Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Искрено, ама најискрено, одвај чекам да помине денов, да дојде толку и толку часот, да отидам таму и на тоа место, и да ја предадам цела тежина што ја влечам со мене. Сеќавам дека ќутам подолго време и дека ако почнам да зборувам, ќе зборувам со саати.

    Доста беше, конец, капут, крај!

    Веќе сум преморена, силата ми е толку колку да се натерам да станам насабајле од кревет и да се насмеам кога ќе ме праша некој дали сум океј. :| Оти немам сила да објаснувам, па што, па како, па зошто. Имам среќни мигови, минути се во прашање, ќе се насмеам така од срце и ќе ми дојде фино... другиот дел од денот, од животот, ништо, нада, натинг - рамна линија. Во момент кога имам се' што некој може да посака, јас сум... никаква.

    Страшно е колку се чувствувам дека полека се оддалечувам од сите, а ем реков дека нема тоа да го дозволам. Ама ете, сеќавам дека не ми се муабети баш, во последно време повеќе ќутам и го оставам мозокот да ми блее... Си се повлекувам, повнатре и повнатре и повнатре. Веројатно сакам да се заштитам од наредното потреперување, од наредниот немир, сакам да изградам ѕид, за никој и ништо да не ме повреди. Ужасното е, што почнаа да ме повредуваат и потресуваат такви ситници, се плашам што ќе биде ако испадне нешто поголемо, навистина се плашам. На моменти си викам, гајле ти е, што сака нека се случи, ќе преживееш, што не си поминала, та за ситници ли... Во наредниот, кога ќе сетам дека ми се собира грутка и топка во градите и срцето сака да ми излета, си викам, па и не е баш така лесно и едноставно, можеш само да го кажеш тоа, но не и да го примениш.

    И ги гледам дека сите си фаќаат патеки во животов, наредниот месец ова време нема да бидам овде и ме плаши далечината. Од сите и за сите се плашам. И за него се плашам, се навикнавме заедно и сеќавам дека во моменти на ,,рамна линија,, го буткам од мене, го повредувам, го секирам. Што можел да направи, како да ми помогнел? Како му помагаш на некој кој не знае каква помош му треба? Бедно створење станав.

    Имам едно така лошо претчувство во врска со една работа, во врска со една личност, толку интуицијата ми вика не оставај овака пред да одиш за Германија, нешто има во женава, а еднаш само ја видов, што ми иде да го превртам Скопје наопаку, да ја најдам, и да седам цел ден со неа, да ми каже зошто толку лошо ја доживувам, со надеж дека ќе го поправи впечатокот кој ми го остави. Нешто има од очите, не можам да објаснам што, ама има нешто. Се обидува да се претстави толку совршено и идеално, сеќавам дека има трула позадина позади тој параван. Се молам да сум грешка, ама досега доволно наебував кога не си ја слушав интуицијата и викав и викам - сеќава мозокот мој со кој нема да може да функционира. Пак тука иде помислата - и да си во право, нема да можеш ништо да докажеш додека не се случат глупости, пак крива ќе испаднеш на крај. И ќе си ќутам - првпат зборнувам околу ова, најверојатно и последен.

    Телово, да можеше да прогласи воена состојба, ќе прогласеше. Спиењето, јадењето, функционирањето е со сила, ама додека нешто внатре ме бутка, нека. Не бев јас ваква, толку живот имаше во мене, не можам да ви опишам и да ви доловам колку труло има сега собрано. И не, нема врска ова со позитива и оптимизам и верба и вера... Да ги немав овие фактори во мене, ќе лежев сега на сред шини и ќе чекав да ме згази воз (се зафркавам за ова, нема никогаш тоа да се случи,ама се разбираме), ама оти премногу си го сакам и милувам животот и здравиот разум, си барам чаре. И ќе си најдам, нека биде и за година, две, три, битното е дека ќе си најдам. Ако дотогаш сум толку деструктивна и успеам да си уништам се' живо и диво околу мене, да ги избркам сите, да ги напнам, тек тогаш треба да се загрижите. Вака... што не било, та ова ли.
     
    На imelda, bittersweet, sweet-cherry и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК толку скршена никогаш не сум била... Да ме треснеше од земја помалку ќе ме болеше...

