Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сценава е од филм - жената ја поткрена долгата сукња, да може да клекне, се намести во позиција низок старт и почна да трча со штиклите во еден ходник, се лизна на плочките, падна, стана и почна онака весело да се смее. А имаше толку многу разочарувања доживеано.

    А мажите штом западнат во тешки животни фази, остануваат некако мрачни и свртени со грб кон животот. И затоа, и покрај тоа што отсекогаш повеќе се восхитував на машката рационалност (жал ми е, ама и натаму тврдам дека на светот има многу повеќе паметни мажи од жени), помила ми е женската поголема посветеност на радоста на животот. Веројатно затоа што жената е носител на самиот живот...
     
    На Libera, thelittle17, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    :) Ете ме и мене.
    Не ви пишував, зошто и немав што да напишам. Онака беше празно, тмурно, темно. Бев дома, им се порадував на моите. Мачката роди две мачиња :inlove: . Се радував со неа. Стана горда мама, не се одделува од нив.
    Љубов!? Хмм... Немам веќе дечко. Ме остави, не можел да се заљуби. Изговор на место, да бидам искрена.
    Емоционално незрел би рекле другите, а јас би рекла и те како емоционално зрел и паметен. Правилно ме изигра, а мислев јас сум паметната во врската.
    Бидејќи сите ме прашуваат како сум, ќе си кажам искрено тука.
    Не знаам. Не сум разочарана, почетокот на крај ми мирисаше. Ама се борев, за никој не сум се борела како за него. Се трудев да успее ова, да успееме и да застанеме и двајцата на нозе. Го прифатив со сите мани, ама тој мене не ни ме гледал со такви очи. Гледал друго, сакал друго, барал друго.
    Ќе останеме пријатели, нема да кажам ни еден лош збор за него, та се кажувало ли нешто лошо за некој кого сакаш.
    Не се срамам да кажам дека го сакав и дека го сакам сеуште. Мислам дека уште долго ќе го сакам. Ми направи пресврт во животот. Се замислував со него како гледаме внуци. А да не се лажеме, јас не сакав(м) такви работи. Семејства, љубов, среќа за мене се научна фантастика.
    Чекајте да си ја наместам маската. А!? Убава ми е?
    Имам убава голема насмевка. Ова ќе боли долго, ама не е посилно од мене. Зошто колку и да го сакам, не го сакам повеќе од мене. Никој на планетава не сакам колку самата себе.
    Имајте убави денови мили мои и љубејте. Стискајте си ги човечињата до вас. Користејте колку што можете. Не секој ја има таа среќа да биде љубен и да љуби :D
     
    На Libera, BlueHeart, Antoninaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не прашувајте ништо и само држете ми среќа...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Некоја мрза ме има фатено,никако да станам од пред компјутер.Цела недела,од 1-ви Мај па навака-одмор,но никако не ми е доста... :D А пак кога ќе помислам дека од утре треба да се вратиме на обврските ,ми се темни пред очи.Деновиве книга не фатив :D Па кај да учам бе на вакво време па и празници плус ?! :lol:
    Денеска реков дека цел ден ќе учам.Седнав сабајлето нешто да поучам,учев што учев реков доста е ! :D
    Ај ќе поучам уште малце ако ми дозволи компјутеров да станам. :mm:


    Мај-месец на радости и цутови.Ако ме прашате кој ми е омилен месец би ви рекла мај! :nod: Не само затоа што сум родена во овој месец туку бидејќи во него се чуствувам некако најдобро.Незнам ни самата да објаснам.Цветови,зеленило...Убавини! :inlove:
    Па ајде тука е и роденденот... :D Еве го...се ближи.Не сакам многу подароци,не ми е важно какви се,што се, туку да се дадени со многу љубов.А ако ме прашаат што сакам би им рекла многу едноставно-„домашна библитека“.
    Нека ми дозволат една од собите дома да ја направам домашна библиотека во мнооогу книги...само тоа!
    Доволно е една мала собичка во која ќе има голема полица во која ќе можам од ден на ден да додавам се` нови и нови книги! Ќе си ја ишарам собата по мој вкус,една фотеља и доста е!
    И да,собата да си е моја,само моооја. :wasntme:
    Сакам да читам! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Hopeful, Butterfly14 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Koга ќе видам како дечкото во телефонот си ја внесол девојката во деминутив-Даниелче,Маријанче,Мартинче итн... :lol: тешко ми е да останам сериозна,а во случај ако сум свесна дека истата таа Даниелче,Маријанче,Мартинче итн го вози како сака,тогаш малку ми паѓа жал.Само малку,оти го заслужува тоа штом самиот не е свесен.Ах љубов....Сепак,една од малкуте работи што ги научив е дека во љубовта не смееш да го исклучиш разумот.Ако ја изгубиш главата,прашање на време е кога ќе исчезне љубовта.
    Ова го кажа најголемиот љубовен гуру на денешницава |( :tmi: Ако уште еднаш напишам некој ваков експертски совет,слободно стрелајте ме.
    Попаметно ми е да се фокусирам на утрешните обврски,но некако не ми изгледа реално дека утре е работен ден.Ете што прави неколкудневно опуштање....Сепак,вторнички со нови сили во нови победи. ;)
    Ви посакувам на сите успешна работна недела. :*
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    На bittersweet и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк денеска се изнашетав и се чуствувам многу убаво,камо ли да е вака секој ден,драго ми е по толку време што излегов од сивото прљаво Скопје, и што малку осетив чист воздух,убави места,едноставно си ги наполнив батериите за оваа работна недела што ме очекува. :)
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Го отварам форумов и се губам во него,изгледа бидејќи долго време доаѓав,отварав одредена тема,и немав желба ништо да напишам..

    Времето си минува,се се одвива според некое пропишано правило од горе,како што тој сака изгледа,или како што самата сум си заслужила.Ова второво некако повеќе држи вода.
    Добра сум,сум била и подобро.Празнициве ме разбудија повторно и со полна пареа се вратив на животот,пред тоа тонев во некоја сопствена депресија,па почнав да ги запоставувам сите околу мене.
    Жал ми е премногу,никој не беше виновен за мојата судбина.
    Сега се се средува,а јас полека се враќам онаму каде што припаѓам,надополнувам се она што сум пропуштила,и жалам за се она што сум го изгубила додека бев во канџите на лошите моменти.

    Себична сум кога мислам дека само мене ми се случуваат лоши работи и дека никој не ме разбира,вистината е поинаква,јас не знам да се отворам пред никого,и мислам дека некому ќе му здосадам,но не е така.

    Ќе ви кажам Христос Воскресе.
    Ќе ви кажам цигарче се врати на форумот.
     
    На bittersweet, kate21, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Ова само мене може да ми се случи |( на нај ладното бев здрава а сега на жештинава сум со затнат нос, болно грло, температура :devil:.
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Секој си знае за кај и за кого си е! Ме натажува сликата на дечко и девојка кои се заедно, а не се љубат. Мислам ајде да не солам памет.
    Ненормално сум навлечена на една серија. А серијата нели полна е со dirty сцени :D. И тоа кој од кој лик посекси. Историска фикција е! Знаете отсекогаш сум сакала луѓе кои не се стокмени и дотерани постојано. Се ежам од луѓето кои сакаат секое влакно на косата да им е зачешлано строго по одреден ред. Бљак!
    Модерните сфаќања се дека во кафич не смееш да искочиш со треењерки и патики, а пак ако си без шминка море тотално си се спобркал.

    И викате свадба? Уф, не, не!
     
    На manja666 и anichka94 им се допаѓа ова.
  11. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.967
    Ми недостига еден пријател. Секогаш сум тврдела дека машко може да ти биде поголем пријател од женско, бидејки го имам искусено тоа. Ама ајде.. далечината го направи своето. Несреќна сум.. Неможам да го исполнувам времето како порано. Недостигаш!
     
