Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ауу конечно викенд.Со душа го чекам.Цела недела сум некако нерасположена, разочарана.Преку глава ми е од лицимерни луѓе кои само што ќе го свртиш грбот веднаш зборуваат.Насекаде ги има но искрено не очекував вакво нешто.
    Па и под стрес сум поради училиштето..сега екстерно сите се плашат, професори се закануваат.. се надевам дека ќе го укинат.
    И да, планирам овој викенд да го искористам, да не се замарам со ништо.
    [​IMG]
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Не знам како луѓе, кои усните, у овој случај прстите и копчињата на тастатура, ги користат за најгрдата форма на комуникација, трачарењето, го однеле на некст левел, т.е. темава поарно да си ја крстите „Сакам да трачарам ...“, се нашле да судат чии постови се плитки, а чии со длабочина. Не ми се верува оти постови у стил на „добив, уморна сум, цело утро се возев у градски“ се постови кои се длабоки. :D
     
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
  4. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    СДК дека веќе не ја читам темата "Собирам пари за"...






    ..бидејќи магично се јавуваат работи кои ми се "потребни". To eat or not to eat, that is the question :$
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мозочево кај и да е ќе почне да ми сигнализира: There is no space left on hard drive.
    Error. Error. Error. :|

    Многу материјали, испити и трудови за многу кратко време. Почнав да се шизнувам.
    На сметка на тоа, немам јунска сесија. Па со душа чекам да дојде крајот на месецов, за да ги одморам мозочниве ќелии. И јас заедно со средношколците и основците ќе му се радувам на јуни.
    Додека преведувам податоци, фаќам забелешки и креирам табели, си разгледувам понуди за летово. И правам агенда за распоредување на фамилијарното лето. Кога да се оди на одмор, кога да се оди на планина, а кога да се реновира дома. Слободни денови, стар одмор, нов одмор, испити, полагање матура, уписи на факултет... Тешко е да се ускладат четворица со различно распоредени обврски. А машала и трошоците ова лето се многу поголеми. Тек од септември ќе видиме како ќе оди со две студентки дома, од кои едната на постдипломски.

    Туку, не знам зошто, ама секогаш кога планирам да си купам наочари за сонце, надвор врне дожд :^)
    Универзумов ми контрира ептен во последно време...

    Патем, многу ме интересира што прават моиве слушалки од mp3ката додека ми стојат во ташна.
    - Dear headphones, please stop having wild sex in my handbag |(
     
    На mims-89, Lepaaa, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Гледам што сум пишувала ко помала и ми доаѓа да се завиткам во фолија и да се фрлам во Хирошима.
     
    На Dog-lover, Elennaa, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ко што реков дека на роденден ќе си поминеме добро....У право сум била.
    Уште ми се пее.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZhWshuP3BU8

    Мееееееееееени се не спава.
    Нееее буди блесаваааааааа....
    :rock:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... самата помисла дека секогаш, секаде, сè завршува, ме исполнува со ужасна тага и немир.
    Знам дека овие мисли се беспотребни, тој е животот, еден, така се одвива циклусот на раѓање и смрт, никој не е вечен, но наместо да ме успокојуваат овие мисли - мене ме јадат ненормално многу, ме расплакуваат, не можам ни сама да опишам како се чувствувам, грдо и празно.
    :| ;(
     
    На sparklie, Lepaaa, tweety26 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека после толку чекање ,конечно се зедовме со дечко ми.си живееме заедно..друго што можам да посакам.
     
    На Lepaaa, tweety26, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Старо правило:
    Кога им требаш, сите ти се пријатели.


    ДА посакував то шо се случи вечерва немаше да се случи :rofl: :rofl: :rofl: немате појма колку сум срекна од 6ка до 6ка сум насмеана како и да е најубавите нешта се случувааат скррос случајно Имајте убав викенд :rofl: :rofl: :rofl: ај јас ке спијам сега срејкна пресрејкна ............
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Сум изгубила многу битки...не ми е жал...и поразите се дел од животот.Секоја победа сум знаела да ја прославам... секој пораз со солзи да го испратам... така тоа обично иде.Кога сето тоа ќе го ставам на хартија... ниту сум посреќена... ниту попаметна од вчера. Само отрпнав... сѐ повеќе... на удари... на увреди... Сѐ поднесувам... сѐ пребродувам,многу полесно.Животот ме мачеше... ме туркаше... но и ме учеше.А јас и понатаму чекорам напред... не вртејќи се назад...
    И понатаму со насмевка на лицето... да ги лутам непријателите...и да ги веселам пријателите.
     
