Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.909
    Пол:
    Женски
    Ме фати празничната еуфорија. Денес излегов во град да купувам подароци за најблиските. И купив, шал, снешко, плишана играчка :) Вчера ја накитив елката, прекрасна е :D Ја направив и икебаната (ако точно ја напишав).
    И спремна сум за празниците. :)
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Го мразам времево, колку само ме иритира ова сонце |( па не личи бе на зима, не личи дека иде нова година :( сакам снег, сакам улици покриени со снег :doh: :wasntme:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Сакам да кажам дека сум среќна. :sun:
    Денес ми се исполни желба која ја посакав како мала а никогаш не очекував да се исполни - отидов на место на кое премногу ретко некој има дозвола за пристап и тоа благодарение на личност која најмалку очекував ама ете, се е можно :wasntme: и плус уште едно дополнително изненадување made my day :angel:
     
    На Magnolija, TheCandy880, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Косата не ми е средена,ноктите исто така.А да,и вегите треба да одам да ги средам.Еден фустан уште ми се суши надвор,а треба да си набавам и резерва хулахопки...
    А јас,јас си пијам кафенце и си уживам,ама онака лагааано и мераклиски.

    Не сум крива јас,крива е месечната тетка наречена мизерија.Вчера ме посети,денес втор ден,а имам такви тегоби и болки од кои не ми се станува да си фатам работа и да си се спремам ко човек.А утре рано сабајле заминувам и нема да имам време за ништо.
    Требаше еден ден порано да добијам по правило,и се ќе беше таман.
    Ама господинот Марфи не мисли така.Зошто да е едноставно кога може да биде комплицирано. :devil:
    Ама,не се давам така лесно,ќе си средам се по ред...уште некое временце само и станувам,и се спремам,и нема да си го уништам викендот.
    Охриѓанки,ако видите една згодна непозната цура по вашиот Охрид,јас сум :wasntme: поздравете ме :D

    Имајте ми убав викенд,во недела да се фалите со убави импресии, па и чекам некоја да се пофали со нова љубов,а и наредната година е високочна па пишете и по некој убав пост ''Just married'' 8)
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Женски речник:

    Кажувам: Mи се допаѓаш, но моментално не сакам да избрзувам и да влегувам во врска.
    Мислам: Немам намера да бидам со тебе, ниту сега ниту во иднина.

    Кажувам: Мораме ли да одиме на забава вечерва?
    Мислам: Подобро би седела дома и не би правела ништо, отколку да правам глупави разговори со твоите глупави пријатели.

    Кажувам: Мислиш ли дека задникот ми изгледа преголем во овие пантолони?
    Мислам: Стави ги рацете на мојот задник, па „провери“.

    Кажувам: Душо мислиш ли дека таа девојка е убава?
    Мислам: Мислиш дека е поубава од мене? А ако така мислиш, да не си се осмелил да го кажеш тоа.

    Кажувам: Имаш ли девојка моментално?
    Мислам: Кога ќе раскинеш?

    Кажувам: Каде мислиш дека ова води?
    Мислам: Со мене си само за забава?

    Кажувам: Ќе го носиш ли тоа парче облека?
    Мислам: Те молам, немој ни да помислиш да го носиш тоа.

    Кажувам: Каде беше досега?
    Мислам: ДОЦНИШ, подобро направи нешто убаво или......

    Кажувам: Ја кажуваш ли вистината?
    Мислам: ЛАЖЕШ, подобро би ти било да ја кажеш вистината.

    Кажувам: Душо, од каде ја знаеш таа девојка?
    Мислам: Си спиел ли со неа?
     
    На Divinebutterfly, Spell, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК т.е да споделам нешто што напишав, малку е долго па затоа ќе оди во спојлер :* Имајте убав ден :hug:

    Животот - тој е сложен и едноставен, тој е најдобар и најлош во одредени моменти, тој е сигурен а истовремено е и на стаклени нозе, тој е среќен и тажен, а со најголема сигурност е ЕДИНСТВЕН. Животот може да добие секаква боја и животот може да претрпи секакви промени..Не може само едно...Да се проживее двапати во истата форма, во истиот човек.

