Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    4.018
    Пол:
    Женски
    Се се али едно не може да ми биде јасно ... Какви се тие родители коишто едноставно не се грижат за своите деца што како прават . Па добро мајка си гледаш дека ќерка ти нема абер од учење факлутетот го има баталено скрос на скрос не ја интересира ни да седне да научи ни да положи еден предмет а ти упорно си фрлаш пари и мислиш дека ќе биде нешто од неа. А па најтаригчно од се е што па тебе не те боли уво дека ќерќа ти не се замара и уште и викаш браво ќерко биди ти жива и здрава ... Па и мене ми го викаат тоа дома но ме гледаат со книгата сум и пред да полагам ќе дојдат ќе ми кажат и да паднеш не се секирај а не она си ја бодри уште .
    Седни муабет направи и кажи и планираш ли да учиш или барај си работа , ама не сепак сите се на факултет фала богу кој од кој по неписмен не знаат 2 и 2 колку се ги гледаш дипломирале . Ама работата е што на државава не и требат само дипломирани економисти,правници, филозофи,преведувачи.
    Требаат и фризерки и занаетчии и остали други работи. Ако гледаш дека не си способен да учиш и гледаш дека не те бива за тоа учи занает бе човек како што гледам се помалце луѓе го учат тоа па така да ако си добар во тоа ете ти плус да успееш во живтот.
    Сепак поентата ми е да кажам какви се луѓе не се запишуваат на факултет просто не можам да поверувам а уште по најтрагично е што тој неписмениот утре може да биде шеф на некој што дупло го испотил газот и 100 пати повеќе знае од него .
     
    На MarcheloGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Влијанието кои некои луѓе се дрзнуваат да го имаат врз другите е преголемо. Од љубомора се ќе направат само да наштетат. Не бираат како и каде, а не ни бираат преку кој ќе наштетат. Сакаат само да наштетат.

    Некои гледаат во тебе непријател само ако ти си се осудил нивната вистинска злоба да им ја плеснеш во лице. Бидејќи ги боли нивниот одраз и нивниот лик во кој пораснале и се претвориле. Ги боли тоа што ти си достигнал самиот и само чекаат да те закачнат ако ти ги откријат проблемите.

    И гледаш како преку некој дознаваат како се мислиш дали да дадеш отказ, па после долг период на некомуникација ти се јавуваат и од околу те прашуваат дали размислуваш навистина да дадеш отказ. Знаеш тие мора да ти се смеат на твоите несреќни одлуки. Само што тие паметњаковци никогаш нема да знаат какви планови имаш! Никогаш не знаат дека ти имаш во план нешто друго после отказот. Бидејќи ти немораш да им кажеш се. Ако мислат дека ти така лесно им кажуваш делови од твојот живот без нималку да внимаваш гадно се излажале.

    Бидејќи едноставно знаеш како дише таа убава а сепак бедна Фаца! Знаеш дека нејзината материјална сиромаштија ја претвориле во лик кој и духовно осиромашил. Ја претвориле во тешко проѕирен лик, кој со љубезност мисли дека сите може да ги прелаже. Ама... Секогаш има едно ама.
     
    На WarriorAngel, Foreveryoungiwannabe, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.066
    Упорно и надежно го чекам сонцето.
    Презаситена сум од невремиња во животот...
    Ако,ако упорна жена сум јас,не се предавам. :)
    Како беше онаа:Кој чека, ќе начека или После дождот ,секогаш изгрева сонце.
    :D Ми тргна денес со поговорките цццц,ми изгледа како денес да имам многу слободно време.
    И ондак то.
    Вие имајте убав ден :* ,а јас ојдох да јадам разбираш. :D
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Пред скоро недела дена ми треебаа малку пари а плата сеуште немав земено, се јавив кај ''другарка'', ако има да ми позајми :tmi:
    се чувме и ми рече:
    -ејј срце сега сум на работа што стасам дома ќе те барам помини, тамам и кафе ќе пиеме..
    Знаете, сеуште не стасала дома :D
    нејсе, не е важно завршив јас работа, зедов од Брат ми :)...

