Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Неуморно и засекогаш би ме чувал ко капка на дланка, како кокичето кревко и нежно кое толку грижливо го вардев во градината во ран март, како... не знам, не би можела да пронајдам компарација за тоа колку многу сака да сум негова!

    Оној другион, безобразно арогантен, баш она ми глуми bad boy, со некојси мил лик... Привлечен и одбивен истовремено! Мистичен до немајкаде.

    И тука некаде, стојам јас, ранлива, а горда, принципиелна и луда во исто време!

    Бетер бушава азбука ова!

    Гушни го оној што седи до тебе во моментов!

    :)
     
    На kate21, Hipster, miss.ella и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Е, преку глава веќе од дигнати десетгодишни „типки“ на фејс. Ставила слика, наочари, шешир „peace“ знакот или облекла штикли 15-ка, кратко фустанче (плива во него) и сега се мисли кој знае која е. И пишала во дескрипшн: „Не ме напаѓај зошто немаш моќ,нема да те сакам ни една ноќ..Можеби си фраер и ќе ме зафркнеш, но ако ме допреш 100% ќе се зафркнеш! ;)“, може да се сретне (не може него секоја втора е таква) се ставила во врска со некого (и тој копук некој)..Не поминале два дена одма во депресии паѓа, „дечкото“ ја оставил и што ти знам јас. До каде со ваков памет ?! :fubar:
     
    На Tiki-lolipop, Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    • large.png
      large.png
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      552
    На Elennaa, Tiki-lolipop, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Jас само чисто онака, ова на свадба никако! И слични варијанти на истава комбинација.
    Фустанчињата со принт се убави ама не сите. :rofl: :rofl: :rofl:

    Инаку чекам! Си чекам и ќе си го добијам тоа.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      504
  5. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Одвреме навреме нешто напната сум како некој да ме има тепано абе појма немам што ми се дешава.. :emo:
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    ... дека сончоглед успешно убива нервоза.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК...некои работи и времето не ги лечи...
     
    На CoverGirl10, MarcheloGirl, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • adios.jpg
      adios.jpg
      Големина на фајлот:
      11,1 KB
      Прегледи:
      407
    На sweet-cherry, Avril.09, antonina и 16 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Денот ми започна со неопислив глад.
    Остај тоа што ми се јаде, туку и во кинеска храна паметот. Едвај некако собрав сили се превртев на другата страна од креветот и полузамижана му викам на малиов да одиме во тој нашиот кинески ресторан.
    Изгледа шармов не ми пали во сонливото и само ме опули и слушнав едно ццц, бетер од децата :tmi:

    Ја прифатив суровата реалност дека нема кинеско за мене денес и направив оривче :rofl:

    Туку пред работа тргнав по дуќани. Растргната измеѓу двете работи немам прошетано низ град одамна а ми требаа неколку парчиња облека.
    И така јас опремена со картицата во портмоне шетам шетам...ништо да се немало. Ова марфи се бие шала со мене или јас сум станала многу пребирливо човече.
    А се што сакав беше бели кошули , оние класични, и костим класичен.
    Е нема и нема. Со саати акав натаму навамау и ништо не најдов. За во рубрика веровале или не дека без кеси се шлаев. :rofl:
    Веќе депресија почна да ме фаќа :D
    И на крај удрив за малиот да му купам што му треба. Долен веш. бели кошули за на работа и бели маички за под нив..и опааа одма друго е.
    Се напунија кесите.
    Ама не е тоа тоа.
    Срце мое јуначко уште ништо не си купи.
    И на крај во моменти на очај здогледав еден новчаник :) .

    Делот на работа ќе прескокам и вечерва кога се вратив дома удрив да распакувам што како.
    МАлиов не опули. Едно фала, фини се само добив |(
    А јас му се пуштив на новчаникот.
    НЕ ми се веруваше колку тракатанци извадив од стариот новчаник. Толку мало новчаниче а толку многу да ти збирало.
    НЕ дека полн со апри, туку еден куп фискални сметки, белешки од лекари, картици ...
    ПРелистав уште еднаш што треба што не треба и се небитно исфрлив.

    Стандард и сликите од табло ги начекав.
    Си ја задржив таа од најдобрата другарка, од малиот, од мене како малечка и од внуците.
    Не дека ката ден ги зјапам сликите, ама ете потопло ми е на душата кога знам дека и на таков начин се блиску до мене.

