Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Значи кај и да отворам, на било која интернет страница секаде читам Ким Кардашијан се здебелила. И сега што? Бремена е ќе се здебели. Ниту ја сакам ниту ја мразам, ама стварно ја претераа.. Сега носела хеланки а и се познавале 2-3 килограми плус, па во фустан не знам уште колку плус.. Добро стварно нема никоја друга интересна сторија? :^)
     
    На GordanaL и Boleyn.7 им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    недоволно внесување на магнезиум може да има и фатални последици :!:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Набоцкана на штиклички синоќа бев на прослава.Дури мислев да се сликам и да закачам во Модни критики,па си велам што се занесуваш Луно ,те лаже огледалото.И така останавте поштедени од една појава.А прославите мислам некако во последно време ич не ги сакам.Јади пиј колку сакаш шема.А не пиев ништо ама денеска ме боли глава...и вратот...кичмата и стомакот не ги приметувам.Ова за вратов,мојава козметичарка пред некој кога бев да ми ги среди веѓиве бушави и мустаќиве,ми вели,исправи ја главата некако накриво ми лежиш.А,тоа,па накриво сум центрирана. :D Шала на страна ама приметувам како со годиниве несвесно се кривам и грбавам.
    Не знам што се случува со мене се чувствувам како рециклирана тинејџерка.
    Ништо паметно не напишав.Па што.Денес не сакам да сум паметна.
     
    На stetoskop, Micheleljubov, imelda и 10 други им се допаѓа ова.
  4. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Искрено полесно ми е.Сфатив дека одредени личности во мојот живот не се потребни и не сум згрешила.
    Вчера прекрасно си поминав.Со брат ми отидоме во Рамстор,во парк и на јадење.
    Златно братче си имам :inlove: .
    Баш пред излегување на домофон ме побараа но не сакам да излезам со другарките (под наводници).Кога дојдов вечерта ај малку излегов со нив.
    Денес? Денес е ден на мачење.Ке го запишам во дневникот мој како важен ден со наслов мачење.Утре правам тест математика,испрашува македонски,граганско и географија.Имам по некоја четворка,но не е страшно од 4 до 5 лесно се поправа.Ама на кој му се учи? На тој кој со задоволство сака да учи нека крене 2 прста :D .
    Ова е последно и одам на учење.
    Вчера кога излегов со брат ми толку мн се исплашив.Запрепастена бев.Толку се злобни луѓето,сурови и искрено не е лесно 10 годишно дете цело време да се пази,а ако му се случи нешто јас ке умрам.Ете толку мн го сакам.Јас иако сум сеуште мала,дури и кога бев помала на негови години заедно сме се чувале кога сме биле сами дома,јас му помагам за во школо,мене ме прашува за совет нешто за другарите....Уште од мали сме мн зближени,а тоа благодарение на мајка ми и татко ми кој по цели денови знаат да бидат на работа....
    Доста зборам јас,отидов да учам.
    Чао. ;)
     
    На Hopeful, GordanaL, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Xepp1999

    Xepp1999 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    2
    Луѓенца, ова е срамота! Нема никаква смисла!!! ;( ;( ;(
    profil/Xepp/
    Еве пред 35 мин. повторно некој се има уклучено од кај мене. Дајте некој нека ми помага, ќе си умрам од нервоза!
    Нека се иде у материне...
    ;( ;( ;(
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Обрати се до администратор. Како што се ажурни не се секирај, до наредната година ќе се погрижат за проблемот.
     
    На Foreveryoungiwannabe, DzingrlakaDzikica, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Xepp1999

    Xepp1999 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    2
    При цела мака успеа и да ме насмееш. Кај и да е ќе биде. Трпение-спасение :rofl:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој да плачеш и да паничи смири се
    пиши и на Горде-една од модераторките
     
    На Xepp1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    времево е за никаде ме онерасположува немам никаква желба на вакво време...
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Мразам муабети на пат. Доволно е само да се поздравиш, што правиш, како си и чао. Во ретки случаи набрзина се бара бројчето на мобилен за да се испие доооолгопланираното кафе кое по некои чудни околности никогаш не може да се оствари :^) и тоа е тоа.
    Поштедете ме од муабети што било, кај било, зошто било, што има ново, ти што правиш, како си, јас еве сум, одам ваму, ти кај одиш? Па пак, и друго што има ново, кај рече дека одиш? Зошто одиш таму, со кого, како..... па доаѓа автомобил и си велиш дека конечно ќе си речите чао, па те фаќа под рака да се поместете заедно да помине автомобилот :| И повторно муабети, муабети до бескрај..............
    Да сум сама, обавезно „се брзам некаде“, ама кога сум со други е неподносливо.
    Или јас сум некој тежок човек, или луѓево околу мене се повеќе и повеќе забегуваат.
     
