Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Чудно е чувството додека си заверуваш карта за дома, го среќаваш школскиот на чиј стол некогаш истураше лепило и лепеше мастики, и те прашува: За финално си одиш?
    Нема финално другарче. Има сесија, и уште една, и уште една година цела, ако не и повеќе.
    Нема финално за овој град на гласна музика, и на хор од птички во 5 наутро кои ти цвркотат под прозор чекајќи ја дневната доза трошки.

    Скопје, секогаш ми недостигаш. На сите можни светски јазици.
    https://www.youtube.com/watch?v=346buRwtrOU
     
    На Primavera, Someonespecial, Domino и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Слободна девојка сум. Те оставив, доволно беше!! Ах колку ми е само тешко, 3ипол години поминати со најразлични моменти исполнети со смеа, тага, радости, љубов и за крај разочарувања. Зашто имаше потреба од сите тие работи, зашто мораше се зад грб да ми правиш и уште неее не ме лажеш за ништо, не криеш ништо, нема ништо.. Во овие изминати години многу ми згреши, ме доведе до ситуација да паднам под еден вид „депресија“, ама ова беше последно твое разочарување од твоја страна!!

    Знам уште ми се повторуваат твоите зборови во глава како ме сакаш и сакаш иднина со мене, никогаш не си ме варал - можеби, не знам, не можам да ти верувам.. А колку и јас го сакав истото, да сме заедно секогаш и во дори и лоши мигови - ама се до сега!! Сега си ги препознав чувствата и потребите!!

    Многу ми е тешко, со самата помисла на тебе очите веднаш ми се насолзуваат, ама нема да ги пуштам солзите да протечат.. Доволно течеа, од сега веќе не!! Силна сум!! Можам јас и без тебе!! Не заслужив ништо од тоа!!

    Од мене секогаш добиваше искреност, љубов, разбирање!! Не барав многу од тебе, само некои основни работи како љубов, разбирање, искреност, праведност!! Овие работи немаат цена па да барав да ги купиш!! Повеќе бев задоволна и со една твоја прегратка отколку со некој поклон кој ќе ми го купеше!!

    Ама нема да се разочарувам, затоа што овој пат јас не изгубив. Ти изгуби!! Изгуби девојка која секогаш искрено те сакаше, се4когаш беше искрена со тебе и за ниту еден момент не дозволив ти да се почувствуваш несакано, неубаво, разочарано, а па камоли повредено!!

    Ти посакувам среќен живот понатаму и се надевам дека од грешкиве кои ги сфати и ќе научиш нешто!!
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Матуранти се откажале од спремања за матура и секакви свечености и парите планирани за тоа ги донирале... кога ние во Скопје така? Ко ќе ми текне ние се тепавме по шнајдерки уште од јануари закажувавме, и месец дена претходно се спремно ни беше, и на тој ден повеќето не личевме на себе и ај помина и тоа чудо... и кога ќе го вратам филмот касно, ама сфаќам дека сме биле будали и дека сите се будали што толку се ццкаат за матура. Спремање и свеченост ок, ама кловнови и бугарски певаљки се асоцијација на матура кај нас веќе. А гледам слики од оваа година се побетер е.

    Сега апсолвентките носат кратки, а матурантките долги фустани. Се испомешано. Е ја богами, за матура носев краток, а за апсолвентска ќе си облечам долг. За се си има ред бе.
     
  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Чудно време. Секој некаде брза, секој некаде касни..
    Радост и тага истовремено. Конечно, конечно мојот сон се исполни, да шетам, да патувам, да откривам.
    Конечно она веќе стара и добра позната реченица: "Дури си млада- да шеташ, да прошеташ низ светот, па после да се мажиш. За се си има свое време."
    И да, ми се исполни, Америко чекај ме. Добив виза, пред една недела, бев премногу зафатена, ама ете сега ја споделувам радоста со вас. Македонијо држ се, македончинава-блгари се пишат.
    Ех младино, следи ги своите сништа оти тука диктаторите, катанци им ставија.
    Нема зошто да се бориш кога ни државата не ти дозволува. Едноставно те ограничува.

    Дојде време да те напуштам, а ако имам доволно среќа, и да не се вратам.
    За помалку од една недела од ретровизор ке те гледам напатена Македонијо.