    Си го ставив на наткасната до мене, да си го гледам.
    Деновиве втора смена, да се наспијам како човек. Доста станување 03.30 :(
    Инаку нова средина, нови колеги, нова работа...
    Измешани впечатоци, рано е за заклучок.
     
    На anabel-a, kravce, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... боженце, благодарам што ме поштеди од фактот што 10 годишнината по повод матура е дури следната година.
    Прво, се почувствував така (неочекувано) помлада.
    Второ, уште цели 365 денови поштедена од досадни, иритирачки повици кои кокодакаат: „Ќе дојдеш“? „Зошто бе не доаѓаш“? „Ајде бееее дојдииии“.
    |(
    Трето, навистина ги мразам тие собири. Ги оправдувам само доколку имало искрена дружба, слога, другарство, а кај мене немаше ништо од горенаведеново.

    Позери, лигушки, плачковци, лицемерни створења, смрдежи, душата им беше гнила, не ми се верува дека имаат усул и лице да се собираат и да глумат лудило во една заедничка просторија (матурата очигледно не беше доволна).

    „Уууууу, види ја ама се здебелила / ослабела“.
    „Трудна е, а веќе има две“.
    „Не може да затрудни, кутрата“.
    „Не работи, леле за греота“.
    „Знаеш каде работи, ајјјј, а колку плата зема, нема да веруваш“!
    „Разведена е, кога стигна бре“?
    „Мажена е, кога стигна бре“?
    „Не е мажена уште, ќе си умре стара мома, хихи“.

    |(
    Ќе ве скокнам, фала на покана и прашање.
    Чешлање на ресите од тепихот ми изгледа како подобра и позабавна идеја.
    Глуперди на нивоУ!
    Ај - ама ве мрзам бе! Пу!
    :puke:
     
    На kate21, sweet-cherry, Waka-waka и 37 други им се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Најмногу што мразам се дволични луѓе! Со мене прави еден муабет, а после ќе ги изврти моите зборови и јас ќе испаднам крива.. А јас верувај и уште,кажувај и се`, прави се добра и на крај таа ќе те за*бе :!:
    Памет за друг пат !! |(
     
    На Someonespecial, Gordana10, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Од утре тортурата почнува :@ :@ т.н колоквиумска недела нека помини и набрзина па да можам нарајат да си го чекам летово :sun: :sun: вода итн...... :D :D :D
     
    На Ketrin.Moon, Inna5 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мајка ми воведува ново правило во куќниот ред: Спалната не е магацин!
    Јасно де, ама што да им правам на алиштата што не ги носам? :?: Морам некаде да ги складирам.
    Всушност, спалната им е само привремено сместување, додека не сфатам дека модата се вратила и можам пак да ги носам. Во истата или малку видоизменета форма.
    Па додека си барам нешто друго, ќе налетам на некои хеланки од памти век и ќе си речам: Ееееј, што убави хеланки сум имала бе! Таман за вежбање!
    (собирам куп алишта од соба и ги ставам во спална, а тие од спална ги враќам кај мене во плакар)
    И така сé во круг...

    Кога сум нервозна, немам концентрација за учење, а бидејќи сега немам ни инспирација за пишување, почнав дома да барам новогодишни балони.
    За што ти се балони среде мај?
    - За да ги исполнам со моите негативни чувства. Читав дека еден од начините да се ослободиш од она што те мачи, е да надуваш неколку балони и да ги пуштиш.
    Многу е битен психолошкиот момент...

    Патем, на фејсбук му фали едно seen на seen-от.
    Видов дека ме виде работава.
     
    На tweety26, Someonespecial, sweet-cherry и 28 други им се допаѓа ова.
  14. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека дали љубовта ќе опстои зависи од храброста на оној кој љуби. Најчесто вистинската љубов е болна затоа што дечкото нема храброст да се бори, односно нема храброст да го погази егото и да му покаже на светот дека таа е неговата гравитациона сила од која тој цел живот ќе бара мир. Таа пак сакајќи да покаже дека е силна самостојна жена ќе води инат, и така во круг ќе се вртат погледите и копнежите. За на крај да ги убие љубовта – него неговата гордост, а неа нејзиниот инат.

    И чудно е како љубовта се раѓа онаму каде што најмалку очекуваш. Во моментите кога најмалку се надеваш. Нема причини, ама има последици. И еден нестварен круг на искри и воздишки кој всушност е пореален од самите нас.

    И не е важно дали ќе бидеш ти тој кој ќе биде повреден или ти тој кој ќе повреди. Битно е да ја почуствуваш цела таа магија. Како и да е на крај времето ке покаже...
     
