Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нешто што никогаш не сум успеала да направам е да успеам да се ставам СЕБЕСИ во центарот на мојот свет . Да се посветам на себеси , на моите желби , намери , планови , потреби .
    Се што направив и правам за луѓето вечерва сфатив дека е попусто . Дека ниедна личност не е свесна за она што го правиш , никој не се врти назад . Без разлика за кого се работи , дали е саканата личност , сестра ти , пријателите ...
    Се што вложив во тие околу мене ми се одби од глава . Во моментов дека сум разочарана е мал збор . Во нокаут сум да бидам поточна . Сламката за која се држев потона , и нема да се врати . Сега навистина не гледам никој кој ме разбира и ме дефинирал онаква каква што сум , а притоа прифати без приговори . Мразам лицемерие и неискреност , а во нив тонам , мразам и користољубие , а ме гуши се повеќе . Не , не сум совршена , не сум била нема ни да бидам . Јас не верувам во совршена личност но тврдам дека , личност која ми значи која ми направила добро , никогаш , ама баш никогаш не би ја оставила во кал ! Ни сум го сторила тоа (сум имала прилика ) ни ќе го сторам .
    Лебот што го фрлав ми се враќа со камен , и ме боли многу ме боли . Мислев се видов , и таман закрепнав од људска мизерија , што мислев дека ја остранив трајно испадна дека длабоко во оние кои ми беа се , се криела . Во мали количини почна да иде до израз .
    Вечерва си дадов ветување од инает .
    А , од мое лично искуство се што ќе ветам дека ќе сторам и постигнам од инает не се откажувам се до целта .
    Еве ти Венди една лекција и друг пат ако сторам иста грешка сама ќе си влепам шамар каков што ни од моиве неам добиено .
    Не ми е битно колку жртви ќе треба , знам дека ќе ми биде мнооооогу тешко свесна сум . Од сега на место број 1 јас и само јас ! Ќе почнам со реализација на сите планови кои ги ставив на 54218415 место , кои ги посакував , а не работев на нив . Време е да почнам да се трудам за себеси ...
    Цената не е битна , загубив колку можев и повеќе од тоа . И онака сум емоционално празна ... што може да биде полошо ???
     
    На Someonespecial, lunicka, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  2. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    СКД.. дека ми дојдоа ;( во очите за првпат после толку многу време. Можам да кажам дека едно 2 години се немам расплако колку и да ми било тешко. Сум седела само да размислувам и толку сум сакала да се расплачам ама не не бивало. Вечерва случувањата беа посилни од мене. Сепак не се изнаплакав ама една две солзи пуштив.
    -Не пишувам повеќе со тој што "ме сака" крај е. И тоа он го стави крајот бидејќи виде дека јас немам сериозни намери со него, па како да имам сериозни намери кога јас друг сакам. Но сепак убаво ми беше кога ќе се заинтересираше за мене и кога бев болна 100 пати ми пиша се јави, тогаш се почувствував убаво :) но сепак подобро е вака можеби замка било само за да ме има мене. Ајде тоа заврши си викам подобро ќе ми е. ноо оваа мојава братучедка ме докрши ...
    Со братучедката сме блиски понекоаш знае да биде нападна брзо изреагирува ама сепак убаво ни е си пишеме си помагаме една на друга и така ама арно синоќа цело време збореше за едно дете(нејзин симпатија мој школски) и само за него па да сум и кажела што ќе се десело ако било вака нака а нема ништо од тоа и јас незнам сам и кажувам а она продолжува со тоа и јас и кажав а да го оставеме тој и тој на мира доста зборуваме за него по цели денови гледаш детето не е заинтересирано и она ми се налути, . Вечерва пак ми препиша ама кажа тешки зборови. Таа секогаш била тука за мене а јас за неа не и уште милион работи. Мене ми стана тешко јас колку сум само добра и се најдобро и мислам а таа буквално направи драма.
    Понекогаш имав посакано дане пишам со неа досадна ми беше, ама сепак сега ме погоди ова многу.
    Се разочарав, си велам јас се најдборо за неа и само една вечер што сакав да не пишам за таа особа таа направи драма. :x
    Си велам што живот ќе беше со никој да не ми оде, љубовта катасртофално :envy: сега и ова.
    Па во понеделник ќе ми кажа по кои предмети полагам екстерно е ако ми се падне математика или физика навистина незнам што ќе правам. Тотално ќе се разочарам. Ај држете среќа де не се падне математика и физика сите ќе ве почастам, журка ќе направам голема само математика и физика не :!:
     