    СКД си купив ново тело. Од зимата се некако го пробувам, го стеснувам, ама сега е веќе ново.
    Ново тело и ново место. Нова јас. Нови видици и мисли, нови хоризонти.
    Нова среќа. Се радувам. Открив дека не припаѓам овде, посебно не во мојот град. Се е тесно за мене.
    За моите очекувања, размислувања. Се губам, а неможам да живеам со полна пареа. Како што сакам, како што сонувам.

    Кафенце мое идам да те дружам, да ти кажувам за мојот измислен свет, по којзнае кој пат до сега.
    Свет во кој припаѓам. Свет во кој се пронаоѓам. Далеку од овде.
     
    На Trnche, Doozy, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Двајца пријатели оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено, но молчејќи напишал во песокот:
    - "Денес добив удар од мојот најдобар пријател"
    Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот. Кога дошол при себе, изрежал на еден камен:
    - "Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!"
    Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал:
    - "Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?"
    Пријателот му одговорил:
    "Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!" :)
     
    На Someonespecial, the.vampire.girl, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Може некој и на мене да ми пиша во ЛП кој го знае акаунтот? :)
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ги паметам како вчера да беа случките од средно кога цел клас едногласно застануваше зад некој став и непоколебливо стоеше исправен пред заканите од неоправдани, пред укорите од наставничкиот совет, пред опасноста од исклучување... Никој не можеше да ја сопре мојата генерација во она што наумила, во остварувањето на својата цел.Дали бевме во право или не, не е ниту битно, битно е дека она за што се залагавме храбро и одлучно го баравме додека го добиеме. И на крај победувавме, нашата сплотеност и едногласност беше закана за надредените, а денес денес помина точно една година откако се разделивме откако низ солзи си ветивме дека никогаш нема да се заборавиме еххх само колку ли брзо лета времето.
    http://www.youtube.com/watch?v=fniOiX09mBQ
     
    На Elennaa, Someonespecial и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Е, ако де. Нема врска...Јас и така лудо си поминав :D
    п.с Среќна матура :*
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Најлупавата,а истовремено и најтешката работа на светот е кога со личноста со која си била до вчера,со личноста со која си делел се,со која си поминувал цели денови заедно,личноста која ти била првата помисла кога ќе се разбудиш и последна пред да заспиеш,личност поради која си минала безброј препреки и заради. која си ги лажел најблиските само да поминеш повеќе време со него, постанува личност која ти се чини дека воопшто. не ја познаваш,личност која ти кажува толку погрдни зборови,која те навредува и омаловажува,личност која повеќе никогаш нема да сакаш да ја видиш,а само пред неколку дена сте биле едно. И знаеш дека никогаш повеќе нема да бидеш со него. Никогаш повеќе нема да го гушнеш,да го бакнеш,да го допреш.Да го гледаш и милуваш додека спие.Постанувате тотални странци.Како никогаш досега да не сте се виделе ни познавале. Нели е глупаво?
    Глупаво е,но и тешко!!!
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Душа ми плаче за марула. Срце не ми дава. :D

    Иначе, мајка ми си доби надимак. Смоква. :D Отишла во продавница, да купи цвекло. Прво земала една тегла. После некое време, се вратила по друга. И навидум се' добро. :D Арно ама, кога стигнала дома, видела дека на втората тегла пишува: Слатко од смокви. :D Иначе, мајка ми да купи слатко? Уби Боже. :D Она да може, и домашно слатко од банани ќе направи. :D

    Многу мрзам, кога ќе ми погодат некоја песна во автобус, а јас се возам сама. Немам на кого да му потпевнувам. [​IMG] Па приморана сум да си цупкам со едната нога, и да ја мрдам главата напред-назад. [​IMG] И така, додека нема никој околу мене... да искористам време, и да си пејам на karaokeparty. [​IMG] Што се' микрофон трпи... алал му чуфте. [​IMG]

    Во компјутеров имам најмалку 400 филмчиња, за гледање. Само го чекам моментот, кога ќе ми рикне компјутерот, и ќе се изнервирам. :D Моментално не знам што сакам. Дали распуст или школо. Чудно се чувствувам. :?: Не сакам времето толку брзо да одлета. Ко вчера да се запишав во средно. Ко вчера да беше кога гледав во земја, ги буљав сите ко теле у шарена врата и пукав од срам. :D Има уште мноогу време дур да завршам, ама сакам што е можно поспоро да оди времево. :emo:
     
    На Someonespecial, Doozy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Во сета гужва и сиот хаос од паники, лекови, лекари и глупости, јас една работа заборавив.
    :!:

    Јас бе луѓе, имам фамилија која стои зад мене. Само да им спомнам, рипаат, трчаат, сите прават се' за мене. Некој и тоа го нема. Не сакам да бидам разгалена и да им се обраќам за секакви ситници, некогаш си преќутувам некои проблеми, пробувам сама да си ги решам, ама кога ќе им побарам помош, тука се за мене. Мајка ми, можеби не ми е најдобра другарка, не и кажувам за глупости и слично, ама ќе помести планини за мене ако треба.

