Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Ја на**ав квалитетно. Минатото се врати да ме касне по задников ми. Си заслужив.

    Ама нели доброто со добро се враќа, кај е сега моето направено добро да се врати кога очајно ми треба???

    Денес ќе ме биде или не. Врв или дно. Ама буквално дно. Ќе се откријат моите најмрачни тајни, ќе се изгуби тешко стекнатата доверба кај родителите, се` ќе се изгуби.

    А јас не знам што да правам. Првин бев шокирана, па ме фати паника, па по едно 5-6 цигари и 3 шолји кафе почнувам да се ладам, летаргија ме фаќа, апатија, безосетност.

    Што треба да биде ќе биде, така нели? Никој не може да се издигне дур не умре бар еднаш, така? Но зошто смртта мораше да се деси на ваков никаков начин? Зар не можеше нешто поинвентивно да ме удри? Да не бидам клише? Не прашувам зошто јас, си го знам одговорот. Ама вистината е ПРЕтешка за признавање на кој и да е. Премногу ќе боли, премногу срца ќе скршам. Не дека некому му е гајле за моето, искрено, ни мене баш не ми е гајле за моето...тоа ми е најлошата карактеристика (а верувајте, ги имам за извоз), секогаш другите се на прво место....

    Блаблаблабла можам да ви цимолкам и кенкам тука до утре сабале ама ништо нема да се смени. Ниту пак некој може виртуелно да помогне. Ама полесно е кога јавно и анонимно (оксиморон?) ќе си признаеш колкав дебил си и клошар.

    Иронијата во се` е што единствениот човек кој може да ми помогне е баш оној што ми го предизвика сето ова. Нешто потсвесно ми вели дека ќе ми помогне, а од друга страна црвот на сомнежот не да ме јаде, ме распорува. Што ако не? Чекањето ме убива..3-4 саат, има уште цела вечност...

    Дури и да се случи чудо и да се извлечам од ова делимично, пак ќе мора да исплетам шал од лаги (жал) на најблиските...што самото по себе ме прави уште поголемо ништожно суштество.

    Што сум дробела тоа ќе си сркам.
    Епа нека ми е наздравје.

    И не, не ветувам дека ако се` излезе океј денес ќе станам верник. :worried:
     
    На Elennaa, zhap4e, prettyliar и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    На сто дела да се разделам па сите нема да бидат задоволни.Сите наставници на тебе се дерат.За се си ти крив!После извини епаа ло се не се решава со ивини.Нели годинава ќе има Екстерни тестови па и годишни тестови во исто време ќе правеме.. ее стварно немат осет..
     
    На Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    СДК дека изедов цел голем чипс иако знам дека треба да го намалам стомакот и сеа му се џитнав на сончогледот и сакам да престанам да јадам ама неможаааам! :(
     
    На Jenniffer, Someonespecial и kikav им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Кафе и сладолед во двор, убавини!
    Убаво ми е на душава, исполнета сум со љубов и среќа. Имам некој кој ме мотивира, ме исполнува, ме почитува целосно. Во последно време и не пишувам, не зборувам нешто многу со луѓето, некако сите мои мисли сакам да ги споделам со него. Кога зборувам со другите обично се врти тема околу нивниот живот, а јас само можам да наспомнам колку ми е убаво и задоволна сум од кога сум со него. Па и нема ни зошто да спомнувам кога сето тоа се гледа од моето лице и поглед.
    Ме осудиле зошто бил постар... Мхм, па добро. Јас немам ништо против тоа кој што мисли за него, за мене. Повторно ќе го шетаме градов држејќи се цврсто за рака.
    Знаете секој прави свој избор. Секој и знае зошто го прави тој избор.
    Мене ми е само важно да сум среќна, да имам некој кој ќе ме подржи во одлуките, некој со кој можам да го поминувам моето време и да биде исполнето, убаво, без муртење и натегање. За среќа двајцата гледаме исто.
     
    На Elena-97, Waka-waka, Adi888 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Дотерани, средени, убави сите од глава до пети, ама домашно воспитување на нула ниво. И што ако си убава и дотерана кога не знаеш како да се однесуваш?!

    Култура, Бон-Тон, домашно воспитување А ШТО БЕШЕ ТОА?! Секоја чест на исклучоците! :D :D

    Ако излезам денеска уште еднаш од дома незнам шо не ке сретнам!!!!!!!
     
