Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Морам да издржам овие неколку дена,ајде уште малку.Ќе се спасам од рано станување и домашни,ама ќе треба да мислам за запишување.Па од септември ајде у друго школо,нови другарки,клас,наставници и нови маки можеби поголеми.Сега дури и си ги пишувам оценките на тевтерче и си запишувам што уште треба да направам да си поправам,кога ќе правиме тест абе некој да ме види ќе си мисли дека сум бубалица :D
    Можеби е глупо ама нејќам многу да биде сончево,нека се стрпи додека си ги поправам оценките :D
     
    На Elennaa и Ana122 им се допаѓа ова.
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    СДК ... СТАНАВ ТЕТКАААААААААА :)
    Утрото ми почна преубаво, се разбудив со прекрасна вест.
    Епа нека ми е жив и здрав внукот :)
     
    На bittersweet, Ana.Jones, senza.parole и 35 други им се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Животот е многу едноставна работа, денес го имаш - утре не ! Користете го секој момент што го имате за да ги прегрнете, бакнете тие што ви значат и ако ви значат вистински - кажете им го тоа, МОЖЕБИ УТРЕ НЕМА ДА ИМАТЕ ПРИЛИКА. :D
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Многу е чудно чувството, кога правиш со некого муабет, а не знаеш со кого. [​IMG] Сега ќе ви стане јасно, кога ќе раскажам две случки. :rofl:

    • Пред некој ден, се враќав од школо. И во влез сретнав една жена. А обично ако не ги познавам луѓето низ влез, не им викам Добар ден. :wasntme: Јас исто како првпат да ја видов. [​IMG] И само што се разминав со нејзе. Ми вика:
      - Здраво.
      - :?: ............ Здраво.
      - Добра си?
      - Па.......... Добра сум. :?:

      Мојава глава се напуни со прашалници. [​IMG] Си викам, кој е тој што ме гледа првпат, а го интересира како сум? [​IMG] И само што стигнав дома, ја распрашував мајка ми, која е таа жена. И ја опишав. И она ми вика:
      - Па таа ни е комшика од ист влез, веќе 3-4 години.
      Јас не знаев дали да се смеам, или да се чудам во кој свет живеам јас. [​IMG]

    • После тоа, во автобус, со една другарка стоевме до една жена. Другарка ми се размуабети нешто со неа, и како да ја слушнав жената да рече: - Со Елена се враќаш од школо? Ај си викам... :^) да не упаѓам у муабет, не сум само јас Елена. :D После некое време, јас загледана негде низ прозор, жената ми се врти и ми вика:
      - Мајка ти добра е?
      - Паа... :?: добра е...

      После ме прашуваше за некои роднини. :^) А глупо е да прашам: - А извинете, која сте вие? :D И така, ќе си ќутиш, и ќе одговараш на прашања. А не знаеш што да прашаш, кога не ги познаваш. Незгодно е. [​IMG]

    И така... арна сум си јас, иначе. [​IMG] Сега кога ќе паднам во еден зимски, уствари пролетен мечкински сон... уф. Како ми се смешка креветов, уште од прееска... [​IMG] Да искористам, и така за утре немам ништо за учење.
     
    На antonina, Primavera, sweet-star и 7 други им се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Денов е прекрасен.
    Уживам во утрата, мирис на кафе, свежи кроасани и чаша несквик, нема подобар начин за да се започне денот. Само 3 часа работно време но мене ми одговара, не дека ќе земам некоја голема плата за толку малку временски сработено ама барем имам време за се во текот на целиот ден.
    И за мене нема ништо поубаво од топол кревет на ова депресивно време, всушност сите други ги депримира а мене ме опушта. Едвај чекам да потонам во сон, и нека продолжи да врне и наредните неколку дена. Го сакам мирисот на пролетен дожд...
     
    На slavica999, Elennaa, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  6. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Сакам...сакам да отидам некаде далеку од се.Да здивнам малку,да се освежам...
    Дали со него или без сеедно само да сум далеку од тука.Но знам дека мислите повторно ќе ми се навраќаат тука.
    Толку многу измешани чувства,расположенија,мисли...
    Мислам дека ни самата незнам што сакам...не,не знам ама незнам како е возможно остварувањето.
    Веројатно ќе биде полека со тек на времето.
    Тој е тука,покрај мене,сеуште.
    Пред некој ден го водевме првиот посериозен разговор,си ја отворивме за момент душата и си кажавме што и како е.
    Ми годеше да слушнам од негова страна дека сака да се трудам околу нас,но јас незнам како.
    Сака да успее нашава врска,го гледам тоа.Но сепак во мене има толку многу сомнежи и страв што не сакам ни самата да си признаам.
    Морам да оставам времето да покаже,сакала или не.
    Ќе дадам се од себе,но истото го очекувам и од негова страна.
    Сега за мене следи еден многу тежок период.
    Месецов ќе донесе многу нешта,се надевам позитивни ќе се. Инаку незнам како би се справила понатаму...
    Во моментов се што ми треба е нешто што порано ми сметаше...
    Нешто кое го бркав од себе а го добивав бесконечно...внимание,разгалување...
    Да признавам,сакам да ми докажува на секој начин дека ме сака,сакам многу внимание,сакам да ме разгали,да се почувствувам како единствена девојка што постои...
    Сакам да се вљубувам во него одново и одново... :)
     
