Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Дримс каминг чру. Амбициитре зовреа, надежите уште поголеми.

    Рано е уште да зборувам, ама оптимист сум до коска :)

    Илипили и Сноу, најголеми честитки за убавите вести. Ви посакувам само убавини и книги испишани од вас само со убави сеќавања и насмевки. Cheers :) :*
     
    На Snow-Queen, Someonespecial и anabel-a им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Сите што се намерачиле да купувате на попусто од парфимерија Шатсе, веднаш да си се откажете од намерата. Парфемите на попуст им се FAKE!!!!!!!!!!!!!!!!
    Си лупнав парите за џабе!!!!!
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Понекогаш сакам времето побавно да минува, дури и би го вратила кога би можела... :wasntme:
    Од една страна едвај чекам да дојде лето, ем ми е најомилено годишно време ем многу ми е потребно да се одморам од школово, ама од друга страна малку ми паѓа жал што ќе ни се растури класот, секој во различен смер... :doh:

    Баш пред некое време зборевме за ова со другарка ми... секој септември едвај чекаме зимски распуст, кога ќе почне второ полугодие едвај чекаме летен распуст, потоа и тој поминува и еве ја наредната учебна година... И така веќе дојдовме при крај на втора година гимназија. :^)
    Дури не ни се верува, како вчера да беше оној 3ти септември кога за првпат влеговме исплашени и збунети во гимназијава. :D

    А и носталгија ме фаќа... за основно и другарите од основно, дури се сеќавам и на наставниците што ни предаваа :D , а највеќе за пораното детство... :doh:
    И така... повеќето мои врсници едвај чекаат да дојде матура, некои планирале уште од 6то одделение на кој факултет да се запишат, а јас, најискрено, кога би можела, би се вратила на возраст од 5-6 години. :D
    На возраст на која би личело да излезам во маало и да играм жмурка, џамлија... :$
    Дете сум си јас во душа, тоа е... :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=53KNg77ZNFc
     
    На Tiki-lolipop, ludoto19, ana-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145

    со среќа сноу :D
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Зошто деновите како овој сончеви, топли, измислени за шетање и дома неприбирање се во предколоквиумска недела? :/
     
    На Sanjichka007 и ana-girl им се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Денес сум романтично расоложена :!: Нема некоја посебна причина, онака ме маваат романтики :wasntme:
    Ми се оди на некое убаво место, некој луксузен ресторан на пример. Со убав поглед, би пиела шампањ цела вечер, со некое убаво музиче у позадина, ах.....

    Да се вратам во реалноста, еден куп работа има дома, на мајка ми и’ текна да реновира |( До душа и да нема работа, нервира тоа што се’ е на сред соба..... Од промаја што се отворени сите прозорци и врати целата сум укочена :D Конечно утре ќе стигне мебелот и ќе се средиме.
     
    На ilipili, Jagoda123, Ilusionist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Жена. Ноктите на рацете не мора секогаш да бидат налакирани но :!: јас се чувствувам голо без лак. Отворени балетанки или штикли без налакирани нокти мене не ми оди. Секој трет ден може да се каже ги средувам веѓите. Ако имаш влакна над усните тогаш имаш ‘‘бркови‘‘ и те викаат сом затоа треба да пазиш многу. :lol: Што ако има некој проблеми со вцрвенување на лицето од сите можни креми? Но никој не те прашува. До пред 3 години не обврнував многу внимание на влакната на рацете затоа што ми се ретки но и тие ги депилираат, за нозете да не почнам да правам муабет а пак за под пазувите (мишките) и интимните делови :emo: Косата ако ти е мрсна ќе мислат оваа нема абер од хигиената но што ако некој има проблем со косата како ќе го разберат тоа другите? За килажата, стриите значи воопшто да не почнувам да пишувам. Некогаш убаво ми е кога целиот овој процес го правам но понекогаш си викам господе ако има после смртта друг живот машко да бидам.

    ...и така си се тешам само а и ја мрзам таа женска институција ( интуиција) која не ми дава мир и ко за инат ќе се случи :x
     
    На kala21 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mислев дека татко ми го достигна врвот на неговите досетки, се додека не видов дека на местото за жица за сушење алишта, лупнал жица за струја од бандера :rofl: :rofl:
    E не можам веќе :D Mене немаше да ми текне!