    На tweety26, bittersweet, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Аххххххх...мислачки наши, црни и големи.
    Трендафилке, мила моја, не си единствена, о верувај не си.

    Порано секој пат кога ќе ми текне на тој невечен живот и на крајот, веднаш некако умеев да замижам длабоко со очите, да ги стиснам, да ја затресам лево десно главата и да си речам, не не, не мисли на тоа, далеку е, не мисли ич на ништо такво.
    Но сега... - Сега не можам. Се почесто ми идат тие црни мисли, се почесто ме фаќа таква гадна параноја, тој гласен страв кој ме избезумува... :doh:

    Но, најболно од се е како цел живот и викав на мајка ми да не си прави секакви филмови за нас - мене и брат ми, кога сме испаднати, да не мисле секогаш на најлошото, да не биде исплашена и смешна, а еве ме сега, старата Ана, слика на мајка си, со ист степен на параноја го чека брат си да си дојде за да и се ослободи душичката и да легне на раат, пошто знам дека е со кола испаднат и дека можеби пие.

    И пак ќе речам, свака им част на оние ладнокрвните, е тие ќе живеат сто и една година.
    О не, не ги осудувам, напротив, сакам да сум една од нив, ама кога не ти е пишано да си таков, не си.
    Тоа не е нешто што можеш да го смениш, за жал.
    Затоа ќе дремам над серии сега и ќе чекам да ја слушнам гаражата како се отвара...
     
    На Hipster, Lepaaa, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Постов ми даде до знаење дека не сум единствена што претрпела многу удари,увреди....Но,за разлика
    од тебе јас никогаш не сум била насмеана за да ги налутам непријателите,туку сум била лута и тажна,а тие што ме повредиле всушност и сакале да ме видат таква. Но,од овој момент само насмеана ќе ме гледаат и нека цркнат!
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Уште неможам да сфатам како некои луѓе се безгиржни и како немаат ни грам срам и совест кога се китат со туѓи перја...Во денешно време премногу такви се појавуваат.Можеби ќе отрпнам,ама кога ќе видам такви,јас веќе нема да ги ценам,тоа е за мене крадење и лажење. Барем ќе знам кој колку вреди.
     
    На Lepaaa, tweety26, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат се уверувам дека сите жени не се вештерки.
    Ама сите вештерки се жени.
    [​IMG]
    п.с. мислата е прочитана од некаде ама баш се поклопува со моменталното чувство.
     
    На tweety26, Foreveryoungiwannabe, zarah и 7 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... ми падна во очи и го споделувам ... за добар ден и убави моменти ... применете нешто од ова

    Кога човекот престанува да трага по погрешните работи во животот, им дава шанса на добрите да се појават. Запомнете, грешките нè прават луѓе, неуспесите ни помагаат да созрееме, надежта ни дава кураж да продолжиме, а љубовта причина да живееме. Продолжете да учите, љубите и да уживате живеејќи. Никогаш не откажувајте се од себеси, но затоа … 35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

