Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    |-)
    Ми се спие, ама имам некој немир во душата. Од време на време.
    Еве ноќва не ме остава. Имам некои ноќи, кога ме фаќаат кризи за луѓе. Сакам луѓе околу мене. Молчеливи луѓе, со кои ќе ја делам тишината.

    Еве вечерва немирна сум како ветер, од соба во соба. И само што легнав, тој немир ме стана. И сега дремам. А сабајле полагам.

    Во моментов сакам некој да ме заспие. Сериозна сум. Макар да ми ја пушти песничката што ја има во месечинките обесени врз креветчињата на бебињата. Макар само да седи до мене. Макар само да ме држи за раката.

    Свесна сум за годините, ама зарем вие не сакате понекогаш некој да се погрижи за вас како за мало дете? Да ве нишка, да ве гушка додека заспивате? Да ви кажува безвезни работи за кои ама ич не ви е гајле? :angel:
    http://www.youtube.com/watch?v=xbe-oIehMDM

    Добра ноќ
    |-)
     
    На bittersweet, antonina, vendiii и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Mи доаѓа вака од време на време да се испразнам.
    Дали е некој интересен период во кој учиш не од грешките,туку од заблудите во кои си живеел едно време, незнам.
    Знаете како е кога и во најголемата гужва,секогаш ќе го видете оној кој го очекувате веднаш штом ќе влезе? Е. Ама, од принцот дојде коњот,волот,магарето,како сакате. Незнам што очекував и каква надреална слика си претставив, ама дечкото е психопат мајке ми!
    Смешно и трагично истовремено. Но,секогаш си доаѓа она-знаеш каде да ме најдеш.И го најдов.Човекот за кој имам реална слика, човекот од кој не очекувам ништо, човекот кој знам дека нема да ме разочара зошто не постои начин како. Знам дека е идиот,копиле и сељак,а не ме разочарува.
    И затоа на Ашлинг курац ја боли за тоа кој го нашла. Можеби го најдов најлошиот карактер,ама океј ми е зошто нема шанса никаква да ме разочара таков човек.
    Друга работа, зрелоста си доаѓа со годините и искуството. А, јас незнам шта се ту догаџа,ама ми смрди на невкусна игра, во која малата Ашлинг се изгуби зошто беше дете и веруваше во луѓето. Сега чувстувам само силни гушкања и гледам извештачени насмевки во комбинација со чуден идиотски говор. А, реалноста е дека доколку бидеш океј со сите и не го озборуваш цел свет, некој ќе го прави тоа во твое име. И нормално секогаш повеќе ќе се верува на она што ќе се слушне, него на она што ќе се доживее. Такви сме луѓето, прости, плитки, малоумни, рамнодушни не кон светот,туку кон самите себе.
    На крајот на краиштата на едни патиштата им завршуваат со подобро работно место кечап-мајонез-сенф преку секс, а други допрва почнуваат да пешачат.
    И затоа културно ќе одбијам,зошто цел живот кога растиш со исти луѓе,кои ги знаеш како дишат,а оддеднаш ти се појавуваат мал милион маски околу тебе.
    Не сакам ни да победам,ни да се придружам во вакви игри.
    А,дојде и вторник. Се ближат матурските вечери. Јас повозбудена од матурантките уште си барам фустан кој ќе го носам на гости.
    И го жалам денот каде го пропуштив казиното. Го жалам ненормално многу, зошто како баксуз ќе изгубев можеби пари,ама ќе знаев дека ги изгубив во казино. А, вака пак ги немам парите,а незнам каде ги потрошив.
    Ох прекрасна вечер. Додека јајниците не ми се стопиле,да си посакам добра ноќ, затоа што ја заслужувам на крајот од денот(?)/ноќта, како и да е.
     
    На karenin, ViktorijaMari и manja666 им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Добро е, не сум била само јас. :D
    Manja666, како само ми го опиша денот целосно, не си свесна. :rofl: Денес цело време само едно те исто правев... помини/замини/касни. :D Добив нов надимак: машинче. :D Баш прееска, влегувам во дневна, и им се развикувам на моите: - Абе вие? Знаете што ден е денес? Ееее, не знаете. :rofl: Џабе ми е да ве лажам дека сум во ПМС. Ма да, во ПМС сум, не ве лажам. :D Него некој така инстинкт внатре у мене цело време ми кажувал што ден било денес. ^_^ Све телепатски, со погледи се разбираме со стомачево. [​IMG] Батали тоа ПМС. [​IMG]

