Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    И јас го фатив бидермаерот во неделата :D трчајќи по вникот во гужвата право кај мене во рака :D
    Му го бапнав на син ми на маса :D тој чиниш утре ќе го женам, рано му било :D


    Сдк
    Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА
     
    На Snow-Queen, Sweetheart87, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    "Лее ногу сакам војна да има,ногу ми е интересно да пукам даа со на дедо чифтето знаиш колку галаби утепав????"

    Ви тоа сериозно?
    Не ме сфаќајте грешка,немам ништо против луѓе што сакаат да си ја бранат татковината.
    Ама за 15 годишни гниди што поиграле Кантер Страјк малце и мислат дека сега се професионални снајперисти и војници и мислат дека да убиеш страчка и човек е исто,е за тоа имам против!
    Не ми е јасно како може некој да не сфаќа каква сериозна катастрофа е војната.
    А не виртуелна реалност со калашникови и чифтиња...
    Ебате кретените ебате. |(
     
    На antonina, Cacy, Neytiri и 9 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Колку само неколку, навидум сосема едноставни зборови и една песна може да ти ја разубават вечерта. Пресреќна сум што меѓу вечно незадоволните немтури и мрчатори, сепак се пробиваат и оние малку луѓе кои го задржале најголемото богатство веднаш по здравјето - ведрината. И зрачат со неа наоколу и ги лечат душите на другите.
     
    На bittersweet, ludoto19, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.706
    Пол:
    Женски
    ...404 Error - Concentration For Studying Not Found! :|
    Преубаво време, сонце грее, +30 степени, расцветаните липи волшебно мирисаат... :sun:
    Само уште на нас учениците ни треба да дојде 10 јуни за да воздивнеме и да можеме официјално да кажеме дека е лето. :|
    Најискрено, немам веќе ни сила ни концентрација за учење. Доста ми е за оваа учебна година! :doh:
    Секогаш си велам дека школото е премногу тривијална работа за да ми го расипе расположението, ама ова веќе ги премина сите граници.
    Не можам веќе бе луѓе, аман! Да ни беа мозоциве хард-дискови од 1 терабајт, пак ни се потрошеше меморијата.
    Станувам алергична на школово, не можам да поднесам веќе.
    Не можам да поднесувам веќе гужвање во автобуси на 30 степени, седење во училница во која има и 40 степени 7 часа, а да не зборувам веќе за стресовите, тестовите и најлошото - муабетите за екстерно. :doh:
    Ги одбројувам деновите до распуст. Дома ми викаат, како да си во војска одбројуваш. :D
    10 јуни, време ти е веќе да доаѓаш!!!! Крајно време! :D
    Еве ви за крај музиче за релаксација, против сите стресови, без разлика дали одите на школо, на факултет и на работа. За сите возрасти. :)
    Ариведерчи, и држете ми среќа, не само мене, туку и на сите средношколци, наредните 2 недели. :!:
    Не знам за што попрво, ама ќе ни треба. Многу ќе ни треба. :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=aeYTBvanFmE
     
    На Micheleljubov, ana-girl, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Мразам да бидам негативна, со сите кога разговарам сум и позитивна и насмеана и се зезам и се муабетам, и се' изгледа нормално како и секогаш, ама морам да се искажам некаде, без да ги замарам луѓето околу мене... па морам тука. |(

    Денеска го допрев дното. Мислам дека подоле и поужасно од ова, не можев да паднам. Или да си поплукам? Одвај се измкнав од креветот, некаде околу 19 часот. Да де, станав сабајлето, ужасна, никаква, како што е секое сабајле, но денес, само јадев, испив апче и пак си се вратив онаму каде што никој и ништо не може да ми направи. Освен самата јас, нели. Да бидам искрена, станав заради повикот на дедо ми, за кој морам да признаам, многу бледо се сеќавам, некаде на пладне ми ѕвонеше да ми каже дека ме чекаат за ручек, и срцето ми се скрши кога го слушнав како вика само едно ,,добро,, откако му реков дека нема да дојдам. Знаете колку се радуваат кога ручам со нив? Не знаете. :(

