Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Многу ги сакам малите деца! Секогаш убаво мирисаат, слатки се, привлекуваат сечие внимание.Не верувам дека постои некој што не сака мали деца или бебиња.
     
    На Glossy-girl, Someonespecial и Elennaa им се допаѓа ова.
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    честит втор ден велигден и среќна слава на тие што слават Ѓурѓовден.за многу години
     
    На Someonespecial и Elennaa им се допаѓа ова.
  4. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Во комшии имаше мачка една, трудна беше, вчера се породи :wasntme: многу беше мила, нон стоп се галеше. Многу друштвена, од никој не бегаше. Всушност, ничија беше мачката.. Од некаде дојде и остана тука. Си ја храневме, си ја гледавме и ние и комшииве.
    Пред малце ми ѕвонеше на врата комшијата да ми каже дека ја отруле. Еве сега ја носеа на ветеринар.. :( Срцево ми се кине луѓе.. ;(
     
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Чудна е мојава и твојава поврзаност. За мене е чудна, а да не зборувам за останатите што не гледаат.
    Знаеш, кога бевме заедно не ни беше волку убаво колку што ни е сега, кога бевме заедно не те сакав како што те сакам сега. Сега се е толку различно.

    Порано не се гледавме толку колку што се гледаме сега, не комунициравме на ист начин, не ни беше се на зафрканција. Порано, барем мене, ми беше важно што мислат другите за мене. Сега не, искрено не. Сега ми е убаво со тебе, убаво ми е кога се дружиме, како пријатели, а сепак не, како да сме заедно, а сепак не сме. ' more than friends, less than lovers '

    Понекогаш ми недостасуваат твоите гушки :hug: , ми недостасува начинот на кој ми ја допираше косата кога најмалку сакав, начинот на кој ни се допираа телата и ни се ежеа влакненцата на рацете. Сепак, не ми недостасуваш ти, ми недостасуваат моментите поминати со тебе.
    I have to say, I am not in love with you, I'm in love with the memories.

    Никогаш нема да се обидам да направам нешто за да ја сменам оваа врска, никогаш. Ме исполнува, но во исто време растажува. Веројатно, то се зове љубав.
    [​IMG]
     
    На Trnche и pamelche им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Мислам дека потажен пост од оној на Срцекрсацка што ја извисиле девојките од медитација за пешачење на Водно на први мај не прошол на фемина. Мајке ми... Пишувајте вие свашта, ама ова стварно е тажно зошто знаеш дека стварно се случило и стварно ја извисиле и дека стварно се шетала сама...без ниту една однапред смислена долга реченица полна непотребни зборови.
    Легенда си е девојката бе!
     
    На bittersweet, mimiiiii, Edie.S и 15 други им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Има една група на луѓе кои ги распознаваат луѓето по нивните животни трагедии.
    Такви, од типот:

    „Го познаваш овој, Перо?“
    „Не. (?)“
    „Епа, на Мара и е сопруг, онаа Мара, на сестра и детето што се истепа/обеси/умре младо од нешто.“

    Косата ми се крева од вакви.
    Или ми е страв од смрт?
    Што и да е..непријатно е.
    Незапирливо и непријатно.. и незапирливо.. и непријатно.

    Fuck. :worried:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... многу набиена агенда денес, а и многу мислење акнав реално, како за неработен ден. :?:
    Во главата скицирам планови што и како да почнам да работам од утре.
    Тука некаде ги вметнувам суптилно Ајрон Мен 1 и 2, за да можам убаво да поврзам една целина утре со третиот дел.
    И ова туркиш дилајт-от ќе ми го тиииит мамето, како добро оди со филџан турско кафе, абе пукнав, после плачи - газот ми е пифтија. |( Што бе, не викам више пифтија, локум ќе си го викам.
    Газот ми е локум ! Фала.

    И кога ќе видиш дека бендови како The Verve или White Stripes не прават повеќе музика, е тогаш ми доаѓа да рикнам.
    Посебно за првиве, срце да те стегне од мака, кога случајно ќе ја слушнам Ники Минаж како потстенкува и ми го бои музичкиот избор на денешницата. :puke:

    А во Истанбул вртејќи низ тв каналите начекав Планет Пембе. :^)
    Тоа мора да е некој моќен хибрид од б'лгарско Планет и српско Пинк, што ли е, птица ли е, авион ли е, или клиничка состојба што бара по 4 дијазепами пред заспивање, да не се швркнеш од кошмари во текот на ноќта - ја не знам. (немасмајлиштокревараменици)
     
    На bittersweet, Springy, Shelea и 9 други им се допаѓа ова.
  11. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Христос воскресе!

    Среќни и весели празници!

    Во името на Бога и празникот христијански,

    само едно ќе си посакам - со сплотеност и широко отворено срце да ја намалиме нетрпеливоста која се повеќе и повеќе нè оддалечува едни од други. Сите сме христијани кога ќе дојде ред да се оди во црква, да се изврши некој обичај или изрецитира "Оче наш", но често забораваме на тоа што навистина значи да си верник и човек. Ако дадеме предимност на нашата подобра страна, со сигурност ќе бидеме посреќни луѓе. :)
     
    На Elennaa и vinozito1 им се допаѓа ова.
  12. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Оние бројчиња што ги даваа џа бест по средните школи, “јас и мојот клас“ важат само за да се врти меѓу класот или може да се користат и за други контакти ? :)
     
  13. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    СДК дека деновиве се чувствувам некако здебелено, упорно се трудам да бидам на диета, но никако не успевам. Постојано ми се јаде и нон стоп сум на фрижидетот. Уфф што ќе се прави нее знаам :rofl:
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мирно и долго утро.
    Чај и капсули за добро утро, додека со мачорите слушавме музика мрзливо во кревет...
    Продоложение со надеж за подобар ден - антидепресивите ми омилени -> серии.