    На manja666, julie77, Micheleljubov и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Пред малку една мила личност ми кажа дека сум станала без чуства.
    Морам да признаам, избрзав во врска со една работа, ама не чуствувам грижа на совест. Сеедно ми е.
    Не ме интересира веќе ништо поврзано со него, сеедно ми е. Може да се убие ако сака, еве цимерката ми вети дека кога ќе го види, ќе му удри една.
    Не дека немам чуства, имам ама потонаа некаде.
    Во моментот кога го закопав, кога закопав се поврзано со него, соништа, надежи.
    Си кажав јас дека не верувам во љубов. Ете и официјално.
    Ќе си се забавувам и ќе продолжам со тоа што го почнав, не за инат, туку од мерак.
    Ќе уживам до максимум...
    На крај краева, ништо нема да изгубам.
    Ама знаам ни дека нема да добијам.
    Ама ако :!: ќе уживам до бескрај.
    И ќе му се изнасмеам во лице, наредниот пат кога ќе го видам.
    А и сите ми кажуваат дека сум се разубавила. Многу добро ми годело да не сум со него...
    Па ми годи мајке ми.
    Среќна сум, жива сум.
    Постот е напишан после 2 дијазепами. Се мразам самата себе, се мразам поради тоа што не можам да се исплачам, поради тоа што не знаам како сум и што правам со самата себе. Ама најмногу се мразам поради тоа што не можам ни да го мразам ни да кажам барем еден лош збор за него :(
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се запустев со факултетов.
    Веѓи гајтани, раце, нозе, коса, нокти се е несредено. Не само што не личам на девојка, него не личам ни на човек. :D Некој полу-орангутански створ.
    Четврток му е спасот. Ајде четврток помини, мајке ти га спалим. Уште еден предмет и јас куртул да видам.
    Да пркнам.
    Шишки немам, ама затоа подочњак имам за позади уши да си ги ставам. Хорночно ненаспана. :yawn:

    Инаку пред некој ден бев под влијание од полагањето, бев напи*дена како прв пат во животот. И во соба имав некој сличен монолог како старото добро видео за Кире Печијаревски. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=ErHjKdSqfjM
    Арно ама сестра ми да ти ја оставила вратата отворена, и додека јас се борев со книгата и урлав, таа да ме слушала. :D

    Тогаш сфатила дека нешто е откачено и дека не сум арна. Си земав бедоксинче и си легнав. :| Само на почеток сум а веќе почнав монолози да држам по дома. Се молам четврток нека ми помине па ќе се рехабилитирам. Ќе одам во некој дом за старци. :D
    Или во дом за глувонеми, ако постои нешто такво, чисто да не слушам гласови од надвор, доволни ми се гласовиве во главата. :|
    Ај чао. :D
     
    На tweety26, Someonespecial, Adi888 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.066
    Од секогаш не ги поднесувам таканаречените„ луѓе бижутерија„.
    Од далеку убави,а одблиску моструозно лажни.
     
    На kikav и Serafima им се допаѓа ова.
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Смешно и жално.
    Недела на семинарски ни е ова, презентации на пауер поинт, напнатост, борење за максимум поени, завидување чија семинарска е поубава и знаете се такви работи.
    3 кокони, глупи и тупи со усти до земја, кои кога влеваш во предавална те меркаат од глава до пети, и нормално ми завидуваат на градите или задникот, незнам на што поточно, пошто погледот секаде им шеташе.. :D :lol: - едвај чекаат да стигнеме на ред да презентираме јас и уште две колешки, за да притоа толку очигледно и без срам со пораки на мобилен не оговараат.
    Не ми е јасно од која причина, пошто не ни стоеме лошо со нив, сигурно оти се жени како прво а како второ мислам јасно како ден е дека се од оној тип на тешки оговарачки кои бедно и жално завидуваат и се споредуваат нонстоп со секоја која е појака од нив - мислам нормално, (физички мислам, психичкото не е битно) :D не трудејќи се ни да си ги покријат своите жални и тажни траги на комплекси.

    А јас....јас си го предадив мојот дел од семинарската, ташната во рака и да ме нема - дечко ми ме чекаше во чаршија, да си се почастиме од омилените ќебапчиња...

    И моментот кога - го навиваш алармот за утре, и гледаш дека имаш уште 9h и 30 минути за спиење...
    - Нормално, си ги измив садовите, си ја средив кујната, си сварив увин чај, и спремна сум за една епизода од новата ми серија за добра ноќ.