    1. Откажете се од обидите да бидете совршени.
    2. Откажете се од споредувањето со другите.
    3. Откажете се од живеењето во минатото.
    4. Откажете се од грижењето за иднината.
    5. Откажете се од љубомората.
    6. Откажете се од непреземање иницијатива.
    7. Откажете се од лажењето.
    8. Откажете се од обидите да бидете безгрешни.
    9. Откажете се од фразата „Не можам“.
    10. Откажете се од мислата дека не сте спремни.
    35 нешта од кои вреди да се откажете во животот11. Откажете се од поставување мали цели за себе.
    12. Откажете се од обидите сè да правите сами.
    13. Откажете се од купување работи кои не ви се потребни.
    14. Откажете се од обвинување на другите за вашите проблеми.
    15. Откажете се од навиката да правите од мравка слон.
    16. Откажете се од живеењето за да ги исполните очекувањата на другите.
    17. Откажете се од ветувањата кои не можете да ги исполните.
    18. Откажете се од прикривањето на мислите и чувствата.
    19. Откажете се од избегнување на промените.
    20. Откажете се од врската во која не уживате.
    35 нешта од кои вреди да се откажете во животот21. Откажете се од мрзеливиот и неспортски живот.
    22. Откажете се од брзата и нездрава храна.
    23. Откажете се од потребата се да претворите во драма.
    24. Откажете се од срамот.
    25. Откажете се од грижата што мислат другите за вас.
    26. Откажете се од обидите да контролирате сè во животот.
    27. Откажете се од повторување на грешките.
    28. Откажете се од помислата дека другите се посреќни од вас.
    29. Откажете се од размислување за тоа што би можело да се случи.
    30. Откажете се од градење кариера во која не се пронаоѓате.
    31. Откажете се од мислењето за работите кои ги немате во животот.
    32. Откажете се од недовербата во другите.
    33. Откажете се од обидите да бидете тоа што не сте.
    34. Откажете се од обидите да не преземате ризик.
    35. Откажете се од потиснувањето на вашите желби и потреби.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Hopeful, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Незнам едно нешто дали анстварно немам време за други работи од оваа школото или незнам јас ја си организирам времето?
    Значи на 5(петките) никој не дава тест сите проекти и што по цел ден сум на лап топ и што ее најтрагично во проектот треба да го имаш целиот материјал опфатено...
    Иии ако не е и се допадне проекто ќе ми намале оценката..и вчера на никаков проект му даде 5 а на мојот што беше 10000 пати поубав од нејзиниот 4 епаа сааа она не јаде баннани а јас не пасам трева..потоа глупа и проста да ме прае..ии кога се бунив вика
    -па и твојо не еее нешт посебно
    -да мојот нее нешто поседно но нијниот ни за 2 не вреде а не за 5
    пливаше во печатни грешки ни флаер ни книга ништо немаше направено ископирала се од википедија и готаво и става обична позадина....и забавна беше презентацијата а нејзината никаква го прочита тоа 30 минути и готаво..сите заспаа...Имавме 15 минутна презентација..завртела се со грбо накај публиката....и чита ли чита...и 30 минути никакава презентација.. :D :D
    а мојто имаше од википедија имаше од други страни и од книги...и имав флаер и книга направено..
    -наставничке видете не сте фер спрема мене..
    -ништо не ми можеш!
    :envy: :envy: :envy:
    Да ен ми кажеше ништо не ми можеш ќе се помиреех и ќе правев тест епа саа ќе видеш дали ништо не ти можам...Ојдех кај директорката и кажаш и оваа црка и и после како излезе како попарена у фацата и се насмејах...така така наредната година си оде..
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е ај добро утро.
    Комшијава од приземје уште од сабајле коси ова тревава,а јас алергична на полен.Ма,магично јутро.
    Во глава сеуште средувам впечатоци од синоќешниот роденден.Убаво ни беше,многу.Расположени,насмеани,распеани...
    Денес сабота.Ќе одмарам малку.Пoдоцна ќе ми дојдат некои роднини од друг град,па со нив,и така.
    Како и да е.Имајте убав ден феминки. :hug:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК многу ме радува кога обичните смртници успеваат во животот без партиска книшка и врски. Исполнува помислата дека си се борел сам, фер и со право и си успеал. Пред некој ден другарка ми, по повод новото работно место, ми вели: И ти се сама си постигнуваш? Алал да ти е. Јас не би можела како тебе. Знаете дека вредите, ама скромни сте, и кога некој ќе ви предочи дека навистина има нешто во вас, ве исполнува и ве воздига над површноста на оговарањата и глупите муабети кои ве опкружуваат секојдневно. Сабајлево ме разбуди друга другарка, да ми каже дека ја примиле на пракса во огромна фирма, пресреќна, без врски, со нејзин труд и успех. Колку што бев лута дека ме разбуди во сабота сабајле, толку повеќе се израдував кога ми кажа.

    Епа полошо не можеше да биде. Се стигна максимумот. Сега само на подобро. После зимата и сивиот период и дождовите, мора да огрее сонце. И огреа. Силно. Јасно. Ме загреа. Конечно.

    Почнувам да верувам во „Внимавај што посакуваш, можеби и ќе се оствари“. Затоа што полека полека почнаа да ми се остваруваат соништата.

    И имав уште милион работи да ви кажам, ама ми се јавија за да идам на Боб Марли деј.

    Ајде, останете ми во пријатно расположение :D

     
    На Someonespecial, Hopeful, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.