Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Вчера, додека ја вртевме црквата видов што не требаше да видам.
    Бев опкружеа со неверници. Како што кажа една феминка погоре, овци, сите одат па и тие. Ај нема везе, може и јас да се вбројам во една од нив. Срамота!
    Инаку денов супер ми помина, јајца варен еден куп, ги обожавам. Се видов со братучедите, со тетка ми, многу ми недостигаше. Еве сега и камбаната бие. :D
    Ајде ќе продолжам да си ве читкам додека моиве другачки негде се забавуваат. Одбрав денес онака празнично и со семејството да си бидам. Не можам секогаш со нив да бидам така на куп сите собрани.
    Чекајте бе луѓе, камбанава премногу долго и чудно бие :?: Луѓе музикава што ја слушам било :|
    High Hopes- Пинк Флоид... :fubar:
    Почнав да осеќам дека повторно почнав да скренувам со паметот, не е на арно :doh:
     
  2. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Како врви времево сфаќам јас.Недоволно брзо ама сепак сфаќам.

    Има луѓе што упорно губат пријатели заради идиотска навика да изиграваат радио милева, и упорно не се менуваат.

    Добро која сатисфакција ја дава собирањето сочни детали во доверба и расејување на истите, истото попладне? Немате друго што да дискутирате? Не злонамерно, ама пак, која е потребава?

    И најлошо е, не се свесни за тоа што го прават, и да им објасниш дека не чини со убаво - не допира до нив ни 2%. Навикнати се на прераскажување на туѓите искуства, ама не само како passatempo, со кафенце и цигарче. Тоа некако и ќе го сфатам, еј знаеш што се случило со Ратка? Дечко си фатила. Ама не.

    Ко дишење им доаѓа.

    Само на диштанс од нив требало...оти ќе си разбереш од некаде нешто што и самата за себе не си го знаела. Нека си ги пополнуваат бедно здодевните животи со ширење на (полу)вистинити приказни. Ќе секне изворот, после?
     
    На zarah и Butterfly14 им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е значи колку да глумам ај ем нот фром хир сепак сум препознатлива во маалово
    а особено за една личност :!:се уште и после се :puke:
    не се паркираше пред месец и нешто 2 пати неделно кај кафичите кога се вракав од медитација-имам пишувано за ова и денес кога ја приметив регистарската табличка на колата-веке на памет ја знам, ми се стемни-нема храброст да ми прозборе кога ке ме види, а има храброст да ме следи, ко сенка некоја, ама :!: јас знам каде тој живее па да не почнам без да знае јас да го шпиунирам 8) :D па да видиме кој е кој :!:
     
    На senza.parole, Doozy, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Иако се вратив порано,си го прославив роденденот на некој начин непланирано. Собрав 50 евра од моите за роденден и прво отидов да частам дечкоми и 2 другарки кафе,па тие 2те ме собраа накај град,па уште со 3 девојчиња на кеј,па си пиевме коктели и се смеевме и добив поклони иако не очекував иако во последен момент се договорив да частам и супер си поминав и такси накај дома,у спат и кутија марлборо си се почастив,како и да е убаво си поминав и среќна сум поради тоа,со најблиските си почастив,убава вечер многу,поздрав девојки ве сакам мноооооогу многу многуууу сите! феминки мои,најмили сте ми! по цели денови висам на форумов и ме воодушевувате како убаво размислувате и какви совети давате,иако не ве познавам лично сигурна сум дека сте прекрасни личности,се гордеам со вас,многу љубов до вас! :* :inlove:
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=AmrHs_qQh1s

    Се сеќавам првпат кога ја заслушав песната онака, внимателно, колку ми се кренаа сите влакна на телото. Ќе рече некој, пф, Архангел, износена мода, ама не бре. Ги надраснав, но сеуште ми се драги.
    Одамна ги немам пуштено да им се порадувам. :D
    Се сеќавам кога им беше последниов концерт, колку жалев што не отидов, сега и не ми е толку криво, ме тешеа демек, Ристо остарел, па ова, па она, не било така како што очекувале.. ама џабе, еве пак се замислив, пак ме зајаде. |-)

    Ама има и посериозни работи за жалење, ако сме кај жалењето.
    Има многу работи кои требало да ги направиме а не сме ги направиле.
    И гребат, ко нежно стопало на асфалт, а ние, ниту курви, ниту светици, гладни за прегратки. :)
     
    На Trnche и pamelche им се допаѓа ова.
  6. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545