    Знам дека и момчето мое ми ѕвонеше, мислам дека му кажав само оти спијам. Знам дека се насмеав кога видов дека ми ѕвони. Ако ме разбуди... А моето спиење, маратонско нели, е всушност полусон, полуреалност. Сонувам, ме бркаат, ги бркам, си одат, ме оставаат, се тресам, и наеднаш мине воз надвор, мине камион, доаѓа сестра ми од школо и на прсти ме ѕирка што правам. Па јас продолжувам, го гушкам дечко ми, се смееме, и наеднаш пак некое рататата, овој пат, вклучен е телевизорот на Хистори ченел, се тепаат, има војна... Јас уште продолжувам, срцето ми чука како да трчам маратон, плачам во сонот, немам поима дали плачам и во реалноста, и се разбудувам. Сврти се на другата страна, па обратно, па смени ја перницата, и пак се' одново.

    И наеднаш... мрак. Рамна линија, ништо не чувствуваш, сеедно ти е.

    Сум заспала нормално можеби некои пола саат- саат, станав како ништо да не било, се облеков и испаднав. Вкусот на киселите јагоди кај баба ми и пецкањето на афтата што ја имам, болката што ми ја предизвика, ме потсети дека сум уште тука. Жива, здрава. Добро беше потсетувањето, добро беше и кога ветерот ме дувкаше надвор, и ме печеше сонце, и таксистот ми правеше глупи муабети. Ако го најдам пак, ќе му дадам дупло повеќе од цената за која ми наплати, барем ми правеше муабет и за време од 10 минути си бев старата јас. Колку ми фали таа јас, не сте свесни.

    Морам да си ги најдам животните радости, одново, морам!
     
    На bittersweet, moonlight-girl.55, Someonespecial и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сподели Коката Колата со Дудунката. :yawn: Ајде покусо некој да не остане. И што ако го има моето име? Демек некој ќе ми сподели. Мммм, да...
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  7. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Мило ми е што си си имаш скроено планче за тоа каков сакаш да ти е животот. Но побогу не живеат сите според истиот! Остај не нас да си бидиме тоа што сме, не прави не тоа што сакаш ти да бидеме. Биди си ти примерна манипулаторка, нас остај не да си бидеме бунтовници со весел и слободен дух. Биди си ти заробена во твојот свет каде што мислиш дека си диктатор а ние од страна да те посматраме и да погодуваме до кога ќе бидеш таква каква што ние не сакаме да бидеш.
     
  8. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сфаќам да неможеш да заспиеш од регуларна несоница, од проблеми, од возбуда.. Ама од прљави мисли? :tmi:
    Оп, нов проблем, седење до касно поради валкани мисли и замисли. :tmi:
    :D
    Лежам така на креветот и мислам колку сакам да поминам некое квалитетно време со момчето на само, бидејќи обично се гледаме со друштво. На пример да гледаме филм. И тука ми доаѓа една екстремно валкана мисла, кога ја загледав пајажината на ѕидот. Којзнае колку пајажини имам низ собата. Беше од едниот крај на ѕидот до другиот. И тоа убава пајажина, се гледа дека е подолго време работено на неа. Во мечето до креветот има џепче и секогаш кога нешто сакам да фрлам го пикам таму. И најдов стари целофани уште од колоквиумската кога јадев 300 гр чоколади на ден. После си велам, ќебево не е тресено со месеци. Којзнае што не ќе падне од него. Се вртам на страна и ги приметив мастиките на дрвото од креветот , значи куп од мастики. И тоа кога сум била пијана, или мрзлива да станам да плукнам. Си велам, а тек ако се наведнам под креветот. Мајке ми не сакам да гледам. :tmi: Ако не најдам некој леш, Мишел не сум.

    И ме фати језа. А сите спијат.
    И сега дремам вака.
    Неможам да спијам во таква соба. Не повеќе кога знам какви чуда има.

