Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Дефинитивно кога се работи за храна сум свиња,сабајле само јадена во 8ипол со една кифличка и мртва гладна доаѓам дома,си спремив се и бутам бутам како да не сум видела јадење,што попрво да изедам :$ да ме види некој од страна леле мајкоооо.. а во јавност најпристојна и најкултурна со виљушка и нож у ресторан иако сум била гладна и ми идело со раце да земам да набутам.. хихихи :lol: за срамота сум знам... :rofl:
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Во Прилеп има три мориња: абе МОРЕ, МОРЕ мрш и МОРЕ чоек :D :D малку смеа нема да му биди на никој на одмет :D :D
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Остај и мене ... особено вака и онака невработена сум па бар да направам добро дело да уштедам на струја со ручекот и на чистењето. Кога одев на работа и така тоа време не бев дома ... не ни осеќав .

    Инаку против комшиите немам ништо :) фини си се, педантни, културни и тако то со мали исклучоци, ама ми беше интересно коа почнаа усисивачи oд 2-3 места ко синхронизирани да се и само тоа ми беше логично објаснување. :D
     
  4. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Има периоди кога немам што да кажам, она стварно немам што да кажам, ме мрзи дури и да дишам. И си гледам надвор, бројам цигли на ѕид отспротива, проверувам дали уште се гледа таа напукнатата, создавам услови да ми испука устата од гризење :?: , си правам филмови во глава, си го расчистувам новчаникот од фискални.

    Ама не тресам глупости, не ги замарам тие околу мене со драми и мелодрами и не ширам негативна енергија.

    Ми одат на нерви константно негативни човечиња.
    First thing in the morning: Аееее пак се раздени, досадно ми е, ова ме боли она ме боли, само мене не ми оди :doh: смачен ми е животов ... на 18-20 години, жити се :^) :fubar: ... Да бе, сите други си леткаат од среќа. Fairy godmother.

    Бројте цигли, мозокот се вежба.
    И тие околу вас ќе бидат благодарни. :lol:
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604

    Си ги сакам до смрт, ама овие денови богами како ми газат на живци... :| моето трпение е многу кревко, и само за нив го растегнувам како мастика на жежок асфалт, ама денес...
    Чекам во банка. Ѕрррррррррр....
    „Му ѕвониме на Мане од та-на-на (селото каде што одат преку лето, во печурката) и - не можеме да го добиеме“!!!!
    Викам - итно ли ви е, што е работата?
    „Ааааа, да му кажам да ги ѕирне сливите до каде ни се“.

    |(

    Добро, ајде трчаницата да ѕвониме кај Мане.
    Додека стигнав, успеале да го расипат BOOM тв (повторно, 4ти пат во рок од две недели).
    Патем, јас стварно барам помош за местење на каналите по ред кај Бум тв. Значи пукнав, глупава сум и не знам да ги местам, и сега погодувате - мтв 1 е на 5ка, канал 5 - на 2ка... смак света.
    Плачки.
    (Мане инаку не го добивме, зашто погодувате - погрешен број запишале во тефтерчето. Сите комбинации ги испробав со бројот - јок Мане).

    Додека се објаснивме дека џабе ќе ги ставам на собната антена кога за две недели настапува општа дигитализација (баба ми уплашено накај дедо - „ти реков - ќе нè покорат“!) кој бре, фашистите ли викам, па се подналути, зема да плаче, да дува во марамчето, како мало дете - само јас сум крива, ти мене не ме сакаш, аааааа....

    Разгалени деца!
    Па смир смир, оправено Бум тв, додека бев во вц ми бапнала банана во ташна, доаѓам дома, вадам банана, чудилници целата. :^)

    Ама како да не ги сакаш, како???!!! :rofl:
     
    На ozbilnazena, kravce, teddybear и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не можам бе луѓенца да разберам како толку се суди за луѓето според вкус и активности во слободно време. :^)
    Не можеле да разберат како некој може да гледа серии, или реални шоуа, или што било.
    Е па јас не можам да ги разберам тие што мислат така!
    Не мора да значи дека ако некој гледа забегано реалити е неморален. Или пак, секако дека не е нормално ако некој е опседнат со турски серии и ги гледа сите до една, ама ако некој загледа една-две турски серии, не мора да значи дека одма е „теткица“, прост и неинтелигентен.
    Па може човек да гледа такви работи и колку да тепа време, или за ругање и зафрканција. :D
    А највеќе пак ме нервира кога некој слуша музика што не е баш мејнстрим и е непозната, и одма го карактеризираат како чудак, забеган. :|
    Сфатете бе луѓе, вакви работи не мора се мерило ниту за интелигенција, ниту за карактер. :!:
    Не поднесувам генерализации, ич.
     
