Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е побетер. Дали жените со турските серии или мажите со фудбалот?

    Па добро бе, женската ке ум раскинат не се замараат а тука плачат како пи*ки за еден Фергусон. И ке го прашаш што бе си така тажен? Фергусон си оди. Ама не само он, и Руни си оди. Мислев умрел тој некој си Фергусон .

    Па и Ибрахим паша веке нема да го даваат па никој на фејсбук не напиша за тоа.

    И пак се вракам на првото, кој е поочаен, жените со сериите или мажите со фудбалот?
     
    На anichka94 и GordanaL им се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Лелее како јас да сум го пишувала ова! Браво се погоди. :D :devil: :clap:
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На zarah, AwesomeGirl и Ilusionist им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Деновиве како некоја баба сум и како таксист, само за некои блки зборам и за времето.
    Те заб ќе ме боли, те стомак, те дијареа, па би беше топло и се жалев, сега се жалам зашто два дена по ред наврнувам.
    Полошо е кога е у пар, така пријателски си се изнажаливме до читална денес, како баби пред чешма.
    Али мора да се има крајна граница па и на претерувањето.
    До душа уште не сме извадиле 3та здравствена книшка, па се тешиме не сме го допреле дното.
    Тру стори, белив ме, познавам 20годишњаци кои се секој ден на лекар, зашто прстот ги боли, ги боли косата или ноктите |(
    И така во ваков нефункицонален ден, не ми останува ништо друго, освен да намалам со жалење, и да уклучам 3та брзина во учење.
    Што би рекла енглизите или чичко Шварценегер
    http://www.youtube.com/watch?v=EL8e2ujXe8g

    Ме исплаши, да ви кажам, се уозбилувам.
     
    На bittersweet, Libera, anuskaNESTLE и 9 други им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Фудбалот и бодрењето фудбалски клуб е страст, пасија. Не за џабе е најважна споредна работа на светот. Не очекувам тоа сите да го разберат, ама не гледам ништо очајно тука. Напротив, има милион други очајни и мизерни работи во денешно време, тоа не е една од нив.


    Денов тумурен ми е некако. Мене врнежливо време никогаш не ми делувало лошо, напротив го обожавам. Ама дали дека цел ден го преспав, и сега знам дека цела ноќ пак нема да можам да заспијам :yawn:.


    И ако одолеам да не пробам од сладоледот кој го имаме дома ќе си честитам сама на себе. Ајде иде лето, мора фит да се биде :D.
     
    На manja666, Dog-lover, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Времево ме убива :(
    Зошто мораше да се разлигави :(
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Цело лето ке се посветам на своето тело.Има права риба да се сторам до средно ]:) .Ке ослабам и ке го оформам телово.Имам некаде 3 ипол месец и мислам дека би биле доволно.Потоа во средно ке се обидам да стекнам нови другари и другарки и мн ке учам.Фала богу сега во 8-мо добро стоев со учењето :) ,од септември повторно и мн подобро.Секогаш може подобро.
    На почетокот во пето кога се преселивме,кога го сменивме местото на живеење и училиштето,мн сум променета.И ден денес не ми се допага ниту населбава ни ништо во неа :( .Ми недостасува сеуште и стариот стан и старото мало,ама нема назад ;( .Во пето кога почнавме не знаев да се однесувам како што треба *бев мн лута што треба цели четри години да ги поминав во тоа школо),не знаев дека не секогаш треба да го кажеме тоа што го мислиме и некогаш треба да премолиме некои работи.Од средно друга приказна.Јас ке си бидам јас и нема маска да носам,но нема да бидам толку отворена,нема да се карам и ке премолчам одредени работи.Ке продолжам и искрена да бидам,но се со граница.Многу внимателно.Денес никој никого не сака и секој си гледа за себе.Во никому не треба да се има доверба :shake: .
    Всушност животот е лесен и добар ако знаеме да го живееме.
     