    [​IMG]
    леп ден денеска,а и на мама роденден и е :( .......
    искористете го убаво, јас одам во кујна да зготвам нешто, хоби ми е готвењето, уживам да готвам, ма се што е поврзано со храната го сакам, тоа нAли може и по мене да се види :D
    Tој газ не е од праз, од гиро и чоколади е :D
     
    На Micheleljubov, Annath, Elennaa и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа Лилит, деновите во ПМС се чувствуваш грозно, непосакувано, одвратно, а во овулација мислиш најјака п***а у свет си! :rofl:

    Епа јас сум моментално во фаза бр. 1 и вешто го избегнувам огледалото низ дома. Кожава масна, по некоја акна тук-там, подочњак до врат, па дури и левата веѓа ми е некако крива! :lol: Прееска вежбав, а имав чувство дека тежам 100 кила, не можев да потскокнам. Ме болат градите, па и скокањето ми беше мачно. На крај се откажав, не можам денес да вежбам. Битно успеав да се офарбам, па ако ништо друго, барем косата ми е убава :rofl: Ова последново морав, зошто подраснат корен во комбинација со сето горенаведено е далеку од комбинација снова :^)

    Вагата покажува 54 кг, и понатаму си се топам, а мене ми доаѓа да се подмочкам од среќа. Чекам плата, па да се подновам со фустан и чевли за на свадба кај близок другар. Што ми е мерак да си купувам парталчиња, се' што сакам можам да носам, се' ми стои убаво на оваа килажа :D Малце да се утешам во овие денови де :D

    Оф, крајот не можам да си го најдам.

    А, да. И гладна сум! Нон стоп!

    Срам ми е да кажам, ама вчера, за инат на мојов, пробав зрно од храната на кучката :$ И не е лошо да ви кажам, со фини грицки си се слади малата :D Па нашол со мене да се расправа и да ме убедува дека немам гз. Е имам бе! Ај ти пробај да те видам!

    И така, чудни работи правам деновиве, чудна сум си сама на себе и чудни ми се сите околу мене :D
     
    На Micheleljubov, Elennaa, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  10. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    незнам што ми е деновиве се осекам некако празно и шуто,голем удел за тоа имаат моиве,само се караат |( неподнослива е атмосферава дома,а врв ми беше денес кога братми без никаква кавга ми рече дека неможел да ме гледа повеке :x ,стварно се навредив,ама ништо не реков и за што и да се случи дома ми вели дека јас сум виновна,а немам никаква врска,и ете сите сме канети на свадба денес и незнам дали да одам неможам не сме сложни никако,до мене ли е до него ли е незнам,ама никогаш не сме се сложувале,отсекогаш сум се осекала притиснато од негова страна,а тоа што ме раздели од љубовта..... ;( ;(

    сигурно до сега си имате помислено дека сум негативна личност,напротив,секогаш сум насмеана и сакам на сите да погодам и ни малку не ми е лесен животов ама форумов ми е единствено место кадешто можам да си го исцедам отровот од душава ;(
     
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Денов и емоциите во него обавезно ќе си ги напишав во тефтерот.За момент помислив дека сонувам.

    Тој ме однесе на ручек.Покрај едно езеро,далеку од главниот град,во ресторан,во природа... :inlove: .Ми покажа колку ме љуби,колку ме почитува и колку му значам.Во секоја минута од денот ме галеше по косата,ме погледнуваше со толку љубов во очите,ме направи најсреќна...
    Добро е што имам таква личност покрај себе.Тој секогаш ми ги дава најдобрите совети,знае како да ме направи среќна и насмена личност.На доброто со добро врати му.Сега е мој ред јас да го изненадам него :clap: .

    Уште малку ми е роденден.Длабоко во себе чувствувам дека најголемото изненадување ќе биде баш на тој ден. :rock: :wasntme: :wasntme: :?:
     
    На Moira, Elennaa, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Како решив да слабеам?
    Пред некое време пишав во темата "каде може да најдам" .. е,долг црн фустан. И го најдов. Идеалниот. За 500 денари,а јас токму толку и во новчаник. Среќна,пресреќна ќе го пробам. Кога ќе видам-што да видам. Тој,фустанот, и јас во полоша комбинација не не' било.
    Како за утешна награда зедов друг краток.
    И како за уште поутешно,нон-стоп сум критикувана за мојата љубов кон сладоледот,пивото и чипсот. И кога се пожалив за моите ноги,добив поглед со прекор.И си фати Ашлинг да ја растура елеганцијата на новиот црн фустан и доби комплимент дека е уникатно облечена,таа вечер,од човек што беше дупло полошо од неа облечен.
    Дали тоа се важи?
    Е,така Ашлинг реши да слабее. Во името на црниот,долг,прекрасен фустан што не и стоеше.
    Друго. Ашлинг живот живее.
    Ете толкава сум мрза станата, што единствен подфорум што го читам на фемина е Мода и Убавина. Не сум отишла подалеку,ама во моментов ми изгледа како најсодржаен.
    А,и гледам се одбрале нови модераторки. Се отклучиле теми кои беа привремено со месеци и години затворени. На форумов владее целосна хармонија и слога.
    Не мрчам, само толкава непотегливост не сум видела.
    Ама па што, нас цела држава ни се раководи според таков систем, за една фемина ќе се мислиме ние и за тоа како Ким Кардашијан си поминала на одмор во незнам каде.
    И за љубовта да кажам,да.
    Татко му,случајно дознав дека постојано прашувал за мене.
    А,ти татко знаеш што ми беше синчето твое?
    Знаеш што бевме со синчето твое?
    Знаеш сега како глумиме со синчето твое?
    Знаеш и дека е психопат?
    Знаеш дека е бесчувствително копиле исто како мене?
    Еее.
    Живот.
     
