Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    ким-ке каква друга планета ...седи мадро тука таму нема "атмосфера" :) ;)

    инспирирана од еден виц
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ен Хетавеј кратко? :geek: Јас ептен сакам така, ама ич нема да ми стои :(
    СДК дека наскоро сум на албанска свадба т.е нешто како моминска вечер и едвај чекам. Куп жени, музика и лет д парти стартед :party: . Жениве кога се сами ептен се луди :D Кое изненадување ми беше првиот пат кога отидов на 8мо мартовско патување со жениве, земале перики, секс муабети, музика играње,тресење...жени над 40, 50год :D И може пак ќе ме стават да ги држам свеќите, од блиску да гледам се. Ептен ми се интересни обичаите и едвај чекам да видам какви фустани и сошиле, преубави ги прават.
    Иначе сношти, ги скратив сама шишкиве :D не многу, колку да им дадам некој облик нешто, си реков на крај краева ако ги зезнам, и така Одри Хепберн ќе ги направам. Средував некои кабли низ двор, па му реков на брат ми дека ако ме здрма струја, тие 2000ден што еднаш му ги позајмив и ми ги врати, сега може да си ги земе. Знаете што ми рече...немало да биде само тоа што ќе земел |( Вер из д сапорт брадр утеха дека нема да загинам |(
    Туку, да не знаете колку пари иде руколата :wasntme: нешто ептен густа е, а и ако може да си ќарам нешто плус :wasntme:
     
    На Annath, Trnche, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Ми треба одмор.

    И заслужено да го од-дремам, со мохито во рака, газ насончан и нашлапан со кокосово масло и да си молчиме со морето. А со него да си дрдориме бркајќи комарци од апартман. Ајде, уште малку.

    Ама нема.
    Ќе биде држ - недај периодов, се до август.
    Се задоволувам со маливе излети наоколу, па и фала и за толку.
    Утре рано наутро - Reach out, touch Dave! И ќе вриштам.
    Наредна недела Охрид.
    После тоа Берово.
    Да си помогнам, морам. И со него да ја нацртаме конечната мапа. Зошто, Љубовта е несмасен лик што дреме по шанкови. Во темница.
    Ќе ја осветлиме и поканиме на сцена.
    Сакав да кажам - добро е што имам каде да отпатувам!
     
    На Hopeful, Waka-waka, Buttterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  4. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Немам ништо против никоја вера.Го сакам своето,го почитувам туѓото,ама ова веќе е претеризам.Преку глава ми е од Албанци (машки род) кои што нашле само мене да ми се лепат.Нека сфатат што значи зборот чао.Секс и само секс не знаат ништо друго.И не гледаат дека ги игнорирам,дека не сакам со нив да зборам,не пак нешто друго,ама ете не сфакаат.
     
  5. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ..Секогаш сети се дека...
    Без оглед колку далеку да стигнеш, секогаш ќе се појават луѓе кои ќе инсистираат дека сè што се обидуваш да правиш е невозможно.
    Фантазијата е онаа која те ограничува. Пушти ја да полета.

    Понекогаш треба да верувате на своите инстинкти.

    Никогаш не дозволувај успехот да ти го замати умот, ниту неуспехот да ти се меша во среќата.

    Ако сакаш да имаш најдобри денови во животот, мораш да се избориш со најлошите денови во животот.

    Прави го она што го сакаш, а не она што мислиш дека би требал да го правиш.

    Простувањето на самиот себе е многу поважно од простувањето на другите.

    Биди добар кон себе.

    Направи една личност да се насмее и ќе го промениш светот.

    Понекогаш добрите работи се распаѓаат, за да се појават уште подобри работи.

    Не можеш да го промениш она со кое одбиваш да се соочиш.

    Прифати дека нешто никогаш нема да биде твое и научи да го цениш она што е само твое.


    Не е поентата во тоа да добиеш прилика, туку да ја искористиш истата.
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Последен ден што имам 14 години. Можда на вас ви е смешно ама многу сум радосна за петнаесетката. :yawn: :wasntme: :wasntme: :wasntme:

    „Fourteen years that are gone forever
    And I'll never have again...“


    https://www.youtube.com/watch?v=mnwHQHm25UM
     
    На Elennaa, teddybear, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Веднаш,под итно бан за сите тие што се зачлениле на форумов да си најдат девојка и за тие што се зачлениле за состави некој да им пишува,па аман веќе. |(
     
  8. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Ustaj vojsko zora je :)
    Ете баш така беше утрово! Мајка ми ме разбуди во 7и30 :drunk: .Ми се повторуваат зборовите во глава : Генералка,денес чистиме генералка :tmi: .Океј генерале let's do it ]:) .За точно 4 саати ние бевме готови.Се на се туто комплето.И таман мислев дека можам да си одморам ма нема шанси ајде најмлад војнику со косалката во двор и да се среди градината. :tmi: .
    Блазе мене ама боичка ќе фатам од сонцево :clap: .

