Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ако ваљда ке си го дочекам моментот кога работите што ги сакам ке ми паднат од небо...
    И така ке си чекаме , ке си чекаме ... дур не се свестиме дека заминал возот, пошто нели чекаме ....
    И чекамееее ...
    чекамееее...
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    треба животов максимално да се изживее :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Беше :rain: но јас бев :rofl:, сфатив дека не е се во тоа да се биде :rofl: па почнав да :?: си велам што ти е тебе девојче, застанав пред огледало се :makeup: и излегов у град шетав цел ден, и да убаво си поминав..иако не ве интерсира јас да си се пофалам ;)
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК ПРЕГУ ГЛАВА МИ Е ОД ЛИЦЕМЕРИ И ЉУБОМОРНИ ФАЦИ КОГА БИ ИМАЛА НЕКОЈА ВЛАСТ СЕ БИ ИСПУКАЛА ДО ЕДЕН ВЕКЕ ПРЕКУ ОНА МИ СЕ ДОЈДЕНИ САМО НЕЗНАМ ДО КОГА ?? :wasntme:
     
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Имам 21 година а се чувствувам како да имам 38.
    Освен тоа што јадам здраво во секој друг поглед се чувствувам ко некоја старица. Пушам, почнав и да пијам, не спијам по цели ноќи, одам на работа со подочњаци, немам кондиција ни за да отидам до продавница. :tmi: И никогаш не ја живеев младоста како сите останати, секогаш бев многу по озбилна отколку што требаше да бидам. Малце и ми е криво заради тоа.

    Денес подарив 2 маченца на моја блиска другарка, и сега некако чудно ми е без нив, ми фалат ама ме теши тоа што барем ќе имам можност да ги гледам. Едно од малите решив да си го оставам за мене, да си го збогатам моето царство што ме прави најсреќна.

    За среќа факултетот иде во нагорна линија, се оправив малце, се надевам дека се ќе се среди па ќе можам да спијам мирно. Ама таман кога ќе помислам дека ете се подобруваат работите мора да се најде нешто да ме изнервира. Да се пофалам дека денес за прв пат добив казна, затоа што немав врзано појас, решиле да пишат некоја казна па мене ме најдоа. Баксуз невиден сум.
     
    На Lepaaa и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  6. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Сакам да кажам..Иан Сомерхалдер е слободен,така да Иане im coming! :devil:
     
  7. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Ми ја украде мислата :D . и јас исто така си велам. Решив да излезам и има шт да видам :rain: Си велам е нема дождот да ме спречи и бев голем оптимист мноооогу убаво си поминав... Девојки нека не ве спречува времето да уживате, еве доказ дека може убаво да се помине и на вакво време ;)
     
  8. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62

    Значи Меченце, не можев а да не искоментирам. Ме расплака постов, секоја чест. Те обожавам!
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Значи колку се нервирам ! Помина месец ипол од испитот и уште нема резултати, аман.. Нестрплива сум, исплашена сум, паничам, само на тоа мислам. Презафатена сум месецов, малку спијам и не знам како ќе издржам и од каде ќе најдам енергија. Ама ако преживеам..леле, леле ако преживеам и ако се помине како што треба - има да пијааам цело лето, пивооо пивооо и журкање !! Четврта година по ред како само работам, немам ни една недела слободна да отидам на одмор како човек, ама ништо нема да ме спречи да уживам, да излегувам и да се дружам ова лето ! Ќе најдам време бе ќе најдам за се. И да си се пофалам, многу сум горда на себе си, учам, истовремено и си го потам и газот да заработам нешто да се снајдам сама и да прежиевам. Премногу сум благодарна на моите што ме научиле сама да се снаоѓам, едноставно да ми беше се сервирано и на готово, и да не беа сите тешкотии и фининаскиски кризи низ кои поминав во животот, немаше да сум она што сум денес.

    [​IMG]

    I miss my family so bad :(
     
    На Elennaa и Doozy им се допаѓа ова.
  10. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    СДК
    Роденден ми е. :party:
    Кога бев во средно мојот роденден ми значење ближење на летниот распуст. Сега ми значи ближење на испити. :rofl: Ако само за убо за арно да е. :lol:
    [​IMG]
    Има за сите. :!:
     
    На Lepaaa, bittersweet, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Хенри Мур е многу поубаво и сликовито кога го гледаш од дистанца, настрана вревите и цела таа медиумска глупиранција, вештачка авангарда и лажни вредности.
    Многу е едноставен, чист, затемнет, посветен да го исполни просторот со облини.