    Инаку баш си мислев прееска, дека не ме бива за многу работи.
    Прво во животот шкафот за алишта го имам наместено сигурно повеќе од 100 пати. И секој пат е истата приказна „Од денес ќе го одржувам, ќе пазам како ќе вадам алишта“ .
    Не ме бива за миење садови. МРАЗАМ да мијам садови. Секогаш набрзина ги мијам и обавезно на нив има парчиња храна.
    Еднаш пуштив машина, и ми снема 3 чорапи, а белите алишта станаа розеви, заради црвените гаќи. |(
    Не ме бива шиење. Еднаш дедо нарача да му скратам пантолони кои ги измерив 3 пати, и на крај пак покрако му ги исеков, дур 10 сантиметри над глуждот. И до денес, незнам како се случи тоа.
    Не ме бива за комплементи. Повеќе ќе те навредам него пофалам. И затоа најдов една финта, секогаш викам „Тотално си модерна мачко мајке ми“ :rofl: Врши работа. :rofl:


    Прашањето е што домаќинка ќе бидам? :?: Сигурно ќе му биде забавно на маж ми.
    :D
     
    На bittersweet, Sweetheart87, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Поздрав трета смено ! :hai:

    Испитна сесија, шта чеш. :worried:
     
    На Aries9 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    полагам колоквиум..на арно нека е :worried:
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Еве утрово, се будам, и тој ми го праќа ова:

    http://25.media.tumblr.com/4ac244943d7f ... o1_400.gif



    И како да не бидам среќна?
    И покрај фактот дека сум хронично ненаспана, треба да си купам накит за свадбата на 1ви, викендов ќе треба да се пакувам и отпакувам во рок од 48 саати, ме гребе грлово, мене ми се љуби до бескрај.
    Нема друго, нема како.

    Едноставно е.
    Убав е мајов.
    Сега ќе си читам Теа Модерна и ќе барам онлајн курсеви за некој нов јазик. Во средно сакав да читам и учам фински. Будала, слушав фински бендови, ми се чинеше логично.
    А зошто па да не? :)
    Нека биде денов полн со позитивни изненадувања. Засадете си роза во асфалтот, и како Малиот Принц, чувајте ја.
    Мене ме држи уште еуфорија и насмевка од се’ што ми приредија патешествијата.
     
    На lolyta777, Someonespecial, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Многу убаво се чуствувам денес. На овој ден пред многу години започна се далечната 1990година.
    Оваа вечер нема да има седенки по кафани туку дома во друштво на наши пријатели и секако со миленичињата хепи и ричи...Денес правиме 24 години како сме заедно...исто и кога се земавме решивме дека нема да го замемариме 22.05-тоа е ден кој ке се помни ден на нашата љубов која се круниса со брак.
    Убаво е чуството кога ке се потсетиш на убави мигови,срцето ти е полно со љубов,а лицето имаш насмевка....
     
    На Sweetheart87, ozbilnazena, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mе изненадивте со лајковите на оваа тема.Ви благодарам на сите. Ми дадовте многу надеж, желба да се изборам и во оваа битка.Ве поздравувам Fеminki :hai:
     