    На anichka94, anabel-a, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ако било убаво боли затоа што веќе не е...
    Ако било лошо боли за тоа што сме го преживеале...
    СДК дека минатото секогаш боли.
     
    На Springy, manja666, Youlen и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Татко ми утре рано наутро заминува на пат, се враќа тек 17-19 мај негде..
    Нека му е среќен пат, ќе ми недостига. Ќе немам со кој да се расправам за ситници :lol:
     
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Овој ден, незнам што ден ќе беше ама ждерам како никогаш во животот да немам видено храна.
    Цел ден во кревет и само да се јаде, ама стварно нема такво нешто кое не го преработи желудникот мој денес. И на крајот од денот гледам дека сестра ми купила сладолед во кутија, што значи дека и во текот на ноќта продолжувам со исто темпо. Ахх мераци, убавини, поголем гурман од мене нема, уживам да јадам.

    А баш предмалку прочитав негде дека ова бил светски ден на дебелите, епа не сум го згрешила денот дефинитивно, ај на здравје нека ми е. :)
     
    На Someonespecial, kravce, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Поминува празников, уште еден доказ дека избрани фб пријатели имам. Дури сега сфатив дека не го сретнав Џокси, нит го слушнав :rock: Или премногу заглавив со серијата :^)
    Сакам да им се заблагодарам на мојот кревет, отечените стапала и Дубиоза за прекрасниот викенд (фрлам хавајски цвеќиња од тераса, па се разлеваат низ ветрот кон морето).
    Среќен празник, патем, трпение, љубов и разбирање за сите.
    за сите млади, луди глави што влегле во американски филм
    http://www.youtube.com/watch?v=z5Otla5157c
    ајм он а боут и си отпловувам во некоја шајни хепи димензија каде тревата е, секако, позелена... :^) Дали е тоа Шкотска?
     
    На bittersweet, Trnche, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
  16. laill

    laill Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ми влезе в соба врапче еее косата ми се крена :D да ме нема од соба :tmi: Ке да е берикет или се лажам ??? ама добро му простив за нередот :angel:
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Значи другар ми ако не ме изнасмее пред спиење нема кој. :D

    Јас: A добро со магистратура по кривично право што можеш да работиш освен како правник во канцеларија некоја,без правосуден испит?

    Другарот: Па види вака можеш да бидеш шеф на смена во КАМ маркет.Исто така можеш и со енигматика да се занимаваш да одиш по квизови.Ке си ги научиш сите крстозбори,скандинавски и ребуси и најјака ке бидеш од сите.

    Не знам зошто ама многу смешни ми дојдоа неговиве одговори.
     
    На Elennaa и Hipster им се допаѓа ова.
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Од празнициве, стомакот 5 минути напред ми е. :drunk:
     
    На anabel-a, karenin, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Сите што имаат пари живеат, сите останати - преживуваат...

    Незнам што сум се навртела на париве, ама веќе ми сметаат сликиве по фб од одмори, викенди, прошетки... не сум љубоморна, само криво ми е, зошто јас да не можам така...сакам и јас...
     
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    БЕЗВРСКА! Чашата прелиена? Стаклото скршено? Абе пријателке...ти си отиде без збогум извини еднаш, двапати е трети пат нече мочи ове ночи. За што ти тоа збориш? Нели гледаш дека си сама без никој?
    Со тоа твое да не речам понашаЊе со никого. Уште една . ставам ама :!: оваа нема да се избрише. Благодарна сум му на бога што најдобрата другарка ми се врати, извини како викала Венди (боже господе) во В.Б покајаЊе :lol: се надевам ќе трае. Долго нека трае нашето пријателство кое всушност никогаш не ни прекинало.

    ...и така со + 20 кила точно сум 120 абер немам од манИкенка но :!: за се има лек дали покасно дали порано. Стомаков лупа сад ме има сад ме нема маки мачам ама подобро сега отколку на 25 ти битен датум. Утре е нов ден имам многу работи на ум но за денес е доста да прилегнам малку и да сонувам убави сни.

    Амин.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.