    На Lux, anichka94, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Mekejla

    Mekejla Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    84
    Здраво девојки.Ми треба многу голема помош од вас бидејќи паднав во огромен очај и не знам каде веќе да се обратам,знам дека не е во ред ;(

    Со цел вежбање за матура, утре професорката по македонски јазик ќе ни даде писмена за оценување на тема,,Разликите меѓу Доста и Митра од Крпен Живот - Стале Попов''.Верувајте ми не знам да склопам ниту една реченица ;( ;( ;(

    Ќе ве МОЛАМ да ми дадете некој текст во врска со темата :( мое е да го преформулирам само.Ви благодарам,и извинете не знам веќе каде чаре да барам тука ми е последната шанса :( .

    Ве молам пишете ми во лична порака.Поздрав :(
     
  8. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Падна во голем очај..^ ?
    Јас си реков којзнае што те мачи сега..оф леле
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Се сетив на една случка од пред неколку месеци,има пола година,дури и повеке од пола година...Таа случка беше голем доказ дека постојат добри луѓе,предобри луѓе.Луѓе кои што иако не ве познаваат за да ви помогнат би ви дале дури и пари...Оваа случка никому не сум ја раскажала,нормално би излегла будала,па кој би дал така пари и кој би помогнал така и тоа маж над 30 год. кој што се знае што би направил на 14 год, девојче..но јас сега верувам..и никој не може да ме разубеди во спротивното.Од тогаш верувам дека не се сите исти.Дека некаде има и добри луѓе.Дека добрината сеуште не изумрела.
    Тогаш бев многу изнервирана,беше крај на есен,излегов малку да издувам глава.одев,шетав,размислував...Ми се случи нешто страшно што не ни сакам да мислам на тоа и одеднаш пред мене се појави 30+ маж кој ми помогна.Цело време кутев.Ми беше страв да не ми направи нешто и сакав да си одам дома.Но не.Ми даде пари,ме донесе до дома од центар и ми рече само: Размислувај пред нешто да направиш.Не се сите добри..Не верувај секому...оди дома и смири се и друг пат внимавај кај шеташ бидејки не знаеш кој може да те начека..Јас само кажав благодарам и си отидов дома...Од тогаш ниту сум го видела човекот ниту ништо....
    Сега ке одам и ке си купам тефтер..Тефтер во кој што се ке запишам што ми се случило....
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК милувам да слушам кога некој збори за наука, отколку да слушам рекла - кажала муабети.
     
    На Dog-lover, Sanjichka007, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како стара бабичка кога откако ќе направам clean history, па морам да си ја земам листата со јузери и пасворди за секој сајт кој го користам. Ама не е еден бре, а и четири мејлови користам, па не можам да запамтам со кој мејл сум се регистрирала.
    Ми текна на случка на другар ми кога мајка му го користела неговиот компјутер - дечково решил да си ја исчисти тастатурата, па ги извадил копчињата. Арно ама при враќање назад, ги наредил како што му дошле, затоа што и онака не гледа во тастатура кога пишува, на памет ги знае копчињата.
    Седнала мајка му мејл да напише, ама си видела мака сиротата. Па му рекла: А тебе тастатурата да не ти фатила вирус? Сите букви се измешани. Стискам п, ми излегува р. Стискам р, ми излегува н. :lol:

    Туку почнав сериозно да си се запрашувам - дали ние што немаме инстаграм и не споделуваме слики од јадење, значи дека не јадеме? :worried:
     
    На tweety26, ozbilnazena, kravce и 34 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ma на повеќето од оние кои го зборат тоа, све им е јасно, само така им чини. Единствен начин да излезат попаметни е да го направат другиот глуп. Колку тажно и патетично ги издаваат сопствените слабости. :(
     
    На Someonespecial, kikav и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ништо,што да ви кажам.
    Бев во школо,на англиски,и сега дома,ја чувам братучедка ми.Што фризури ми направи,што шминка ми стави..Абе немате поим :rofl:

    Си пуштив Мејден малку да се релаксирам.Да,да,со метал се релаксирам јас :lol:

    Туку,со Памелка решивме оти сега во мода биле министри,да си зееме по еден,па после Свит и Памелче со џип и со едно чудо телохранители ќе стигаат секаде 8)
    Лајк а министерки :wasntme:


    И тоВа. :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.668
    ^ Чекајте малце. Гордана погоре пишува дека сакала муабети за наука, а сега и се допаѓа пост кој кажува нешто спротивно. Науката кажува нешто за вкусот и карактерните особини на човекот. Не е тоа некако чиста иронија?
    Тоа што почнаа од помодарство да се прават сите умни, е друга приказна, што не треба да го оправдува гледањето на секаква турска серија, секое семе синапово, секоја песна на Аца Лукас, секоја Лајла Грејс, секоја Купохоличарка и слично. Како и да го вртите интересите кои ги пројавуваме за општествени појави, за она кое го одбираме кое ни го негува духот говори за тоа кои сме, какви сме и колку можеме да му одговориме на светот. Секое одбивање за нешто поквалитетно зборува дека одбиваме да го замараме мозокот со нешто покомплицирано. Ајде, разбирам инцидентни гилти плежрс,па и тие до каде одат, ама ритуални гледања на турски серии, навики за читање итн итн... Да, не зборува дека ти си лош човек,далеку од тоа, ама зборува дека не можеш или не сакаш да размислуваш повеќе и покомплицирано за животот и неговите случувања. И тоа пак ќе речам, не е некоја семе синапово категорија, туку способност критички и разумно да се зборува и размислува. А не просто исфилософирано како што често знаеме тука да прочитаме и да остави впечаток колку и едно тофу... Сепак, НАУЧНО, зошто нели сакате научно е докажано дека се ова е во директна корелација со интелигенцијата. Мислам гуглајте, има многу научни студии кои укажуваат на тоа. И тоа не ги прави луѓето ретардирани, туку кажува дека едните се поспособни покомплицирано да размислуваат, отколку другите.
    Не можеме да споредуваме музика во која се опеваат секс и ниски страсти, со музика која содржински објаснува некој покомплициран, длабок однос... Не можеме да зборуваме за турска серија која носи секојдневна проблематика и како некој филм кој објаснува некој друг однос, кој можеби подлабоко ја разбработувам истата тематика. И така натака и така натака...
    Согледајте што сакаат да ви укажат, занемарете ги лошите епитети со кои се украсува коментарот за лошиот вкус и насочете се зошто е тоа така.

    Така што...
    Коментарот на Теси е еднаков како коментар на некој кој би пишал вие го слушате Аца Лукас и сте глупи и патетични...не?! Ист е начинот, друга е страната која ја застапува.

    Тоа е исто како еве жените зошто тоа ги интересира - Види ја како се облекла, како к*рва, сега сите ќе ја зјапаат, кој знае со кого ќе заврши вечерва и сето тоа проследено со превртување очи и коментари и коментари. Што неа не ја прави лош човек за другите освен за себе, девојката може да срце од личност,ама ете има такви нарави и комплекси кои ги канализира така што се добро што има во себе тотално го анулира до степен на непостоечко. Епа така му доаѓа и со книгите, со филмовите, со музиката... Како тие се "облечени".

    А би додала и други работи, но се плашам дека не би имало смисла.


    Затворени седмица и Македоналдс. На скопските улици мачки со беснило.
    Случајност?
    Не би рекла! :D
     
    На Phyramide, tweety26, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  15. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Прочитај ја книгата! Внатре има многу добар текст од кој ќе успееш да склопиш бар една реченица за разликите меѓу Доста и Митра.

    Ех, заради вакви ученици, кои понатаму во животот ќе се најдат на значајни позиции, јас и многумина како мене ( :!: кои сме ја прочитале Крпен живот) мака мачиме и ќе мачиме во животот.

