Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Љубовта не е се во животот,но предизвиците во него се многу полесни кога некој цврсто те држи за рака,те сака и почитува. Ние се најдовме случајно. Денес многу ми значи.Конечно можам да кажам -ДА,тој е она што одсекогаш го барав!
    Пред мене е еден многу важен период. Ми треба срека...всушност ни треба...се е полесно кога сме заедно
     
    На Hopeful, Sanjichka007, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Христос Воскресе! Добредојде и за Велигден! Се изначекавме но на крај воскресна и „нашиот„ Исус! Па нека ни е со среќа и во наредната година до наредниот велигден! Без инциденти и сообраќајки ако може :!:
    Добредојде и до моето зеленко цветче :D



    -За она што не сме и што сакаме да бидеме :*


    Амин
     
    На Someonespecial, WarriorAngel, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Оној кој ќе поверува ќе биде спасен!
    Тој jа победи смртта со Воскресението!
    Христос Воскресе!!
    Нека ни е за многу години Празников!

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Hopeful, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Минт сукња до струк во комбинација со бледо розе или портокалово-праскаста широка блуза/кошула која е полупровидна, со златен оклоп околу врат. Покежуал варијанта, хеланки во црно-бели линии или со цветен дезен.
    Моден избор во Македонија.
    Избор.
    Уникати.
    Star wars - The clone wars.

    За малце хаику ќе напишев.
     
    На bittersweet, Trnche, Lepaaa и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Забораив дека имам гледано филм, дал је могуќе.
    Убедена дека не го имам гледано,си го симнав, го изгледав до една третина некаде, за да сватам дека уште одамна сум го гледала :worried:hock:
    Something is seriously wrong with me... :sweat:
     
    На Mrs.Cuper, anuskaNESTLE, Barbie07 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Христос Воскресе! Среќни празници. :)
     
  7. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Сдк вчера не бев во можност да отидам во црква и денес бев.Земавме црвено јајце да оставиме и се по ред нели..Е сега пазете го ова:влагам во црква и од страна стои поп со светено лебче нели и крст..и сега го бакнувам крстов и попот ми вика Христос воскресе и јас на тоа фала фала...Значи кога ми текна што кажав..ццц..бог да чува :D И само мајка ми еден поглед,а мене кога ми текна што кажав ќе пукнев од смеа хахахах :D И луѓе излеговме да запалиме свеќи и запаливме што запаливме после нас имаше човек со три деца и само на најмалото му вика запали свеќа за мама доле(знаете каде што се пали свеќа за мртвите),а децава беа мали луѓе најголемото 10,11 год да имаше..Знаете како ми падна жал..Се расплакав ;( Греота за дечињата,само живи и здрави да се,а најмалото дали 3,4 годинки да имаше...Баш жално.И знаете што,.. застанав пред црквата и се помолив за нив,толку ми падна жал,којзнае како им е на тие деца без мајка,душички..Голема емотивка сум,знам :tmi:
     
    На senza.parole, Libera, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Конечно се вратив од пат, се наспав, се изнашетав и сега сум мирна :) Видов премногу, вкусив премногу, вдишав се' што можев со полн здив и сега со полни батерии сум назад и спремна на се' :)

    Убаво искуство, убави места, убави луѓе, убаво се'. Убава европска тура направивме богами, пак би ја повторила. Отсега традиционално секоја година одиме на road trip, таков договор направивме. Секоја година на различни места ќе одиме. Уште сум под впечатоци, многу убаво си поминав, денес со сто луѓе се видов и на сите им раскажував, уста не затворив :D

    Дојдов само да ве поздравам, од што имам многу да раскажувам не знам ни од каде да почнам, ни што да кажам :D Малку сум како потресена, возбудена сум, гледам слики и средувам впечатоци. Ми треба време да се стабилизирам, да се средам, уште и куферот ми стои спакуван, не сакам да го отпакувам :)

    Христос воскресе, честит празник на сите :)

    Од што сум завеана, Христос се роди напишав :rofl:
     
    На bittersweet, Trnche, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    Во контекст на постот на Нумериа:

    [​IMG] :emo: :rofl:
     
    На Lepaaa, sweet-cherry, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^ Јас и најдобрата ми другарка :rofl:

    Него,Ники Сикс вакви хеланки коа носел,они ни у план не биле...
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.797
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    На Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Кај нас дури едни сакаа и да се сликаат со вакво палто за табло. :rofl:
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Ма нема проблем,одма.
    Можеле и едно око со црна а друго со бела сенка да си стаат...
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
  15. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Христос Воскресе..... Навистина Воскресе
    Честит велигден до сите македонци и останати православни христијани
     