    И така. Овие 6 дена нема нешто што не учев. Не учев биологија, не учев историја, не учев музичко, не учев француски, не учев хемија... ништо не учев. [​IMG] Прав паразит. И сега само што ја фатив книгата. Па редно беше. :D Леле, кога сум ја фатилаааааа... одма ја пуштив. :D Елено, ај не мучи глава со глупости, иди легни си. Скоро е 3 саат, а ти накај 5 и нешто треба да станеш. :D Абе не за друго, ќе си легнев... ама не ми е наместен креветот. [​IMG] Тешка работа е тоа. [​IMG] А вака ко што гледам... и промаја ме бие. Ај нема везе, има време до стари години. [​IMG] Битно се наканив да си исушам коса, иначе после кога ќе остарев, и вратот ќе ме болеше. Се спасив од една мака. [​IMG]

    Леле, овие моиве смајлиња и мене почнаа да ме нервираат. [​IMG]
     
    На antonina, Someonespecial, Mermaid90 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Еленкеее од кај толку многу смајлиња? :?: :D
    Aj па и ти,не се сто ќебиња ко зимата,па како ќе си наместела :D И јас легнувам,добра ноќ |-) :*
     
    На Nefertitii и Elennaa им се допаѓа ова.
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    Досадно ми е и самата си го правам досадно.
    Немам инспирација за пишување, за ништо. Само ми се спие :yawn:
    Нека помине овој период.
     
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Наместо на учам ја играм , сум ја рокнала Шакира цела куќа ечи ( не сакате да ме видите како играм :emo: више стомакот ме фркна :rofl: ) братучедка ми ми купила од ескурзија од Шпанија ( одамна тоа) едни такви дрвени незнам како се викаат по цел ден тропам со нив :D ,на моиве дома главата тапан,ќе ме избркаат уште малце :rofl:
    и јас како Еленаа си добив прекар од тато Дудуче ме вика, ништо не сум учела и стварно ништо не учев ни историја ( а испрашува) ни географија :@ ахх таа географија уфф :punch: ни биологија :D а денес 7ми сме значи мене ќе ме испрашаат хохохх а јас ништо незнам :rofl: немам абер оценки да поправам,јокк јокк :shake: ете такее ајде одам јас, бидете ми поздравени :*
    https://www.youtube.com/watch?v=a5irTX82olg
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... конечно завршија празници. Тешка недела, не очекував ... Не сум против, но не ми се многу мили големиве празници ... Далеку од тоа дека не ги сакам. Некако не ми даваат ништо, освен нерасположение, разочарување ... Тага, мисли на тон ...

    СДК ... се моралисти некако во окружениево!? :^) Се некој знае како да осуди, како да критикува, да соли памет ... Сите се светци, грешен нема. Сите јаки карактери, сите стабилни и полни принципи. Не викам не и ја се пронаоѓам малку во групава ама живот ме научи да гледам поинаку на се. И тој поглед го менувам, сфаќам дека живот носи се, твој е и ти одговараш за него, само ти. Никој не може да ти биде судија, никој не може да те казни освен ти самиот себе и ТОЈ.
    Не сите не сме моралисти, критичари, стабилни, примерни ... Не, нема такви, грешни сме сите. Човек не е човек ако нема слабости, ако не потпадне на искушение ... Ако не згреши, ако не прекрши принцип ... Човек не е човек ако во животот не посегне по забранетото, скриеното, туѓото ...
    Има луѓе, индивидуи кои сами си се одговорни за се што прават или не во својот живот. Никој не е должен ни обврзан да му го става под лупа.
    Не бидете лажни моралисти, судии, критичари, казнувачи ... Бидете индивидуи свои, гледајте си пред себе ... грешете, кршете принципи, луѓе сте побогу ... Секој е одговорен за себе и својот живот.
    Живејте, користете шанси ... сите сме исти на крајот од животот.
     
    На bittersweet, ilipili, NoellePage и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Христос воскресе!
    Бог да ви ги воскресне душите, да ги украсите со многу добродетели и да зачекорите кон патот на познанието.
    Една скромна, но од срце молитва.
    Ви посакувам сите ваши молитви Бог да ги слушне :angel: .

    п.с. Малку за некои забавено, ама не е заборавено.
    Цела недела се слави како и првиот ден.

    ***

    Денес, како и изминатите денови светло чувство во душата. Еден пламен гори, не гаси, а само се засилува.

    Се’ е убаво.
    Доброто и убавините во животот, но и тоа што е лошо и темно. Ех, кога сите би се научиле да го конвертираме црното во бело!
    Иако ноќта е темна и црна и често опишувана како несреќна, па и таа си има свои убавини. Само тогаш ја гледаш месечината во нејзината исконска убавина, само тогаш го гледаш блесокот на ѕвездите, само тогаш остануваш сам и можеш да се видиш кој си и што си.
    Малку тежок факултет, но со голема перспектива. Со таа диплома загарантирано се наоѓа секаде работа.
    Проверено ;) .
    Немам диплома, ама се обидувам да положам некој испит.
     
