Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ова веројатно го викаш бидејки си со црвената тетка, вујна, баба...што и да беше.
    Инаку да кажам и јас понекогаш го молам Господ да ми даде машки мозок, психички да се одморам малку. :D Во денешницава е тешко да бидеш и жена и маш верувајте... само дете доаѓа во обзир.

    СДК дека си се почастив со едни нови штикли :party:
    [​IMG]
    Вакви нешто се... абе кефој сум цела. :lol:
     
    На Micheleljubov, Plavusa.17, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК едвај чекам утрее :D на брат ми му е матура :party: :dance: абе лепотан ми е заедно купувавме облеката :inlove: а и да на дедо ми операцијата успешна :party: денов баш ми тргна уште сабајлечки
    вака ќе е облечен :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, Elennaa, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Unhapp

    Unhapp Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Многу ми е тешко.. Морав некаде да се испразнам.
    живеев неколку месеци во лага, дека сум љубена, единствена. Наеднаш се тоа се сруши, дознав многу работи се допишувал и со други, излегувал со други, спиел со други !!! ;( ;( :puke: ми се гади, многу сум немирна деновиве. се фалел на другари како ме изневерува со која стигне. колку ниско. а беше мој прв грев, моја љубов. ;( моите премногу го сакаат и јас исто така. сеуште молчам, во себе вриштам. немам зборови, немам солзи повеќе да плачам. тешко ми е. немам кому да кажам, да се испразнам. немам рамо за плачење, тој ми беше се, не не не сеуште не можам да си поверувам... ;( зашто господе мене ми приредуваш вакви работи. моите со здравјето не се добри се плашам што би било доколку им кажам дека помеѓу нас е готово ;( не не можам заробена сум. ми останува да молчам и да подголнувам да бидам со него а не можам ми се гади од секој негов збор дека сум му единствена дека ме сака, ми се гади од помислата и зборовите дека планира дом и семејство со мене.
    едно ми останува или да дишам или засекогаш да заминам. ме боли ме боли премногу господе.
     
  4. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Девојки,сакам само да ви се заблагодарам за искрените честитки.Ми го разубавевте денов. :*

    ~Повелете на торта! :D :^:
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За неколку месеци не вреди да си го уништиш животот, луѓе се со години заедно, па ракинуваат и продолжуваат како ништо да не се случило. Сигурна сум дека твоите сепак те сакаат тебе повеќе од него и ќе бидат посреќни ако го направиш тоа што ти мислиш дека е правилно, наместо да се измачуваш.
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Разочарување- награда која ја добиваш кога си верен и чесен. Навистина немам коментар за ова НЕПОЧИТУВАЊЕ од страна на моите најблиски. Тие што секогаш треба да се тука во најважните моменти ги нема. Незнам што ќе му беше да дојде пред сите и да ми каже СРЕЌНА МАТУРА, а тој цел ден го немаше на тој ден. Целата моја фамилија соберена без него... како да немам татко јас. И сега не планирам да му прозборам незнам зошто воопшто ми зборува кога сме сами. Навистина сум навредена.
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Досега не ми се случило ова чудо
    да плачам,а да незнам зошто.
    Многу заебано чуство.
    Овој ПМС знае големи чуда да прави :doh:
     

    Прикачени фајлови:

    На Jenniffer и kala21 им се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Аххх колку се нерврам вака кога наместо да спијам во ниедно време си размислувам и сама на себе си поставувам реторички прашања... А од друга страна животот е премногу краток да се помине во колебања и размислувања.Мислам дека најлошото оружје против некого е сопствениот ум. Искористувањето на сомнежите и несигурноста што се наогаат во него... Како на пример дали сме доследни на себе или живееме според очекувањата на другите? Дали ако сме отворени и искрени ќе најдеме некој што вистински ќе не сака? Можно ли е да најдеме храброст и да ги ослободиме нашите најчувани тајни и стравови..?
     