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК дека ми се мочка :D :rofl: а ме мрзи да отидам до купатило. :P :devil:
    СДК дека не ми се спие и тешко на форумов вечерва, ќе го изнатрупам со мои мислења ќе неможе да се издиши. :lol: :angel:
    СДК дека сум многу среќна и многу тажна во исто време. :?: :talk:
    СДК дека знам дека сум досадна, ама соберете сили за вечерново досадување со мене! :) :geek:
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК одкако се смирив со дечкоми значи само на него се посветив но и на дригаркиве обрнував големо внимание но тоа НЕ ВРЕДЕЛО....Значи сите се само од корист , само кога имаат некоја своја цел само на нив да им е арно , ама некои работи не се толерираат веке така да од денеска НЕМАМ ДРИГАРКИ бидејки и така ги немав долго време тоа беа само маските но од денеска шо сакаат нека прават крај !
     
    На kala21 и COollLady им се допаѓа ова.
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Скопје денес убаво мириса.

    Еден од ретките денови кога климата е таман, џагор се слуша по улиците, кафулињата се полни исто како и парковите и улиците.
    Децата до касно висат по маалските импровизирани лулашки, речиси како што тоа ние некогаш го правевме, кога немавме Фејзбук вируси и кабловски гајтани.
    Скопје дише урбано денеска, речиси преку целиот ден.
    И маалските џукели урбано се понашаат, чиниш праќаат friend request на домашните шмизли и господа од песови.
    Скопје денес се занимаваше со Евровија, со необавезни вести и информации, точни и неточни спортски прогнози, љубовни сплотувања и по некое разделување.

    И затоа вечерва, така изморено, Скопје треба убаво да спие... |-)

    [​IMG]

    Добра ноќ!
     
    На Foreveryoungiwannabe, Trnche, HoneyBun и 13 други им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Оф Боженце од кај да почнам со постот...

    Дали да почнам со типичните Неготински фЛизерки, т.е wanabe фЛизерки, кога прв пат им одиш, да те испитат од цара до стопана за твојот живот, за бизниси, за родители, за дечковци, за факлутет...
    Колку само мразам такви прашања, леле леле, од кога ми го постави 3 - 4 прашање во врска со мојата биографија, само ја погледнав крвнички, и госпожава си се насмеа сама и ме потапка по рамо, со зборовите Држи си го дечкото, слушнав од Скопје е, држи го да не избега! :tmi: |(
    И после некој ќе рече, Скопјанки не мразат, ние сме само таму отидени за мажачки и за излаз од овие проколнати мали градови - а.к.а провинција, а оно жениве заостанати тука се толку прости, па Боже мој што слика ќе остави оваа бедна и проста жена ако два пати седне на маса со некој од Скопјето има што да чујат, и муабет со муабет, заради овие ваквите, морам јас да колам низ факултет кога некоја неписмена ми се понаша.
    И оно ме гледа и се смешка среќно, као демек, наша Неготинка сигурна у Скопјето о мори дуњо недозреана и скапаницо смрдена, и викам : Шо има јас да го држам, он мене треба да ме држе, и да се плаше да не ме изгубе, не се секирај ти ич...Јас а со него, а без него, 90 посто Скопје е мојот втор дом.
    И после само си викам, Ано ма, ќути си нека доврше оваа и амин враќање, мислам нема логика јас неа да и објаснувам или воопшто да ја слушам што има да плампа со тоа големото и иритирачко љубопитно муцкиште.
    Мама само ме погледна оно задоволно, као демек, бравос ќерко, цела си на мајка на уста, вака треба со овие простиве и заостанати, а јас во себе си викам, мајче дома ќе си го добиеш што ме довлечка тука кај ова суштество.

    Што да ви кажам, задоволна и пресреќна сум.
    Матура синоќа чекавме на брат ми, цели две недели се организираше и спремаше, брат ми не сакал во ресторан па сакал дома, па дома си бара спремање, а мајка највредна ми домаќица си ужива во цакани и уникатни декорирања на масите и нови експерименти со сувомеснатото и салатите, и благото секако, каде без него, па и тестото, разните банички, кифлички во секаков облик и мастрав...
    Стигнавме со дечко ми во четвртокот, куќата мириса уште во двор, само се погледнавме и се насмеавме гурмански од умник до умник. ^_^

