Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.975
    СДК дека сум капната, уморна, ама вредеше.
    Синко го прослави својот роденден, ама беше прекрасен, умен, весел и расположен славеник.
    Одам да потонам во сон и да си го исклучам од главата детскиот џагор и песната Happy birthday...
    лека ноќ драги феминки.сонувајте слатко....од смокви :D
     
    На creshicka, ph.orhideja, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Everybody has the right to choose what will be in his life. So, why somebody has chosen to be stupid ?!
     

    Прикачени фајлови:

  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    СДК -Македонија го сака Влатко и наредната година на евровизија!(сам)
     
    На lunicka, Lux, mima83 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    :rock:
    точно така
     
    На Mermaid90 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека мн сум тажна
     
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Се вратија двајца другари од Германија. И им кажувам дека не сум веќе во врска. И едниов му вика на другиот:
    Види ја каква е здебелена, насмеана и те како и годи тоа што раскина. А другиов му вели на тоа:
    Па таа не е од оние што патат по некого.
    Ги гледам, превртив очи и се зачудив, толку ли малку не ме знаат!? Или јас одлично глумам!?
    Трето нема.
    Се смеам поради тоа што не сакам сите да знаат колку многу ми е тешко. Се обидувам да не им кажувам на сите за моите проблеми. Само форумов ми е место каде што можам да си се отворам. Да се разголам душевно без око да ми трепни.
    Инаку се држам. Ни дијазепам ни бедоксин не помагаат веќе.
    Онака поспана сум цело време, ко забавена снимка сум, не ми се оди никаде, ради реда правам работи.
    Среќа факултетов ми е прекрасен. Ама добро тоа е единствено нешто што ме држи во живот.
    А не и сексипилноста и убавината :rofl: :rofl: и самобендисаноста и тие ме држат во живот, така ми кажаа :!: .
    Што не ќе чујам уште.
    А да си легнам јас.
    После треба да станам рано, оти нели уште факултетот остана нормален.
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Денес се' сакам да кажам :tmi: Дури не го оставив ни другар ми да зуцне нешто на тел, трчи сопни се, од што побрзо да кажам се, ги кратев дури зборовите, го мразам тоа. Сакам да зборувам полека и разбирливо ама ете...спид верзија.
    Матура бре, матура. Што убаво беше, ме потсетивте. Ме потсетивте и како секогаш за некоја свеченост, после враќање од фризер ја до(не)средувам косата. Едноставно нели...не смее да изгледа фиксирано :D А мене уствари дечкото тогаш ми се налути зошто не излегов порано и да одам да се видам со него. На другар му девојката излегла од ресторан и право кај него да си се дружеле. Извини, матура ми е, божем нема да се видиме утреден |( до сабајле си останав во кафанче :dance:
    И ме потсетивте за годишнината од матура. Ја не се дружев со сите, ама убави школски денови си имавме :angel: Убаво ми е, и не се замарам кој што ќе каже и како, во глобала фини луѓе си се :^) Секој по некоја посебна карактеристика го паметам.
    И овој вчера ми пиша...сигурно пак му се скарала девојката :D толку е очигледен. Се ла ви.
    Туку, сакам слободен викенд шефе! Да си одам во пустото ни селце, да украдам некоја трска од тато и да печеме риба на скара. Сакааааааам! Иде лето, моите едвај 48кг ќе се намалуваат. Права крава, само трева јадам. И така луѓенца, мене руколата ми никна ^_^ Експресно. За недела дена ќе изигравам италијанска куварица. Ќе си ги направам лазањите со спанаќ, овој пат без доматен сос и салатичката со рукола...и фета може. Мх! Ни Алачки не ми е рамна!
    Сакам огромна кујна и пуно намирници и цел ден да си готвам и испробувам. И на крај некој друг да ги измие садовите :wasntme:
    Ми се врти во глава некоја портокалова нијанса и луди шишки. Промената мора да почне од косата не?