    Затоа, живејте додека живеете, но проникнете длабоко во самото живеење. Не живејте просечно, живејте максимално, со целата душа што ја поседувате во себе, со целото срце што ви чука во градите, со целата енергија што ја поседувате во себе. А сите, баш сите го можете тоа. Сите во одредени моменти знаеле да се запрашаат. Зошто ми се случува ова ? Зошто живеам ? Зошто вакво зло, зарем не можеше подобро ? Се е тоа ЖИВОТ. Секоја секунда е посебна, секоја секунда може да ти го урне светот, а истовремено и да ти го изгради. Ништо не умира без да се роди повторно. А секое зло за добро е, секое искуство добро или лошо е знаење повеќе, секоја грешка е само лекција повеќе, се е тоа од непроценливо значење. Не обесхрабрувајте се кога ќе паднете. Никогаш не велете дека не можете повторно да пројдете низ истото, зошто сакале или не повторно ќе налетате на ситни или поголеми камења што секако ќе ви бидат пречка на патот, а треба да бидете благодарни, зошто тие ќе ви бидат искуство, тие ќе ви овозможат повеќе да го цените животот, подлабоко да нурнувате во неговите тајни. Со секоја пречка вие станувате посилни, поизградени и побогати личности.

    Во животот е важно да се сфатат одредени факти. Раѓањето значи и умирање, и нашето живеење нема реприза. Животот не е претстава што може да ја гледаме безброј пати. А честопати се заборава на тоа. Па затоа, ако со некого се разделувате или се поздравувате во текот на денот дајте ја целата своја љубов што ја поседувате зошто може нема да има реприза на истиот момент. Бидете љубов во секој момент од животот. Не се оптеретувајте со работите, зошто е ова вака или онака, не се прашувајте што имате или треба да имате во животот, попрво запрашајте се КОГО имате.. Зошто се што е материјално е заменливо, а духовното е нешто вечно. Предметите немаат душа, а луѓето ја имаат. Во себе ја носат вечноста, во себе го носат животот. Луѓето се оние што ќе ве сакаат, луѓето се оние што ќе бидат тука кога тоа ќе ви е најпотребно, луѓето се оние што ќе ве потикнат и мотивираат, па затоа сакајте ги нив, а користете ги предметите. НИКАКО спротивно !

    Не лутете се без причина. Не бидете бунтовни пред да ги слушнете двете страни. Не бидете тврдоглави кога не сте во право. Признавањето на грешките и простувањето не е погрешно. Или можеби така би се изгубиле гордоста и егото? А тие поважни ли се од љубовта ? Секако дека не се.

    Сосема е во ред некогаш да не се чувствувате добро. Сосема е во ред да плачете и потоа да се смеете како ништо да не било. Сосема е правилно да простите, да се покаете, па и да згрешите повторно. Ако грешите денес и утре и задутре не значи дека засекогаш ќе грешите. Доволно е да знаете дека грешите, дека сте свесни за тоа. Еден ден ќе бидете сосема во право, и тој момент е она што е важно.

    Важно е само она во што вие верувате, она за што вие сонувате, она што го чувствувате.. Тоа е она што е важно. Важно е да бидете свои на своето, да имате свое јас и свое мислење, макар тоа на некому и не му се допаднало. Ќе има луѓе на кои нема да им биде важно за вас колку и вие да се грижите за нив, ќе има и некои на кои нема да им се допаднете, а ќе има и такви што ќе ве сакаат и тоа токму за она што сте вие !

    Во животот бидете неуморен борец. Бидете љубезни и спремни на порази и успеси. Спремни за најлошото и најдоброто. Спремни на се. Секој нов ден е подарок, секој нов ден е нова борба, секој нов ден е шанса да бидете подобри од вчера, секој ден е шанса да научите повеќе , секој нов ден во себе носи нова тајна, ново изненадување ..

    Ако знаете повеќе од другите не бидете себични. Големината на човекот се огледува во тоа колку тој умее да СПОДЕЛУВА...

