Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сакаш да се качуваш на планина-макар до средина па да не те боли ништо после-е нема :!:
    а згора на се и рацете се зацрвените од сонцето, па си се ижуркала и со некоја коприва :doh:
    се ме боли-рацете малку престанаа ама нозете-леле мајко :x а се напив Андол уште изутрина
    најдобро е масажа ама нема шанси месецов, финансиски сум заглавена до гуша :puke:
    изгледа дека ке си офкам и лелекам уште недела дена, ама барем колку толку вежбам па се надевам ке ми помогне-дај боже

    а највеке ме потресе веста за децата-превртувањето на тракторот, кутрички-дај боже сите да се спасат
    изгледа дека возачот бил пијан

    а на ф.б. што прочитав прееска-да ми го дадат тој мал гад во раце има да го кастрирам без два пати да размислам :!: 20 годишник силувал 14 годично девојче :x и како што сум по природа, веднаш се изјаснив-нели е демократска република Македонија :!: веднаш го отстранија постот, најверојатно да не има бурни реакции.
     
    На Katerinceee, CuteEva и tinan им се допаѓа ова.
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Денес се околу мене ме нервираше,до мене ли е до другите ли е,е неможам да поднесам некој што цело време се дере дома и јас сакам мир,таткоми во последно време ја претера се нешто му фали се некој му е крив,се нешто не му е погодено :x ,остај па син му почна да го копира дури и гласот исти си го прави :@,преге неможеше да најде нешто и чиниш крај на светот дошол,абе сите ме нервират,ме иритират никој неможам да поднесам |( ,сите нервозни,никакви,па идиотов подлизунко ми кажа дека јас сум била виновна за таквата атмосфера а што мака сум им создала јас у нивниот живот жити се,многупати сум се откажувала од работи кои ги сакам за нивно добро или нивна забрана(на пример љубов)сама си заработувам им имам дадено сигурно повеке од 500евра откога работам а мислам дека некои родители би биле горди што нивното дете заработува и помага кога е најнајпотребно а моиве вечно незадоволни :fubar: и згора на тоа пак јас виновна за што,за тоа што не мрднале со прст за мене само знат да ми забрануват некои работи што никогаш нема да им ги простам,затоа што секогаш бев најмирната и најодговорната и наместо братска љубов и прегратка кои никогаш не сум ги имала сум добила шлаканици без врска и наместо родителски бакнеж,прегратка и разбирање сум добивала ладнокрвни и обвинувачки погледи и се гледа од каде потекнуваше мојата срамежливост и синдром на ниска вредност кој ме прати цел живот,едноставно се плашев од лугето се си мислев дека некој ке ми се развреска тоа водеше до малтертирања во основно и средно и ред други проблеми :worried:
    ај многу се распишав ама битно си отиде нервозава
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да живеам покрај моренце,навечер да ги слушам брановите,да се ладам со свежо ветренце,и се да ми мириса на сол :) подобра терапија од ова,Амин :D
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Name и 23 други им се допаѓа ова.
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Само ова..
    [​IMG]
     
    На Foreveryoungiwannabe, WarriorAngel, Buttterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  5. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    На сајтот на МВР се објавени сите регистрирани педофили во РМ. Со име презиме и слика. Сите треба да си проверат да не најдат некој комшија, познаник,.... вотевер (поготово оние што имаат деца).

    Е сеа као што кажа, не дај боже да го познаам, и у лифт да ми влезе, сам...
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Кај тебе бар има добри и големи шанси да ти се исполне :P

    Апчиња, капсули, има ли крај некогаш?!
    Нонстоп некоја бактерија, нонстоп воспаление, нонстоп антибиотици, Господе бре, премлада сум, дај малку, пушти ме да осетам живот во мене...
    Нонстоп ми се спие, терапииве ми го испија животот..без разлика кај сум и со кој сум, јас не можам да уживам, да се релаксирам и преку глава ми е.
    За да биде уште полошо, алергијата ме докрајчува, и ми се иде да си го искорнам цело грло и цел нос, ме чешаат и печат страшно...крај?!

    Вечерва ќе си чистам низ дома, ќе си пишам есеи, ќе си гледам серии, ќе си го галам пандето мое...пошто за мене нема, нема сон, нема мир.
    Се надевам брзо ќе се средам, пошто јас ова не го заслужувам и ова ми беа моите 5 минути за жалење и фрлање негативности од мене, а сега се враќам на патот на упорноста и издржливоста.
     
    На Trendafilka, JuLleE, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...го мразам како ништо на светов,до сега не верував дека може да мразиш некој што премногу ти значи, :@
     
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Имав една средба вечерва. Со третата ми сестра. Таа е една девојка во мојот живот со која пораснав, која е две години помала од мене, но е многу паметна и која ја сметам за трета сестра затоа и така ја нареков.

    Таа ми кажа нешто што ... Кој знае дали ќе се успијам вечер.

    Зошто за секој еден маж што ќе влезе во твојот живот уште веднаш, уште на почетокот размислуваш за крајот? И за тоа како него да го заебиш? Зошто не му оставаш простор, зошто мора секоја една врска да заврши, зошто уште веднаш размислуваш за крајот?

    Тажното е што е во право. Веќе три и пол години крајот го мирисам уште на почетокот. И што е побитно го кројам уште на почетокот. И не оставам простор за биди оставена, туку остави.

    Затоа што, после тоа што краевите, разочарувањата, од жените, другарките, мажите во мојот живот ми станаа секојдневие, немам верба во тоа дека некои работи можеби и нема да завршат. Па побогу, јас првата работа која ја почнав со маж во мојот живот, ми заврши со свадба. Ама не моја, туку негова.
    Кога тогаш, на се му доаѓа крајот. И се си има граници, па и несакањето.

