еден стручен превод, хахаха што мислите ќе биде ли сето тоа? Нема што да мислите секако дека нема да биде ама во ред е, не се потресувам многу, на крајот се ќе биде како што треба. А ако не... па и полоши работи сум поминала :bandit:

    Убаво ми е, луѓево се склони кон мрчење, предрасуди, глупости, негативности... ниту сакам ниту пак се трудам да сфатам зошто сето тоа и гајле ми е... мене ми е убаво, најискрено се надевам дека и вас ви е убаво така на душичката. :f:

    Гушнете го и кажете му добредојде на мај, направете си ладно нес со многу мраз и дремете на тераса до ниедно време. :inlove:

    Постов каша попара, ништо не сум пиела мајке ми, сонцето ме удрило во глава :D

    Ајде чао, поздрав, кис, мва, и многу огромна гушка :hug:
     
    На bittersweet, Doozy, AnaKarenina и 17 други им се допаѓа ова.
  5. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Дали само на мене мојата мајка не ми верува?
    Но,тука можам да кажам и дека не ме поддржува.
    Ако сум се предомислила одма ме прашува дали тој и тој влијаел врз мојата одлука!
    Ке пукнам од мака кај не можам да се одлучам она наместо да седне со мене да разговара да ми помогне она ми одмага :| ама ај мајка ми е што да и правам.
    _______________________________________________________________________

    Вчера не излегов нигде,едноставно сакав да си останам дома сама и да се одморам не мислејќи на никакви проблеми.И дали помогна?
    Едно големо НЕ! Само што го погледнав распоредот на часови ми се стемни пред очи од тоа колку сум имала за учење.Одма се фатив за книга но се беше за џабе бидејќи ништо немаше од тестовите и испрашувањата.
    _________________________________________________________________________

    Едвај чекам лето.
    Една голема лага која сите ја кажуваат мислејќи на тоа дека нема школо и учење.
    Но јас кога ќе кажам ми фали лето стварно го мислам тоа а под тоа се подразбира далеку од сите на некоја плажа изолирана од сите фолиранти кои ме реметат психички само за нивна корист епа мило ми е што за некое време нема ги гледам нивните бедни лица.Дали веќе изгубив надеж после толку години ? не,сеуште се надевам дека ќе биде поинаку.
     
    На Umbrella22, Dog-lover и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Преска срцев удар ќе добиев кога сметката за телефон ми дојде 5000 ден.
    Де бре имаше месеци кога спиев на телефонот,а имав 500 денари,а сега за ич 5000.Изгледа си додале една нула....ама сега ќе си потерам извештај...па ќе видеме ....колку имам колку немам...
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Моментот е кога школката ја пие џоа остриги малееееееее :puke: Зарем можело подолу да се падне? Одговор-да. Со нетрпение да се чека следен обид од смело македонско чедо.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК ќе си ја наполнам чинијата со сладолед и ќе си уживам.
    Толку. :hai:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Аааааа жени ова баба ми ја врти коленото,ќе да врне :!:
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Me happy, so happy, depechely happy!

    Има нешто во воздухот. Молњи, дожд, и концерт со адреса на улица Никола Тесла.

    Случајности? Ма не...

    Ќе биде ова за паметење.
     

    Прикачени фајлови:

    На atala, Lux, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Има ли нешто поубаво од неработни денови - се на се 5 дена.За мерак!
    Сладолед,пивце,па сладолед морам да си ја освежам душичката на ова време - невреме.
    Времево грми ли грми страхотно е.Како и да е кој си носи чадорче не наврнува па така и јас ќе одам малку да пешачам бидејЧи цел ден сум од кревет на кревет.А шта чеш.
    Мајќе ми не е на арно вака од овие временски непогоди не за друго ако ми го расипат утрешниот ручек во Гиновци ќе пропаднат сите планови што си ги кројам со него :!: .
    Аха да не заборавам да ги пофалам вредните раце на мама.Утрово фарбала јајца жени да знаете ептен и се убави.За скоро ќе ви пуштам слики. :!:

    Се осеќа празничната радост во нашиот дом.Полека но сигурно си ги завршуваме сите обврски и сите заедно здрави и живи дај Боже ќе си го прославиме и овој Велигден.И многу пријатели ни се имаат најавено да не посетат за празнициве - во друштво е поинтересно.Ако само за убаво нека е - посакувам да е така во сечиј дом.
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    За малце ќе го осетев воскресението Христово, да имав јајца ќе ми паднеа. :nod: :|

    Имаше ли некој од вас денеска резервирано карта од Скопје за Кавадарци у 18:00?
    Јас имав, со трето седиште на десетти перон.
    Светеше тоа пустото, светеше, сите автобуси дојдоа, перонот празен. Чекам, чекам, и се изгаси светалото!
    Се вртам наоколу, единствено јас чекам.
    И ме фана паника.
    Па-ни-ка!
    Не дојде автобусот иначе. Ако ве интересираше :D .

