Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Пред да почнеш да ми судиш за мојот живот...
    облечи ги моите чевли тргни по мојот пат,
    помини преку планините и долините,
    почувствувај ја болката и среќата,
    помини низ годините по кои јас минувам,
    падни пред секое камче кое ми е препрека..
    Стани и повторно помини преку истиот пат, како што тоа јас го правам...
    Е дури тогаш...можеш да ми Судиш!
     
    На bittersweet, ilipili, the.vampire.girl и 20 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Убаво е кога го пушташ мозокот на пасење и апсолутно ништо не допира до тебе.
    Неработни денови во комбинација со скара и драги луѓе - што повеќе да посакаш од животот?
    Злите јазици за среќа одамна престанаа да ми бидат повод за да ми го уништат денот.
    И така, раке пуке - раке шлаке ич не ми е гајле :D

    Иначе pamelche, баш од тие негови слики, цитати,текстови и песни ми се врши голема нужда. А и секој има право да сака или да хејта некого нели ? ;)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сестра ми пак е болна, по не знам кој пат. :( Се разболе првпат за Божиќ, и не знам што е тоа што не знаат да и го излечат. Од навидум обична настинка, до пневмонија, до повеќе од 40 инфузии и пак и пак и се качува температурата. Ќе биде добро 5-6 дена и пак ќе се разболе. Пак ќе одат во болница, и пак ќе бидам сама дома, ништо чудно и пак да бидам сама за празников... сите се разбегани на сите страни.

    Јас да, стасав, :D со енергија на минимално ниво. Не памтам кога последен пат добро сум се наспала. И таман се израдував, јес, ќе спијам на раат, ќе одморам како човек, надвор од цивилизација, без аларми, без чуда... НЕЕЕЕЕ! Како да ви кажам, има луѓе кои пуфкаат кога спијат, има луѓе кои чат-пат испуштаат некој звук, такви кои рчат кога спијат, има стоки кои стружат дрва и после тоа иде момчето мое. :D Жими мене, имаше еден временски период кога го гледав како мирно си спие и се мислев што да му направам :devil: , дали да му ставам штипка врз носот, перница, да го исклоцам, да го исштипам, да го шутнам, да го гризнам, или едноставно да се откажам од спиење и да му правам шшш кога ќе почне да зборува |( . Да, како да не е доволно рчењето, мора и да зборува кога спие. А јас се разбудувам од најминимален звук. Спомнав дека фино лепо се превртуваше, ми правеше траааас со раката, бум со ногата, се ширеше како жена некоја, јас се туткав во ќошот на олкав кревет, стока бре стока. И си спие бре човекот, си спие, мака си нема. Леле прости ми Боже, и телевизирот сака да му е вклучен кога спие, му го гасев кога ќе отидеше во светот на бајките а јас го чував. Па насабајле ми вика леле што убаво се наспав, леле браво за тебе. :envy:

    Ако некогаш му речам НЕ кога ќе ми извади прстен, ќе биде ради ова горе. Мислам, или он ќе се управи или јас ќе си легнам на брашното. Или ќе го дислоцирам во посебна соба, или јас ќе се самозаклучам во посебна соба, некако тоа мора да се изведе. ИЛИ НЕ СЕ МАЖАМ БРЕ, кај сум ја учена така!

    Да, освен ова, фино си поминавме. Заборавив да го прашам дали овие три дена му влегоа во топ три најдобри, заедно со роденденот негов. Ако му влегле, тогаш среќно ги држам првите четири места за помалку од три месеци. :D На почетокот кога го приметив дека постои, викав дека не може да ме насмее, ама детето не си го покажал целиот капацитет. Не памтам кога последен пат толку се отепав од смеа, како храбро и јуначки ни почна и ни заврши мини одморот, немате појма. Планот првично некако од ,,ај таму за први,, стаса до тродневно преспивање и ,,ај да не си одиме и денеска, ај и денеска не, ај и денеска не,,. Имаме потешкотии кога треба да се разделиме, односно, момчето ми секогаш кога треба да си легнам, да си одам, да правам нешто, ми вика ај уште малку вака, така, џр- мр... Срцка ми е, па кај сум го нашла ваков, и го зафркавам и му се смеам на маката уште. И прави најубави печени лепчиња, уште и ми ги сервирал со хартиичка одоздола, да упијат мрсноќа. По пат, откако невозможно беше да подремам, се смеев кога ќе ми текнеше на некој момент, море се отепував од смеа.