    Девојки одам генералот вика по мене не сакаме да останам без дневница денес нели ? :lol:

    Да ме жалите :!:
     
    На Elennaa, strawberry111, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  9. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Сдк многу ми е досадно немам што да правам |( Кажете ми аххаа
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК секој ден мизерен, заборавен, анемичен...
     
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ми каснеше 7 дена најверојатно бидејќи пиев лекови и еве денес ми дојде |(
    Е браво! На матура со добиено ќе си идам |( :clap:
     
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    во последно време станав голема мрза :| само седам и јадам,никако да фатам да повежбам малце, сум се здебелила 3 кила дури :D од утре почнувам со вежбање пак :!: :D :muscle:
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не ми се влегува дома. Не.
    Не знам дали оти сум навикната да не бидам дома, или срце ми се кине кога им ги гледам скиселениве фаци на моите.
    Не знам што се случува и нормално, никој не сака да ми каже, најверојатно не им пречи моето отсуство, не сега дека се самосожалувам ама, очигледно сеедно им е дали сум тука или не. :)

    Тешко ги прифаќаат сите мои промени, уште полошо реагираат, не сакаат да споделат ништо со мене..
    мех, како да е нешто ново..
    А не знам зошто одново и одново, се повеќе и повеќе се разочарувам.
    :|

    Нејќу да сум веќе плачка, нема веќе да плачам.
    Знам дека ги одрав за матурава.Знам дека и нив им е тешко, ама и јас сум човек од мевце и крв.

    Единственото што ме радува е нов почеток.Ќе почнам да студирам, животот настрана ми е познат.
    Знам да се организирам, знам да се снајдам. Знам како е, јасно ми е се, и сакам само со ладна глава, разумно, со сета сила да го гушнам сето тоа што доаѓа.
    Да најдам некоја работичка за некоја скромна пара, колку да можам малце да откачам од нив.

    Ми се станува човек, ама и тоа не е така лесно..особено не за некој неодлучен и пречувствителен како јас. Особено не за некој несигурен и исплашен како јас.

    Добредојде дома, Џинџер, добредојде дома... |-) :|

    П.С. Kравче : Eн Хатавеј кратка. :$

    http://www.youtube.com/watch?v=bFnA-8H-5lo
     
    На Trnche, kravce, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Најубав момент ми е кога ќе се стиснеме сите тројца во сендвич :rofl:. За да не бидам погрешно сфатена еве ние само си се гушкаме, јас, мојот и кутрето наше. Па малото ќе го ставиме во средина и ќе пропадне целото, а така само главичката ќе му се гледа и очичките светкави. Кое милно чувство ми го дава таквата слика! И по некое време ете го кучето почнува да прета со нозете, се обидува да стане и да ни избега. Вистина вриеме сите тројца, жешко станува, се потиме... :rofl: :rofl: :rofl: Ама се љубиме бре. Можам слободно да кажам дека тоа е маза невидена. Бетер од дете е.

    -Малку се излажал тој што кажал дека убавината е во малите нешта. Да убаво ти е кога го имаш сето гореспомнато, но константноста во истото те прави незадоволна и неисполнета. Можеби и себична! Отворена сум за нови видици. Мојата амбициозност сака да достигнам некое ниво на пристојна кариера. Ма каква пристојна, сакам да сум најдобра во мојата професија. Ама навистина поштено да го достигнам тој успех. И работам на случајот. Ете секој ден дома бројам овци по илјада пати додека не се стемни. Се така додека не ми дојде инспирација за што понатака. Малку претерувам!



    "Нашите" кога ќе се вратат од Америка се навистина неверојатни. Веднаш прогледуваат со други очи!
    Па кажуваат како тука се им е така малечко и несредено. И за тоа имаат право! Ама што кога коментираат за примитивноста на обичното Македонче, а всушност трагично ама вистинито, и самите тие сеуште се онака примитивни во душата. Сосе сите карактеристики - оговараат, се цепадлчат :rofl: и премногу им смета свекрвата која се облекува толку ефтино...! Брејј, изгледа во Америка луѓево стапнувале на злато.
    Има и од тие реалните кои знаат каков е вистинскиот живот таму и кога доаѓаат дома не си доаѓаат со wow кола што ја отплаќаат 20 години.
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Бегај ти сестро, ако сакаш и до Марс појди, ама кога ќе се вратиш истите проблеми и дилеми си лежат на едно купче, во едно клопче, и чекаат да ги отплеткаш. Вечна е дилемата дали да почнеш од мали кон големи или од големи кон мали.

    Ги оставаме филозофиите за од понеделник. In the mean time, ќе пикам носеви во тазе собрани букети, ќе се полнам со кафица и зелено чајче, ќе си куцкам семинарски и инспиративни текстови. Си испланирав што сакам за поклон од брат ми, немам никаква желба да славам роденден и посакувам работно лето. Со еден викенд на море ќе бидам презадоволна.

    Инаку ме нервираат оние луѓе турни ме да кинисам. Некого и кран да му викнеш нема да се помрдне. Ајде, следен живот може подобро.