    Во нашава мала, малечка државичка (мала во секоја смисла на зборот) имало многу мафии. Италијаните и Русите можат вода да ни носат. Па во Европа сме сакале. Бре, бре! А бре :fubar: каде во Европа има случај државата да ти наплати за некоја услуга 6 месеци и повеќе порано од потребното и на крај да не им функционира системот?
    Вратете ми ги парите бре арамии!!! И камата барам!
    И кога ќе се пожалиш низ институциите добиваш одговор: Не е до нас, од горе е“. :?: Од „горе“ ???? Како од „горе“? Погорен кат -немате :?: Аааааа, од централата билооооо, од Скопје, од Министерството било, демек од погорниот.
    :@ Море оној горе да ви наплати на сите, арамиишта едни. Кого да тужам јас? Кадијата? Кај кого? Кај кадијата? Ма дај! :tmi:

    Денес секој краде како што може, колку што може и каде може. Па како не им е срам? Малку ли пари имаат (и на што ги трошат :?: ) кога буквално се‘ што им треба за живеење го добиваат бесплатно, т.е. сами си го земаат? Јас верувам дека таквите луѓе ни тоалет хартија не купуваат, ним им следува од фирмата (институцијата) каде што работат.

    Боже помогни ни! Би рекла Боже прости им, не знаат што прават, ама овие и те како знаат што прават! Каде ќе им оди душата, ако воопшто ја имаат?
     
    На Moira, kravce, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Растрчана наваму натаму не ми се верува дека по сите перипетии по 2ипол месеци откако ме запросе душлето конечно ќе можеме да се израдуваме и да ја споделиме нашата радост со сите наши драги и да ја прославиме љубовта :inlove: . По се што поминавме конечно ќе започнеме нова етапа од животот,нова иднина,нови денови со него кои што кој знае што ќе донесат.Се надевам дека нема да се разочарам самата себе и него и дека тоа што следува само ќе ме натера уште повеќе да созреам и да станам подобра личност.
    Ме исполни со неописливо чувство на огромна среќа моментот кога им ја соопштив на моите другарки веста и тоа вриштење од среќа и солзи во нивните очи никогаш нема да го заборавам. Вреди да се живее за тие мигови и сакам да ги има што повеќе кај секого.
    Само ми фалат тие-моите најмили мама и тато кои што сум сигурна дека се радуваат заедно со мене и дека од небото ќе ја гледат мојата среќа која што ја споделувам со нив секој миг,а тој ден најмногу.Ве сакам мама и тато и јас живеам и сум најсреќна да знаете.
    Возбудена сум луѓе,час се смеам,час плачам :D,а тој е толку смирен што дури и му се чудам како може да е таков :?: :wasntme:.Вели јас се потев пред да кажеш да, е сега ти малку попоти се :lol: .Вели вередбеничуле ќе сум му била-е баш така вередбеничуле кај му истекна не знам,а после ќе сум му била женичуле,а тој мене мажучеле и ќе сме имале детичулиња :rofl:.Матуф е знам :D ,леле не можам да повверувам што следува,лелеееееееее :D.Ајде за неколку денови ќе пишувам впечатоци од тој ден.Пилето ве гушка ситее :hug: :hug:
     
    На Theodora, tweety26, manja666 и 48 други им се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Тежок псиихички ден ништо друго интересно.!!!!!!! |(
     
  18. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Нешто ми мириса на убаво по дома.Се шири мирис што мами :rofl: .Направив палачинки (со крем,со мармалад и некоја солена).

    Бујрум :)
     
    На kravce, Jagoda123 и Libera им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се разбудив во 7 часот и што да видам-решила да ме посети црвената тетка и :$ и :puke: :D
    стигнав каде што требаше порано од времето што ми беше кажано-шампионка сум нема што :D се беше ок до пред неколку часа кога ме фатија болки-ке се оснесвестев готово-да се виткаш и превиткуваш пред луге-подобро да пропаднев во земја :tmi: сега ми е подобро-барем можам на нозе да стојам-тоа е нешто :!:
    ми се укажа уште една шанса на истото место пак на замена -втора смена ама овој пат е малку покомплицираноама па другарка ми доживеа пред некој ден емоционален колапс се договаравме да се видиме да ја утешам и сослушам-душичка е стварно па ке видиме што ке биде :worried: и таа ми се нашла па редно е и јас да и се најдам-другарството се гради :!:
    еве една речениза што ке ве насмее барем малку-барем мене ме насмеа вели вака-no brain no pain :lol:
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Дали случајно некој има некаква информација кога ќе има резултати од полагањето на клиника за сестри неможам да чекам полудев дома.....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.