    [​IMG]
    Јас и другарка ми исто 8) :lol:
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК дека минатото за мене е изгубена битка. позз до сите што се онлајн на фемина.. :hai: :lol: :hai: :hai:
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    СДК немам пари... Ми требаат пари!
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Генезата за прашањево лежи уште во раните години на нашите симпатии,девојки и на некој сега жени.Сите тие како мали гледале само еден идол од машка страна.А тоа е е нивниот татко.
    Секогаш заштитнички настроен кон нив,грижлив и посветен,љубезен и културен,несебичен и дарежлив се само дел од особините кои го прават да биде нивен херој.
    Нема да биде чудо ако подоцна во животот бараат нивниот партнер да се однесува со истото внимание кон нив.
    ВНИМАНИЕ - тоа е одговорот.Секое девојче го бара тоа.Не е филозофија или кинеска мудрост да се посвети доволно внимание на нашите најблиски.
    Мал милион примери постојат шо можат да разубават нечиј ден .....
    Ја глеаш девојка ти дека е тажна и не и е денот.Тркни до цвеќара,купи и ја најубавата ружа и дај и ја со посвета.Ќе биде најсреќното девојче на свет.Насмевката нема да и се тргне цел ден.
    Не постои девојка шо нема да се осети возвишено коа ќе добие цвет -нешто толку мало а за неа толку големо.
    Крај краева,ако немаш пари за у цвеќара,скини некој каранфил од некој двор (нµ дека го терам народов на лоповлук) и однеси и го.Битен е гестот,да и украдеш насмевка на таа шо ти значи е доблест,а не маана .....
    Ако глеаш дека нешто ја расплакало,најди и се и биди до неа,гушни ја и шепни и дека и коа плаче е најубавата девојка.... Ќе ја насмее тоа,ќе и значи ...
    Ако ти се јави у вторник навечер коа има лига шампиони фудбал и ти каже дека мора хитно да разговарате,не изигравај мангуп пред другарите и немој да и речеш: -Ај ма не напињај сеа,глеам фудбал и пијам пиво со екипата . Може сакала да ти каже дека 5 дена и касни и не може да спие ради тоа.Со кој би го споделила тоа ако не со тебе.Фудбалот ке пројде,она ќе остане и коа твојот тим ќе изгуби ....
    Јави и се некад у 3 саат сабајле пред да иде на испит,и кажи и дека ја мислиш и ти значи.Едноставно докажан¾,човек боље учи коа знае дека е сакан и посакуван ....
    Прати и порука на мобилен коа најмалце очекува.Ја испраќаш до дома,а она веќе у лифт добива порука од тебе која гласи: -Веќе ми фалиш ...Порака од 5 денара,а за неа цело богатство.
    Изненадија со вечера.Напрај и ги омилените тортелини.Не е никаква филозофија,баш напротив.
    Ќе ја изненадиш и следниот ден гордо ќе се пофали на своите другарки колку внимателен дечко има.
    Да ја напраиш својата девојка горда на тебе значи дека си успешен.
    На некој примериве ќе му бидат смешни и ќе рече дека се папучарски,е таквите завршуваат најлошо .....(или у триаголник или со десанка)
    Моментите шо ги набројав се принципи на фраер шо си ја почитува девојката.
    Не си фраер ако уште викаш: - Тепај да те слуша,еби да те сака ...
    Така ²икаат сељачаната у некоја вукојебина во која уште владее некој стар режим.
    Знам дека со мрчењево за жениве не измислив топла вода,ама не е лошо да се потсетиме на некои прави манири.
    Секоја девојка заслужува да го добие своето ВНИМАНИЕ.
    На крајот на денот тие ќе бидат наши идни сопруги и горди преносители на генот .
     
    На Monroe, teddybear, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Офф....Од каде да почнам.....Подолго време не сум била активна на форумов , но тоа е што да се прави многу обврски....Деновиве бев на гости кај баба ми поминав супер а и бев до покасно излезена навечер :$ . Овие 5 дена ме потсетија на летото , за миг помислив дека е лето и дека ќе можам да се ослободам од обрските со школото.... но се што е убаво кратkо трае ....од вторник пак истата песна..... |( Не е за учењето и онака ќе ни попуштат со оцените но преку глава ми е да се замарам и да им докажувам на обички сеЉанки каде е подобро да се чека полуматурата , но како и да е секој си има различно мислење. На Љубовната зона е :x ....Тој се срами јас се срамам ,не зборуваме , блиска другарка му се пушта...и така.....Инаку закаснив малце со ,, христос восхресе'' ама тоа е....Како и да е имајте убава вечер сите :* :hug: :*
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    На Велигден сум се прејадел.