  8. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денеска почнав врска со 5 години постар од мене :$ :clap: за мене :rofl:
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Лута сум сама на себе што не можам да заборавам некои нешта.. а сакам да ги заборавам и те како :|
    некои личности кои не заслужуваат ниту името да им се спомне :headbang:

    Измешани мисли, чувства, нешто одвнатре ми вели дека е тоа во ред, дека и јас имам право да бидам сакана, да го почувствувам тоа но другата страна ми вели немој, повторно ќе бидеш разочарана и скршена.
    Кого да послушам срцето или умот :?: :?:
     
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.639
    Пол:
    Женски
    Го најдов на фејсбук па морав да го споделам
    Може насекаде по Фејсбуков да најдете ГЛУПИ статуси.На пример некој пишуваат:1.Aко некој ме мрази едноставно DELETE ME од пријатели.Па ви се молам.Ако го пишувате на Англиски пишете го цело на Англиски или пак цело на Македонски.А не ,,Ако некој ме мрази едноставно DELETE ME од пријатели,,..Јас ова го сваќам како ,,Ако некој ме мрази едноставно делете ме од пријатели. :) -Како да те делиме жити се? :)
    Или пак друг пример за ГЛУП статус:2.Пишете ми број во INBOX и на ѕид ќе напишам што мислам за тебе.И сега некој ќе и пише 396 и она ќе пише на ѕид:396-Многу ми значиш ЦмокченЦе.
    И сеа таа/тој што го пишал бројот ќе стаи лајк а можеби и коментар
    3.Стави лајк и ќе ти пишам буква и на ѕид пиши-Дали си имал симпатија на таа буква--Дали си имал куче на таа буква--Дали ти значи некој на таа буква- Дали сакаш некој на таа буква-Дали си била у врска со некој на таа буква- ...

    Ало бре боле ме мене СТОЈКО за таа ваша буква и дали имате симпатија на таа буква,дали ќе имате,дали сте имале...Значи ако ви е досадно,излезите надвор убаво е времето,прошетајте малку а не да ми ја пунете почетната со глупости!Благодарам на разбирањето..Догледање :))

    :clap: :clap: :clap: 300 пати БРАВО за напишаново! :up:
    Само да ги додадам оние: ,,Ако не го пратиш ова на 20 твои пријатели ова ќе ти се случи, она ке ти се случи,, ..
    Заклучок:НЕ БЕЕЕ? :shake: :headbang: . И што профит имаш ти од ова? Еве ќе го напишеш и ќе го пратиш на некој пријатели а тие на други и така ке си се шири нели.. ама шо ќе добиеш ти? 100 евра? повеќе? .. пфф. Не за џабе не е фејсбук за сите!!
     
  11. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК добив 5ка биологијаа :party: а книга немав фатено :D цело време така среќна заради 5ката и одеднаш БУММММ единица по хемија на наставното :@ знам не сум за фалење ми се плаче дури :doh: , а многу учев и другарка ми која има 5ка ми објаснуваше и пак ништо :envy: е сега или 2ка ќе ми стави или ќе ми ја остави 3ката, морам да научам барем 4ка да имам ако веќе неможам 5ка, немам извадено 1 уште од 6 одд се 4 и 5ки сум вадела и сега одеднаш 1 :| али тоа е, ајде ќе се поправам јас ''не сум мрза'' ако се заинаетам ќе биде нешто мора!! :)
     
  12. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    И времево како мене е деновиве. :rain:
    Заслужувам да отидам и да застанам на дождот и едно пет-шест саати така да си киснам,да киснам да изнакиснам гуле невидено да станам!! .. Е така ми треба кога незнам што сакам и незнам што барам и незнам што правам!! :fubar:
     