    На Hopeful и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Неделно свежо утро. Ама јас не го видов.
    Мене денот ми почна од пладне и малку покасно. Не се жалам. Знаат неделите да се убави во секој дел од денот. Особено ако седам во пижами како сега.
    Ете го кафето, мириса под носот. Книгите спремни.
    Не ми се учи. Ама ќе учам, затоа што покасно убаво ќе се чувствувам.

    http://www.youtube.com/watch?v=1KpP_f9rPY8

    Пијте го кафето, пијте ја неделата.
    Салут!
     
    На Trnche, MandyLane, Foreveryoungiwannabe и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Јас да се пријавам на шалтер, тука сум, ве читам, ама некако немам инспирација да пишувам. Немам што да кажам, животов ми станал монотон :D

    Вчера на свадба бевме со него, се изнаигравме, се изнавеселивме за сите пари. А тој, понесен од атмосферата, почна да ми прави муабети за нас, за нашата свадба како ќе биде, дека сакал да му бидам жена, дали ќе сум кажела да ако ме побарал (зошто му имам кажано да не ни помислува да ме бара за жена, ќе го одбијам, уште не ми е до мажење :rofl: )... Ме прашуваше дали сум го сменила мислењето.

    Искрено, не знам. Навистина не знам. Мислам, го сакам повеќе од се' и сакам животот со него да го поминам, во тоа сум сигурна. Ама не сум сигурна дали уште сега сакам да се мажам. А штом не сум сигурна, не ми е уште времето дојдено :D
    И така. Да не замарам со свадбарскиве муабети поарно :D

    Животов ми е ист како и пред 6-7 месеци, се' е исто, но мене ми се допаѓа. Ја сакам таа константност што ме опкружува, без некои големи турбуленции (фала Богу, не ни посакувам). Се' е убаво, мирно, фино и така нека остане. Единствената промена што ја посакувам е покачување на платата :rofl: Баш скромно од моја страна, зар не? :D Шала на страна, не е исклучена можноста тоа да се случи, таква најава добив од работа и се надевам дека ќе се оствари. Фино ќе ми дојде, ќе ми даде мотив за понатаму, поголема сигурност и нормално - задоволство :)

    И така, држете среќа :) Кога тоа ќе се случи (а ќе се случи порано или подоцна, тоа сигурно), сите имате една голема частенка ;)
     
    На bittersweet, Trnche, Foreveryoungiwannabe и 12 други им се допаѓа ова.
  13. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Колку е само прекрасно чувството кога ја слушаш оваа песна, откако си постигнала успех кој со години си го сонувала. 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=04854XqcfCY
     
    На Srekicka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Нареден пат кога ке слушнам машко да збори дека девојките се спонзоруши,трчаат по пари и коли КЕ ГО Р'КНАМ У ФАЦА.

    ...Си седиме така со братучетка ми во петокот на шанк и си ги пиеме пијачките. Почна да се мотка еден дечко околу нас. А првин може ли упаљач,секако дека може. После некое време -Може ли цигара? Секако дека може,иако неколку пати дојде по цигара што за мене е сосем некултурно на некој да му ја стопиш пола кутија а нит го знаеш нит го познаваш. После некое време доага повторно со муабетот -А тука точат ли пиво? и оној поглед што вика -Пушти бе една пијачка. Ние културно го упативме да си го праша шанкерот што и како има. Помина тоа ни се закачи да не муабети. Почна со класичните муабети Што се дешава,кажете некое интересно место за после каде да се иде и муабети од тој тип.Требаше ние со братучетка ми да станеме да одиме накај диско и као ај го поздравуваме чао-чао и го имаш дечково - А вие со кола сте ?!? Ако сте со кола да не префрлите и мене и другариве до диско?!? Ауууууууууууу да ти се намочам на фраерот. Штета братучетка му рече демек не со такси ке одиме и ние,иначе ја да бев ке му кажев да со кола сум и ке го испратев до таксист некој.