    Уште подобро е ако во ателјето имаш креативна работилница со професор кој сите чакри му се во тотален зен, зборува тивко и со некоја радост во себе, носејќи чудни емоции кај сите нас.
    Дланки. Сте помислиле дека речиси ниеднаш не сте им благодариле на вашите дланки? И колку треба да си ги сакате? На овие десет прсти, што за мене значат живот?
    За некого значат работно место. За повеќето. Куцање, пишување, сликање, скулптурирање, вајање, шиење, готвење, сликање. Се поврзувавме сите, преку рацете. Нашиот културен месинџер кон она што го создававме. Поеми од Водсворт и Езра Паунд. Цртање раце и прсти и играње игри, како деца. Поезијата, е всушност, правењето слобода. Да си слободен. Да не мислиш на академската глава, арбитрарноста, критиката. Да се пуштиш себеси во sumliminal зоната, кај што лежи сета твоја личност.
    Многу инспиративен ден, многу убава енергија. Сакам пак.
    И покрај тоа што после тоа бев на работа, се исцедив и повторно останав на нула, барем точно знаев која сум и што сакам.
    И ме фати тага, нормално, зошто не го работам она што го сакам, а обврските мораат да се исполнуваат.
    Денов, му ветувам барем петка на рачето. После одам во Култура, да го наградиме добитникот за дизајнот, носам чоколада и надеж дека вратите ќе останат отворени кон личните светови.
    Со моиве раце, можам барем тоа да го сменам. Својот свет.
    Мора и треба да се прават нови потези.
     
    На Hopeful, anabel-a, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога повторно би се запишала на студии, би избрала да студирам дипломатија :!:
    а тоа дека сакам да научам да шминкам-професионално ми е неостварена желба па се надевам дека некогаш ке се отствари-надежта умира последна :!:
     
    На LilBaby, Jagoda123, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Хеј Џуд, што да ти кажам :^) Лесно ти е тебе, ти напишале позитивна песна. Мене маршмелоу колачињата дома ми танцуваат и пак нема ефект. Утре позитивен ден, Боб Марли, трева, сонце, музика...а јас сигурно до доцна на работа. Не е ни рекорд всушност, цели 13часи (не преувеличувам) на работа да заглавиш. Спремам одмор на Карибите, фактура гласи на фирма. Или пак ќе завршам како теткава
    [​IMG]
    На бродот во Вардар. Што е поверојатно.
    Некој ме исцицал до максимум, штом 2 недели не можам од глупавово расположение да излезам. Не некој, самата јас. И ја гледам неа, колку сум горда. Ме радува до солзи. Храбра е, знае што сака, работи на тоа, колку е Јас од пред неколку години. Сме си ги размениле местата. Сакам во се да успее, горда сум што сум и пријател. И се смееме глупаво, на глупави фрази и песни, и конечно една ноќ да заспијам без сите овие мисли што до бескрај ми тежат.
    Нема магични апчиња, нема само од себе да пројде, има само многу работа која никако да тргне. Од утре ќе биде подобро...кога тоа проклето утре ќе дојде?
    Ми се натрупуваат работи во конзервава, молчи и работи за да не мислиш. Всушност...ми треба помош. Ама устава не се отвара за да ја побара.

    Рипнете ја депресивнава крава, затоа што сама си е виновна.
     
    На bittersweet, Elennaa, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.474
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво и исполнувачко чувството кога на некој кој те направил г* и партал му одговориш смирено, на начин уште пољубезен од оној на кој си планирал да му пријдеш. И ја гледаш таа личност како излегува чад од неа и исчезнува полека како ѓаволите во Македонски народни приказни кога ќе им се спомнеше Господ. Јас излегов зрела и сериозна, културна и отмена, а таа излезе простача и пол пред еден куп луѓе кои па и не беа баш за потценување според нивниот углед.

    Мх. мх, мх, мераци ... чувството е исто како она кога ќе добиев петка физика у средно. :dance: :rock:
     
    На Lepaaa, Hopeful, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  15. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Јас сум ненормален или сум ненормален. Шо ми требаше она вчера,... и завчера :drunk:
    Знам зошто, ми погодија 3 песни по ред. Одма после Деад Кеннедис знаев дека ке продолжам. Па и песната беше - Тоо друнк то фуцк :lol:

    Денес детоксикација, книга, кревет |-) . По тој редослед. Промисе.
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Пичките вака,пичките така- Check in Kala.

    Те следам пријателе веке извесен период.Не дека сакам или дека твоите длабоки мисли ми се инспирација,туку дека морам. Додуша не морам ,ама оставам да видам до каде ке оди твоето незадоволство од женскиот род.
    Постојано нагласуваш дека немаш ништо против женскиот род,дека многу ги сакаш и ги обожаваш пичињата ама секоја твоја втора реченица е подругавање на истите.
    Не те разбирам стварно,а уште помалце не сфакам што ти дава за право да кажуваш кој каков е во Скопјево. Не викам не , за многу работи си во право и ти симнувам капа но гледајките и познавајките која пропалица беше трагично ми е коа некој како тебе ке земе да соли памет.