    А сега, иако имам желба само да се комирам на некој кревет, за жал или не, плановите се преусмерени во предроденденски активности. Како да ви кажам, немам веќе сила за пиење, ми се гади бре. Ако некој сака да се одвикне од пиење, тоа гадното вино од КАМ е совршено за да ви се згади. Се'. Со која сила сега да станам и да се измијам и уште пострашното, исушам коса, и да се дотерам, и да се исчупкам и нашминкам и се' што мора да се направи процедурално, стварно не знам.

    Ама после, е после, мојот кревет ме чека. САМО МОЈ! 8)
     
    На bittersweet, Bozica1980, imelda и 18 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам машки, како депилираат нозе, чупаат веѓи, се шлакаат со креми, користат шминка... Прднувам и пождригнувам поради баланс во универзумот !!
     
    На bittersweet, Buttterfly, GarpovaV и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Се чувствувам како да не сум човек.Толку навреди,понижувања,осудување.Најискрено јас не сум храбар човек да го издржам сето ова.Кога ке видам на телевизија како некој е болен и има болест за која нема лек секогаш посакувам мене да ме се случи тоа,бидејки тие заслужуваат да живеат,ама не и јас.Не заслужувам бидејки сум кукавица,кукавица која што не знае да се бори во животот,која што не знае да направи ниту едно добро дело.Најискрено се срамам од себе си.Никој не ме сака,сите бегаат од мене,дури и сопствените родители и тоа баш сега кога ми се најпотребни....До кога ли? Зошто? Што направив јас за мене да ми се враќа ова? Зарем толку сум злобна и тоа не можам да го видам? Зарем толку лошо им правам на луѓето? Зошто? ;( ;( ;(
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Ау,да маж без ич вуна за мене не е маж.Мразам маж без влакно,со поисчупана веѓа од мојава и тенок слој на пудра,а верувајте имам запознаено вакви.
    ДА се натпреваруваме кој е поголема жена од жената у врската?или како и да иде....Тие тааквите мужиња ги сметам за најголем виновник за комплексите кај женскиов род.Јас сигурна сум дека таков некој ќе ти ја крене сукњата и ќе ти брои колку дупчиња целулит имаш бе :) А може и совет за број на пудра да си разменувате.
    Него. ја слушам музиката од црквата,и се запрашувам од кога не сум отишла...па некако немам некоја желба а и ме мрзи,пре би на она другото место.
    Татко ми сабајле вика ПОСТАМ ЗА ВИКЕНд.
    Влагам у кујна ги глеам се набутал ајвар сирење и леб.
    Па нели постиш?
    Мртов сериозен- Толку беше,Решив да се омрсам :) После 5саата хахаха се дупна постејќи.Јас не сум постела никогаш,оти немам време и нерви да гледам кој ден што се јаде,а плус каде без јогуртот бе :) ааа и да,се надевам дека пред соборна нема да се соберат атеншн три точки,со миниќ над препон,е такви имаше прошлиот пат..Господе прости им,го згрешиле патот до најблиската биртиичка.Страшно.....
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, WarriorAngel и 16 други им се допаѓа ова.
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Видов тигар со хеланки од ороспија....
     