    љубов, љубов, љубов ви праќам...и преку храна и луѓе и кучиња или што и да сакате :sun:
     
    На Elennaa, Micheleljubov, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    СДК изгледа ме дрма ПМС. Е тоа ти е, кога не конзумирам ѓумбир веќе една недела. Ми се смачи. Таква сум јас, брзо ми здосадуваат играчките :D . Главоболки, болки во стомакот, како да секој момент ќе добијам. А и немам нерви. Не можам да ги поднесувам досадните колеги, кои вообичаено добро ги трпам цел работен ден. Ама не и денес :shake: . А они кутрите, не се навикнати на ваков игнор третман од моја страна па на тоа реагираат бетер од жени со ПМС. Ах... Што да се прави. Немам сила за ништо денес. Денес, да можев, цел ден ќе го прележев. Ту, како не беше неработен ден!

    И уште нешто, диета и пмс, ептен тешка комбинација. Може и заради тоа сум вака нервна. Седам и туку ќе ми се залула се‘ пред мене за дел од секунда. Едвај чекам да се најадам ко човек, не дека ќе ми биде поарно, туку да го елиминирам сомнежот дека моменталнава ситуација ми е поради глад. :wasntme:

    Минатава недела, можеше да биде и подобра. Ајде здравје наредната нека се покаже во подобро светло.

    Имајте убав ден! Далеку поубав од мојов ден!
     
    На ludoto19 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Абе ајде да се деца да разбериш, немаат памет, ама и овие постариве :worried: наполниле 25-30г. и на секој 5 мин. Петко е во двор, Рајна е на чаршија |(, Трајко јаде шопска и пие ракија со Ристо :|
    и што вика Кала ако не се напише што се јаде/пие нема да имаат убав ден :^)
     
  10. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    ^^^^^^^ A за Инстаграм што да се каже,бетер песна :D
    Македонче ако не се пофали ништо.Што викаше некој на инстаграм и фб прво се слика јадењето па се јаде :D
     
  11. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Конечно петок ^_^
    Воедно сум среќна и несреќна :|
    -Зпочнува викендот и ке се одморам тие три дена, ама од понеделник се до петок тешко ми се пишува. Пред мене ме чека дооооолга и тешка недела полна со писмени, тестови и испрашувања :doh: .
    Сега незнам што да правам, оваа недела ми беше тешка, пак имавме писмени и тестови испрашувања и се, ми треба малку одмор ама неможам навистина морам и овој викенд пак да учам за да постигнам успех, доаѓа крај година и како што викаат "крајот го краси делото"!!! Ај уште оваа недела и конечно малку ке здивнеме, ама екстерното... Како и да е мислам дека добро ке помине, иако преглупо тоа што ке не тестираат важно јас мисма дека сум спремна за годишен тест :) . Денес во школо си поминав најубаво, сите наставници беја расположени, имавме музичко пеевме се веселевме...
    Денес планирам малку да излезам и да се прошетам со другарките, да разгледам низ дуканите и да си купам нешто ново за школо :) .

    На сите ви посакувам убав викенд исполнет со многу љубов и среќа, Ве Сакаам :* :hug:
     
    На Dog-lover, srcekrsacka, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Секогаш му е најтешко на тој што останува а не на тој што заминува .... тоа е факт без разлика дали станува збор за другарство или љубовна врска ...
     
  13. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Си станав така посабајле,без еуфорија сум абе зш така? Вечерва матурска вечер кога ке почнам од 2 фризура,3 шминка,тргнување ова она уффф..
    Кога ке заврши се,ке ми се врати филмот што како,дека завршуваме.Не ми се верува сеуште дека готово нема повеке училишни клупи,глупости,тестови.Времето навистина брзо лета,навистина.
    Ви посакувам на сите да имате убава матурска вечер(што славите вечерва па и др.ден)
    Заминувам да почнам со спремањето! Поздрав :*
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Вчера си поминав преубаво на апсолвентската вечера, камо често да има вакви вечери. Смеење до бескрај, играње, пиење, добро друштво, мерак на душа. И да си се напив повеќе, па еднаш сум на апсолвентска вечер. Криво ми е што ете ми завршува факултетот :(
    И денеска станувам така наспана само 4 саати, бидејќи комшиите до мене се толку ,,фини'' и ''љубезни'' да рокнат музика и тоа само една песна и да ја исклучат после музиката. Е браво!
    Ајде барем убаво изненадување имав сабајлево, добив 10ка на факултет.
    Имајте убав ден :)
     