    Дефинитивно.Го видов овој статус на фб и се пронајдов.И тоа како.Ми се лоши од помислата само што се помешав и што се не изедов овој ден.. дома па по гости.Благо солено кисело.. аман мислам дека сум сита за наредните два дена. :worried:ilent:
     
    На Someonespecial, Elennaa и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не ми е јасно која е придобивката од тоа да имаш 10000000000000000 мислења.
    Што дека го имаш последното цветче кое што се добива?
    На форумов изгледа се зачленуваат нови членови само за да се натпреваруваат кој повеќе мислења има. А тоа е дека по едно зборче нема врска ;)
    Не е битен квантитетот - битен е квалитетот.
    Ајде позз
    Имајте убава вечер :*
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    кје бидам ли некогаш спокојна и среќна покрај вистинска особа....
     
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    24.073
    Пол:
    Женски
    Годи кога полниш 25 лета, а тие шо не ти ја знаат годината на раѓање ти викаат дека им изгледаш најмалку 5-6 години помлада.

    :wasntme: :D
     
    На bittersweet, Lepaaa, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК дека во животот жалам само заради тоа што не запишав психологија. А сакав :!:
    Можеби затоа што идеализирав една личност која што беше психијатар и се чудев како може да биде толку позитивна и среќна после сите проблеми кои и ги создаде животот. Жена борец, навистина е таква!
    А баш таква жена сакам да бидам и јас, и како поминува времето сфаќам дека помина шансата за да студирам психологија.
    Но, реална сум и знам дека тоа не е вистинската професија за мене, најпрвин затоа што толку емотивно ќе се поврзам со луѓето што после сечиј проблем мене ќе ми е тешко и на крај јас ќе се разболам.
    Се нервирам вака кога гледам дека некои мои желби одат во неповрат и веројатно никогаш нема да се остварат.
    Но тоа е.
    Сакав само да се заблагодарам и овде на жената која без разлика на се, тука е, до мене. Го преживува секој мој паничен напад веќе 3 години, сочувствува со моите стравови, се бори да ме излечи и никогаш не се откажува од мене, сигурна е дека еден ден ќе успееме, без разлика колку време треба да помине.
    Прекрасна личност си, ти си причината заради која посакав да бидам психолог, најпрвин за да си помогнам самата себеси а потоа и да помогнам на многу луѓе како мене. Убаво е да знам дека имам некој што најубаво може да ме разбере а притоа и да ми помогне, тоа никогаш нема да го заборавам.

    Исто така сакав да напишам нешто за моите родители...Благодарам што никогаш до сега не се однесувавте спрема мене како спрема болно дете - желно за внимание, што не ме направивте луда кога сакав да посетам психијатар, ви благодарам што безусловно ме поддржувате.Ми значите премногу.
    Ве сакам.
     
    На bittersweet, Trnche, marama и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Ах Скопје...Скопјенце.
    Штотоку запролети, се затопли и...веќе се се смени.Градов стана поромантичен, порозов, поразеленет, поприроден, побучен... :inlove: И се разбира пораздвижен.....Е ај нека ми каже некој дека животот во пролет не е поубав од оној во зима... Тоа едноставно, како да ви кажам хм, не е возможно.
    Само еднаш да поминам низ ул. Максим Горки , веднаш ми се разубавува денот па и јас гледам розово кон светот како и расцутените розеви дрвца на таа улица. А колку само уште послободно и релаксирано се чувствувам поминуваќи низ улица Македонија...Уф, немам зборови... Кафулиња преполни со луѓе кои не се заморуваат со непотребни нешта, сонце, музика, опуштена атмосфера, летна тераса, дневна шема...Прајслес. :wasntme:

    Се шушка дека ул. Македонија набрзо ќе ја замени Ленинова и ќе биде новата ''Дојди, види, нека те видат '' и искрено се надевам дека за брзо време ќе биде така. :lol: :D Баш ми е прекрасно место за кафе таму.

    Ах ...белезите на градов кои трајно се навезени во мојата меморија...Градскиот парк, уличките во Пржино, Ристичева на плоштад, Камениот мост, старата скопска чаршија, школката во парк, универзалната сала, саатот кај стариот музеј на град Скопје, шеќерната волна во парк, кафулињата во Бисер, стариот трговски во Скопјанка, старата Железничка... Има многу, премногу места кои го прават посебен Скопје... Колку и да сакам да ја напуштам оваа земја, знам дека сум заљубена тука на ова подножје, и дека спомените ќе останат мои и само мои и вечно ќе ме потсетуваат на некои личности.... Град кој не ме остава рамнодушна. Град.Мој град , а јас негова. :l:

    Мојот најомилен од сиот свет. Најсакан. Најубав. Најдобар. Врежан во моето срце засекогаш !