    Вчера излезена со Брат ми ја гледам поминува, не ме виде па и ѕвонев, го извади телефонот од џебот, фрли поглед на екранот и пак го врати телефонот назад :^)
    Не ми се веруваше дека не се јави, сигурно помислила дека ќе ја прашам за парите |(.
    А пред да и побарам секој ден ѕвонеше по 5 пати на ден, секоја вечер излегувавме, шетавме.. како и да е јас не и се лутам, само можеше да рече.. извини моменатлно немам и тоа е тоа... а не да ме лаже.... :^)

    Така да ако сакате да знаете кој ви се вистински пријатели, само побарајте им пари :D
     
    На sweet-cherry, crazylady, senza.parole и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Секој има право на свое мислење,а другите се должни тоа да го почитуваат.Не мора на секој нејзин избор сите да и префрлаат како тоа не било во ред,па уште да се објаснуваат зашто.Ме иритира таа ниска борба за преовладување.Многу.
    ***
    Друго,не ми се вреува дека 13 годишни деца,мои соученици незнаат што значи зборот привилегија :^) Есеите им се најтешката работа на овој свет,затоа што нивното пишување и творење бара аргументирано,убедливо раскажување со субјективни впечатоци и размислувања.И кога ќе им го кажеш тоа,ти го даваат оној WTF поглед.А не дај боже да им дадеш на нив да пишуваат.Како 5 годишни деца."Шарените цветчиња околу мене и зелената трева во мојот двор..." Seriosly? :^) Смешно ми паѓа кога ги читам.
    ***
    Инаку,најдов едно сместување за на одмор,ми се чини убаво.Малку по скромно,но ќе помине.И онака ние ќе бидеме таму само за спиење.Цел ден по плажи,центар,шетање ваму-таму...Веќе правам филмчиња,барам убави,скриени,помалку посетени плажи,барам како да се стигне до нив,ги истражувам и така.Има време до јули-август ама луѓе неможам веќе да чекам.Немам живци.
    Уште да го одобрат местото мама и тато и супер :wasntme:
    Убав ми се чини денов,раздвижен.Весел.Ми треба некоја мотивација,мхм :nod:
    http://www.youtube.com/watch?v=-JhwxTen6yA
    :hai:
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Готово. Денес беше the day!
     
    На Divinebutterfly и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Овие денови ми беа проткаени со тага,со солзи .....но ете денес се чуствувам прекрасно најпрво се израдував заСноу иако не ја познавам но кеив ми се направи на душава,потоа од пораката на серафима и секако од тесси...иако е ова само форум кој некогаш ме лути,поради нечии постапки,но сепак е убаво да иимаш пријатели па макар и да се виртуелни
     
    На Serafima, Snow-Queen и tessie им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле Господе болни луѓе! Си прават профили со манекенки и ставиле манекенка,демек таа била,а името македонско...Си означила другарки,сигурно и тие се фејк манекенки :D Направила профил како таа да е Алена Шишкова! Па сликата е ставена ради моторот,на другата напишала малце е матна али... а тоа слики од манекенката :D Па и следбеници и незнам што...Можи ли толку да се ненормални? Ова на лечење! :tmi:

    Лелеее а денес очајна е СДК :tmi: Очигледно сите се зафатени :D
     
    На pamelche, Ilusionist и Anouk им се допаѓа ова.
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Последнава недела сум фокусирана на други работи.
    Како да си поставив други цели во животот, и вака повеќе ми годи. :wasntme:

    Гледав еден филм сега.
    За откритието на лекот за една болест.
    Човекот живее 30 години во бессознание. После толку време, за него почнува животот. После 30 години.
    Кога брчките секој ден се множат позабрзано. Кога за некои работи е веќе доцна...а ти треба да продолжиш од таму каде што си.

    Првото нешто кое му го дадоа, беа списанија и весници. За да се запознае со тоа што се случувало во светот сите тие години.
    Во пет часот сабајле му заѕвони на докторот, за да му каже дека на човештвото му треба нешто друго.
    Дека во сите тие весници пишува од лоши-полоши работи. И се штетни по здравјето на човекот.
    Ниту една позитивна вест. Затоа и луѓето се толку негативни.
    Им треба нешто што ќе им влева енергија, ентузијазам, желба за да се разбудат наредното утро.