    Би ги гледала со часови...
    [​IMG]
     
    На Hopeful, anabel-a и ana-girl им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само што се вратив дома и после толку време се подновив нешто. Не најдов колку што очекував, ама барем високи штикли и корсет најдов, колку-толку како викаат боље ишта него ништа.

    Планираме со моите да отидеме за Софија, Благоевград и да ги прошетаме поблиските места таму. Ја ја дадов идејата од причина што во Бугарија никогаш не сум била, а на одмор не би одела, па барем на 2-3 дена колку да ги видам попознативе градови. Не барам море, не барам плажа. Тоа ќе го барам во јули, август и сигурно не таму. Сега барам само шетање, сликање и градби. Всушност секогаш го барам тоа, и го преферирам пред десетдневниот одмор на лето. Се надевам планов ќе се оствари, уфффффф едвај чекам да се мавнам малце од тука.
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Во животов најдобро се учи од искуствата – без разлика дали тие се лоши или добри.
    затоа да ја извлечеме поуката и со нови сили да продолжиме понатаму. :P
     
    На kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Вчера поминав прекрасен ден. Се спремавме за матурата на брат ми, станот полн гости кои сакаат да го испратат. Бев и кај гимназијата да ги видам и останатите матуранти, и преубави беа. Немаше теткести фризури или кичести фустани, скоро сите беа едноставно облечени ама најубаво изгледаа. Лицата им ги красеа насмевки, амбиции, надежи, нетрпение за она што ги очекува.

    Се сетив кога и јас го живеев тој ден, пред 4 години. А размислив и колку од тие работи што тогаш ги замислував денес ми се остварени. И во голем плус сум да знаете. Нешта кои не ги ни очекував ми се случија, поминав безброј тешкотии и премрежја, ама ете ме, посилна од секогаш. Се сменив многу од денот кога јас бев матурантка, животот за овие 4 години постојано ми се менуваше, де на подобро де на полошо. Од сето тоа добив јасен заклучок и поука за понатаму.

    Во среда славам апсолвентска вечер, и верувајте не сум нешто особено возбудена. Фустан уште немам, ниту пак закажано за шминка и фризура. Повеќе се радував вчера за брат ми, иако завршувањето средно образование не е некој успех. :)
     
    На bittersweet, Hopeful, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Сакам да кажам дека ми се разбудија амбициите :) . Оние амбиции со кои студирав и со алчност ги голтав сите предавања на Драги Михајловски, Венко Андоновски и уште пар предавачи што знаеја да ја разбудат жарта во нас. Дојде пролет, пукна сонце и Џоунс се разбуди од долгиот зимски сон. Редно време беше.

    Знам дека животот е создаден од успони и падови. Од дожд и сонце. Од река солзи и притока среќа. Намсевки и мрштење... Кафе и цигара. Убаво ми е денеска. Завчера ми светна сијаличката. Му се јавив на едниот цимер (од 3ца - лаки ми :D ) и возбудена цела му реков: Цимииии, конечно знам што сакам да правам со мојот живот. И навистина знам. Имам визија. Имам волја и амбиции, амбиции огромни. Ама достижни.

    Бај д веј, цимерите ми се срцки. Станавме горе-долу во исто време, од сабајле сме 3ца дома. Ми свариле кафе, пуштиле лајт музиче и насмеани оговараат некоја колешка на едниот. Пристојно оговараат. Или барем пред мене се такви. Ми помогнаа и ручек да направам. Не знаат да готват многу, ама ентузијасти се. Ги учам. Баш ми е забавно.

    Од наредниов месец почнувам во нова фирма. Потпишав договор, и свртев нова страница во мојот живот. Направив неколку промени во хеирстајл, чекам плата да си поткупам уште нешто, да си се почастам и да си ја израдувам душичката.


    Убаво ми е. И вам нека ви е.

    Кафе и цигара. Стипендии - хир ај ком. Cause that's how I roll :)

    Имајте сончев ден. Ви праќам насмевки :) :$ :)
     
    На Trnche, bittersweet, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Јас имам ново тело а со новото тело сум и нова девојка.
    Друга фаца, различна фризура. Онаа Ана која сите ја паметат од есента како дебело девојче, со бушава коса не е повеќе онаа истата.Сега има ново тело, нова фризурка ,кратко косиче..Вечерва оваа Ана ке ја видат во друго светло.
    Одам на свадба. Иако стар фустан другото тело во негое голема промена.
    Јас мислам дека психички се уште не сум сменета. Сеуште сум емотивец, плашливка, со тежок карактер, затворена во себе..Сеуште сум таа но би сакала, многу би сакала да се промени тоа. Да бидам отворен тип, не толку затворена во себе, да не сум емотивна и огромна плашливка која се откажува од многу важни одлуку само ради страв.
    Нема врска.
    Денот е прекрасен, подготовки во тек , се надевам ке блескам вечерва. :$
    :*
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      7,3 KB
      Прегледи:
      182
    На anuskaNESTLE, Hopeful, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.