    Те сакам граду мој! :f:
     
    На anastasijaki, Someonespecial, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Плачам и го пишувам ова,море не плачам липам.

    еднаш неодамна една моја блиска другарка ми плачеше во прегратките,заради тоа што саканиот и заминува во странство.
    да бидам искрена глумев дека се соживувам со незината болка.
    бавно ги одбирав зборовите за да ја утешам,за да и кажам дека повторно ќе се врати.
    и дека пак ќе бидат заедно.
    тешки се разделбите,уште потешко е кога ќе го осетиш на своја кожа.
    Дури сега го разбирам незиното плачење,дури сега ја разбирам незината љубов.
    разликата е во тоа што ТОЈ се врати,а таа цело време верно го чекаше.
    муабетот ми беше дека тие повторно се заедно.
    Ме плаши утрешниот ден,ме плаши нашето последно збогум.
    Утрото ќе го пречекам со моите солзи по него.
    со мојот копнеж по него.
    Имај среќен пат мил мој,баш како што рече,мили си сме еден со друг,да си кажеме дека се сакаме е смешно.
    секогаш ќе те памтам.
    се гледаме некогаш и негде.
    ако судбината така сака
     
    На marama, Lepaaa, sadangel и 10 други им се допаѓа ова.
  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски

    Абе се ок, ама пиши го изворот од каде е... Знаеш, глупо е многу да пастираш нечиј текст/колумна, што и да е и да се правиш дека е твој :) :hai:

    http://marjanmargi.blogspot.com/2011/12 ... st_29.html
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Деновиве полагам, а јас од учење абер да се немало. :|
    ЗНачи на секој збор, ми текнува на некои работи и ја губам желбата за учење. Ветувам утре нема да се уклучам воопшто на интернет. I can do it. :nod:

    Денеска добив уште едно изненадување. Пресреќна бев. Милиот мој.. :tmi:

    Некако летото како да почна, спијам во долги маички, со голи нозе. Пијам само ладна вода. Спијам со отворени прозорци.
    Лето е.
    Не треба да се учи.
    Ајде уште три..
    Ајде уште само три предмета.

    Се молам само на Господ да ми помогне, да ми даде сила да ги положам последниве онака како што сакам, и ќе биде се во ред.
    Знам дека ќе биде.
    Потоа, летово, нема книга со прст да допрам. Алергија добивам. :D

    АЈде јас одам да се помачам малце со статистикава, па се слушаме деновиве.
    Имајте убави соништа, кога јас нема да имам.. :(
    :D
     
    На Someonespecial, Elennaa, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    17.198
    Надвор е пролет, живи сме.

    Цела недела слободна, па уште и времето убаво, зар има нешто подобро од тоа?
    Први Мај, Велигден, излети, м?
    Си ветив дека оваа недела што ми беше слободна морам да ја искористам максимално, ветив и направив.
    Први Мај со фини, интересни луѓе (убави мушки). Цел ден рипање, трчање, смеење, зезање. Ок, не цел ден, ама добри 13-14 саати. Со многу луѓе се здруживме, дури ми дадоа и тениско топче за успомен, го чувам како очите во главата.
    Втори Мај беше работен, нели? За мене не, си сврзав. Цел ден одмарав нозе, лежев, оти бев премногу уморна, секое ковче ме болеше, си дадов малку одмор.
    Велики Петок, смеење, шали исто онака лабаво. Бев во црква да запалам свеќа.
    Велика Сабота, цел ден шетање, смеење со другарка. Вечерта исто шетање, па кружење низ градот. ПА ми се изгаснала свеќичката, па барам убаво мушко да ја запалам. Се кцнавме со јајца, ми искажаа љубов по милионити пат и то.
    Велигден исто убаво ми помина. Добро, се надевав дека ќе биде како Први Мај, дека ќе има многу млади луѓе, ама згрешив, повеќето беа фамилијарно отидени. Како и да е, не беше толку лошо. Си го видов симпатијата :wasntme: .
    Денес оставив да учам цел ден, ама не верувам дека ќе испадне по планот. Ми се шета, ми се смее, ми се живее!
    И така, животот бил убав, само не требало да се замараш со непотребни работи. Да не дозволуваш некој да биде шеф над тебе, да правиш како што мислиш дека е исправно.
    Поздрав драги мои, имајте убав крај на овој продолжен викенд, и убав почеток на неделата.
    :hai:
     
    На Foreveryoungiwannabe, Micheleljubov, marama и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.