    Во право е. Тој изгубил толку години во бессознание поради болест, а ние поради негативниот пристап кон животот. Поради сите негативни влијанија од околината кои ги примаме.

    Треба да се радуваме на тоа што сме живи и здрави.
    Другите работи се минливи. Секогаш ќе има нешто што ќе недостасува. Некоја празнина за која секој ден ќе се надеваме дека ќе биде пополнета.

    И, не се чудете што сум волку позитивна :D
    Ја читав и ,,Моќта на потсвеста" па после тоа сум на релакс вклучена. 8)
    Па и филмов што го гледав...што така му отиде животот на човекот и пак продолжи со таков оптимистички став...без да се депримира...ми даде некоја сила :emo:
     
    На ilipili, Serafima, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Најлош тип на странци се оние луѓе што некогаш си ги познавал најдобро.

    Држи вода.
    Со некоја личност сме биле преблиски ,тајни, излегувања, делење на лоши убави моменти.
    И доаѓа до момент кога тивата пука ,секој по свој пат.
    Оддеднаш се негово ти е туѓо.
    Далечина се чувствува и во воздухот.
    Исто е и со љубовта.
    Може делиме спомени но денес сме само странци.
     
    На Espadrila и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Нема поголем сонувач од мене.
    Најубаво се чувствувам во својата фантазија, таму сум тоа што навистина сакав да бидам, без страв и без никакви ограничувања. Тоа нереално место е моето засолниште.
     
    На Markusa2, sweet-cherry, Trnche и 15 други им се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Моментот кога еден ропак од бивши ставил кавер дека Шливки праат само сељаци (легендарната на Тошо), а он ме молеше шливка да ми напраи на врат и успеа. :^) :rofl:

    Какво теле, сељачино. :rofl:
     
    На Doozy, bittersweet, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  13. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    Секоја ноќ иста приказна.
    Колку и да е ведро небото над мојата глава, јас од моето спиење правам скандал.
    Велат, спијат лошо оние кои не се способни да ја пронајдат својата местоположба.
    Па како да се пронајде тоа место кога мојата вжештена глава ги расфрла мислите насекаде околу мене, како вулкан сред ерупција.
    Тогаш тргнувам во потрага по делот од перницата кој останал доволно студен и недопрен од вулканската лава, ја вртам и превртувам и никако не можам да го пронајдам...
    Ете, токму поради ова, јас сум зависна од купување на нови перници, во потрага по вистинската.
    Последната е од „Калина“ - маседониан стајл, на рекламниот дел - Натали ја гушнала таа перницата, се смее ли се смее. Сигурно си мислела: ех кога сите би имале вакви глави како мојата, ќе спиевте без проблем.
    Па Натали, дај му бре на човекот. Дај му го заслужениот одмор! Да е до Натали.
    Ах Натали....
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dharma03

    dharma03 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    18
    Јас сето тоа со шливките неможам да го укопчам? Што им е работата?! Како демек, дај те бележам да знаат сите дека си моја? Као кога животните си бележат територија?!
    Па да... само сељаците најверојатно праат шливки.
     
  15. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Да ве почастам (виртуелно). ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-star и GordanaL им се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    После толку време мора негативен пост да напишам.

    Моментот кога ќе видиш како на мајка ти и шефува некоја без грам образовање, со четврто одделение, која ја ставија со врски на функција. Е тогаш сакам да земам зоља од комшијава (кој впрочем се занимава со бело робје, шверц, дрога, итн. ) и да одам да ја дигнам во ваздух и неа и оние што ја наместиле.
    И ич око нема да ми трепне, нека ми прости Господ, ама ни за грев не би си го земала тоа. Ете така!
    Затоа што ќе има помалку неспособни влекачи на земјава кои се вадат на туѓ успех.
    И нема бар да ја зима функцијата на оние кои ја заслужиле, значи од колешките имаше минимум 3 кои би можеле чесно да ја земат функцијата, ама бидејќи она е од фамилијата на некој Стојко со мека фотеља, ете баш она ја зема. Па ај што е глупа како трактор, и незнае ни да се облече, ни да се среди, ни муабет да направи, туку и како некој петел се перчи низ работното место, а јас сум сведок. Наоѓа маани зашто, прозорот бил отворен а требало да е затворен, или ако го затвориле, зошто го затвориле, жешко било. Ако не да и најмиме некој црнец да и го отвара и затвара прозорот. |( И сакам да ја задавам. Ете прееска за секунда не и се фрлив со апрекати во фаца. |(