    На sweet-cherry, WarriorAngel, Waka-waka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    А да си ѕирнеш под кревет? :D
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. laill

    laill Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Поосамено не сум се чувствувала никогаш! ;( ;( ;( ;(
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Ситуација седам на кафе со тој што ми се допага..И ок знам дека типот е намазан води грижа за себе ,иде теретана и вежба башка поранешен ватерполист..Како и да е дечко што стварно се грижи за својот изглед.Така уз муабет додека седевме го факам за рака и гледам мазно.На шала му викам-Абе да не си ја депилирал ракава?!? Тој мртов ладен и пун себе ми одговара ДА. Ако ми веруваш срам ме фати,дома коа си дојдов прво што напраив и ја си ги издепилирав рацете пошо нив кога како ги депилирам. Богами паника ме фати да треба да сум со него во врска.Ја како што имам и стрии и целулит кој знае гола да му се соблечам што ке мисли.Гарант ке падне у несвест. :D :D :D :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Пред месец дена во нашиот дом се придружи уште едно куче... Веќе пораснато, најверојатно се изгубило или било напуштено.
    Кога првпат го видов, не знаев како да реагирам, мислев дека е некое од маалото па го оставив да се подружат со ова моево.
    За чудо, ниту ме лаеше ниту ми ржеше, само стоеше кротко, со полунаведнато главче и толку мил поглед.. Како да не го засакаш веднаш кога е толку мило?
    Покротко мислам дека не сум видела. Веднаш стана пријателче со моето куче, а за поголемо чудо и со мачката.
    Никој не го побара, и остана да живее кај нас. Мавташе со опашката и трчаше до кај мене секогаш кога ќе излезев или ќе се вратев дома, заедно со другото куче. Беа одличен тандем, си играа, делеа храна, трчаа заедно, лаеја истовремено... Прекрасни и мили, желни за љубов, играње и галење. Очи полни со милост и разбирање.
    Последниве неколку дена неговата снажност и палавост ги снема... Беше тажно, депресивно.
    Не стануваше кога ќе не видеше, не си играше, едноставно само лежеше и одбиваше да јаде. Мислев дека е отруено, пробавме да го излечиме на сите начини, но ништо не помагаше. Му ставија инекција, ни кажаа што да му дадеме и како да му помогнеме, ама едноставно не успеа.
    Се надевав дека ќе помине и дека ќе ми се врати... Денес со татко ми седевме покрај него, го галевме, му дадовме лек и малку храна. Тешко дишеше, па потоа заспа.
    Го оставивме малку, па по некое време отидов сама да видам како е. Му дадов малку млеко, но одби.
    Чувствував дека е крајот, но се надевав на чудо. Седев покрај него, го галев, се молев за него, го молев и него да ми се врати, го молев да стане за мене и плачев истовремено.
    Ме гледаше со тап и тажен поглед, го фатив за шепата и испушти тешка и мачна воздишка. Една од последните... Знам дека разбираше, беше толку паметно куче... Истите воздишки се повторија уште неколку пати.
    Го гушнав и воздивна за последен пат. Колку боли кога некој умира, а ти не можеш да му помогнеш...
    Другото куче веднаш го смени расположението, легна до мене, квичеше и ме гледаше.

    Некој ќе рече луда сум, тие се само животни... Но не е така луѓе, оној кој не ја разбира љубовта кон животните, не го разбира ни животот. Пријателите грешат, те повредуваат и напуштаат. Животните те повредуваат и напуштаат само тогаш кога преминуваат на другиот свет. Тие знаат колку ги сакаш, верни се, те чекаат да се вратиш и ти се радуваат. За возврат бараат само храна и дом, внимание и љубов. Не е важно дали е куче или маче, дали е расно или не, дали има кратко и мазно крзно, или е бушаво, дали е женско или машко... Важно е само дека имате верен пријател кој ќе си игра со вас и ќе се гали, ќе биде среќно кога сте до него, ќе се стутка до вас и ќе сочувствува кога сте тажни, ќе слуша кога имате потреба од тишина и потреба да искажете се` што сакате...

    Нека почива во мир...
     