    На anichka94 и la-chicka им се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Се молат струмичанки да не пишуваат на дијалект низ темите. :D
     
    На Inna5 и anichka94 им се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК ова времево на нерви ми иде уште сега пекол а дури јули и август омг не ми се верувам го сакам летото но оваа жештина никако ! Сега кога иде лето си мислам како е во зимо надвор студено а ти седиш дома и си пиеш топло кафенцеееее ммммм во летните денови таа мисла секој ден ми е во глава додека во зимо како се шетам гола по дома ....Но ајде де жени кој може да ги разбере ?
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Одам на факултет денес, и што да видам - саде намрштени фаци |(

    Тешко им е, жешко им е, некој го боли стомак, друг глава, трет малку спиел, на четврт му е досадно. Добро бе луѓе, имате по 20 години! Ако сега не уживате во животот, кога? Ако ти е жешко - соблечи се, ако те боли стомак или глава - напиј се апче, ако не си спиен - вечер легни си порано, ако ти е досадно - па не иди на факултет јеботе, не е задолжително (пардон мај Френч). Не сакам да гледам скиселени фаци на ваков прекрасен сончев ден, кој се обложувам дека мене ми започна многу полошо од на било кој - ми откажа таксистот со кој требаше да доаѓам за Скопје, потоа го испуштив автобусот, па кога конечно стигнав, немаше каде да ги испринтам потребните материјали за презентацијата која ја имав денес (кој би рекол дека книжарниците отвораат во 10?!), па откако дадов 50 денари за принтање 10 страници, немаше такси за да отидам на факултет, но викнав и успеав да стигнам на факс во 9, да презентирам (доста успешно, морам да додадам) и да ја задржам насмевката на лице! Среќна стигнувам дома - на цимерката и е лошо, добила вчера, ја боли стомак, животот е тежок, зошто мене ми се случуваат вакви работи и така натаму. Па прилично сум сигурна дека не си единствената која добива еднаш месечно, не знам :?:

    Доаѓа летенце, доаѓаат ведри денови, дај малку попозитивно, сите! Ајт, имајте убав вторник :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=chL-nVD1G8w
     
    На sesilija, crazylady, Hopeful и 20 други им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    здраво мои мили девојки,

    ме немаше некое време но еве ме пак назад одморена, исунчана, наспана, побогата за уште едно искуство... се надевам дека сте ми добри живи здрави. ми недостигавте многу навистина :*
     
    На Serafima, ludoto19, Abeja и 11 други им се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    На арно нека е одамна не сум станала вака рано :D имајте најубав ден чувствувам дека и мојот ке биде таков :)
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Тоше е вистинскиот пример како младо момче може сосема само да создаде цела 'империја' во Македонија. Единствено за него сум слушнала дека успеал сосема сам, со својата дарба, со својот труд и убава душа. Лесно е кога ги имаш парите до тебе и се трудиш да станеш добар во тоа што сакаш да ти биде животна професија. Потешко е кога почнуваш од позитивна нула.

    Сакам да кажам... создадете нешто вредно за сите, а најмногу за вас. Тоа вредното не треба да биде (само) материјално. Бидејќи милината која би ја имале во душата би ја добиле само доколку насмеете и израдувате некој кој живее околу вас. АКо успеете барем на еден човек да му го направите животот среќен, вие сте го примиле и најголемото животно богатство.
     
    На Hopeful, Serafima, Jenniffer и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Држете ми среќа, сега наааааајмногу ми треба :) . За 15мин правам писмена англиски, последна писмена ми е и сакам да постигнам добри резултати. Синоќа учев до 1 и си легнав, малку трема имам ама ке ми помине сега ке си апнам чоколадце и ке ме смири :D . Имајте убав ден :*
     
    На Someonespecial, kate21, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.953
    Допаѓања:
    15.946
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе се глупи, некои тренираат да бидат глупи, а некои си се преправаат дека се глупи, природно или не сепак се ГЛУПИ :P :P :P
    Е од такви леѓе човек некогаш ќе посакат да одморит, едноставно да не ги гледат