    Никогаш не гледајте ги другите од високо, зошто не знаете какви се чекорите во нивните чевли.. Сите ние сме еднакви со еднакви права.. Разликата е во тоа што едни напредуваат побрзо други побавно, а постојат и луѓе кои не се во можност да напредуваат.. Тоа не значи дека треба да бидат отфрлени, и омаловажувани.

    Помагајте секогаш кога за тоа имате прилика. Не губите ништо, а ќе направите многу. И вашето малку за некого е можеби СЕ во некој определен момент.

    Минатото оставете го таму каде што му е местото. Затоа и се нарекува минато, зар не ? Не копајте во оние бунари од кои никогаш повеќе нема да извира вода. Животот тече само во сегашноста. Го имаме само денес и тоа денес никогаш нема да се врати. Исто е и со луѓето. Некои се само на минување, некои биле наша лекција во животот, некој дошле за да си заминат, а некои дошле за да останат цел живот. Секој со некоја определена мисија. Ништо не се случува случајно. На крајот секогаш сфаќаме дека било подобро што не ни се исполнило се што сме посакале и сфаќаме дека вистинските коцки се местат во вистинското време. Никогаш ништо не губиме. Она што за нас е ГУБИТОК е всушност ИСКУСТВО.

    Некогаш и најнеочекуваните работи ќе бидат најдобрите за нас. На сосема неочекувано место ќе ја најдеме љубовта, таму каде никогаш можеби не би барале. Тоа е така зошто така требало да биде. Нештата не треба да ги бараме, тие секако ќе си го најдат патот до нас. Порано или подоцна.

    И затоа..


    САКАЈТЕ , ВЕРУВАЈТЕ, НАДЕВАЈТЕ СЕ, ПРОСТУВАЈТЕ, бидете ТРПЕЛИВИ, ИСТРАЈНИ, ХРАБРИ, ИСКРЕНИ пред себе и пред другите. Научете да бидете СВЕТЛИНА, ТОПЛИНА , да бидете ПРИЈАТЕЛ, ПОТПОРА, МОТИВ, да бидете ЕНЕРГИЈА....

    Сето тоа значи да бидете - ЉУБОВ.

    А тоа е она што го прави живеењето вистинско живеење.
     
    На bittersweet, teddybear, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК целата сум со рецки од мачето што ме гребе :( Ама ако, пак го сакам :inlove:
     
    На Meggy и enca.69 им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    http://www.youtube.com/watch?v=XfuBREMX ... re=related

    Ја пеам на цел глас песнава со кореографија во моментите кога има гитара од типот "Јас свирам гитара од пет години, боље од Карлос Сантана сум и косата ја тресам за да добијам волумен". И топ ми е.

    Им се нафрлив на печените семки како што решавам да му се нафрлам на животот, брзо и експедитивно.Ќе одам на утакмица ракомет, а појма немам кој игра но битно е да се даде поддршка на другарка, зарем не?! Му врзав црвена сатенска машна на мачорот зошто вчера на прасето му беше роденден. Свинче мое седумгодишно.

    Ете таков ми е петоков. Обврзан со црвени сатенски ленти и лила хулахопки.
     
    На Hiii и Doozy им се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ви текнува едно време од досада си се жалев како ми недостигаа обврски??
    ееее да. Денес главата не знам како сеуште стабилно ми стои на раменици.
    неколку саати спиена, и цел ден растрчкана, ваму, таму, ваму, таму.
    И видете, реално да гледаме ... после се тоа, кога си доаѓаш дома и сеуште мирисаш прекрасно ... мх мх мх, ма би се изела. Едино, од пеглана коса ни п, хаосидна е моментално, во буквална смисла. Ако бе, си ја сакам.

    една асистентка, поздрав до неа, нека е благодарна што неее и ја откорнав косата денес. Одам јас цела таква ихихих ахаха насмеана и таа намќореста се дере ау ау во ова време ли се доаѓа по практикум, па сите се по дома отидени, по бош време не сте можеле ..
    И јас со фаца како оние од 9гаг, ват д фак, 12 и пол попладне е, кога им завршува работното време? ај бе кој ги врти си влегов си земав што ми треба си излегов. Ќе им се замарам јас на нив.