    Толку, ќе испарам и ќе ме снема, ќе почнам нов живот и повеќе нема да се враќам тука...

    http://www.youtube.com/watch?v=Sve5SbGU6bk
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не ми иде денот без зелен чај со ѓумбир, ко Индијциве сум станала. Едноставно ме подига. И салата со млада пролетна зелка многу ситно исецкана + маслиново + јаблков оцет + копар е правата ствар. Патлиџанот е уште бљуткав, ама краставичките се топ. И може некое маслинче профрлано низ сето тоа. Многу добро иде и јајце на око со разлеана жолчка во целава комбинација со неизбежното двопече премачкано со путер. И ... некое домашно процедено сокче, портокалче, лимонче, хибридно јагодче... Денот може да почне, добро не сега баш, мене ми почна уште во 7 што е многу добро.
    Новиот начин на живот ме полни со енергија, здравје, кондиција, згодноча, свежина и се тоа, се гледа по мене 8) Многу е важно како ќе се подготвам од сабајле за да можам да го издржам целиот ден, психички што е потешко, ама и физички. И зошто е психички потешко, ооо зошто? Зошто има толку забегани, бесцелни, скитачи, глупави, недомаќини, исфрустирани, искомплексирани луѓенца кои треба да се истрпат во текот на денот, а за тоа бога ми треба коњски сили :lol: Мразам луѓе, големи маси на луѓе, гужви, бучни луѓе, понекогаш се плашам и дека сум станала социопат. :?:
    Собирам сили и за престојниот месец во кој ме очекуваат навистина напорни работи, последната испитна сесија, последните испити, возачки испит, неколку свадбички (е ова не е напорно ок? ;) ) и тоа би било тоа, па после да може да си се опуштам на заслужено одморче.
    Денов почна добро, беше дарежлив со неколку опасно добри поклончиња па нека продолжи така. Е, само желбите си ги изнакажав, за поплаки нема место :angel:
    Кип калм и не се замарајте. :hai:
     
    На anuskaNESTLE, Chimera, ludoto19 и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Враќам на прва страна и гледам колку луѓе ми недостигаат на форумов :( Мило ми е што има и нови,интересни,но да беа и тие,уште поинтересно ќе беше...

    Бај д веј,кој е за капучино,нека ми се придружи...
    [​IMG]
     
    На bittersweet, sweet-cherry, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Синоќа сум застанала врз тавчето со скуша, и полека си штипнувам од рипчето. Поминува мајка ми и ми вика: А бре не јади така стоечки, седни на маса како човек.
    - Да ама ако седнам, ова каснувањево ќе ми се смета како вечера. Вака ми се смета како „закуска“.
    Закуска... отсекогаш ми бил чуден зборов.

    Туку, во овој период секоја година home page-от ми е преплавен со чекирање во теретана, статуси за здрава исхрана и вежбање, слики од дечки како креваат тегови, девојки во хеланки како се чепатат на справи и ред други слични работи. Си викам, арно ќе беше да вежбате толку колку што се умислувате... Ама кај бевте зимоска кога јас си го потев задникот на точак и тренирав мускули со пилатес? Треба и јас да објавам нешто во тој стил, па да лупнам една слика од поминатата километража на точакот.

    Патем, еднаш ќе се решам некоја фотка да објавам (а во принцип тоа не се случува којзнае колку често) и фејсбук ми вика: Storage failure. We had trouble storing this photo.
    Па нормално дека ќе имате проблем, каде по ѓаволите да ги сместите сите овие затегнати задници и овошни салати?
    А летото допрва доаѓа...
     
    На ines.h, bittersweet, sweet-cherry и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Матурите веќе почнаја кај нас..
    Музичето од ромите, едноставно ме наежва и јас да земам да се раскршам таму :D
    Сега сфаќам дека стварно то време многу ми недостига, знам дека на денешен ден се исфарбав првпат црвена, за 2 дена ми беше матурата :D ..Многу бев возбудена, па фустан, па шминка, па фризура :D
    Убај времиња беа :)
    Но со самото влегвање в кафана, не беше то шо го очекував и шо го мислев, помина буквално се за една секунда, но тоа е еден период од животот кој треба и тој да помини...
    На сите матуранти тука, ќе му ја честитам матурата пред се, најубаво да си помините :) ќе му посакам многу успеси понатаму во животот, и за дипломи вака да си слават, да си се запишат онаму кај шо сакаат :)
    Туку друго сакав да кажам, го знајте чувството кога со другарка ти најверна се немате видено 3 месеци?
    Јас го знам и штотуку го доживувам, јбг не планирам да мрчам а и да се нервирам, само ќе сменам една книга, а не да свртам една страница ;)
    Одам сега на мамичка да и кажам какви луди имам во глата за едно фустанче да ми сошие :wasntme: , после одам да ги гледам матурантите, а вечер Есмето и Влатче да ги видам, абре луѓе од ова ќе биди нешто или нема да биди :rofl:
    Една нумера шо стварно добро чупчево ја изведва и ме наежва се заразив...
    http://www.youtube.com/watch?v=TU-kjXslwlE


    Имајте убав деннн :hai:
     
    На bittersweet, WarriorAngel, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум била против исмевањето на туѓите недостатоци и таканаречениот bullying на училиште.
    Не можам, едноставно не можам ниту да слушам „смешни“ разговори чија тема е тоа дали некој е грд, дебел, слаб. За среќа, во ниеден период од школувањето не сум имала прилика да бидам сведок на некакво сериозно малтретирање. И во основно бев во прилично добар клас, со коректни деца како соученици, а во средно наидов на уште подобра средина и уште подобри личности.