    На Ketrin.Moon и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Денеска пред библиотеката бев соочена со жена кога презриво ме погледна кога ги виде книгите кои ги носам.Мислам малку ќе беше ако кажам дека беше шокирана.Па и коментарот-Леле што читаш,па кога имаш време,па како...
    Искрено не знам како читам,ама читам секогаш кога имам слободно време.Со секоја прочитана книга побогата сум за едно искуство,без разлика за каква книга станува збор.Тоа е нечиј труд,нечија мисла,нечиј живот или само желба да се заработи нешто.
    И сето тоа го почитувам...
    Не постои глупава книга...
    Постојат различни периоди во животот,различни расположенија во кои некоја книга ќе не пронајде или нема да не пронајде...различни афинитети,карактери,а најдобро е кога карактерот на книгата и карактерот на читателот се вклопат,стопат...
    И ги сакам луѓето кои искрено ќе се израдуваат на книгата како подарок,кои кога ќе ја прочитат нешто усвојат,нешто променат.Ги сакам луѓето во кои книгата оставила барем мала трага,се насмевнувам кога некои не ја сфатиле,ама ете слушнале дека е ин...и не ги сметам за глупави само ми е жал што немаат малку повеќе самодоверба , во книгата ма колку и да е глупа ,да пронајдат дел од себе.
    Ама тоа е до нив,не е до книгата.
    Ви спомнав дека најмногу го сакам мајскиот дожд.Убавини...о, да...
     
    На bittersweet, Lux, kravce и 26 други им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК дека веќе ми се здосади од животов! Пред 2 минути се испокарав со мајка ми! И во право бев цело време сестра ми да ја бранат! Еееее па ми се здосади сестра ми само да ме бреца на секој трет збор. Еве денеска не бев на училиште и утре нема да одам, и на мама ако и речам нешто спротивно веднаш ааај да не те пратам утре нашколо. Лелеее божее ја неможам глава да кренам од креветов они нашколо ќе ме праќаат. Да да денес се загушив и не отидов нашколо. Буквално останав без воздух а сестра ми вика ајде доста изводиш. Да бе да сто посто изводам! Јас си знам како ми е. Неможев да дишам веќе луѓе, вистински се загушив! И ајде одиме налекар и докторкава вика дека психички сум многу вознемирена и изложена под стресови. Јас си викам во паметов еее па дали има стресови! Докторкава и вика на мама гушни ја, баци ја, не се карајте, кажувај и смешки. Оооо да смешки, дома има колку сакаш „смешки“... Се враќаме дома јас цела во депресија падната буквално како мртовец во фацата, сестра ми почнува со брецање и поттикнување на кавги, а пак мама ја брани да сестра ти е во право она е поголема од тебе треба да ја слушаш. Ооо боже мили. И така цел ден се караме за глупости. А сестра ми ако ја гледаш така мутава и забегана знае да те избреца, абе тоа чудо. И на крај се испокарав со тато зошто ги изедов смоките и за сестра ми немало а она пред 5 минути ги изеде. Де аман да не се натажи нивното девојченце. :fubar: :( Цел ден се карам со сите(а и они со мене), плачам, се лутам за се, врескам... Ајде одам сега да јадам лепче и кремче цел ден в уста залче лепче немам ставено од нервози... :@ :@ :@ :@ Ајде чаоо. :hai: :hai:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мислам дека на светов нема поголем скептик од мене. Не верувам во ништо, па ни во самата себеси.
    Мора од корен да се менуваат некои нешта.
     
    На Barbie20, Mishela и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    СДК дека после толку време им кажав на луѓето што ми лежи на душа,после толку време јасно и гласно си кажав дека нема веќе да дозволам да ме газат како тепих,а моиве дома ми велат дека на ваков начин ќе сум останала сама,дека време ми е да почнам да правам лице дури и на оние со кои сум пораснала,како тие на мене,демек како тие така јас,со други зборови како некој свири така јас да играм.Знам дека е такво времето ама не можам повеќе да одам против својата природа,некој живее со мене само заради услуги,а јас бев тука секогаш да им се најдам,за лошо сум тука,а кога им е добро не ме рецкаат.Не може веќе вака,ми падна маската ,ама направив и нивната да падне,си ги видовме вистинските лица и се уплашија од моето бидејќи ко гром од ведро небо им се стурив.
    И сега сум осамена со еден куп луѓе околу мене,вака барем работите ќе се наречат со свое име.Прв пат во животот вртам грб на пријател и не ми сеедно,отсекогаш најмногу ме отсликувало тоа што сум добар пријател,не велам дека можеби не згрешив,господ не учи секогаш да подадеме рака и да простиме,ама искрено ми олесна,ми се смачи веќе од толку глумење.