    На ludoto19 и Elennaa им се допаѓа ова.
  16. Isi-Dora

    Isi-Dora Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Проклето ми недостига, но јас и тој повторно под ова небо НИКАКО!!! Можеби во некој друг живот или на некој друг свет... П.С Христос Воскресна, среќни празници проследнени со многу среќни моменти :*
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Денес направив еден нов чекор кон едно старо пријателство.
    Тоа пријателство започна одамна - во детството, но продолжи пред 9 години, се разви во нешто прекрасно, за после тоа да го оставиме настрана поради обостраните обврски - нешто за што многу ми е криво :( .
    Но, се надевам дека отсега нема да го запоставиме и ќе пробаме да се дружиме почесто, зашто навистина ми значи и навистина вреди :) .

    Ова пријателство е поврзано со мојата прва цимерка.
    Со неа живеев 2 години и можам да кажам дека тогаш го доживеав најубавото време од мојот живот со цимери.

    Нашето цимерство се случи ненадејно.
    На ден-два пред почетокот на школската година се договоривме да седиме заедно - јас бев сама со стан, таа сама без место каде да оди, па немаше ни време да се размислува или да се избира.
    На почетокот бев малку бев скептик - долго време не се имавме дружено, па се плашев да не не се согласуваме, но немав друга опција, па прифатив.
    Бидна што бидна, ние се зближивме, се здруживме, станавме неразделни, излегувавме заедно, учевме заедно, си помагавме, плачевме и се смеевме заедно, се глупиравме заедно :wasntme: ( :nod: ), доаѓавме и заминувавме заедно.
    И воопшто не ми е мака што тогаш станавме цимерки, па и пријателки.

    Таа е постара 2 години од мене и многу ми помогна да се снајдам во новата средина од која што таа веќе беше дел.
    Ме упати во се’. Многу ми помагаше во учењето, ме охрабруваше да напредувам, ме тешеше кога ми беше тешко, ја делеше радоста кога бев среќна.

    Колку и да и беше тешко, секогаш беше позитивна и насмеана и секогаш гледаше на позитивната страна на работите. Секогаш знаеше да ме насмее, па колку и да бев тажна.
    Никогаш не беше себична - ме вклучуваше во се’, ме земаше во нејзиното друштво, никогаш не ме одделила, туку каде и да одеше, што и да правеше - јас бев со неа.
    Со неа, работите ми изгледаа полесно. Секогаш знаеше да ме посоветува, да ме искара ако треба, но знаев дека имам пријател до мене што беше секогаш тука за мене, што ми беше поддршка.
    Многу беше упорна, не се откажуваше од зацртаната цел, се трудеше се’ да постигне со свој труд.
    Знаеше да се цени себе си и не потклекнуваше пред ништо што ја деградираше, не дозволуваше да се поигруваат со неа. За нејзина возраст беше многу зрела во размислувањето.
    Од неа научив многу, иако бевме само деца тогаш. Многу ми помогна.
    Таа беше првата личност - пријателка пред која бев искрена без нималку страв дека ќе ме издаде, повреди, излаже. Имав голема доверба во неа, зашто секогаш беше човек од збор, секогаш беше тука за се’.

    И нејзе не и беше се’ најсјајно. И таа помина низ тешкотии, но и таа се избори и излезе победник.
    Денес е среќна, вљубена, сакана, успешна и сето тоа го заслужува.
    На пат е кон остварување на нејзиниот животен сон и многу ми е мило за неа што си ги постигнува замислите.

    Секогаш кога се сеќавам на времето што го проживеавме заедно, на нашиот стан, на лудориите, се радувам. Сите спомени поврзани со неа ми мамат насмевка на лицето и желба да можев да го доживеам тоа уште еднаш.
    Денес, иако на 1-2 часа, пак се вративме на заедничкото време и сфатив колку сето тоа ми недостигало, колку само се’ после неа било површно.
    Се надевам дека нема да останеме само на премотување на спомените, туку дека ќе продолжиме со дружење раму каде што застанавме.
    Колку само работи имам да и кажам, да и се доверам, да се изнасмееме како некогаш, да срониме по некоја солза.
     
    На bittersweet, Trnche, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Ве молам,има некој слободен за во лп,навистиан ми е потребно?! :)
     
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    СДК...
    Мислам дека во последно време правам се` обратно.
    За на крајот да сфатам дека цел живот правам се` што е обратно.
    Да заклучам. Јас сум родена обратно...изгледа :^)
     
    На Lov3, CoverGirl10 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.639
    Пол:
    Женски
    пиши еве јас сум слободна денеска некако така сум расположена за муабети :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.