    Дожд за подобар ден, секогаш било погодок кај мене.
    Долга листа на нови работи, а сепак една иста, од век до векови и амин кога ќе кажам!?
    Да, тоа е такозвана позната диетска мака, многу добра позната на вас драги знам, некогаш болна, некогаш триумфална.
    Кај мене уште е во фаза на болна, мотивација и желба никогаш повеќе, со месеци веќе, но се во место се тапка нешто.
    Денес е денот кога се се променува. Почнувам со веганска диета.
    Џабе е тој здрав и прав режим, кога бавно оде, јас сум позната по нестрпливоста, па ете ме.
    Ќе му се вратам за три месеци секако, освен ако не ми се засвиѓа веганскиот начин на исхрана, што искрено се молам и се надевам.

    А јас, ладна и безживотна ама до крај решителна!
    Ми треба промена, мирисам.
    Телото почна да ми се насмевнува, време е што побргу да ја видам најголемата негова насмевка.

    Долг список а краток буџет :lol:

    Битно си имам мини теретана дома, со дечко ми заедно си вежбаме навечер, и морам да признаам, тоа доста ми годи, но не ми годи неговото вечерање во 00h кога ќе почне да праве некои јадениња, па ми се иде да му го свиткам вратчето...
    Ама, поумна никогаш не сум била.
    Ништо не може да ме настрве повеќе.
    Златни миксови на цедени сокови сум открила, и толку златни зеленчукови главни оброци.

    Далеку дека ова го правам побрзо сега за летото, кешки да ми беше само за овие посрани 4 месеци каде голотијата е на новоу, ама не, еднаш засекогаш има да го најдам правиот начин до совршена фигура. Точка.
     
    На bittersweet, Micheleljubov, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    денеска времево ее никакво облачно цел ден не можам да се расонам...од вчера вечер...аа коага ќе ми текне дека вечер сум на 2 имендена... :o :o
    оваа времево кога ќе се разврне...има да заладе ...облачно мрачно а јас си слушам музика и се мислам вечер во што да сум... :?: :?:
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Од сите луѓе на светов, со најразлични имиња, мораше ли баш за мене да се залепат сите што носат едно исто име?
    За иронијата да биде поголема - минатото и иднината имаат исто име!
    Зошто?
     
  17. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Сега за Велигден со јајцава е раке пуке, раке шлаке :D :D :D :D
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Нешто што приметувам е дека темава се повеќе ми наликува на хомпејџ на Фејсбук. Се некои статуси, слики. Ако ја разбирам правилно ова е тема кај што треба да напишеш нешто твое, чувство, емоција или било што. Ама добро...може и на овој мој пост не му е место тука.


    Кај мене нема никакви измени, се по старо. Нешто што сфатив е дека се минува во овој живот, и добро, и лошо. И глупи, неподносливи денови. На крајот се ќе биде само сеќавање. Не вреди за ништо премногу да се потресуваме, ама сепак се нервираме. За секакви глупости. И јас сум таква, дури и премногу. Почнува да ме нервира тоа што се некако се врзувам за површни работи, кои знам дека нема да ме направат среќна.

    Се трудам да си го исполнам животот. За личност која сака премногу животни за мене е среќа кога на кученце на улица ќе му дадам пола сендвич или било што. Навистина ме прави да се чувствуам подобро. Од друга страна осеќам неверојатна тежина затоа што мачката која ја чувам повеке од 6 години ја нема веќе скоро три месеци. Загуба, за жал мора порано или покасно да се соочиме со неа :(.
     
    На antonina, Divinebutterfly, MacaLove и 5 други им се допаѓа ова.
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Девојчињаааа :) Еве сум после којзнае колку време :) И сега незнам од каде да почнам.
    Дури сега ги разбирам оние кои предходно ги хејтав што кукаа дека немат време за ништо, ете сега јас сум така. Немам време за ништо се запоставив ама па среќна сум, не се жалам. Работата ме исполнува конечно го живема животот што го сакам, колку толку можам финансиски да си дозволам се што сакам, али да не претерувам :) И не сум сама :$ покрај мене имам прекрасна личност, сеуште не е ништо официјално, но добро е, среќна сум и исполнета дај Боже и да потрае.
    Денес вака кога ќе размислам и ќе направам една ретроспектива на мојот живот и кога ќе направам една споредба на јас лани и јас денес ни самата неможам да си поверувам колку многу работи се пороменија, колку многу турболенции преживеав, колку се е различно, како живот на две сосема различни девојки.
    Јас сум жив пример дека после дождот секогаш доаѓа сонце и секое лошо за добро е и никогаш, никогаш не се одкажувајте и разочарувајте!

    Ве поздравувам и имајте пријатен остаток од денот :)
     
    На bittersweet, marama, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  20. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    од утре официјално без работа изгледа ќе бидам....леле што ке правам каде да одам :( не е фер оваа мене да ми се случува дај боже да се најде работа прашав на едно место барале со искуство во бутик па добро не е тешка работата ке научам ама зезона идала па што ке научам ама изгледаа несакаат да бидам јас несакаат да помогнат дај боже чудо да се деси и да останам на работава или да најдам дуга за кртко време :angel: :angel: :angel:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.