    Во нашиот ни убав град секогаш имало и ке има различен тип на луге. Не можеш да очекуваш дека во Кала ке има луге кои денсаат се смеат и се зезаат,кога знаеш дека таму идат најголемите wanna be фраери и спонзоруши. Ти сметаат ?!? Смени го местото на излегување. И јас еднаш отидов таму и ми се згади животот кога до мене застана свиња стегната у минич и деколте до пупак. И ден денес уште имам кошмари од таа слика.Сакаш да праиш check in во Кала-трпи ги ! Сакаш да бидеш виден на "fancy" место-трпи ги.

    Нашиот град изобилува со убави места за излегување,изобилува со уште поубави луге во нив. Изобилува со ноки исполнети со смеа,ноки исполнети со играње на подиум додека не те здоболат нозете . Улици и места кои будат спомени кои изнудуваат воздишки.Треба само да му се препуштиш на градот и да оставиш тој да те води.

    [​IMG]
     
    На VIN.diesel, Doozy и tinan им се допаѓа ова.
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Како сакам да се прошетам сама низ Скопје ,онака бесцелно да лутам , да си купам сладолед и да седнам да некоја клупа на плоштад и да уживам во мојот град ,имам таква потреба. :)

    Сакам и да си ја купам книгата за која собирам пари.Сакам и да седнам во мојата соба покрај прозорот да ги набљудувам светлата на градот .Уживање.Едноставност.Не чини пари а ти пружа душевен мир.
    Сакам и да заминам некаде а кога ќе заминам ужасно ми фали мојот град ,би прелетала до дома.Ама кога си далеку такви мисли ти доаѓаат на ум.
    Сакам и да завршам со испитите ,и со книгите во раце кои ги купив оддамна љубоморно ги чувам само за мене а не ги ни дипрев, ме чекаат да ги прочитам.

    Грст желби. :hai:
     
    На Elennaa, kikav и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    До 30-те се живее,од 30-40-те се створува-така велат!
    Да го правиш она што сакаш и да живееш со оној кој сакаш.Гледано по мене јас сум ги за***ла и двете работи.Единствена сатисфакција е дека можеби децава ќе израснат во добри луѓе,ама тоа секако е нивен живот не мој.
    Во последно време се обидувам да бидам остварена во духовна смисла.Фокусот ми е во желбите,тежнеењето маните и вредностите да се употребат во вистински смер.Од животот многу нешта се научуваат.Најважно е да се биде опкружен со позитивни луѓе.Од една страна ги гледам моиве како не се потресуваат ако добијат слаба оценка,маж ми не се потресува ако се начука и цел ден и ноќ му помине во спиење.Жално е што чашата изгледа само јас ја гледам половина празна.Остварувањето како човек и како жена не се постигнува со постанувањето мајка,сопруга или ако изградиме добра кариера.Нашата душа се остварува секоја секунда ,од раѓањето до смртта.И секоја секунда се смета и е важна.А најважно е да умееме да се сакаме себе и да ги прифатиме другите.
    Си земам за слобода да цитирам една мисла.Остварена жена е онаа која младоста задоволно ја оставила зад себе,а е доволно сочна да во староста со задоволство зборува за неа.
    Не дозволете ниту еден ден,ноќ месец година да ви помине неприметно,не дозволувајте им да ви се слизнат низ рацете,за да еден ден не останете со празни раце и поглед...
     
    На Hopeful, bittersweet, Mrs.Bass и 9 други им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Погледот од мојот балкон!
    Ете го воспримам веќе три месеци. Ми ги буди истите чувства кои ги имав кога бев на еден ден во Монако. Пред мене набљудувам зеленило, смирение, чистина! А кога роси ситен дождец проследен со сончеви зраци е најмагично.
    Зборувам за зелениот дел од Монако, не оној луксузниот.
    Да не ме сфати некој погрешно и пак дрско да ми се обрати. Има секакви нели. Не би!

    На човека може да му се отвори широк и весел светоглед во моментите кога ќе погледне малку понастрана од принципите и закоравените правила.
     

    Прикачени фајлови:

  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    СДК многу.
    Имавме возбудливи и убави празнични денови.Со големо друштво,надвор од Скопје,со блиски и пријатни луѓе.
    Јаготката на шлагот беше дека сестра ми ќе се мажи.Ја побарал и рекла ДА.
    Нека имаат среќен и убав брак.
    Маж ми среќен,баџанак ќе имал,што роднина ќе беше тоа... :rofl:
    Сега следуваат пдготовки за свадба,едвај чекам.
     
    На Lepaaa, Hopeful, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.