    На Lepaaa, tweety26, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сложена е психологијата на луѓево. Никогаш ништо не може да им се погоди. Лакомост, злоба, завист, себичност и инает водат војна низ нивниот организам. А да, секоја чест на исклучоците оти ги има и такви.А тие што не се исклучок богами ги има повеќе. Те опсипуваат со негативна енергија, а ако нив им е лошо има и тебе да ти биде лошо, а ако нив им е добро не значи дека и тебе ќе ти биде.Низ целиот мој живот бегам и се плашам од животни. Погрешно... Бегам од оние кои не треба..:)
     
    На Djevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Она коа ќе дојдеш да кажеш едно, а ќе налеташ на друго што ќе ти ја пресретне мислата, како на пример ова
    [​IMG]

    Извинете фанови :)

    Она што сакав да го кажам, е дека успех и само успех засега на факултет, одлично иде до максимум. Ајде уште еден за полагање и после распуст, уф едвај чекам не знаете колку многу ќе го ценам распустов, како никој досега :muscle: :sun: :d:
     
    На Lepaaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Кон крајот на месецов ќе завршам едно големо поглавје во мојот живот. Ќе сменам работно место, фирма, колеги, околина. Ѝ појдов на шефицата да ѝ кажам и ми вика: Браво, супер, баш ми е мило, за после некое време пак да ме викне во канцеларија да ме убедува да не си одам и да ми ветува подобри услови и повисока плата. Плус, ми вика, ние не те гледаме тебе ко вработена, туку ко наша, личност со карактер ( а до вчера беше сѐ спротивно). Како и да е, само ѝ реков: Веќе потврдив. А во ум си викам: Цркни, не ми можеш веќе ништо. И така.

    Убав е денов. Не е многу жешко, си ја зедов Pulp од Буковски, демек да читам на работа, ама не успеав. Цел ден мислам, премислувам, размислувам шо и како ќе биде и решив да не чекам веќе и да си ги земам работите во мои раце

    На работа сум уште 20 минути, па ќе идам да искулирам со некое фрапе и кафе-муабет со С., со која некако ко да сме во иста ментална состојба.

    Викендот е тука, ама обврските не стивнуваат, утре ќе треба да станам рано, многу рано и да завршам некои работи, ама затоа после ќе се откршам на Боб Марли Деј и на Фолтин на Виноскоп. Недела ќе ѝ ја посветам на сестра ми, на спиење, на другарка ми и на цимерите.


    Пивнете по едно пивце утре и уживајте во раста духот што ќе лета над градски парк.


    :) Ај фил најс, луѓе, многу најс. Нека потрае :)
     
    На Trnche, Elennaa, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Најдобрите работи секогаш доаѓаат кога најмалку очекуваме.
    Итс сач а бјутифул деј.
    Се чувствувам убаво луѓенца. Бидете среќни. Го продолжува животот ;)
     
    На zhap4e и kikav им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК драго ми е и мило што интуицијава никогаш не ме излажала, со тоа што предвреме ги разоткрива некои работи.Се осеќаат некои работи, колку и некој да ми ги негира истите.Се ужаснувам од тоа како се толку добро, мајсторски камуфлирани :x И не е сефте, ама ете без зборови ме остава.

    Луѓето не слушаат она што го збориш, туку она што сакаат да го слушнат и не отстапуваат од своето, убедени се дека е така.Кога ќе им се каже вистината, па се лутат.Па ај добро, нека мислат дека е така, иако не е, ама нема врска, секој си го тера своето.Ма, какви принципи...Замижуваат пред реалноста, па продолжуваат по своето...Туку, човек ако сам не се почитува себе си, никој друг нема да го почитува.Ништо не е случајно.
     
    На zhap4e, ozbilnazena и kikav им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...за просто македонче само мотиката , можеби звучам ладно или остро ама бре не не бива.
    Идиме со билдерецов да видиме датуми слободни за регистрација , и прво во една општина( небитно во која) претпоставениот се кара со странка , од л..о подолу го напрај без ронка совест и култура.
    Решивме магла од таму д а фатиме да виидиме дали ќе најдеме подобро :^) :o :tmi: :D

    Тропаме на врата си влегуваме културно( во сосем друга ) си прашуваме и наднаш -земјотрес од зборови и од викање имаше , не побрка пред врата да прочитаме како сипаници да имавме .......
    Џаболебари ...не помисли дека тоа време што го потроши во кавга и грди зборови , ќе го потрошеше на тоа што го замоливме кое немаше да трае повеќе од минута .......и после нека ми зборува некој како од нас ќе бидело Европска раја .С`кнт
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Петок е бе, па и вие шо безусулни сте.... :D

    Шала на страна, секогаш когса треба да завршам некоја работа во петок се осеќам како кривично дело да правам. Не постои институција во Македонијава каде што не се погодил барем еден да ме отера кај треба и не треба.
     