    Специјални гости од Гостивар, Удово, сите роднини и блиски пријатели и комшии, куќа полна, гласна и вкусна, милина, психички рај...
    Сум се средила, сум се стегнала, носев долг елегантен мастило фустан со циклама штикли, и нормално косата од шизнатата фЛизерка (која патем ми ја погоди стварно - ама нема шанси повторно да и одам), сум се шминкала едно добар саат и пол, и кога испаднав си добив аплауз и пофалби, и нормално воздишки од дечко ми за кои правевме живели после повеќепати низ ноќта.
    Дечко ми :D Скопјанчиштето, како што го вика татко ми на галено :D славно падна на крајот од ноќта, т.е не ни беше крај кога ќе ми текне подобро, уште во 12 си побара да си легне во мојата соба пошто му се спиело, не ми кажува дека му е тешко, он грејниот цело литро вино со Газоза си испил, јас не го гледав нормално, гости 70 луѓте ваму- таму, он си цврцкал со кој седнел, јадење, мезење и нормално, ненавикнат на таков режим, му се собрало, и го стегнало меше :D
    После неколку часа влегувам во мојата соба да се пресоблечам за покомотно да ми биде веќе, и го гледам свиткам ѓеврек.
    -Абе кај си ти, цикам и викам два часа, не заспав, тешко ми е, се потам, ми се врте, ми се повраќа многу, дај од тие твоите апчиња да ми помине...
    -Аман бе и почнав да се смеав :D
    Само што испи ранитадин си замина поштено до вц, не можеше да издржи се гледаше.
    Се враќа светнат и седна на маса дури, тато па му подава ракија чашка, овој ја зема и мене ме гледа, демек како да го одбијам ама не кажувај дека паднав на тешнички кај татко ти :D
    Ахххххх....полна куќа и позитивни луѓе, наши луѓе, да сме живи и здрави и уште многу години да се собираме вака...

    Си го однесив денеска на железничка да го испратам за Скопје, и ме убедува да си одам со него:
    - Aаааа не не, оди си ти, јас уште малку дома да си поседам.
    И ми вика после... - Без тебе е стварно досадно, нема кој да праве галама низ куќата и да биде гласен и бучен, монотоно и празно е ептен, дојди те молам :)
    Ај да го ручкам, знам дека е така, иако нонстоп ми вика зошто сум толку гласна и бучна.
    Дојде возот, си се качи а јас си се возев полека до дома, задоволна и онака исполнета... конечно коцките се на место а јас се гледам себеси врз нив како ги држам да не се мрднат и да не биде нестабилно тлото...
     
    На NoellePage, Foreveryoungiwannabe, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Некои луѓе се грозни кога се во врска.
    Грозни!
    Не знам што си мислат,ама МАЧЕ во јавност и некоја изобилченост на своето јас... не разумем. Згадено станувам и си одам. Толку извештаченост или барем страна на личноста која не си ја познавал. Толкава усиленост...
    Стварно некои луѓе се катализатори на се грдо кај други луѓе. Кој рече дека љубовта е секогаш убава?!
    Сведочевме лигавење од три саати...пет души, згадени и здрвени!
    А некои пак стануваат толку убави,мили и совршени, просто ти оди да ги изедеш кога се заљубени! Најдоброто од себе го вадат!
    Абе еднаш реков! Ако сакаш да го видиш човек реално каков е, види го каков е кога е заљубен или како се понаша во љубов и врска!

    Туку, ако се чувствувате убави, секси, позитивни,со самодоверба. Не се секирајте ќе ви помине. Многу веројатно дека сте во овулација.
    Моментот кој објаснува дека постоењето на жените е врз основа на жива превара е овулацијата! Покварено женско тело! Одеднаш станува неодоливо, истенчено, без вишок течности, половината повитка, колковите заболени, кожата чиста и проѕирна, очите бистри, косата свилена и испушташ феромони насекаде што врскаат со оплодиме! Ти газиш бодро и полно со самодоверба и се вртиш на сите страни мислејќи си...види ги,види ги овие убави мажи кои ме погледнуваат,а они само би да те дигнат на хауба што би рекол чичко Кумплунг, па дури и да не си нивни тип зошто им правиш оптичка варка,а себе си психолошка!
    И та раааа! По 10 дена ПМС. Си викаш кај е таа девојка од пред 10 дена и се чудиш како не си ги меморирала тие моменти за да ти го кренат моралот! :D

    Денес бев убава! Ама ќе ми помине! :D И си го сретнав коњот од пред една година што душата ми ја извади од нервози,па ми вика,поубава си секоја година (бреее, значи царски стареам, добро се држам за овие јадни 24 години :D :D ) и ми се извини длабоко за сите коњштини што ми ги стори! :D Пих, сакав да му речам, бате,вараш се! Ова све што го гледаш пред очи вечерва, за 10 дена све ќе исчезне и ќе се покаеш што си ми дал комплимент! Пуф! Ќе станам грда и напната,сега извинито ти го прифаќам,ама тогаш, не ти гарантирам дали нема да ти извадам низ нос све! :D

    И така, женурии, лаж и превара жива! Сите до една луди Марти! :D
     
    На anneyy, MissSpark, NoellePage и 24 други им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Многу е слатка водата некогаш на сабаље :tmi:
     