    На sesilija, Ketrin.Moon, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Такви сме ние, срцки, тука сме и за лошо и за арно :emo: Само ако некогаш се најдеш во ситуација за друго мислење да добиеш исто толку негативни критики како што си добила лајкови за ова, немој да се лутиш и да го напушташ форумот нарекувајќи не со секакви имиња :D
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нема да се лутам.Само вие критикувајте, за тоа сме тука.Да споделиме добро и лошо.Да научиме нешто една од друга , да се дружиме ... Нема да го напуштам форумот се додека не ми исклучат интрнет :$
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Незнам што се случува во оваа моја фирма, сите се дерат како луди... колку и да си смирен (а ја да се пофалам имам челични живци) еден ден ке пукнеш. Ако си нервозен бе оди истрчај се, качи се на планина и викај, дери се таму како луд, а не да набиваш нервоза на сите недолжни околу тебе. Свашта.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Ле-ле..Какви мали деца се изнагледав денеска. Абе детенце од 8-9 год. цело „напумпано“ во секој момент мислиш ќе пукне. :shake: Се прашувам дали воопшто нивните родители се грижат за нив ? Секој ден му дава пари за хамбургер и кока-кола, а не гледа детето колкаво и се направило. Едвај одат, само гнетат нездрава храна, не трчаат ама ни малку, дури ни на физичко што се вика. :x Некој ќе рече болни се децата, ама ова не е. Слушнав баш прееска едни две жени разговараа, му давала да јаде да не и било слабо детето, анемично, да не и се разболело. Да, родителите треба да се грижат за здравјето на своите деца, ама ова е претерано „грижење“. :tmi:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Каква некултура постои...не можам да поверувам.
    Што е уште потрагично тие некултурните еден ден ќе станат професори и наставници. ЖАЛНО!!
    Нормално е државата да ни пропаѓа со такви како нив.
    Не знам што друго да кажам...трагично и жално :/
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога ќе го имам моето детенце ќе летам во облаци како надувана литмара и секогаш ќе му ги правам највкусните торти. Ќе си пливаме заедно, ќе си возиме точак заедно, ќе се искачуваме до Водно заедно, ќе се пентериме на црешите во дворот на татко ми, ќе бркаме пеперутки, ќе галиме јагниња, козички и пилиња! Ќе пиеме лимонада, ќе се смееме како чудаци, ќе се бакнуваме полни со љубов и среќа. Ќе шлапкаме во вирчиња прљава вода.

    Јас небото ќе му го доближам на моето малечко. Небото кое ние ќе си го нацртаме, создадеме и чуваме само за нас тројца + сестра ми со нејзините љубени + татко ми и мајка ми + на мојот љубен родителите.
     
    На bittersweet, Buttterfly, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Имаше една песна од синот на легендарниот наш Драган Вучиќ...Рано е да се врзам цел ден ми се мота низ глава, поима немам зошто ...

    Ваљда се исплашив синоќа. Имав едно изненадување.
    Како на филмовите 101 ружа поштарот ти ги носи пред врата , и додека ја читаш пораката го гледаш него како доаѓа накај тебе...и те гушка најсилно на цел свет...те врти додека не изгубиш свест и само ти вели Ќе те женам еден ден, жими се...ти си таа! :|

    Алоо брее, зезај се ти. |( Ами вратата да ти била отворена и љубопитната ми мајка да слушнала.
    Жената сакало срце да ја фати...право дијазепам се напила
    Влегувам дома и ја гледам целата побледена, болна легнала на креветот.
    И, велам што си ваква бе женче?
    А таа, задишана целата...ти, ти, ти доби понуда за брак на 18 години? Леле да му се јавам на татко ти, да дојде да ме виде за последен пат. :rofl:
    Ме фака за раменици и ми вика, кажи дека не прифати, кажи!! :D
    Чекај мори мајче, кај си се залетала...
    Филмови си направи жената. Упла има од брак на 18.
    Па ми требаше време да и појаснам дека грешка слушнала. Дека ми рече дека ќе ме женел - АМА ЕДЕН ДЕН! :!: (па дури и тогаш не се знае :D )

    Шеќер, вода...ова, она. Коа си дојде при себе на крај, почна да се смее како ненормална. :rofl:
    Што будалче е. Сама си ги врзува некои работи у глава. Па и мене од памет ме извади.

    Срцево како лудо ми чукаше. Јас добив Холивудско изненадување, а таа направи Холивудски филм за две минути :rofl:

    Кога му раскажував на татко ми за случката, се крстеше 15 минути.
    Тој е ладен тип, ама кога се работи за ќерка му - спремен е на се ` :devil:

    Туку како и да е...денот ни се разубави на сите, со толку смеа и зафрканции. Ако се на моја сметка, обожавам да се смеам ! :emo:
     
    На bittersweet, Buttterfly, Sweetheart87 и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.