    Не сум на патот најдена, и не, некогаш треба да се побуниш кога нешто не чини и не ти одговара. Тоа е нашето македонското, што секогаш се водиме по ,,има и полошо,, и ,,фала Богу се живее и вака,,. Извинете дами и господо, ама не. Јас не сум дел од рајата, јас не се ветреам кај што се ветреат сите, никогаш не сум се ветреала и не знам зошто на момент пробав и се препуштив. Глупо девојче. Има отсега па натаму да си терам како што ми чини мене, макар тоа подразбирало газење и пердешење на сите живи и диви. Оти на крајот на денот јас сум таа што се бори со панични напади и што пие апчиња за да се смири и си ги секирам милите околу мене. Ќе си правам како што треба, ми дал Господ памет, ми дал супер фамилија, дечко кој вика дека ќе се ожени со мене еден ден :D , другарки кои ќе го преораат Скопје и ќе дојдат да ми помогнат ако треба, другарче кое од секогаш ми викало да не правам се' по секоја цена и ии ... што повеќе.

    Да, тешко ми е, да, празна сум внатрешно, ама денеска сум си купила едни фини портокаловки хепи пилс :sun: , и ќе се изборам против сите глупости и внатрешни демони. Па јадев и сладолед, па и фармерки си купив, па и блуза си купив, па свашта, ќе си направам мала шопинг терапија деновиве и ич таквоето нема да ми чуе. :makeup:

    Јебига, живот. Има шанса за драстична промена за плановите летово, ама ако така треба да биде, ќе биде. Јас сум најбитна и точка. :!:
     
    На Micheleljubov, Foreveryoungiwannabe, Annath и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... со цел памет отрчав до Златна копачка, готово, ќе фатам овојпат, другар ми ми кажа некоја утакмица, а јас во брзање сум си ги запишала во тефтерчето со 3D ефект и светки, па и LOVE пишува на него, нема пошмизловско тефтерче на светот!!!
    Одам таму, седнувам, земам билтен, со доза сериозност отварам тефтерче со светки, дечкото спроти мене ми мава поглед - :^)

    И уште - Добитно ли е? ;)
    - Ехееее викам, како не било, земи, препиши.
    :rofl:

    Засега тефтерчето со светки не ветува некој позитивен исход. :|

    Деновиве си јадам, абе мака немам, пица, сподели Кока Кола со колешка (зашто немам колешка, па си викам - На шо ќе ја споделам, аха!!! ]:) ), сладоледче, мераци си правам на душата, вагата мисли дека нешто ќе ме загрижи, бууу, не ти се плашам ваго, бев во депресија кратко, можеби 16 минути заради некои си 3-4 кг во плус, гајле ми е, си чекам плата, ќе се опнам цел месец на третмани и јас, тогаш ќе се ставам на марули и зеленила, а во меѓувреме ќе си дозволувам хедонизам за стомак, сфаќам дека многу си ја тупам главата со тупави работи, гледај си го здравјето, ако на плажа отидам со 4 кг плус - мислам дека нема да е крај на светот или некој да ме напуди од таму и да рече - Крофна, марш од тука, примаме само грисини!

    Значи уво не ми чуе.
    Си спијам, си работам турбо, си шетам на сонце, влегувам во сериозни дебати - дали сладоледот е поубав во Малага или Ескимо, си имам карти за Great Gatsby, дундата ме боли!

    Откако пар добри луѓе се разболеа онака од нога, опасно по живот, сите по дома сфативме дека додека да трепнеш може да скинеш душа, па некако се разлабавивме, дури и мажот денес рече на глас - многу ве сакам (мајка ми провери да не има температура)...
     
    На Foreveryoungiwannabe, Annath, kala21 и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Не можам без него и затоа сме другари ама врска нема шанси,најдобро е само да си бидеме пријатали од толку повеке не може :!:
     
  14. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    СДК дека јас стварно неможам да ги разберам овие мажите...
    На тацна ти се нуди женска, женска и пол, паметна, образована, згодна, убава... шо би рекле стари - да грабнеш и да бегаш...и ти, како и сите твој останати „девојки“ ја сместуваш во женски за една ноќ...поточно во ку*вите твои!
    не..не стварно не ми се јасни...не разликуваат едно од друго..заслепени од „фејк“деколтиња и шминка 5 кгг.
     