  13. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Време е Торте да престаниш со глупите,банални мисли што ти се вртат во таа главата. Чао,пријатно !
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред некој ден ме фати паника до кога ми е рокот за паузата на студиите-нели се ставени 2 години во мирување, и си ветив дека денес ке одам и отидов и едната од вработените ме знае и ми вика па кај си ти-јас си мислам молчи не ме прашувај пропагам од срам па ај дополнително им го продолживме мирувањето од 6 месеци до година дена :$ да речеш глупаво не е , само што е многу незгодно-не можам да најдам работа а мајка ми е единствена вработена дома па ми кажаа една навистина добра вест-се доделувале економско социјална стипендија лани и преклани-првата година школарината била бесплатна, лани со 50% попуст а оваа година ке видиме-ке појдам пак кон крајот на Мај месец па ке видиме
    ми понудија на повеке рати да плакам :* :hug: до нив навистина се срцки па ке видиме што ке правиме

    а пред да стигнам таму-одев пеш да се размрдам малку и да заштедам некое денарче а не е баш блиску сонцето го глава ми удри и почнав да бладам :lol: па така да влегов во една поликлиника за да си земам кафе од кафематот ко за беља-никој немаше да ми раситни пари и ми излезе пред мене еден дечко со кој учевме средно-исто училиште, различни класови-се плеткаше со една соученичка од мојот клас и кога го видов :o ко вујко ми ми заличи-така и го нареков и му кажав те помешав со него и тој-натолку стар ли ти личам и цело време ме гледаше чудно, ко од друга планета и што правиш, што правиш-тебе те правам од тесто-бог да чува а синчето до него-најверојатно е женет ни бурма ни ништо види види-се ми е јасно а кога му спомнав за на ф.б. дека не можев да го најдам е како ме нема, сакав да му речам бе будала ке ме правиш море :fubar: му кажав како може мене да ме најде ама после се покајав-му се познава дека е женкар со тапија :puke: тоа не бев јас :shake: беше мојата заспана страна :D
    а на крај кога за малку ке ми испаднеше чевелот :rofl: крај-зини земјо голти ме
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Познато нели :D


    Жени: Сите мажи се исти
    Мажи: Сите жени се исти
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Осеќам дека ќе биде убаво вечерва. :) :rock:
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :!: најдовв детелинка со 4 листа :) :)
     
    На kate21, Elennaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Сабајлево мн се натажив.Многу ме погоди.Чекав автобус и го сретнав дедото што работи на пазар,на тезга продава облека и се мн добри пријатели со дедо ми и баба ми,а и секогаш кога бев помала купувавме од таму за облека и не само за мене,туку и кога купувавме со мајка ми поклони за роденден,навистина квалитетна облека.
    Јас: Добрo утро.Како сте?
    Дедото:Добро утро.Се обидувам да бидам добро.Ти како си?
    Јас: Добра.Како е баба *****?
    Дедото..Си отиде..Јас доагам тука кај син ми....
    Јас: :o Нека почива во мир.
    Дедото: Со сета сила кажа поздрави ги твоите дома.
    Целиот беше скршен,не ни можеше да збори,а мене ми потече солза.Навистина тажно.Сепак не беа толку стари...А и после толку години брак многу си се сакаа,помагаа и почитуваа.... ;( ;(
     
    На Doozy, liliput22, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сте слушнале за она дека доколку нешто цврсто го посакуваш, ќе ти се оствари? Кај мене е обратно. Никако не можам да го добијам тоа што го сакам и никако. А тоа што не го сакам ќе се плетка околу мене.

    Тешко ми е, и не поминува никако :( Имам рани на срцето, а не можам да го добијам лекот за да ги излечам, мора да чекам природно да заздрават. Смачено ми е веќе. Ми стои таа грутка во мене, и посакувам кога ќе издишам силно да ја нема веќе, ама тука е пак и пак ;(
    И не ми е јасно како сум можела да бидам толку слепа досега, како не сум сфатила ништо, како сум дозволила да верувам во се што ми било пружено, како сум се задоволува со тоа што го имам, а не сум го имала основното.
    Секогаш сум била скромна и сум го сметала тоа за богатство, а сега веќе почнувам да сфаќам дека сум можела и многу повеќе!
    Се надевам дека еден ден ќе го проголтам сето ова што го изнапишав и ќе испадне дека џабе сум се нервирала. Подобро така.

    Знам дека би била осудувана од многумина во близина, бидејќи најлесно е да осудиш човек без да му погледнеш длаболко во душата. Само сакам да заврши ова и да ми биде уште повеќе мака зашто сум се грижела олку.
     
    На Trnche, Lepaaa, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кога знаеш дека е дојдено време да дигнеш раце од нешто? Си смислувам мали оправдувања, за суровата реалност на човекот да ме плесне во лице речиси секоја пат. Не можам да кажам дека сум разочарана од луѓето, не сум ги запознала сите. Разочарана сум од поединци, од оние на кои мислиш дека ќе бидат тука и после се, а полека сфаќаш дека можеби никогаш и не биле.

    Мутав петок со оние кратки-слатки задоволства. Сладолед со мајка, смешка со другарка. Многу банки, вжештени и смрдливи автобуси и напразни оговарања и коментари во нив. Посакувам букет гербери на биро а не натрупаните зимски капи и марами.

    Џиш. Од живот, од луѓе, од рингла.
     
    На zarah, DzingrlakaDzikica, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.