    На bittersweet, antonina, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Вистина воскресе!
    Нека ве дарува Господ тебе а и сите останати со многу здравје, љубов, среќа и успех на секое поле во животот, Вашите мисли секогаш да бидат позитивни и исчистени од секаква злоба и нечистотија.
    :*
    Имајте убав ден.
     
    На bittersweet, kate21, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Неколку заклучоци од периодов во кој се наоѓам...

    Да се остане без родител, на било која возраст, е просто тага и шок. Учам секој ден од другарка ми, како е да се справиш со загубата, пак да знаеш каде ти стојат сите работи по дома, да плаќаш сметки, да одиш на работа, да пресадуваш цвеќиња и да рибаш подови! Не е сама, со нас сите е, поддршка сме и, но животот просто, нели не е фер. А некои кенкаат зошто мајка им не им ги здиплила алиштата или татко им не им купил нутела дента! Фак ју. Ете тоа би им рекла.
    Да се биде вработен во администрација, е притисок кој никогаш не завршува. Динамиката на работата е во постојан пораст, имаш купишта обврски, но најважно е што не ги носиш дома. Ете за тоа сум благодарна. Не ми зуи главата и не морам да се преиспитувам дали нешто завршив, или не. Таму е, тие работни часови и потоа можам да танцувам по улици.
    Да имаш килограми плус значи да не ти пасуваат неколку парчиња облека што лани си ги купи со мерак, па сега мораш да јадеш препеченац и јогурт за доручек, варено велигденско јајце и пченкарно лепче за ручек и да ја сонуваш вечерата. Ама ако. Земните задоволства значат и дисциплина пред огледало, нели!
    Да имаш постојани превирања во врската значи да се прашуваш што доаѓа следно, дали ќе пречекаме две годишнина заедно на некое плажиче во Грчка, или ќе се пакуваме ко да е крај на светот. Прашалници милион, незгодни чувства трилион, извичници тук там, незадоволство од можниот исход, собирање пари, погледи и двогледи.
    Да бидеш родител на сопствените родители значи да му менуваш завој на татка си после операцијата, да го прекоруваш да не јаде од џемот без ненасит, да ја масираш мајка ти после работа и да и нудиш маска за лице од глина за да престане да се мурти и да веруваш дека ете, заради нивната љубов, си она што си, ни помалку ни повеќе!
    Да имаш постара сестра значи да и зајмуваш пари кога и доцни платата, да се радуваш што двете ќе се трескате на Depeche Mode после години мјаукање по Дејв и компанија, да ја караш што спие до доцна и да и се надеваш на најдоброто, зошто само таа ќе остане на крајот, тука.
    Да поминуваш време со најдобрите другарки и да споделувате тајни и светогледи е и од каква важност, не само заради самиот момент, туку и зошто така знаеш до кај си, кој си, може да те разбудат, акнат со вербален шамар, да те сфатат, гушнат, да ти помогнат со самото присуство.
    Да се биде поет, ѓоамити некаква уметничка душа, значи не само фолирање и тракатанчење, ами и пренесување некаква порака, некаква енергија што ќе придонесе. За позерај секој може. Сакам да останам вистинита, реална, и едноставна, жими еден молив што ме тера да пишувам.
    Смачено ми е да го толкувам светов како ваков или онаков.
    Даден ми е животов за сево ова погоре да го имам, некакво, како приказна, добра, лоша, со недостатоци, граматички и лексички грешки, со боја, вкус, време, со се’ што доаѓа.
    Нема упатство.
    Има само свест дека мораш.
    Да излезеш од себе самиот. Па да влезеш, троа поарен. Пробај. Што ќе ти е животот, инаку.
     
    На anabel-a, MaxyMax, Elichka и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    СДК че си пукнам ја веке !!!! :worried: :swear: :swear: :@ :@ ;(
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Приметувам дека повеќето луѓе се задржуваат да ги коментираат физичките квалитети него ли психичките. Верувајте тоа многу зборува за личноста! Признавам дека и јас некогаш сум зборувала/пишувала за физикусот на одредени личности ама сепак повеќето пати се задржувам на она што истите го носат во нив и го испуштаат надвор од нив.
    Морбидно ми е кога ќе слушнам како некои кажуваат дека некој човек бил премногу гаден. Како бе тоа си дозволувате да коментирате за такво нешто кое не зависело од самата личност, туку повеќе зависело од гените или што знам?! Лицето не секогаш е огледало на расипаната душа, а и обратно. Ретки се случаите кога целото е се.
     