    Вчера едно девојче од гимназија ни се довери на мене и на уште една блиска другарка што доживувала во основно. Сега уште повеќе ја мразам оваа ужасна особина кај луѓето.
    Девојчето од 5то до 8мо одделение скоро секој ден, на секој одмор било малтретирано и исмевано, му правеле секакви злобни шеги, измислувале разни вицови за неа. Едноставно, не ја оставале на мира.
    Се прашувате зошто?
    Нејзината единствена маана е вишокот килограми... А од овие 2 години што ја познавам, таа е прекрасно девојче, спремно секому да помогне.

    Не ми се верува дека постојат вакви луѓе... Не разбирам какво е тоа задоволство да му го направиш некому неподнослив престојот во училиште? Да му го загорчиш секојдневието?
    Зарем на ваквите деца и луѓе никогаш не им бил горчлив вкусот на тоа смеење и забавата на таков начин? И зарем килограмите и изгледот се тоа што го прават човекот она што е?

    Што е најважно, драги мои, не дозволувајте вакви личности да ви ја занишаат самодовербата.
    Карактерот ја прави вистинската убавина на човекот, а не она што го гледаме од другата страна на огледалото. :)

    [​IMG]
     
    На great.girl123, sweet-cherry, midnight.flower и 22 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Погодена сум многу од еден муабет на мајка ми.Значи како знае несвесно или свесно да ме боцне,немате претстава.Некоја моја братучетка се вработила кај друга моја братучетка ,и сега како сите наоѓаат работа само јас не.Е мајко моја ,да знаеш само колку е тешко денеска да се вработиш.Не не сум од оние кои бараат плата од 1000 евра,и не барам првиот работен ден да ми почне со годишен одмор,за психички да се припремам,и после годишниот да земам трудничко боледување зашто ми доцни 2 дена.Не барам кој знае каква работа ,ама барем да можем да ги покријам дневните трошоци и да остане нешто.Ама не ,кај нас не е можно такво нешто.Што би рекла Дузи а грутката стои,не мрда ни нагоре ни надолу,само притиска,и не ти допушта да се опуштиш.
    Маж ми се разболе не оди цела недела на работа.Картони немаме газдата ова што седи дома нема да му го плати.Правда? Нема!
    Време на матурски прослави кои поштено ми го истенчија и онака тенкиот новчаник.Ама што да правам сакам да подарувам убави работи а не само купени колку да им помине редот.И тука имам колапс на системот.
    А најмалку што сакам е кога некој сака да ми дава совети а не ги барам од него.Во конкретниов случај една познаничка се дрзна да ми држи предавања.Таа која цел живот е сама (да се разбереме не ја сожалувам едноставно таква и е судбината).Не може некоја на која горните усни и се еднаш бакнати а долните ниеднаш да ми држи лекции за брак и сопруг.Се изразив вулгарно?Се извинувам!
    Во вакви денови добивам краток спој!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, WarriorAngel и 16 други им се допаѓа ова.
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Гледам дека многу феминки пишувале на тема малтретирање и исмевање во училиштата па ќе споделам и случка од мојот некогашен клас. Искрено навистина многу ги почитувам луѓето кои во вакви ситуации се ставаат на страна на жртвата место стоејќи настрана да фаќаат сеир.
    Од друга страна жалам што јас сум ја немала таа храброст и што не сум заштитила и не сум помогнала на некогу што навистина му била потребна помош.
    Во мојот клас се работеше за едно момче кое беше многу мирно и повлечено. Убавината не беше некако на негова страна. За девојка незнаеше во тоа време. Учеше многу но не ги разбираше добро работите па често се случуваше да добива и пониски оценки иако на крајот минеше со одличен успех.
    И да, тука стапуваа на сцена 3цата мангупи кои го исмеваа пред сите и го навредуваа. Незнам зошто но тоа придонесуваше сите да го гледаат како лошо и непожелно друштво. Што се однесува до мене комуницирав со него како и со сите други но не се зближив никогаш.
    Го немам видено долго време и искрено се надевам дека му е добро и подзаборавил на глупостите што му се случуваа во средно.
    Всушност сакав да упатам порака до помладите феминки. Ако сте сведок на вакво однесување заштитете ја жртвата. Не ја одбегнувајте и помогнете и да се спротистави. Ако случајно вие сте тие кои се наоѓаат во ваква ситуација спротиставете се и пријавете некаде. Немојте да дозволите некои никакви личности да ви ја нарушат самодовербата или да уништат дел од вашите најубави години.
     
