Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Неќна дојде еден дедо во аптеката, изнакупи лекови полно ќесе, даде 2500 денари. Јас останав со подотворена уста. Потоа дојде една жена, луѓе плачеше, вели цела пензија за лекови ми отиде, тогаш купи едни од 8оо денари.
    А, ние? Здрави, прави, пак не ни чине. Во животот има пострашни работи од тоа што да облечеме за излегување, дали да си ја купеме црвената или белата блузичка, во кој кафич ќе одеме, додека други целата своја заработувачка ја даваат за своето здравје, за да не го изгубат истото.
     
    На AnaKarenina, Beauchamp, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Сдк официјално светот не е достоен до принципите. У Израел се накити елка,проследена со зборовите Мери Крисмас...шта реќи?!
    Хауника славам од утре,ај чао!
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК не зборувам јас, виното зборува наместо мене :D Црвено, и тоа :drunk:
     
    На senjorita-v, CIA и irenna им се допаѓа ова.
  4. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    каква вечер леле! :rofl:
     
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Сакам да престанат да се емитуваат досадни емисии од типот на Бекстејџ, Eксклузив, Тротоар... :?:
    Истото важи и за оние ступидити/реалити шоуа.
    Сакам и цензура за кичот и вулгаризмот по весниците и интернетот. :?:
    Многу ли барам? :^)


    Изгледа |(
     
    На Doozy и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Да не ме сфатите погрешно не мислам само на вас две туку општо и па и јас спаѓам тука . Ја отупевме во СДК враќајки се на основните работи во животот што треба да се цени поштува и блабла . Се тоа фино у убаво ... АМА
    ај сеа реално ...
    Што дека ќе акнеш еден пост со таква содржина ти стварно од утре ќе функционираш така ? ! ? Сериозно ? :^)
    Не , не и не те мавнале некои мисли го мислиш тоа сега во моментов , после неколку саати зборавено . Епа ако е така ај парите што ќе ни ги дадат за Новава да ги донираме да одиме со старите крпичиња еј ќе преживееме без еден шопинг и така катадневно купуваме . Е има доброволци ?! е нема ;) . И кој донира денеска , и од онаа страна на форумов кај што има за преку телефон . Па ретко кој ...
    Дали стварно си го цениш здравјето додека не го изгубиш ?
    Да свесна сум дека моево не си го ценам колку треба , и пак терам иста песна . И кога не дај Боже испадне го изубам тогаш тек ќе сфатиш .
    Пак ќе напоменам ништо лично ама у мегувремену ова ми е ко млатење празна слама ...
     
    На sweetyears, Dgirlll, thinkerbell и 3 други им се допаѓа ова.
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ми се спиее многууу |-) |-) а дечкоми ми прави масажи на мсн |-) |-) златичко
     
  8. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добро утро.
    Јас прилично рано се разбудив,уште во 8 и 15...
    Сега и приредувам изненадување на мама :lol:
    Ке ја изгланцам целата куќа,ке светне и ке направам некој ручек.
    Вчера си дојде многу разочарана од работа.Пропадната и замислена.Молчеше цело време,а мене срцето ми се кинеше. :| Тонеше со мислите се подлабоко.Како да одеше по дното..
    Незнаев ниту еден утешен збор да и кажам.Незнаев како да се изразам..Како да и ја намалам болката..
    Ке и кажев неколку збора,но всушност ни тие не беа реални и неможеа да и ја намалат болката..

    Денес ке го оставам учењето на страна и ке се фатам за работа..
    Сакам да и го видам лицето кога ке си дојде дома.Очите да и светнат и душата да и ја стоплам со едно мало изненадување.
    Многу ја сакам.И таа знае дека ја сакам и дека ја подржувам буквално во се.
    Денеска тоа ке и го докажам и покажам на еден симпатичен начин.

    Таа е многу посебна и заслужува многу повеќе.

    И така..ајде чаоситос :hai: :*
     
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    СДК дека добив сабајлево и од кревет не ми се станува :tmi: , а треба до продавница да се иде.. Кој ќе излегува на ветеров, лелее.. :(
     
  10. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    СДК смачено ми е од расправии. Аман!
    Тешко ви е? Мене ми е потешко!!!
    И мразам шо само кога ќе видам дека некој негде нема ни покрив над глава, топла облека и храна, па камо ли луксуз од топла вода за туширање, компјутери и интернет...тогаш го ценам животов.
    Ми треба мир и тишина, галамава ме турка во депресија.
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се откажувајте, често се случува вратата да ја отвори последниот клуч. :) :hai:
     
    На bittersweet, Serafima, Strumfeta93 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Добро утро :hai: .
    Уствари мене не ми е добро. Си легнав сабајле во 4, учев шест теми за писмената македонски. За што си легнав толку касно, за да станам во 10 ? Неможам да сфатам.