    Е таквите луѓе заслужуваат да се стават во црна вреќа, па да се мава, да се мава, да не се види каде. Да не можеш да ги познаеш кога ќе излезат од верќата.
    Затоа што јас и кога сум можела, ми било понижување да молам за некоја работа, затоа што сум учена со своја пот да си ги заработувам работите. И затоа што ако не успеам така, значи дека не го заслужувам!
    Значи дека не го З-А-С-Л-У-Ж-У-В-А-М. И дека има некој што е учен, попаметен од мене и треба да го работи тоа. Безразлика дали е за средно школо, за факултет, за возачка, за натпревари, за првенец на генерација, за се...

    А ние пропаѓаме бидејќи неписмени луѓе ставаат на функција, и од фрустрација од што знаат дека се глупи како тенекија, го искористуваат тоа и лечат комплекси.


    И потоа, оди па учи на факултет.
    ЗНаеш дека утре некоја смрдла ќе ја работи ТВОЈАТА работа, т.е ќе ја има твојата функција, а ти ќе рмбаш и ќе ја работиш својата и нејзината работа (бидејќи е неспособна) за мочани пари со кои нема да можеш ни сметките да си ги платиш.

    И утре, ако дојдам до функција, еве признавам има џигерот да им го извадам ако пробаат нешто со врски да им завршам. Има газот да го испотат сите ако сакаат нешто да направат.
    Катиљ ќе бидам.
     
    На Doozy, Adi888, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  17. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да си го кажав ова на самата себе...

    Секогаш бев против оние работи кои се завршуват 5 до 12, од секогаш сум била примерна,навремена, дисциплинирана и сум сакала се да е перфекно.
    Но, изгледа животов ми носи такви моменти за кои мора да сум подготвена во секој момент, во секој час, секунда, па дури и стотинка...Знаете многу ме плашат таквите работи, во тие моменти треба баш совесно и правилно да реагирам, зошто нема враќање!

    Ете вчера во 10вечерта ми се јавија дека денес од сабајле сум полагала. кога слушнав искрено не знаев што да правам да учам или да одам на она што го знам и што ми останало во сеќавање од предавањето!

    Да, да да и сакате да ви кажам дека договорот за Германија ми стигна последен од сите, дури во еден момент помислив дека никогаш нема да стигне и си направив други планови за на крај се што сум планирала да замине по неповрат..

    Истото ми се случи кога имав аплицирано во Мост, изборите во недела а тие ми се јавуваат во саботата во 19часот...


    Знам дека ќе ми речите подобро некогаш отколку никогаш...Ама пак зошто да не си оди се како што треба, зошто секогаш треба да трчам, да се нервирам, да плачам, па дури и да губам надеж.

    Но, она што е најстрашно почнувам да се привикнувам на таквите работи па дури и да ги одложувам...Едноставно почнав се да запоставувам...Моето Хоби, моите обрски, мојот фитнес ден и замислете за се наоѓам изговор, како сум на факултет, како ми се спие, како главата ме боли и сл.
    Или пак едноставно се привикнувам секоја работа да ја завршувам на крај..Но, се плашам дека крајниот исход на сетоа ова нема да биде баш најдобар.

    Викаат крајот го краси делото, ама искрено да ви кажам ако некое дело не се започне на време и со многу труд и посвета тогаш ќе го гнаси самото дело!

    Ќе се вратам во нормала и ќе бидам малце повеќе посветена на она што го сакам да го направам и да го постигнам! ЈАС МОРАМ И МОЖАМ ДА БИДАМ СИЛНА ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ!
     