    П.С.Денес сепак ми беше добар ден,ми годеше оваа свежина и овој дожд,ми замириса на пролет.Можеби дождот ќе ми го разбистри овој хаос во глава
     
    На Trnche и Inna5 им се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Долго време не сум пишала тука.Но,што да пишувам кога ништо не се сменило,кога секој нареден пост се повторува,кога секој нареден пост е исполнет со песимизам,празнина....
    Иако нема што да кажам,го пишувам ова сега бидејќи само тука можам да кажам што ми лежи на срце,само тука можам да си ги кажам маките и да си ја олеснам душата без притоа да бидам досадна и да им ја полнам главата со моите проблеми на луѓето околу мене.
    Не верувам дека има човек на кој му се случува ова.Не верувам дека постои човек кој веќе 4-5 месеци чувствува огромна празнина,незадоволство и тага. Не знам дали некогаш нешто ќе се смени и јас конечно ќе бидам среќна и задоволна на секое поле.
    Велат после дождот доаѓа сонце.Кај мене некако ова сонцево никако да угрее. Продолжена есен.... и повторно леат дождови во душава.Само не знам до кога...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Фино и убаво е да се слушне што имаат да кажат постарите луѓе, скоро секогаш се во право.И воопшто не треба тоа да се игнорира.Драго ми е и мило што е тоа така :bow: :bow: Да му е мерак на човек, муабет да си направи со нив :) Премудри се :!: :geek:
     
    На Someonespecial, Antoninaaa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    докториве мислам стварно се ненормални-ама затоа секогаш постои ВТОРО мислење :!:
    тој мене ке ме ставал на антидепресиви :swear: што ке биде со мене по 10 години бе генијалецу :fubar: начинот на кој мозокот ги примал информациите реагирале на цревата-објаснувањето му беше, а од еден психијатар што одев порано ми препиша антидепресиви ги купив, ама ги ставив толку високо да не ми текне дека ги имам дома :!: зошто ли ги купив се прашувам :worried:
    најпро од се ги гледаше типов последните анализи и ми вели добро е а мака ми само што ги погледна ми кажа дека сум слабокрвна, а тој ко доктор да не забележи :x ама добро, ми кажа кај кој доктор да се обратам ке си закажам кај него и ке одам, па да видиме што ке ми каже.

    другарка ми си замина за Белград :doh: се надевам дека убаво ке си помине и дека конечно типот во кој е заљубена ептен ке почна да ја третира онака како што заслужува т.е. да и возврати :) заслужува да биде срекна оти и таа е ко мене :worried:
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Вкусот на оладеното кафе.
    Некако таков ден.

    Дождов, го замолувам да има усул. Со кабаница и чадор, и подморница и кану ќе треба да одам накај Музејов за на семинар.
    Ептен англиско време, во дослух со професорот што ни доаѓа од Кембриџ. Вчера во сон блаботев на англиски, припрема пред Големиот Гетсби, вака метафорично.
    Ќе ни нудат стипендии, мене расположениево ми е на ниво на канализација.
    ПМС лудило. Мимоза салата за вечера, фудбал на пола око, Wish you were here книгата е поп лимонада што ја препорачувам, студ во мешето и јорган на осми мај.
    Го гушкам, ме фаќа паника за Нас.
    Многу нешта се во фаза, процес, динамика. Се уморувам. Сакам сонце на деколте и сјај во очи. Еве, ветувам јаболко за доручек ќе јадам, наместо лиснато од Ла Делишес со јогурт. Знам дека е побавна таквата стрвност.
    Сакав да кажам, ми паднал моралот некаде по улициве, мож треба да го побарам.
    Не оној морал за бивање човек, ами турнимедакинисам желбата. Ете така.
    Оладено кафе. Само те буди, а вкусот... Горчлив.
    Животов, таков е. Еден ден мед, друг ден пелин.
    Што се занесувам, не знам. Ќе бидеме ок.
    Само да ги држиме очите отворени.
     
    На Elichka, Primavera, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.