    Срамота!!! После ова се повеке и повеке сум убедена дека кај нас замира каваљерството и дека се повеке и повеке мажите стануваат поголеми спонзоручи од жените.
     
    На la-chicka, Umbrella22, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ние сме криви. Така сме ги воспитале. Пред да се изгори од жена која ... пази кој безобразлук ... има свое „јас“, тој кутриот не знаел за такво понашање. Бил бебе, невинашче, табула раза. :P :D

    Шала на страна, ја на ова викам „спонзорушата ја носиш у главата, не у гениталиите.“
     
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Гес хус бек? Бек аген 8)
    Успеав да си го вратам. Сега сум сменила и е-мајл и пасворд и се :D
    Ќе си се дружиме повторно. Ништо не ми можат! :D
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.267
    Допаѓања:
    157.682
    Сноу бидна трудна, а ти уште си ми скаран!
    Живот!
     
    На bittersweet, Micheleljubov, Buttterfly и 33 други им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.639
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно..
    Убав ден, за мене најубав- дека роденден. :D Малце времево не ми се допаѓа :?: всушност дождот никогаш не сум го сакала ама сепак расположението ми е на 100% .. :) Денеска никој не може да ми го расипе денот :rofl:
     
    На GordanaL, Katerinceee и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Минатото?-Ако дозволиш само еднаш да се сопеш од овој камен це живот ке паѓаш и на крајот ке се утепаш. Некои се прашуваат зошто иднината им е сурова, а минатото им било совршено. Зошто во минатот имале среќни моменти а сега само црнило насекаде... Минатото е една голема дебела книга со еден почеток а ист крај, затоа ние секогаш треба да чекориме кон иднината без да се вртиме наназад и га гледаме што сме пропуштиле а што сме направиле погрешно. Скогаш треба да чекориме цврсто кон иднината, со полна доверба во себе и најдоброволно. Секогаш во минатот постојат и црни дамки кои несакаме да ни се вратат но скеогаш кога е погледнеме кон минатото ги гледаме работите што сме ги погрешиле и што сме ги изгубиле. За жал секогаш доага таа гаволска можност да се врати минатот, поточно уште една шанса да се сопнеш од истиот камен или да ја прочиташ истата приказна со нов почеток а исти крај. Многумина оваа можност можат да ја видат и многу грешат, а на некој ке добие и втора шанса пак да се сопне од истиот камен ама за жал нема да може да ја види можноста туку само ке помине низ неа така што ке чекори сигурно до иднината. Никогаш никого не треба да се врти кон минатото затоа што цел живот ке се кае за тоа... Знам во минатото имаме изгубено многу личности, саканите, многу мигови кои никогаш нема да се вратат ама тоа е животот. Животот тече како вода и не застанува. Секогаш треба да чекориме со крената глава затоа што секоја минута, секоја секунда од животот станува минато само минато ништо друго... Во минатото имаме и црни дамки а имаме и убави сеќавања кои никогаш нема да ги заборавиме. Ете тоа е животот :)
     
    На Hopeful, MarijaBieber69 и Girl-50 им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Познавам неколку мои врсници кои никогаш не молчат кога на училиште некој професор ќе им направи некоја неправда. И многу го почитувам тоа, кога си во право треба да се бориш. Така се почнува со храброста, тие понатаму ќе се борат и на работа и на секое друго место, никој нема да ги гази.
    Јас не трпам неправди, дури и ми паѓа жал кога во школо на друг ќе му се случи такво нешто. Ама за жал, тоа ќе си го прокоментирам со најдобрите другарки и толку. Немам храброст да бидам отворена во такви ситуации и таа особина кај мене не ми се допаѓа.
    Искрено им се восхитувам на оние имаат храброст да се побунат кога се во право, да се спротивстават на неправдата, дури и да се спротивстават на некој над нив. :)
     
    На ana-girl и Katerinceee им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.