    16+
    Надвор тмурно и намрштено време - а јас сакам да водам љубов над Скопје, под небото!
    Јас сите да ги гледам под мене, а мене никој!
    Таа желба - мора да ми се исполни.
    Секс во височина.
     
    На tweety26, Springy, Micheleljubov и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Знаете што сакам? Знаете? Епа не знете. :D Ама сега ќе знаете. :D
    Сакам да скршам нечиј прозор! Е тоа сакам! :rofl: Вака од срце, да го искршам. :rofl:
    Вака со сета сила.... ииии.... БАМП! ШКРАМП! [​IMG]

    Не знам како почна муабетот со татко ми, ама почна да ми збори за неговото детство. :rofl: Ми кажуваше како кршеле прозори на комшии, со фудбалски топки. :D Ама и они ни ги кршеле на нас. :D Како се бореле со „старите“ од тоа време, да не им ја земат топката. [​IMG] Ми кажуваше како еден роднина завршил средно за 8 години, а сега на сите ни вика да учиме. :D Ама не, не... Тогаш било друго време. :D Така се вадат сите. [​IMG]

    И пола работи што ми ги кажуваше, ги заборавив. [​IMG] Не знам што ми кажуваше, ама пукнав од смеење. [​IMG] Среќна сум што ги цивнав малку 90тите, што цел живот не го поминав пред компјутер. Ама малку ми е криво, што не сум од тоа време. [​IMG] Па види ја ти мајка ми, и она играла фудбал. [​IMG]

    И така... ајде јас да продолжам да учам.
    Иде вовче од Кочани, носи деца помочани... Чув, чууув. :yawn:
    Ама не, гледам... уствари слушам сестра ми како се кикоти, нашла нешто интересно на ТВ. Ај ќе погледам, после ќе учам. [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Micheleljubov, bittersweet и Dog-lover им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Тоа што се наспав до 22 часот е само мој проблем, ама ќе се правам дека не е. Испозамарав све гастербајтерско у друга часовна зона што имав. Чак што више и на тетка ми и пишав и и реков дека мајка ми многу ја поздравува,а мајка ми спие,нема веза.

    Ама тоа што некои девојки кои ја облекуваат иронијата место пижами секоја вечер, е проблем на сите... Едноставно некои не се судени да пишат дека е време за бјутислип, пошто тоа веќе е морбидно. Се работи за длабока кома.

    Освен што ме тепа меланхолија, тешка...значи...тешка, трет ден по ред, уствари што освен. Страшно е! Компулсивно и опсесивно размислувам на проблем кој сама си го создадов, а кој МОЖЕБИ не е страшен и што е најважно, НИКОГО не повреди. Никого...и постои некое време и си постојам јас со него,ама ете овие три дена ме прободе копилето, као ај ќе те мачам! И ме мачи! И полесно ми е да размислувам за смрт, него ли за ова, уствари тоа ти е исто. Ми се умира кога го мислам! А замисли да заебам човек или напраам некоја превара,дури и на несакајќи?! Па тек тогаш ќе се самозапалам на плоштад бе! Многу сум крута со себе, многу. Значи не можам. Затоа никад нема да станам милионерка. :(

    И сакав нешто да измрчам ама ете заборавив. Беше ден на банкари пред едно две недели... се собираа у Ванила. Што да ви кажам поише? Што?! И вие очекувате добар банкарски систем...ооо туго, несречо! Вие сакате работа у банка?! Ајме мени... Замислувам Аца Лукас, бело, млади богати банкари и Натали Грубовиќ! И така нешто!

    А за велигден пред црква кажував мрсни вицеви и црн хумор и кукав да ме носат побрзо Кај Перо и да се изнапиеме пиво и да јадеме уштипци...и ете дечки,тоа е знак дека има карма. Затоа сега три дена болна! Ама видов и една што си ги носеше јајцата во Викторијас сикрет кесичка и со црвен кармин и миниќ...епа еве не знам што и се десило. Ама добро...јас јајцата му ги дадов на циганчето... и после верниците ќе ми кажуваат како господ бил праведен и постоел. Море мрш!
    А другар исто што не е верник,ама пости три дена заради воздржувањето и моментот на олеснување после 12 кога се омрсува со некое усалено месиште...еве не знам кај му е душата. Утре ќе се јавам да го прашам какое,штоправи, далиедобар...
     
    На mims-89, Hipster, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.