    На tweety26, anabel-a, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    малце каснам Христос воскресе! Среќни и весели празници! :D
     
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Христос воскресе! :)
     
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    10.091
    Најпрво да ви кажам Христос воскресе,малку каснам али тоа е,едвај да најдам слободно време да ве читам.
    Муабетот ми беше дека и јас како Тошо Малерот уствари Ристо разбираш во последно време,изгледа или не сум од оваа планета или имам дупки у озонот шо викат или нешто ми дише во левата хемисфера или десната стратосфера. :rofl:
    Само јас обратно гледам луѓе ама не слушам гласови. :D
    Нешто сите уморни,уста не им се отвара.
    Мир и тишина!Мувата се слуша.
    А мене нешто денот погоден ,полна енергија ,убавини на душа.
    И навистина како да сум од друга планета само јас зборувам,како расипано радио сум. :talk: :D
    И то еве како и обично кафето си го пијам со вас ,се спасија малку од мене додека ве читам .:lol:
    Убав ден ,нека се множат!
    А и ќе заборавев незнам за вас ама јас сум како гајда станата од јадење :!: :D
    Да идам да направам два круга околу зграда нема да е лошо а? :geek:
    Море ајде од утре ,денес ќе трошам калории со зборување. ;)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се спремаш недела дена за роденден и твоите ти кршат филм у 5 до 12..
    Ајт у пичку материну.
     
  17. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    http://www.youtube.com/watch?v=Eue0P7dRMhQ
    Неможам веќееее,што уште ќе дочекаме и слушниме од македонската естрада ..Боже мили :puke: :puke: Одвратна е.Дупки ми се направија во ушите ]:) Раке пуке раке шлаке ..Катастрофа :x
     
  18. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Имам многу работи кои што сакам да ги кажам,ама немам кому.
    Тешко ми е.Признавам.Никој не ни помислува дека јас кралицата на тато,убавото девојче кое што е забавно и дружељубиво е несреќно.Сите мислат дека имам се,завидуваат.Не се жалам му благодарам на бога бидејки сум здрава,жива,имам семејство,имам прекрасен брат кој што иако е мал мн разбира и секогаш е тука за мене.
    Ама се жалам од себеси.
    Ветив и го прегазив ветувањето.
    Дали навистина морав?
    Но пред се помислив на мајка ми и татко ми.
    Подобро денес мене да ме боли и да помине за одредено време,отколку утре татко ми и мајка ми да умрат млади заради мене и да се откажат од мене.
    Со тешко срце ја донесов оваа одлука.
    Постапив нечовечки.
    Јас сум причината за некој да страда.
    Ама нешто одвантре ми вика дека иако го погазив тоа ветување дека сум направила добро.
    Дали добро постапив или не,ке покаже времето.. :)
     
  19. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    За мене пролетта многу брзо дојде.Незнам дали дека не обрнав внимание или се се случи одеднаш.Сабајле кога тргнав на училиште гледам околу мене се е расцветано, инсекти насекаде и се почудив.Па и кога помислив дека веќе е мај и за еден месец доаѓа лето, незнам бев изненадена.И времето наеднаш се стопли од јакни се фрливме на куси панталони..
     
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Денес на македонски требаше да пишуваме есеј за пролетта во Скопје.Штом слушнав есеј,одма ми светна-Shelea.Каков есеј би напишала она за Скопје... Да ти е мерак да го читаш.
    СДК ми годат вакви оттргнувања од секојдневието на некое планинско местосо семејството.Четири дена.Рај за душата.
    ***
    Многу пати и се лутам на мајка ми за некои нејзини одлуки во врска со моето воспитување но подоцна сфаќам дека грешам.Сфаќам дека е тешко да си родител,да воспитуваш и чуваш две деца кои главата тапан ќе ти направат со нивните постапки.Сфаќам дека е тешко да се имаат во куќа деца како мене и брат ми.Го ценам тоа што секогаш не става нас пред се,го ценам тоа што знае да ни прости и за најголемата глупост,ја ценам нејзе како личност.Понекогаш толку строга,а понекогаш толку мила.Таква е.Не има воспитувано многу добро,затоа што успеала во животот да се изгради како здрава,цврста,паметна жена.Да,била строга кон нас,но се со цел да не научи на некои основни вредности.Би сакала и јас некој ден да бидам мајка како неа.А срце ми се кине кога ќе ја разочарам.Ја сфаќам,ама...
    Тешко ми е,ама со последни сили трпам и со душа чекам лето.Еве едно песниче,од мене пријатно :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=5NV6Rdv1a3I
     
    На Shelea и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.