    На DELFIN-15, XMaN, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Многу мразам девојки опседнати со мода и со тоа секогаш да се во тренд. Кога уште во понеделник сабајле ќе се дискутира за тоа што ќе се носи во сабота навечер и лупаат глава од ѕид заради тоа што незнаат каков накит ќе им одговара. И не е страшно доколку се случува тоа еднаш во месецот, но доколку преминува во секојдневие е тогаш очигледно нешто во мозокот не штима.
    Според мене треба да имаш празна глава за да постојано се опседнуваш со ревии, нови колекции и сл. И освен модата да немаш друга поголема преокупација во животот.
    Во ред е, сите сакаме да изгледаме убаво, не го негирам тоа ама трескање од под затоа што Долче и Габана имаат нова колекција за која си толку еуфорична иако никогаш ни едно парче нема да купиш од истата не ми иде некако.
    И да, има поголеми проблеми во животот од скршен нокт и растурена фризура.
     
    На kravce, Someonespecial, SparkyAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Точка 1.
    Ајде веќе нека заврне.Сакам да врне :rain: Ова попладне сум си направила замисла како максимално да го искористам времето.
    Симнав 2 филма,купив 300 грама сончоглед,сок од јаболка...
    На мојов кревет 2x2 сум се испружила колку што сум долга и широка и почнувам :~: .

    Слушнав низ Скопјево имало беснило по домашните миленичиња.Боље да се спречи отколку да се лечи.Ветеринарни служби кружат низ маало и ги вакцинираат миленичињата.Ако не пријавиш дека имаш милениче дома следува парична казна :x .И јас денес - утре најкасно ќе си го вакцинирам моето. :clap:

    Друго...под точка 2.
    Вечерва ќе одам да го измасирам малку мојон :rofl: душата да му ја извадам.Црвената тетка,вујна,стрина аш ја избркав денес :lol: .Иако мојов вика дека вози и на црвено :$ јас сепак сум да играме по фер правила. :clap:

    За крај...Точка 3.
    Среќна и задоволна си доаѓам дома,ги облакам моите нови пиџами,повторно се испружувам на мојот кревет 2x2 и заспивам.

    Морам во денот да си најдам занимација и да не мислам на проблемите што секојдневно ми се случуваат.Сакам колку е што можно побрзо да летнат овие 48 часа и да ми се врати насмевката.Сакам мајка ми утре да помине без проблеми на нејзиниот преглед и јас и цело семејство да прославиме.Ќе биде,мора да биде - се вели како што е Господ никој не е.Дај Боже
     
    На midnight.flower, CuteEva и charliee им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Има работи што сакам да ги оставам само за себе, колку и за звучи егоистично. Акцентот паѓа на некои си мисли, моменти, ситуации, или пак денови, ноќи, утра можеби ... Јасно ми е како ден дека не сакам а и не чувствувам уопште потреба токму тие да бидат споделени со некого, доволна сум јас, дури некогаш и целово мое битие е премногу во приказнава! И тука стандард крајно досадни душебрижници настапуваат на сцена, мислам, у реду је, оставете ме, супер ми е вака, без нагласување на непотребни додатни информации, не само околу мене - него околу се! Скроз небитно! Она `оставете ме` ми доаѓа да го напишам со најголем фонт и да го болдирам, или да излезам на прозор и да се дерам колку што ме држи глас! Или друга ситуација, од што ,,толку многу се грижат за тебе'', квази моралистиве и Мајки Терези, и се упорни да им кажеш нешто што ги интересира - во состојба се и на глава да ти се качат, и тоа ме плаши, затоа што не знам како да ги симнам! Буквално!