    На ilipili, bittersweet, Jagoda123 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ...несакам да направам непријатели и пријателите ми се едни од повредните работи во животот. Не дека не ги сакам или сакам сите, но некои помалку а некои повеќе. Секогаш кога се издвојувам од некој колектив гледам да балансирам колку можам со цел некого да не повредам а најмалку да се улизувам со сила. Не сум љубоморна, баш напротив, ме тера да бидам подобра и подобра, но страшно иритира кога ја мирисаш околу себе. Сите сме луѓе и грешиме, но доблест е да простиш.
    Не ме интересираат туѓите животи затоа што ми е доволен мојот и теретот што го носам со себе.
    Мислат дека ме познаваат, но за жал го знаат само моето име. Не сум дволична туку само набљудувам од страна и го гледам ,,тоа,, што другите не го гледаат.

    ..понекогаш навистина мислам дека животот е коцка, не можеш да добиеш ако не играш и ризикуваш
     
    На bittersweet, julie77, NoellePage и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Nekoja slobodna da mi pise lp?
     
    На Summer.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    А ние божем не се погледнувавме. Или и да се погледневме, беше чиста коинциденција. Јас не паѓав во несвест по него, ни тој ме ловеше во лет, со широко отворени раце. Ко божем немавме што да правиме муабет, па поминувавме со по едно "чао" на улица и по две- три реченици празен бош муабет. Оти па баш немаше што да се каже. Божем тој не изиграваше незаинтересиран тип, Султан на харемот, Купидон без стрела, а јас не изигравав божица на гордоста, правдата, мала со висок кренат нос. Тој божем не можеше да се врзува, јас божем многу среќна без него. Се околу нас розево, утопија, совршенство. Фазонот " каква љубов, дај да се јаде". Ма што да ти расправам. Оти пак ние воопшто не се сакавме. Ама, божем нели?!
     
    На NoellePage и Hipica им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Чему таа џева околу Орео колачињата, Старбакс кафиња или што ти знам јас од тој тип?!
    Изгледа само затоа што другите им прават одлична рекламација со over rating коментари и преувеличени до небо ,,рецензии'' по разно разни места, и нормално одење до екстремот - следење на тренд. Е тоа е тој синдром, синдром на тежок комплекс од чатал, што се шири како шуга наоколу.

    Орео не се Бог знае што - да расчистиме, јас радо би да си купам Тутку можеби или тие другите колачиња, Темпо ли, како се викаа.

    Очекувам да сретнам статија со актуелна трендовска храна.
     
    На bittersweet, senza.parole, zarah и 14 други им се допаѓа ова.
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    СДК дека ми недостасуваат маиловите со нотификација од Фемина ... сакам да се оправи проблемоффф
    и сакам да кажам дека мразам кога сум во право а уште кога ме прават луда ...
    И последно СДК и благодарам на мајка ми дека направи да има едно дете копиле а едно не !!!
    Со што само ми докажа дека мојто место е накаде далеку од дома , без разлика на тоа што се „чека“ погоден момент за да се кажело колку е сат ... мојот сат покажува само дека е многу ДОЦНА !!
     
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дека иам нова фризура,малку потшишана,со шишка на страна и со 2 црвени прамени...
    Абе ќе си полетам :rofl:
     
    На anabel-a, teddybear, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    СДК дека ништо не заборавам кој што ми направил и ќе вратам 3дупло.
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека денес е подобро да си куче него човек,како куче ке ме ранат,чуваат,ке ме шетаат ке уживам,ке ми местат женка за парење све ке биде во најдобар ред,а што фајде имам што сум човек,ништо, патам се нервирам,девојките се посебна приказна,рмбам како вол за слама,и пак никој не те репектира како човечко битие. :devil:
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    СДК дека ненормално ми се спие, а за утре имам еден куп работи.. Па и уште на лаптоп си седам.. Ма баш ме брига :rock:
     
  16. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Книга немам фатено а утре имам испит...уууффф гадно чувство :@
     
    На Ketrin.Moon и H.VAGA им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Вчера другарка ми ми врти и ме прашува како си? И одговорив добро бе еве по дома, ми вика мече најискрено кажи ми како си... и почнаа да ми течат солзи. Бескрајно сум и благодарна што ќутеше и ме остави да плачам додека имав солзи, па ме слушаше додека и кажував се што ми лежи на душа и на крајот ми рече дека го знаела сето тоа само чекала да се отворам сама кога ќе бидам спремна.