    Муабетот е што можеби баш сега, го одбрав погрешниот маж за да ставам крај ... И тука ти се јавува таа ронка надеж, која си ја заборавила во себеси дека уопште ја имаш.. И почнуваш да се прашуваш кога стана толку сурова? И без да се прашаш го знаеш одговорот кој е страшно клише.

    После Иван. После оној за кој не си го кроела крајот уште на самиот почеток. И не плаќаав другиве заради него. Себеси се штитиш од тоа да не треба уште една година да оздравуваш од тоа дека неможеш да се помириш со крајот.

    Затоа е вака. Крој го крајот уште на почетокот и немаш мака.
    Освен нели, кога ја имаш .. А до кога?
     
    На ludoto19, Doozy, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И тука е долгата коса. Виткана! Со најубави кадрици! Тој - мојот!
    Мислам на нас. Последниве денови правам некои урнебесни комбинации во мојата глава. Цел свет би можел да е само наш за нас. Разговаравме за тоа дека има моменти кога се одлучуваш дали да останеш со некој или не. Имаше и има и кај нас. Љубовта е комплицирана самата по себе. А највеќе кога опфаќа две единки кои се љубат. Никогаш не сакав ваков тек на настаните. Волку сериозен, љубен. Секогаш се плашев од вакво нешто. Секогаш се замислував себеси за талкач, а што сега правам.

    Мајка ми е махер за скаричка. Какви кебапи јадев. Прстите си ги излижав. За овие два дена изедов 5 ќебапи, 2 мали кременадли и 7 колачиња. Оф, мојот стомак вика доста. Ајде сега одиме деновиве на исхрана со салти од јајца.

    Имајте Насмевки на вашите лица, од оние правилните.
     
    На Hopeful и zarah им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се се` распаѓа. Ќе биде некогаш добро?!
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Сдк дека се чуствувам преубаво,мн сум среќна...Го знаете она чуство кога навечер ќе ја ставите главата на перница и се чуствувате задоволни и исполнети?? Е така се чуствувам јас.. :)
     
    На Lepaaa, Elennaa, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се додека човек не се радува искрено на туѓата среќа, никогаш нема да биде среќен, се додека се радува на туѓа несреќа, си ја заработува сопствената несреќа.Ама ете, мора секогаш да има нешто кое ќе им биде трн во очи на луѓето, единствено поради нивната немоќност да бидат она кое се, поради не можноста да си ги кажат/признаат своите чувства, не пред другите, туку пред и поради самите себе.Се плашат од болка, но тоа е единственото нешто преку кое човек го зајакнува својот карактер, друг начин нема.Да беше животот лесен, немаше луѓето да се мачат.
    И, воопшто не треба да му е битно на човек што другите ќе кажат, бидејки тие другите не го живеат неговиот живот, кратко и јасно.Никој не е должен да дава отчет некому, кому патем и воопшто не му е гајле за истото.Не разбирам, како може некои луѓе да бараат отчет од некого? За некои негативни работи, кои човек може да ги забележи кај другите, треба за истото да е достоен.Во спротивно, џабе патот, адиос...
    Ах, животот е толку убав, а со што луѓето се замараат...
    Преостанува, човек на некои нешта кои се живчани, сами по себе, да се однесува ладнокрвно, бидејки немаат вредност за да се занимава со истите.
     
    На bittersweet, Sanjichka007, Girl-50 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Вчера криво ми падна кога една пријателка ми кажа дека моите колешки од другите фирми добивале бонус ако работеле на празници,незнам колку е точно ама ме подзамисли така повеке бидејки не само што не добиван ништо бонус туку и ме стават во трошок за тие денови,парите ми одат по таксиња,работам прекувремено за сите празници,газдарицата ми стои над глава секој ден и после се чудат дома зошто сум нервозна понекогаш,ете затoa

    доста нервози од сабајле,извинете за негативниот пост
    имајте убав ден,кој празничен,кој работен :*
     
  14. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    овој велигден ми е тажен прв велеигден без мајка ми сите славаат само јас не вапцав јајца и не ми е до славње |-)
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Си купив штиклиња :rofl:
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Златни луѓе лежат во Бардовци, а шо будали шетаат по улици. :D
     
    На Name, Sanjichka007, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека какви форумџики има на форумоввввввввввввв боже!!!
    Расипуваат долги врски а потоа за истот се во право.Па дајте ве молам како ке ви биде на вас кога тој ке ве изневери ??? Ама верувајте вас нема да ве чува на дланка и вие ке бидете изневерени од тој кој што изневерил пред вас.

    Со ова не сакам никој да навредам и ве молам не ми се лутете само го пишав тука како да не е ништо а вие сте тие дали ке го одобрите истото или не. :^) :) :!:
     
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    повторно јас правам глупости спиејќи :| сум станала и сум влегла во дневна и сум ги фаќала велигденските јајца.. станувам сабајле могу се исплашив мислев крв е, а тоа бојата од јајцата, и сега неможам да се измијам, 10 минути тријам никако не излага :| а најтрагично е тоа што сум скршила 2 јајца :| ... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Си го сварив кафенцето турско -си постам, си го пијам , се дружиме во фемина.
    ноќеска не можев да спијам , триста мисли низ глава ми минаа,триста планови, безброј случувања.Сонот ми го размрда една чудна порака доцна во ноќта.
    Можеби овој ден ќе донесе нешто ново. :|

    Празници се , уживајте со најблиските. :)
     
    На Sanjichka007 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    10.100
    Јас мислам дека пералната ми создава кругови во една друга димензија...
    ....инаку како друго да се објасни мистериозноста на изгубениот чорап! :^) :D :D
     
    На WarriorAngel и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.