    Мислам дека, со обзир на моето станување, а и вестите кои ги дознавам .. ова дефинитивно ќе биде интересен ден. Треба да одам нa shop-shopping за празнициве. :rofl:
    [​IMG]
     
    На Nastjaaa4 и danniela5 им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Добро утро, ај нека ни е со среќа во првите топ веб-сајтови... дај боже и да победиме. Браво ФЕМИНА! :party: :party: :party:

    Еве ги сите финалисти. Им посакуваме среќа!

    Најдобар веб сајт на годината

    crnobelo.com
    femina.mk
    kurir.mk
    on.net.mk
    tocka.com.mk
     
    На Strumfeta93, Lepaaa, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.560
    Пол:
    Женски
    Значи го доживеав и ова...период во животов кога се ми е рамно...
    Станувам наутро и не приметувам колку е несредено..што ми е гајле ,и душата ми е таква па никој не рекол чекај,кажи ми што чувствуваш...
    Со маж ми речиси и не разговараме,лута сум му од неговото последно пијанство...ах...немам желба да го слушам дека ете се случило случајно...ха..како да не...
    Иде Нова година..и се фаќам како не ги сакам празнициве...по правило тој секогаш е на работа или е уморен или е пијан..или...милион причини да не се оди никаде...не сакам целовечерни лумперајки и кичови...сакам само добро друштво кое со годиниве некако многу се истенчи...
    Си го одбржав ветувањето дека нема да ги манијачам огласите за работа...нема работа...па и не мора да има...кога сум проклета...се нека оди бестрага...
    Искрено открив дека и мојата најдобра другарка за која бев спремна и рака да дадам,ме лаже....ме лаже за многу работи кои случајно ги открив,и знаете што ,не ме изненади,ќе се изненадев да откриев дека навистина го заслужува епитетот најдобра..вака ме олади,вчера дури и ме праша зошто гласот ми бил сменет кога разговарам со неа...мислам сакав да кажам а што очекуваш..пак премолчев..по дифолт...немам ни енергија за објаснување...
    ...врти сукај само мачкава кога ќе ме види трча и ми се умилкува,барем таа досега не ме изневерила...
    Викендов за некого е шанса убаво да си помине,за мене уште 2 дена во низава..и на ова се навикнав,всушност кога ќе се завртам се е навика.Така е кога се живее по навика..
    Ви посакувам убав викенд,и борете се да не ви стане навика...додека сте млади...
     
    На Serafima, zhap4e, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Денеска дефинитивно станав на десна нога,надвор врне истура а јас насмеана од уво до уво,без некоја посебна причина :)
    и ако слушнавте некој кај што ја пее оваа песна(завива :rofl: ) на цел глас тоа сум бидена јас сабајлево
    http://www.youtube.com/watch?v=zTcu7MCt ... ture=share
    мајками само ме слушаше и се чудеше која будала од ќерка си ја има :rofl: јас само си ја гушнав и си заминав и ете ме со првото утринско кафенце ве дружам вас :*

    И бидете секогаш позитивни бидејќи животот е еден,направете го да биде вреден :)
     
    На zhap4e, Magnolija и starbucks им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Да.. Го доживеав и ова ...
    Пијана состојба, не сум била од 1 мај :wasntme: ..вчера беше денот.
    Го имав најубајот помин Еверррррррр...си го сакам класот, си ја сакам класната, не знам како ќе се разделам од вас, стварно не знам, во последно време сите ми сте драги и мили.
    Нејќам да завршам средно. :| :x
    No matter how much we hate school,it's the only place were we wish to come back. :|
    де бест помин евер анд евер, се надевам дека ќе ги има уште многу пати.
    Денот е убав,одам на кафе и на гркланннннн :D со најдобрата другарка на малце муабетче и тро оговарање, се немаме видено една недела. :(
    И да ми фали и покрај сите работи шо ми се дешаваат во животот, ама не те барам, си стојам на зборот, ако сакаш барај ме. ;)

    Лалалал ма среќна сумммм.
    Имајте убав деннннннн. :hug:
    Ади лавсс јуу. :l:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Дождливо утро,јас на работа.Но,добро е што после одам да се подновиме малку за празниците.Па,и убаво е да шеткаме под еден чадор со мм,а сонцето мало ќе се топли кај бабичка,ќе печеле костенчиња.Мераци...
    Конечно ме фати предновогодишно расположение,а мислев дека ќе ме одмине.Бев на работ на едно тотално разочарување,но мислам дека се изборив да не потклекнам.
    Тоа е сега засега, ви посакувам прекрасен дождовен ден и многу топли прегратки
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Mислам дека девојките сакаа само да кажат дека не ги почитуваме работите воопшто што ги имаме и дека никогаш не сме задоволни со ова што го имаме и поради тоа сме несреќи,а и нервозни воедно.
    Но,нормално.. никогаш не знаеш колку ти било добро, се додека не наидеш на лошо.