    На thelittle17, kravce, ceca-1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    пак сум на раскрсница незнам каде да одам што да правам!
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Оваа земја се загадува единствено од смрдливите потреби на некои луѓе! Од оние кои за да успеат во животот лагано си чучнуваат пред некој друг и тоа не е од љубов туку од корист - корист за работна позиција, корист за оценка, корист за да се омажат во културна фамилија(?), корист за да бидат видени во јако друштво, корист за да бидат со оние тупаци со кои ќе навредуваат некој кој не е во можност да се одбрани... :fubar: :fubar: :fubar: Чукнете се со главата во некое дрво додека не е прекасно!

    А за сите останати:
    http://www.youtube.com/watch?v=bd3Yu-ImZk0 :rofl: :rofl: :rofl: Убав ден за убавите луѓе!
     
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ама петок е.
    Вечер ќе одам на хорор со друшки, убаво ќе си поминам.
    Што сум расположена јас =)

    И дознав дека ќе имам братче :angel:
     
    На midnight.flower, sweet-cherry, kravce и 25 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ај шо ми наплаќа 100%од сумата без никаков попуст, згора на тоа и ме гледа бледо у стил „што бараш уште тука“ додека ја чекам фискалната. Јаа шо си бил ербап.
     
  19. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46


    Лозано без Есма како тенџере без капаче. ;)
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Правилото дека секогаш жената треба да биде средена денеска пак ми се покажа како точно.Во блискиот маркет купувам сабајле кога пред каса редица,си дремам и мозокот во лер кога позади мене-.......ти ли си?Се вртам и го гледам него,детето за кое во седмо одделение изгубив глава.Е сега не е веќе дете ,маж е,додуше и него годините го нагризале,а јас во себе си честитам што ми е косата свежо фарбана и имам депилирани веѓи и мустаки.Си изнаправивме муабет и по касата,разменивме мислења за животот,и секако се разделивме секој на своја страна.Туку да ви кажам зошто боледував по него.
    Турнир во мал фудбал нели ние основките наредени околу.Натпреварот во тек, а мене од очиве ми излегуваат срца како балони од шишенце со сапуница.Погледите во роеви лебдат над теренот и се групираат над најнајнајнајдобриот и најнајнајнајубавиот играч.Кај трча тој и моите погледи трчаат.Навиваме ние,мислам баш ми е гајле за головите и кој ќе победи,сакав само тој да ја земе топката за да можам гласно да го бодрам да не испадне нели сомнително што го спомнувам неговото име.И така ,се залетува тој ,ја шутира топката и го ѕвекнува девојчето на половина метар од мене.И потече крв од носот,сите се собраа околу неа и се разбира и тој.Ја брише со марамчето ,се извинува ,ја допира..страшно.А јас никогаш ни до тогаш ни од тогаш не сум повеќе посакала мене да ме удреше топката.Се продолжува натпреварот а тој на секое поминување ја погледнува како да ја прашува -дали си добро?А јас,зеленеам ,модреам...и едвај го издржав крајот на натпреварот.Мислам како бре да гледаш такви јадови со свои очи.И така наредните 10 дена тој на секое сретнување во ходникот и се извинуваше ;( ;( А јас првпат во животот проколнав- да даде Бог секоја фудбалска топка да се издиши ако погоди погрешно девојче.
    Спомени...ех спомени :D
     
    На Trnche, midnight.flower, Someonespecial и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.