    На Elennaa, lunicka, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мајка ми нервозно и напнато се растрчкала, чисти од таван до подрум, за матурска.

    :|

    Дури и шкафчињата кои немаат врска со дневната соба, дури и невидливите места што сто години уназад не ги исчистила ги изриба.
    За две секунди церемонија од пречек на гости кои ќе седнат и ќе направат хаос и онака.

    Она си ги викна комшивките, роднините, татко ми си поканил неколку колеги, и сите тие дошле да ме видат мене, облечена во фустан во кој ќе се препотувам по сто пати и на кој не сум којзнае колку навикната, како се смешкам додека тие ми чеституваат и ми викаат дека ова е најубавиот ден од мојот живот, и сето тоа проследено со погледи што ќе ми ги кренат свежо издепилираните влакна.

    [​IMG]

    Потоа, ќе отидам во некој ресторант, некаде у пичку матер надвор од градот, каде што ќе бидеме пречекани како храбри астронаути што успешно слетале на Земјината топка, сите кои од убави поубави, испотресени, фатени под рака со партнерите, во солзи до гуша, демек, тешко е, неразделни бевме.

    Зошто?
    Зошто ова не ми се допаѓа воопшто?
    Зошто? ;(
     
    На Buttterfly, OneDirection, Micheleljubov и 24 други им се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена. Извади една кеса завиткана во хартија и рече: "Ова не е било што, ова е нешто специјално". Ја одвитка кесата од хартијата и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа. Таа го купи фустанот, кога прва пат бевме во Њу Јорк пред осум години. Никогаш не го употреби. Го чуваше за некој “специјален момент“.
    “Добро...јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.“
    Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба, што ќе ја има таа на погребот. Неговата жена починала. Се сврте кон мене и ми рече:
    “Не чувај никогаш ништо за некои специјални моменти, секој ден во твојот живот е специјален
     
    На lana.del-rey, kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Можам мирно да умрам!
    Конечно видов дека на некој не му се допаѓа церемонијата наречена матура.
     
    На Micheleljubov и gingerchild им се допаѓа ова.
  16. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Сдк сончево попладне наменето за шетња по Широк Сокак и кафе муабет ,односно споделување на впечатоци од синоќешната свадба.
    Реков ке блескам и стварно. :$ Минимална шминка, нежни локнички беше доволно да бидам друг човек.
    Преубаво си поминав. Пеење, забава, дружење,зарипнат глас..По малку се напивме.. деца. :lol:
    Се на се супер беше.
    Денес сончевиот ден маскимално го искористив, и можам да кажам дека поминав еден прекрасен викенд и би сакала секој викенд да ми е ваков.
    Вечерва останувам дома да се одморам, да средувам впечатоци, да се излежавам и да се припремам за напорнава недела која следи.
    Искрено сакам лето ама не сакам да завршиме. Некако си го сакам класот.
    Не дека сум преееблиска со сите , но сите се добри, расположени за помош, нормално по некој дволичен , но сепак јас многу ги сакам. :inlove:
    Иначе вчера заборавив да пишам а се сетив дека е 18 Мај и навршував 7 месеци како сум на диета , односно прославував 60ка. -14 кила. :wasntme:

    Убава вечер. :*
     
    На Elennaa, zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Види, јас сум и у Свети Николе на матурска викана... :wasntme: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    ^ Дојди и на торта, ќе ти чувам парче. :D
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Еееех, ете така си сеам со лупки од сончоглед до мене, кои за да ги фрлам се изложувам на таков ризик, да ми паднат сите и да ја оплескам работата. ]:) Хмм.. :?: добра идеја, мајка ми уште еднаш нема да ме остави да ја правам таа света работа, а тоа е супер. :D Еј, види чудо, за првпат во мојов живот извадив познитивна од некоја негативна работа. ОК, така си седам со лупки од сончоглед до мене и ги читам мислењата на Elennaa овде во СДК и си се смеам како некоја чукната со медицинско чеканче. Уште малце ќе почне танц со ѕвездите ушште 2 минути претпоставувам, а претпоставувам ќе трае многу долго, па финале е, мајке ми. Пак како вчера на еуровижн ќе седам до еден. А книга не сум фатила. Ц ц ц ц... и види ме уште седам и правам звуци од тастатурата. Дам дам дам дам.. Хехехехех...
    Бидете поздравени. :call: - упс го промашив смајлито .. :hai:
     
    На Dog-lover, Elennaa и nati44 им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека најневините личности што ти солат памет за морал,хуманост, и уште те советуваaт за твое добро,дури ке ти кажат ајде менувај се зашто вака ништо не правиш, имам со едно да им кажам на моите душегрижници FUCK YOU.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.