    На kala21, Barbie20 и Angel4eeee им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Маж ми полека се оправува ,го слушам се смее во дворот...фала Богу.Значи жени понапорно нешто од болен маж нема :sweat: Фала му на Бога од понеделник го испраќам на работа.И вода има да сипам по него.
    Избегнувам да кукам за пари ,а обично кукам кога погледнам дека мојата тоалетна торбичка полека се стеснува,фрижидерот е празен,сметките се трупаат.За облека и не се потресувам зашто и нема каде да се облече.Ќерка ми не разбира дека немам пари да и дадам за рата,син ми бесно излегува од куќава,а јас тонам ,се преколнувам и сакам само да затворам очи,и ништо да не чувствувам.
    Ногава пеколно ме боли,уште малку и ќе дојде јуни да одам на снимање.Не дека ќе ми најдат што ми е ,туку ете сама си се тешам.
    И така чекајќи ми останува да си се крстам пред огледало.
    Во името на руменилото,пудрата и светитот кармин!
    Амин!
    Забегувам знам...
    Живот..
     
    На Micheleljubov, kala21, Ana.Jones и 4 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ми се смаЧи веке да ме повикуват сите само кога им треба мојата помос :devil: така сум нервозна знаЧи и да :!: во право сум кој сака нека кажува сто сака во право сум :^)
    јас секогас се на место да правам да си биде ах кога ете ти наеднас несто забава,несто добро да с епомине мири никаде ја нема оти :!: оти сите се навикнале да правам јас како пепелеска :devil: е па нема да биде така повеке да си знат :devil: нека идат сите упм :devil:
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сама дома цело попладне уауууууу :D

    Сум поминала пола книга денес за еден испит, дали ви се верува? Ниту мене :D Почнав со учење една недела порано од планираното, абе ѕверка. Најтешко е да подвлечам што ќе учам и тоа да го напишам во тетратка, не знам кој дел од мозокот ми е рѓосан ама не можам од книгите да учам :D

    Инаку куќава ечеше цело попладне, ма каква куќа, улицава ечеше, а јас се вртам, играм, скокам како луда од соба во соба, од кујна во дневна, од дневна во вц абе како никој и ништо околу мене да не постои, пеам и се смеам, некој ќе си рече оваа готова е. Нешо сум влезена у некој филм сличен на изи еј со пакет фул оф саншајн :D

    Ама што ти треба во животот бе? ПушЧи си музиче и уживај си. Ми потребал тој демек за да бидам среќна. Не ми треба бе кога не знае да цени и почитува. Не е дека не би ми годело да чекориме заедно низ животот ама кога ќе подразмислам во најтешките мигови од животот сама сум стоела, сама сум ги пребродила, така што не постои нешто низ кое не сум способна да поминам, сама. Океј, со семејството и другарките тука негде покрај мене. :)

    Убав мај, најубааав, кога ви викам јас вие не ми верувате, слцка е и највеќе си го сакам. :inlove:

    Од терасичево ми дувка ветренце, до мене јагодчиња, индиски оревчиња, ладна водичка, саде здрава исхрана(дека прееска не изедов парче торта дебело колку мојава глава :D ), и започнуваме со дневна доза серии :D

    Животецот оди, нека оди слободно, затоа што за прв пат ужасно ми се допаѓа насоката во која тргнал.
    Цветаааааааааааааммм :f: :sun:
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, green.eyes и 18 други им се допаѓа ова.
  19. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    дека ми е прекиснало од се и сешто!! Па што сум бе јас во оваа куќа? Се на мене се чека ?! :^) Не можам да здивнам 2 минутки ??? |( Марш Марш не се замарам повеќеее :emo:
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не ми се верува дека завршив.
    4 години ми поминаа дур да трепнам, како вчера да беше кога се запишував.
    Овие нагли животни промени многу ме растажуваат, премногу.Не сакам времето да минува, не сакам да пораснам, не сакам да се менуваат работите воопшто.
    Другарства, лицемерие, дружење, оговарање - и лошо и добро, се се тоа спомени...
    А сега? Пак сум на почеток, со многу мисли во главата, збунета и тажна... ах...
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Ana.Jones и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.