    На QueenN, WarriorAngel, prettyliar и 24 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
  13. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Лош миг. Кога знаете дека треба нешто да кажете, да ја нарушите таа одвратна тишина - а не знаете што. Главата целосно ви се блокира, мозокот како да престанал да размислува... Лош, многу лош миг.
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Како изгледа еден просечен Саботен викенд на едно уфурано девојче од Македонијава?
    Еве овака, дакле:
    Околу 14h пишува на статус и ги тагува другарките кој ништо не се подобри од неа. "Вечер лудницааааааааа, ќе бидеме главни" Од 14:05 до 18 следи шминкање, а почнува така како што ќе изнајмат авион за прскање на комарци кој ќе го натоварат со пудра. Е после тоа се шминкаат едно 2 саата од кои 45 минути плачат пред огледало пошто им се глеа бркот. После тоа кога веќе се готови и личат отприлика на мумифицираниот леш на фараонот Рамзес трети, почнува облакањето!
    Недепилирани целулитни нозе со штикла 27цм, некое фустанче на кое нормално гзот и цицките се во прв план испрчени до максимум. Е од кога ќе се пицнат, се одлучуваат да се најдат кај една од нив која е сама дома затоа што родителите нејзини отишле во манастир да се молат на Господа више никад да не добијат такво дете.
    Кога ќе се соберат, пијат флаша "квалитетно вино" oд сортата Демирхисарско лозје кое се пакува во пластична флаша од 3 и од 5 литри и одма почнуваат статуси во стил "drustvo se skupilo vino nas je ubilo" итн.. Сега кога се веќе страшно пијани (0.00002) примили. Тргнуваат према некоја дискотека. Со оглед на тоа дека секоја во неа има по 150 денари, нарачуваат водка сечена, и ја цуцлаат 3 ипол саати. Одеднаш нивната најомилена песна "Zato sto sam ti verovala slepo" ... И почнуваат со играње како епилептичар на хероин.
    И бидејќи веќе се напраени статива, додека џускаат се удараат со некои момци, а најзгодниот од нив изгледа како специалец во руска нуклеарна подморница, а од џепот му виркаат клучевите вероватно од некоја X6-ка.
    После некои 20тина минути, ова дебелава му забива јазик точно до тенкото црево и го изнесува надвор на мување. После 45 минути се враќа расчепатена како гуска, а иде ко на грбот да има плински бојлер.
     
    На stefanovska20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504

    Да се надоврзам на постов... Е не ми се верува каков е животов, непредвидлив...
    Едни си одат, други доаѓаат. Додека се случувало сето ова, мачката ми се породила :)
    Донела на свет две мачиња, црни (сега знам од кој комшиски мачор се), помали од глувчиња. Нека ми се живи и здрави, ајде на мекици :)
     
    На CoverGirl10, senza.parole и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. stefanovska20

    stefanovska20 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    СДК колку е тажно до вчера си бил зањубен во својот дечко и тој во тебе но наеднаш се случува тоа што не треба наидува некој кој што ти го краде целото внимание и веке не си сигурен дали го сакаш дечкоти или типот со кој немаш никакви шанси за иднина :( и така си седиш и слушаш музика од рестотантот што е спорти тебе песните убиваат а ти пак се надеваш на невозоможното
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Во хотел ми викаат : " Чувствуваj се како дома "- A дома ми викаат " Ова не е хотел ! "- НЕКОЈ ЛАЖЕ.

    Хахаха.. леле ако им станам на комарциве, жими се не знам... не знаат што ќе ги снајде еј... скоро цела војска им ја убив, останаа уште командантите... не се предавам! Ќе ги убијам сите до последен и ќе ги фрлам со задната страна од папучава кроз прозор. Да.
     
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    што се случува во куќава,тоа сто самите си прават овие луге и тоа ке се случува да не мислат дека нема да се случи направеното :x
    па ако ти зборувас негативности за член од семејството на сите и сите тие ке го зборуват тоа :!: како можат така немозам да верувам :!: да правис човек да изгледа пред други дека е нечовек :x а он ни крив ни дужен :x неможам да верувам!!!.
     
  20. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Aјде сама да си честитам бидејки на никого сеуште не му текнува :). Среќен роденден нека ми е да си бидам среќна, жива, здрава,весела...:D И воедно да им честитам и на сите оние кои се родени на 4 Мај, Среќен роденден! :party: :party: :dance: :dance:
     
    На AwesomeGirl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.