    Се претурав од автобус во автобус, од Скопје за Велес, од ваму таму од таму ваму, стигнав некако..
    по уличката накај дома летав како победник, како од војска да си идам :rofl: .

    ***

    Само едно нешто многу ме радува во последно време.
    Тоа што не сум сама.. тоа што имам поддршка. Шта речи...шта речи... :)
    За нигде сум. :worried:

    http://www.youtube.com/watch?v=cegdR0GiJl4

    Си имам нинџа да ме чува, ако сум будала. :hai:
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.686
    [​IMG]
     
    На moonchild1 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  14. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    досадеееееееееен ден....оооооо досаден ден! Што глупост да смислам за животов некако да ми стане поинтересен? Пред монитор ... пред тв...пред монитор..пред тв...и се така во круг! Мислам дека е време да излезам малце воздух да ме фати нема смисла ова веќе :@ :@ :@ :@
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moonchild1

    moonchild1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Мило ми е за сите што си поминале убаво вчера.
    Мене ми беше малку криво бидејќи немам асално друштво и ќе си седам дома. Добро, многу криво. Верувам дека има и други овде што не си поминаа баш сјајно. Немојте да се чувствувате лошо повеќе. Утрово комшиката ја видов со модринка на лицето. Маж и се напил, го фрлил јадењето што го направила и ја тепал. Свекорот и ги скршил садовите бидејќи откако ги измила не биле убаво наредени.
    Преубав помин нели?

    Престанете да се жалите. Секогаш има полошо. Бидете благодарни за тоа што го имате.
     
    На WarriorAngel, Doozy и lunicka им се допаѓа ова.
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    И пак ке кажам (можеби по 100 ти пат):
    Имаш 12 години а се однесуваш како да имаш 20! Имаш дечко, имаш гради, имаш задник од соништата, имаш разни фустани и штикли ама немаш памет срце.. то е живот!!
    На АСК па на една ко му се распукав. Срамота е бе ставила слика гола! ТОТАЛНО ГОЛА! :o Ама нема што да се чудам денес секоја втора дванаесетгодишна тинејџерка има по некоја таква слика на фејсбук (со исклучок на некои,па за среќа ја избриша). За први мај ставила слика со наперчени усни (како и секогаш), со пивото в рака и пишува: Само еднаш во годината е 1ви Мај. :o :o :o :o Дали бе?.. Еве и јас како тинејџерка со моите 14 години понекогаш сакам да бидам поубава од моите другарки што мислам дека е сосем нормално али да облечам штикли за само една обична вечер? И тоа на 12 години? Нема теоретска шанса. Наместо ние како тинејџери да уживаме во детството (зошто сепак не сме возрасни) ние самите настојуваме да пораснеме. Понекогаш и мајка ми ми раскажува дека тоа се незаборавни мигови од детството и од животот на човекот така таа ми вели дека колку повеќе си дете, толку повеќе имаш незаборавни мигови кои и во лошите мигови да се сетиш ке ти намамат некоја слатка насмевка која барем ке ти ги смени наредните 3 мин.
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    тоа е тоа, ќе сакаат после назад ама нема !!!!
    СДК ептен се израдував денес кога си ги видов нозете ,секој ден трчав и ми се прошириле листовите :rock: :party: :dance: :rofl: :rofl:
     
  18. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    Апсолутно се согласувам со тебе јас на тие години играв криенка миженка со кукли шиевме фустани и беше навистина забавно и интересно камо сега да се вратам на тие години :) :)
    а возрасен ке станеш многу бргу , не за дзабе зивотот е поделен на периоди секој период е предодреден што и како а не да се брза пред време и да се види и проба се :)
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    тоа е тоа :| јас до ден денес играм жмурка и по цела вечер се возам со точак, а шмизлите од нашето малоо ( 13 год колку мене ) секоја вечер искачаат како тетки облеченио ни се смеат за жалење сме биле :| незнам кој е дали они или ние :|
     
    На x-MajaEsposito-x и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  20. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    [​IMG]
    Да. И наместо да се радувам, јас плачам. На мојот ден, а јас сум тотално сама. Без него, без најдобрите. И летово што доаѓа ќе биде така. И не сакам никој да ми посака среќен ден. Зашто не ми е. Не знам зошто ама баш тој ден секогаш ми е уништен. Не се сеќавам да сум била искрено среќна.. Не, ниту кога бев мала.
    Сакам да сум среќна. Сакам да сакам и некој да ме сака. Да не ми е грижа за ништо. Да не недостасува ни еден дел од сложувалката. Барем на тој ден.
     
    На Shelea, julie77, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.