    На Doozy, senza.parole, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Добив на подарок мајмун играчка, на батерии ... што кокодака.
    Го стискаш на средината и ... кокодака ... мајмунот.
    И тоа е тоа, шта виче речи, чист приказ на човештвово, во поширока смисла. Кокодакаат бе, сите.
    И јас кокодакам, ама скришно, суптилно го правам тоа. А некои апла, рикаат, ела сопри ги.
    А кокошки не се, петли ниту тоа - најголем дел од нив се грациозни, достоинствени за рикање, а овие ниту за мумлање не се способни.


    ***

    Црешата во трева ми е зрела, најзрела до сега. Ама мало дрвце е ко за беља, лани ко на шала го насадивме. Ако ви кажам дека некој ноќеска дошол и цело дрво сосе зрели цреши го исекол, нема да ми верувате нели? Е така е, ни мајка ми не ми веруваше - се додека не излезе на балкон да ја види тревата празна, со чат - пат испопаднати од тромавост изгмечени цреши наоколу и исплукани семки. Барем не биле гладни при работата, тоа ми е битното мене. И капа со знакче од ЛДП ми оставиле, е не им го враќам сега, одамна сакав такво.
     
    На Bozica1980, thelittle17, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Се засркнав... од смеење. :D
    Денес сите салати сликале за ручек. Ама гледаш осамнуваат 5-6 салати рафално, шопски или некоја егзотична што се јаде строго само со музика од укулеле у позадина. Ама за чудо никаде зелка салата! Никој не се нагостил со зелка, краставица и зарендан лук! Абе прости едни, од зелка се слабее. Плус што ќе ви е тие шопски кога не се исецкале ситно магдонос?!

    Една искоментирала на една друга - а подварокот го изеде ли прво?
    Другар на друга - ау ама си ја исецкала, како храна за стока! Припази малку на естетика,мајко му!
    Другарка на другарка - ти падна митот дека јадеш што сакаш,а не се дебелееш,а? Велкм ту да клаб!
    Ги сакам сиве овие тролови! :rofl:

    Цела зима лајкаа пицишта, сега на слика со салата несвестици ги фаќа од воодушевување. У мај месец увек се јавуваат најфејл ентузијастите. Оние што најмногу замараат!

    Туку цреши. Увек сакам да ги бесам на уши, дур ги јадам останатите. А најмногу у двор, па ко тешка сељанка да ги лансирам семките... ете...безобразница мала (цитат од другар...безобразнице мала кога ќе ми рече, се паѓам од смеење или ти палавке мала! :D ).

    Си одам на вафла у Мартини за некоја минута и ич не ми чуе! Ич! Да знаете каков гз сум создала еве само од вежбање,па еве не знам како после ќе се извинувам на тие уплашените да не ќе станам ко Хајди Клум,а кога тоа на пат сум да станам уште позгодна... :wasntme: :D Ќе развијам потенцијал за старлета кај и да е! Па тоа кога ќе отидам на одмор, па како лани кога ќе се вратам како нутела. Така, така нервиркајте се! Пошто тоа е најважно у животот. Која поише дигнати постаменти ќе откуца. Простакуши бе! |(
    Ај ќао!

    П.С. Да се пофалам, апаратот ми е стар речиси година. Денес го полнев четврти пат откако е купен. Да. Ете толку се сликам. Ама кога прочитав дека батеријата е exhausted не можев,а да не помислам дека не е случајно. Па exhausted наравно, сосема коректно, производителот е цар! Толкава злоупотреба и истоштување на јадни дигитални фотоапарати, сосема легитимно си е да биде означено као исцрпено у превод, сељанко една, олабави ме ти и твојата дак фејс и сите можни пози.
     
    На mims-89, bittersweet, sesilija и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Оф боже мили. [​IMG]
    Со малихерка ќе се отепам..

    На nati44 и викам:
    - Знаеш кој глушец оди со две нозе.
    А таа ваква:
    [​IMG]
    Јас: Мики Маус. А знаеш која патка оди на две нозе?
    Таа: Пајо Паторот.
    Јас: Сите патки.
    Она:
    [​IMG]
    :?: :?: :?: По малце размислување викам:
    - И Томиџери оди на две нозе. ... Не! Том ... Не! Џери...

    А она ваква:
    [​IMG]


    E до тој степен стигнав.. :|
     
    На Someonespecial, Divinebutterfly, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.