    И не биди сигурна дека ретко имало кој донира.
    Постојат полно луѓе, можеби ете оние што ја објавиле веста нема да донираат, но благодарение на нивното известување ќе се најдат неколку што ќе донираат.
    Sharing is caring.

    Нормално,луѓето преку ден не се менуваат, но понекогаш доволно е да станат свесни за ситуацијата нивна,а потоа за туѓата.
    Добро е да ги здогледаат грешките и да се покајат за тоа.
    А,промената сама ќе си дојде.

    Или ова ви е too overrated, too mainstream ?
    И поради тоа би те замолила да зборуваш само во твое име.
    Затоа што мене ми е многу подобро кога ќе прочитам таков пост,отколку дневен извештај за неговиот живот.
    А, темава се вика "Сакам да кажам",а не "Што правев денес" ..така да во ред е секој човек да има што да каже

    и СДК
    дека се нервирам кога на позитивни работи, луѓето мрчат
    секој човек е добар сам за себе
    секој сака понекогаш да промени нечиј живот на подобро,кога веќе не може својот
    и тоа не е нешто што денес е актуелно, утре не
    Денес е актуелно да ти сметаат позитивни работи, среќни луѓе, луѓе кои се радуваат
    и како човек да се радува на нешто и да сочувстува со тоа,кога секогаш ќе постои некој што ќе го спушти?
    И за да не ми пропадне постов, денес се разбудив многу рано.
    Изгледав How i met your mother и репризите на Sex and the city и сеуште имам досадно секојдневие,за да се фалам со истото.
     
    На bittersweet, ljubam, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^^У контекст на муабетов.

    Живот, празници енд стаф...

    Се случуваат и други и толку многу работи и понекогаш можеби е подобро за сите да застанеш на страна и да вдишиш најдлабоко од ова гомнаријава од воздух скопски и да ја даеш на некој плочник јетрата. Понекогаш е добро да сибеш мајката од градот кој најмногу го сакаш, за да сфатиш колку го сакаш. Понекогаш е добро едноставно да си преќутиш, од друга страна, пак некогаш е подобро да си кажеш и да се испокараш... Понекогаш ти треба едноставно да се потсетиш...

    Понекогаш почнуваш од цицките, понекогаш директ за пичка, а има денови и ноќи кога ќе останеш чисто на нејзиниот врат, припиен уплашен и замислен дека ќе ја изгубиш засекогаш заради тоа што не го креваш капакот на шољата.

    Понекогаш можеби и треба да му кажеш на комшијата дека едноставно не те боли кур за тоа кој кај паркира... Дека повеќе те замара проблемот со пренаселеност на Југоисточна Азија отколку тоа што Куќниот совет треба да ја смени чистачката. Ама и тоа е веќе клише!

    И знаеш што е исто клише? Да мрзиш празници! Толку е аут што веќе те фаќа еуфорија и тебе! И само го одложуваш самоубиствотото, што бај д веј исто така станува ин во пост транзиционите земји, па така еве една Србија се искачи на „високото“ 13 место во свет...

    И така баш кога ќе висиш со ноџињата накај водата од мостот и ќе ја пушиш 27-та цигара, кога ќе си речеш и помислиш дека животот не вреди да се живее и ако треба нешто да замислиш нема да знаеш од каде да почнеш. Баш кога ќе му го испушиш на Дедо Мразот и кроз смеа ќе те праша, добро бе дибек еден, толкав вол си пораснал и уште веруваш у Дедо Мраз! Баш кога гласот од внатре ќе ти каже, Е СЕГА СИ НАЕБАЛ... Баш затоа што навистина нема смисла постоењето... Ете баш затоа...

    Запрашај се што посакуваат децата без родители за Божиќ? И жити се ЌУТИ!

    by http://aerodromskison.blogspot.com/

    Дечково има оргазмично добри статии.Обожавам да го читам. 8)
     
    На zhap4e, starbucks и Gea им се допаѓа ова.
  20. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    СДПромрчам, добро, зошто, зошто им е интересно на некои човечиња да ставаат слики на фацакнига порталот како се разлапуваат со јазици, лиги, полуотворени очи и остало? Онака да ти се згади.

    А сеа може да кажам дека ништоо од снегот што го најавуваа, еве ни го во течна состојба! Фала многу, пријатно. Нема врска, таман е атмосферицава за учење, тоа е еден плус. И така.
    Кратка ќе сум денес, ќе го грејам другото столче на другото биро. И ќе бидам ефективна и ефикасна.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.