    А јас не можам, можам тука да пишувам, можам да си цртам и шкртам по тетратките, можам да залутам со мислите, ама не можам сама да си ја отворам душата пред некој туку така... освен пред него.
    Си мислев дека не сум проѕирна, дека не можат да видат дали и колку ми е тешко, на никој не сум се пожалила, на никој не сум се отворила, постојано сум насмеана, постојано им викам дека сум добра, но се е џабе, им гледам во очите како ме гледаат и боли. Болат тие нивни погледи некако полни со сожалување. А највеќе ме болат погледите од татко ми и посебно од брат ми, така некако со тага, сожалување, сочувство а воедно и бес, затоа што некој ме повредил а тие се немоќни да ми ја оттргнат болката и да направат да исчезне. Не сакам да ме сожалуваат затоа што не сум за жалење, навистина добро се држам и добро си го терам животот и секој ден се помалку ќе боли, па луѓе поминале и преку пострашни работи од едно раскинување.

    Морам да признаам дека по малку сум изгубена, исплашена сум, многу години поминаа, јас од кога паметам за себе сум со него, од детенце, целиот живот вложував во нешто, се трудев иако можеби длабоко во себе знаев дека кога тогаш на нашето ќе му дојде крајот. Понекогаш го мразам, го мразам затоа што сум на некој начин уништена, го мразам затоа што понекогаш толку многу боли, и како што ни се наближува роденденот уште повеќе го мразам затоа што тоа беше наш ден, нашиот роденден и од летото го чекав овој роденден, оваа пролет што требаше да ни донесе многу убави работи, и го мразам затоа што уништи се, затоа што ме уништи мене, нас, и се што имавме, го мразам затоа што е глупав и затоа што некои ноќи заспивам плачејќи и... го мразам-понекогаш.

    Се трудам да ги превртам работите, се обидувам да ги гледам од друга перспектива, на пример си велам дека сега ми се сите патишта отворени, во кој правец сакам можам да си го терам животот, да си поставам нови цели, да си зацртам дополнителни амбиции, дека не вреди тој воопшто, и дека џабе ќе се нервирам кога имам само 20 години и понатаму во животот ќе најдам некој што навистина ќе ме цени за се што можам да пружам и се ќе биде добро а него ќе го има само во спомените. И во поголемиот дел од времето успевам да верувам во тоа, ама ете некои денови како вчера и денес тешко ми е. Секој ден е борба, најбитно е што немам ниту малку желба да се навратам на тој пат.

    Кога ќе погледнам пореално на работите не ни треба да го мразам него, јас сум таа што дозволи до тука да се доведат работите, јас не пресеков кога беше време и залудно се надевав, јас сама се донесов до овој степен во животот, факултетот, до овој надворешен изглед, јас сама сум крива што станав олку лабилна. Божем растеме и попаметни стануваме, јас оглупавев. Порано бев многу подруга. Веќе никогаш нема да дозволам своите желби да ги потиснувам заради некој друг, нема да дозволам да сум погазувана и да ќутам, од сега станувам попаметна, еве ветувам! :D

    Мислам дека е добра идеа да станам од компјутер и да фатам малку книга оти како тргнала работава ќе треба да бидам доживотен студент :D Едниот предмет поштено го паднав, си кажав дека нема шанси да го спремам па и главечки да се превртам, и сега треба да се презапише тек наредната година, мене баш и не ми е проблем, сама сум крива затоа што не го спремив и ќе си се сносам со последиците, е сега другиве ќе зборувале со деканот и не знам што за уште една шанса, веќе две шанси имавме, шанси нема бре за трета шанса, и против сум за правење такви глупости, ама единствена сум со такво размислување. Јас сум според верувањата на луѓето, да потенцирам подобро, според моите родители на тежок факултет и ја имам нивната поддршка за се што правам, свесни се дека некои предмети ми се тешки, некои од немарност сум ги завлекла и повторно ме поддржуваат, тоа ми е најбитно и дали ќе дипломирам во јануари(затоа што скоро цела група има завлечено два изборни ќе запишеме уште еден семестар секако) или во март, април, не ми прави голема разлика. Одам на факултет со две цели, да го завршам чесно и додека го завршам да не закашкам некој услов и да паднам во приватна квота. Некогаш мора да се заврши сепак :D

    Инаку празнициве морам да признаам топ поминаа, блиски собрани, па во селце кај баба и дедо, јајцата ми беа хит меѓу децава, со брат ми колку чоколадни јајценца и колку месо изедовме срамота е воопшто да кажам :D