    На две дечиња ќе им однесам после пакетчиња на многу интересен начин, прееска им купив, леле леле што ќе биде. Просто ќе ме стопат од гушкање и скокање по мене. Дали има поголема радост од таа?

    Баба ми кажува некои лекции за животот. Мече момчево чувај си го, и пази го, оти гледам многу го нервираш, срциња на баба сте вие. И мене сокот ми залетнува од што почнав да се смеам како зелена.

    И поздрав до дечките од рамстор, од црвен крст ...
    Децата имале желби, мали, мили, невини суштества, кои имаат желби за кои не знам колку можат да се надеваат на исполнување.
    Собирав до сега се што имам а не носам, се што е играчка а е тотално непотребно ... се ќе им однесам. Од списокот што ми го покажаа барем на неколку да им исполнам желба.
    Тие тоа и премногу ќе го ценат. И искрено ќе се заблагодарат.

    Желба ... колку апстрактно, далечно, неопишливо, чудно, фантастично зборче. Желба.
    Желби, колку сакаш .... исполнувачи на желби, не толку многу ...
    Во новава година јас ќе бидам скромна со желбите ... едино на моите да им е добро, да не го закочам факултетот, да останам здрава и присебна, да не изгубам од животот некој што ми значи ... а ни под точка разно да не го изгубам него. Тој ќе биде со мене, и оваа и наредната и таа по таа година. Некогаш ми го отежнува животот ... но мојот живот не би бил толку совршен без него. Рече Блер, а го повторувам и јас. Екс оу екс оу, мече.

    :sun:
     
    На bittersweet, Hiii, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Колку пробувам да бидам насмеана и да не мислам за тоа дека го допрев дното...
    Не само дека немам дечко... Кога го имав, и така ми беше единствена светла точка... А сега... Ни таа не свети...
    Ама добро сум, не се предавам. Иако имам премногу чувства во мене... Ќе звучам ко некое клише, ама надежта ме држи на нозе, најискрено.
    Не надежта дека пак ќе бидам со него... Таа надеж пробувам да ја згаснам. Ме одржува надежта дека ќе дојдат подобри денови. Не може на ова да остане. Нема да дозволам.
    Не знам дали многу добро глумам јака, или стварно сум.
    Не знам дали воопшто сакам да бидам со него повторно.
    Не знам што сакам од себе понатака во животот,
    Знам само дека долго време цупкам во место. А тоа место е ниско.
    Знам дека не можам да се пронајдам.
    Го изгубив и тој слабо обележан пат што го имав... Навака веќе немам насоки...Навака останав сама...
    Многу гласови слушам, иди навака, иди натака... Не можам само мојот да го слушнам што има да ми каже... Најверојатно останал без зборови.
    Не сакам да звучам патетично, иако најверојатно звучам...
    Ама неможам сега и со тоа да се замарам.
    Само пробувам да кажам што чувствувам.
    А тоа е една празнина. Голема празнина, за која немам доволно зборови да ја опишам.
    Патот нагоре ми изгледа тежок... А не ни знам каде да тргнам...
    Сепак секогаш има светла точка, само да ја најдам.. еееее да ја најдам...
    Искрено, повеќе не знам дали ќе можам сама... Ама барем денес, сеуште верувам дека можам.
     
    На Lepaaa, bittersweet, ljubam и 8 други им се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ме боли главата. Не само денес, цела недела не сум во елемент.
    Изгледа планетите ми се погрешно наредени, не знам, ама освен смеење овде и онде со ретки искрени личности и топлината на домот, ништо убаво не осеќам.