    А пак имат и СЕЗНАЈКОВЦИ, што си знаат све што си го пикаат носот кај што не им го збират, ПЛС најдете си хоби аман веќе, секому му требат простор па и мене
    одлепи,

    ИТН; ИТН

    Туку сега така би ми дошла една кафица :) :coffee: :ninja: :muscle:
    па ке се фатам за работа


    Поздрав феминки имајте убаво попладне
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ги гледам вчера сабајле кога бев да пазарувам матурантките (кои веројатно забавата ја продолжиле до утринските часови). Не дека беше ситуација да паднеш у несвест, ништо поразлично од еуфоријата на девојчињата јас кога матурирав. Не викам дека е лошо, кај многу таа еуфорија и труд вродиле со плод и изгледаа како од насловна страна.

    Чудно ми е кога ќе ми текне колку јас ич не се замарав со тоа. Жими се`. Тој период единствено нешто на што размислував е : каде да одам за време на најдолгиот и најбезгрижниот летен распуст кој некогаш ќе го имам? (тогаш наставата на мојот факултет почнуваше од први октомври) Цел месец се бираа фустани, јас си го најдов во едно попладне (откако пробав два други кои не ми одговараа), елегантен беше, како што доликува на самиот настан и атмосферата, но не се трескав од земја со детали и гледав да ми користи и за понатамошни прилики каде што треба да се облечам елегантно. Си зедов хулахопки во нијансата која одговара со фустанот, соодветни чевличиња веќе имав и си купив ланченце (бижутерија). Се` тоа во едно попладне. Без нервози, без трчање, без паника.

    Си заминав меѓу првите од прославата и утредента си дојдов наспана, измиена и преоблечена на училиште кога требаше да ни` ги дадат сведителствата (или така нешто беше, знам одма утредента требаше да одиме во школо).

    Ме викаат на годишнини, јубилеи, чуда, врагови ... не идам. Доволна ми беше премиерата. Попрво ќе отидам на опуштено кафенце со луѓе кои навистина сакам да ги видам (а и тие мене), отколку со некои со кои си се лутел цело школување заради некои глупи причини кои одговараат на возраста и (не)зрелоста во тие години и одеднаш таа вечер сите се сакаат, се гушкаат, и тн. и покрај тоа што со барем 70% од нив на улица едно „здраво“ не си викаат. Таква беше мојата генерација барем.
     
    На Someonespecial, Agrona, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Добро бе зашто сум толкав малер јас.Таман научив Физика 10 лекции за екстерново сега ни ги сменија предметите и ми се падна МАТЕМАТИКА,а јас дрво невидено. :@ :@
     
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Одличен ден :rofl:
    Конечно добри вести.Конечно!Да не се урочам,гледам само петки редам во последно време.Екстерно-историја и македонски 8) Оу јеаа.
    Баба ме насмеа до солзи,многу ја сакам.Секоја брчка на нејзиното лице како да е приказна за себе,а нејзините очи... Плачеле,се смееле,гледале среќа,сурова судбина и трпеле се.А сепак,издржала.Израснала три деца,ги воспитала, а сега едно од нив мене ме воспитува и ме изнесува на "правиот пат".Ме учи на морални вредности,на култура,на убаво однесување,ми пружа љубов.Доволно ми е се што имам.Не барам повеќе ништо.Чувствувам спокој на душава.Среќна сум.Претчувствувам добро лето.Исполнето,зафатено,а сепак ќе има време за се.Дај Боже да е така.Летово треба да станам и тетка.Мило ми е.
    "Излезете надвор,прошетајте,видете ги убавите работи околу вас,радувајте се,бидете со луѓе кои успеваат да развлечат насмевка на вашето лице,љубете ги блиските и користете го секој ден максимално."
    Ариведерчи :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=8v9yUVgr ... creen&NR=1
     
    На Someonespecial, Hopeful, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.