    Заборавив да се пофалам каков мерачки шопинг сум истерала вчера, 8 маички и две наметки сум си купила за 1300 денари, е не го може тоа секој, не :D Спремна сум за цело лето ако евентуално не се искинат после едно носење :rofl:

    Останете ми добри, јас ќе си го чекам важниот ден, и ќе се радувам како детенце на нова играчка за мојот роденден и за матурата на брат ми, како сме го скоцкале, па и каков саат му купивме со моите мх мх мх, не дека ми е брат ама најубав е :lol: и најсилно ќе си го гушнам татко ми на роденденот и се ќе биде добро, затоа што пред некој ден ми рече дека моите гушкања му делувале посебно и секогаш правеле да се чувствува подобро, а јас гуска не му кажав дека чувството е обострано, ама тој го знае тоа, јас сум си татино мезимче, пред некој ден спомнав дека ми се јадат јагоди и ми купил јагоди, душа човек, а мајка ми само превртува очи и се прави строга(као демек таа не не размазува), ви викам јас - луда куќа :D

    Сега ми останува да погледам некоја сериичка и да поучам, доста одолговекувам, времево е убавини, месецов е исто така убавини, на душата сега ми е полесно и така. Постов излегол огромен, се извињавам, и ако сте сигнале до крајов држте по една мечкарска гушка :hug:

    Отидов да учам :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Izaabella, Someonespecial, green.eyes и 31 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Го читам постот на Elennaа и си викам, добро е, не сум единствена :lol:
    Па можам да кажам дека пола од луѓето од моја зграда не ги знам. :$ И некои ќе ме сретнат и ми викаат, ааа колку си пораснала, во која гимназија учиш... [​IMG] А јас не ги ни знам, ама кај може срце јуначко да каже. Срамотилаци. :$

    Туку, празнициве ептен брзо некако поминаа... [​IMG] Епа се што е убаво брзо поминува, особено ако е одмор од школо. :lol: Вчера сите во школо распекмезени, размрзелавени и навикнати 6 дена на непипкање книга, се осеќавме како да е 1 септември. [​IMG] Сме заборавиле од каков материјал се направени учебниците. [​IMG]

    Работава, мрзим кад ми се учи а книга бежи по кучи. :rofl: А моиве учебници некако добиле големи атлетичарски способности. :lol: Ама јас, иако не сум баш по трчањето, успеав да ги фатам. :D
    Вчера географијата ја совладав некако, ни самата не знам како. [​IMG] А темата што ја учиме не е за коментар, ко да треба да учиш податоци од емисијана Бразди а не од учебник по географија. [​IMG] Неверојатно е колку понекогаш учиме навистина страотно непотребни работи. [​IMG] Ама ОК, јас си добив 5че и на книгата и реков ариведерчи. [​IMG]
    А добив и петка за есеј англиски, без ниедна забелешка. [​IMG]

    Абе ќути, се утепав од фалење. [​IMG]
    Имајте убав ден и имајте сите некаква причина да се испофалите. [​IMG]
     
    На ana-girl, Dog-lover и Elennaa им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... каква невидена болка ме акна во десниот јајник, мислам дека ќе запалев некој вчера од бес!
    Ги проколнав и сите дупки по скопските улици, како што се возикавме, при секое клоп во дупка, мене јајникот уште толку ми страдаше од тие ненадејни потреси. Абе ќе убиев некого, еве јавно изјавувам дека некои денови имам вакви Декстерски нагони. :D

    Туку, бившиот ме прелажа да седам и после одјавната шпица на Ајрон Мен 3, зашто обично Марвел во филмовите крие некоја добра крајна сцена и изненадување. Кај локум-газот ми се препоти 2 саати и 10 минути во столчето, чекав скриена сцена уште 6-7 минути, додека да поминат сите од одјавната шпица... а сценава не ја биваше за к*р!
    :devil:

    Па уште толку се разбеснив. Му пратив крајно лута и бесна порака во 01 по полноќ. Сигурно си вика - Фала ти боже што ми ја тргна оваа М од патот и животот. :D

    Тоа обезбедувањето во Сити Мол како фино и зачмаено си кулира во некое ќоше, можев комотно да здиплам 2 кутии Леонидас чоколатца, ма ич да не ми чуе. Ама, бидејќи шетам со морален компас |( (Хуго), ни едно не земав (а можев). :!:

    И тоа ви викам, не убив никого, не украдов ништо... апро по - не се кандидирам за политичка функција. :D
     
    На bittersweet, Doozy, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам..
    Имав ослабено неколку кила, а јас бев многу слаба..
    И сега си се качувам на вага, сум се поправила конечно :rofl:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.