    Па потоа ме фаќа грижа на совест дека тоа ми е малку, а некој плаче и за толку, ама не можам, гладна сум за повеќе.
    Разочарувања на секој агол. Тргнав денеска по нашите ни мили институции и го потврдив тоа што одамна го знам- кај нас не можеш да завршиш ништо за еден ден. Замислете ми рекоа дека ме имале внесено на друга улица, а не ми е прв пат да вадам потврди, како е можно бе, како?
    На друго место му покажував на службеникот каде се буквите на тастатурата оти не можеше да се снајде, и на крај ме запиша во друга општина, мојава не можеше да ја вметне :swear:

    И ајде, тоа го знам и не би било трагично да не се осетев толку изиграно од моја роднина, ми даде карта за лизгање (метафорички), мислеше дека веднаш ќе паднам а она ќе испадне демек добродушна и ќе и должам услуга, а кога виде дека знам да лизгам ме турна така лошо што веќе не знам колку делчиња во мене искршив.
    Се прашувам каде отиде доблеста, каде отиде совеста, свеста?

    Потоа гледам една личност која треба да ми даде некои податоци, ја гледам од далеку и ја тестирам, намерно и пишувам порака, да видам дали ќе ми врати, гледа во телефонот и ништо :devil: .

    Си одам кон дома и во целата гужва човек се врти околу контењерите и бара храна, си викам којзнае колку му било тешко прв пат кога посегнал внатре, а сега тоа го прави со леснотија, сеедно му е, го гледам и се кинам на исладници парчиња, солзи ми идат кои ги кријам успешно зад темните очила...

    А да не зборувам додека чекав по институциите која беда на секаде, не можам да опишам колку ми е тешко што не можам со ништо да помогнам, нема кој мене да ми помогне, а не пак јас ним... :worried:

    А навистина сакам да работам на некој проект кој ќе донесе нешто добро за општеството, навистина, жал ми е што речиси сите проекти со ваква цел се користат за перење пари :devil:
    Ми фалат такви луѓе, да покренеме нешто, да направиме нешто убаво за другите, а преки другите и добро за нас.

    Јас сум најсреќна кога правам некој друг среќен, ама во моментот не знам како, не знам со што.
    Лош ми е периодов дефинитивно, ми треба некој знак дека ќе биде добро, бидејќи осеќам дека се распаѓам, осеќам дека губам верба во луѓето, а не сакам тоа да се случи, сакам некој да ми докаже дека се уште можам да се надевам во нив, дека можам да се потпрам, да очекувам и добрини.

    :|
     
    На caroline.costa, bittersweet, Chocoholic и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Во некои вакви жими-мајчинести денови, кога надвор е се со кал, чизмите, панталоните, кога луѓето те гледаат како спасител и Мајка Тереза од кризни ситуации, кога имаш колоквиуми, испити, кога куферот ќе го зацапаш во секое можно ЕБАНО вирче, :envy: кога за ручек наместо грав има леќа, кога ќе те натераат да изедеш ТРИ рибанчиња печен леб на скара, кога ќе се направиш тапан од леќиштено, кога посакуваш денот да има 34 часа...

    Е, зборот ми беше, дека во ваквите денови сфаќам дека само хуморот ме спасува. :D Досега ќе скренев, начисто ќе полудев ако не се смеев барем малку, со себе, со светот, со луѓето околу мене.

    Денеска, малку ќе си здивнам, затоа што наскоро ќе прегорам со ова темпо. Медитација со Госип Грл, умствено одмарање и преперување на мозокот и мислите, тотална изолација од светот, за утре да се прегрнеме во прегратка јас и моите сакани книгички. А да вклучам тука некаде некое мини чоколатце, за да огрее пак Сонцето како сабајле ?? :lol:

    Ма многу ми е гајле, ќе се напнам наредниов месец, после ќе си бидам слободна половина јануари.
    Распуст бе, кој е како мене. 8)
     
    На bittersweet, Strumfeta93, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Си купив бело капче и многу му се радувам. Немам ништо бело, па не знам како ќе го комбинирам (ова е голем мотив да си купам бела марама :lol: ).
    А моментално уште си го носам, иако не го имам исперено. Носам црвена блузичка и наликувам на баба Мразица :lol:

    И да се разбериме: Love means not having to ask for affection!

    И да, денес славам 3 месеци откако сум со него.
    Одам да си купам вино, премногу ми е депресивна самотијава.
     