    На AwesomeGirl и kikav им се допаѓа ова.
  9. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Сдк добро утро на сите ;) денес е ден за уживање ама мене стомакот ме убива :( сакам денес цел ден да шетам во природа али некако си сум мрзлива :D а надвор е прекрасен денот сепак ке си излезам заслужувам овие дена да си по уживам блазе мене :D од вторник ме чека работа па затоа денес на сонце некадр на кафич седната и кафенце до мене 8) :smoke:
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Моето прашање и мојот одговор, е мојата насмевка. Можам да зборувам, но се уморив од објаснување! Затоа кога ќе се насмевнам, никој незнае дали е тоа тага или среќа...
     
    На Someonespecial и Jenniffer им се допаѓа ова.
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Феминки ај бе некој нека ми помогни имам едно мало проблемче поставено во ''Грижа за домашните миленици". Ми треба совет од поискусни сопственици на кученце. Кога сме во сакам да кажам морам да се пофалам со новиот член на фамилијата. Се вика Луна, и е буквално како облаче, бело меко суштество што сите ги сака и обожава да ја галат на мешето. Ме разбудува во 6 сабалјле со премило фациче на кое не можеш да му одолееш, со некое милно кемкање. Бебуш прав е. :l: Ќе поставам слики набрзо ќе ја видите.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    колку и да бегам од минатото тоа е тука негаде,колу и да сакам да го заборавам мал момент како несто од минатото и ете ти цела историја :x
    а пак да си кажис нисто страсно не сум направила и нисто неубаво али минатото со него е тука :x повекето минато негово е тука :^) ме убива :!: а проблемот сто згора на се тој не прави нисто за да помине тоа и да биде несто ново и несто најубаво кое ке трае секогас :^)

    па на крај од се засто само мене да ме боли кога не е мое минато и се слуЧи заради него и е негово болно минато,па сто има мене да ме боли негово минато :x и сама тоа неможам да разберам :!: ама можеби и можам се работи и за мојов живот ете засто и мене ми боли тоа минато :^) се работи за моите сонови,срејка и мир :!: ете затоа јас сум си таква :^) оти сакам љубов и мир во животот.
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    ми се ожени љубовта моја ;(
     
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Некогаш кога имаме помали очекувања за нештата...ти излегуваат многу, многу подобро.
    Така јас за матурата си имав ниски очекувања...ама убаво ми дојде што беа срушени рекордите :D

    Одамна не сум се забавувала и лудувала...
    Имав енергија, расположение, погодена екипа, играње до бесвест.
    А, како што сум мераклија да си заиграм :lol: сега нозете не си ги осеќам :emo:

    Се` ќе ми остане во најдобро сеќавање, тоа ми е најмило.
    И многу сум среќна од тој аспект...другото сега го занемарувам и комплетно уживам.

    Ајде, размрдајте се и вие, така утрински :P

    http://www.youtube.com/watch?v=BeTrmpV2Q_A
     
    На ilipili, miljkovic, Hipster и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Во последно време станав многу одбивна, во врска со било што! Најмногу сепак за машките. Незнам зошто ама секогаш мислам дека некој ќе ме повреди, ќе ме искористи. Исплашена сум да пробам нешто ново. Или пак како што кажала Адел „I won't let you close enough to hurt me“. Е богами така треба да направам. На никој нема да дозволам да ми се приближи толку блиско а после тоа јас да завршам повредена... е нема. Искусна би требало да бидам вејке во овие работи ама јас малку кочам.

    Еј и не ме камшикувајте поради ова ама јас сакам да дојде понеделник што побрзо. Вака барем вејке кога е понеделник побрзо ми минуваат тие проклети 5 дена на школо ама ајде уште 3 понеделници. Едвај ги чекам... Ајде нека дојдат што побрзо па и јас да се порадувам на летото. За оцени не се замарам па и на полагање ако треба да одам. ^_^
     
    На lana.del-rey, anichka94 и charliee им се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Прегратката е најсигурното место на светот.
    Секако онаа вистинската . :hug: :hug:


    anngelique -еве ти од мене утешна... :hug:
     
    На kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.630
    Пол:
    Женски
    Несовесни граѓани.. ете со такви живееме!
    со некултурни и несовесни.
    :Down:
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Се изнагледав кич за цел живот. Ама ако, пак убаво беше. :)
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Празна сум и несреќна, а не знам ни зошто...
     
    На kala21, prettyliar и Ilusionist им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Да се надоврзам на Аничка, тие што имаат „spending dad's money“ да ми барат 20 денари на заем за цигари.
     
    На Someonespecial и anichka94 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.