    Знаете, многу често информација плус не е на одмет воопшто, ама некогаш знае и те како да биде нечив терет, ако ме сфаќате... А и јас лично не сакам да знам премногу работи околу одредено нешто, да не речам за луѓево општо, околу мене. Таа е границата, не би да ја поминувам онаа ред лајн.
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ***РАСПУСТ***

    Се положив!!! :tmi: :D За мене и официјално почна одморот од 4 месеци! 8) Е до септември веќе книги нека не ми се појавуваат пред очи! Идам да одмарам, и не знам што попрво да напраам како куче пуштено од кафез сум ]:) :party: :up: :muscle: :d: :smirk:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Mrs.Cuper, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.666
    Како знаеш дека македонци ја работеле локалната кампања на Кока кола и направиле детски, наивни грешки. И како знаеш дека заебале...
    - Во мултинационална земја пуштаат 150 македонски имиња... Пошо само македонците пијат Кока Кола,ама прават исклучок за Амди. Колку симпатично. Најчести имиња и тоа само македонски. БравоС бе дечки!
    - Испратиле Кока кола пакетчиња на твитерџии кои не пиеле воопшто Кока кола. Секако, твитнале за тоа. Се губи чувството за уникатност и заслуга на влијателниот (и прогуглајте вие глупи твитерџии што значи влијателен и од кај произлегува изразот). Не секој влијателен ќе повлијае на целта. Ќе си го насочиш кон конкретните. Као ако не пие, ќе запие?! Пф...
    - Ја промовираат кампањата по портали со комерцијални текстови 15 дена откако е активирана кампањата. Џабе фрлените пари,откако се случува нештото, немаш потреба за тоа. Уштеди го буџетот за бога милога.
    - Пуштаат гола кампања со имиња и не прават бекраунд зошто е нештото и зошто Кока кола е за споделување.

    Мојата чудесна земја Македонија и сета глупа раја што работи у АДВЕРТАЈЗИНГ разбираш!
     
    На midnight.flower, kravce, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Се вратив, жива и здрава, дома сум! Најубаво си поминав на апсолвентската екскурзија, да не ме мислете! :D Ама впечатоци за истата ќе ви пишам во соодветната тема кога ќе имам повеќе слободно време! Ме чека матурската на брат ми утре, одам да помогнам нешто по дома..

    А колку ли само ми се спие, аххх... |-)
     
    На Jagoda123, Doozy, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Мирот во душата е најважен.
    Деновиве го немам.. ме мачи "денот", ми го поремети цел организам. Едвај чекам да дојде и да помине, па макар и резултат не е очекуваниот, ќе имам друга шанса за многу брзо време, а за здравјето нема.

    И се е убаво вака напишано и кажано, ама посилно е од мене, џабе ми се зборовиве..
    Ај, ќе помине.
     
    На bittersweet, Moira и Hipster им се допаѓа ова.
  17. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    да го живееме животот максимално,младоста е најубавиот период од животот.
    да се сеќаваме само на убавите работи кои ни се случиле а на они лошите да им кажеме збогум.
    некогаш можеби ќе копнееме по ова време да се врати ама нема затоа треба да живееме безгрижно,секоја брига со една насмевка да ја замениме полесно ќе ни биде....
    ова го научив денес иако секојдневно сум во ситуации да сваќам работи кои вредат
     
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Не сакам да мислите дека само се жалам...но не е до мене.
    Всушност и не се жалам. Само сум премногу емотивна.
    Мразам што е тоа така. Мразам што сум рак во хороскоп. Мислам дека не постои друг знак што е поемотивен од ракот.
    Не знам дали да се смеам или да плачам. Или двете истовремено.
    Со насмевка на лицето а со солзи во очите.
    Се ќе помине. А дотогаш?
    Смејте се и бидете среќни. Еднаш се живее.
    :*
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Како издржувам секоја ми чест.
    Понекогаш се прашувам имам ли чувства,ми останала ли барем некоја емоција во мене? :^)
    Доаѓа тетка ми ме гушка,ме гледа во очи и ми вика "исплачи се ајде,викај полесно ќе ти е..."
    Како бре да плачам кога не можам,незнам зошто ни како,ама ете не можам.
    Грутка во грлото ми стои,очите раскрвавени,полни со солзи,ама емоции не покажувам.
    Како што одев натаму,качувајќи се по скалите нозете ми се сечеа...одам понатаму читам операциона сала и готово малку фали да се онесвестам...одам уште и ѕиркам од една врата и ја здогледувам неа...толку бледа,лежи таму борејќи се...
    Влегов кај неа силна,но излегов скршена...пред сите ја ставам маската со насмевка и продолжувам натаму,но само јас знам дека тоа сепак е само една маска за да ја прикријам сета болка.
    Само се молам да помине се,се да биде во ред...
    Нека тргне на добро,ајде веќе...
     
    На charliee, bittersweet, midnight.flower и 11 други им се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Довербата е како гума за бришење. Станува се помала и помала по секоја грешка. :rofl:

    Ако му се прај на некој муабет нека пиши ЛП :D :D
     
    На charliee, cheetah.girl и Umbrella22 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.