    На kate21, L-enna и sonce777 им се допаѓа ова.
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе толку многу се преценуваат,што мислат дека светот се врти околу нив,а кутрите никој не ги спомнува.Абе ќе пукнат,светот да е околу нив,изиграваат многу паметни и интелегентни,а уствари интелегинцајата им е на најниско ниво.
    Упорно и упорно да се вртело едни та исти муабети,од исфрустрираност да не се знаело што да се прави.
    Мене ми е малку жал ама и смешно ми е :rofl:
    Гет а лајф :D

    И друго што сакав да кажам :?:
    М,да значи каков метеопат сум тоа чудо едно невидено,многу ми влијае времево чудно,ладно-топло,сонце-дожд |( Ту мач промени,па затоа цел ден после вака :doh: :yawn:

    Како и да е,не дозволувам времето да ми делува врз расположението,пресреќна сум,се ближи денот уште малку и кај милотооо :inlove: :hug: едвај чекам....
     
    На crazylady, CIA, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Денес му е роденден на брат ми :party: :party: :party: :party: . Епа имај НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН, се што сакав да ти кажам ти кажав точно во 12 кога те изнагушкав најсилно на свет!!! Искрено јас сум посреќна од него, како на мене да ми е роденден! Денот ми е убав, надвор имаше сонценце, па решив да се прошлаам до град и да му купам нешто на бато. Не го земам во предвид фактот дека е петок и што автобусите беа ПООООООООООООООЛНИ со пензионери, сепак не дозволив да ми го уништат убавото расположение, колку и да ме туткаа и буткаа со кесите од пазар!
    На бато му купив неколку поклони, па заслужил и онака секој месец ми дава пари од платата негова, или што би ми рекол он СОЦИЈАЛНО ЗА ТЕБЕ :rofl: :rofl: . Ја ко копук, уствари не, па јас сум студент :lol: :lol: .
    Љубениот цела вечер работел на проект, па сеа спие, а сакам да го слушнам ау многу. Нема да бидам идиотка ќе го оставам да спие. Сакам да шетам вечер некаде, да се релаксирам.
    Книгите ми се смешкаат од кревет, очајно ме викаат да ги дружам, а јас сум си седнала на фемина и си пијам топол зелен чај!
    Имајте убав ден сите, и супер викенд!!
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На kate21, AnaKarenina, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Чук, Чук.
    ЈАС- :!: Кој е? :^)
    -Колоквиумска недела! :geek:
    ЈАС-Што сакаш? :?:
    -Да учиш повеќе,веќе пристигнав. 8)
    ЈАС- :@ :drunk: :yawn: Еве, сега, одма.. :sweat:
     
    На smooch, crazylady, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Стискајте ми палци, одам на лизгалиштето.

    п.с. Иако не пишувам, читам ве! Деновиве сум сета збркана, знаете како е во овие брзаници. А и немам инспирација, или така нешто.

    :hai:
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога сум се родила, наречниците решиле јас да бидам уметничка душа. Несреќна.
    Биле скржави кон мене кога се работи за среќата и ми дале само една мала трошка. Колку да можам да преживеам. И да го знаев сето тоа, немаше да потрошам толку многу пари на бинго и лото ливчиња, грепки, лотарии, смоки и кафиња со награди, и немаше да се надевам дека токму во моето лепче ќе биде паричката за Бадник.
    Сосема спротивно на мене, сестра ми ми се чини дека ја има најголемата среќа на цел свет. Е кај неа наречнициве се заборавиле! Абе се што ќе фати, се позлатува! Од можни три награди од смоки, таа двете ќе ги добие. Јас толку пакетчиња кафе сум купила последниве месеци, со надеж дека ќе добијам нешто, ама чим јас ќе го отворам - обавезно е недобитно.
    Неа денес и се пиело кафе ама немало отворено, па земала ножичките и го отворила. А во него, оп! - добитник сте на две шолји за кафе |(
    Уште утре и купувам лото ливче, па она нека го заокружува!
     
  20. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Да добиеш петка по физика е исто како да си добил седумка на лото :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.