Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Зошто толку мојата слика за себе зависи од расположение?
    Многу лоша работа
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум знаела како да реагирам кога некој ќе ми каже:
    Лесно ти е тебе :^)
    Каков одговор на тоа очекуваат, треба ли да почнам да кукам, да кажувам што се не е добро во мојот живот???
    Или треба да се фалам со се што имам како доказ дека да, точно е лесно ми е мене :?:
    Сега за сега им давам некој полуосмев и менувам тема.

    Јас никогаш не би му рекла такво нешто на некого затоа што секој си знае колку му е тешко или лесно, на некоја и скршениот нокт може да и претставува трагедија, не видела што е мака во животот и затоа тоа и е трагедија и добро би било да и е тоа најголема мака во животот, не мора секој да осети на своја кожа колку може да биде суров овој свет.

    Не може да помине некој мој пост без да го спомнам син ми, тоа дека being a proud mum and all :angel:
    Детево мое станува женскарош невиден :D
    Чекаме ред вчера во продавница и позади нас една мајка со ќеркичка малку поголема од моево, женскарошов мој, ја гледа, гледа и ја грабна раката и ја баци (каков џентлмен :lol: ) си ја фати за рака и тргна да излегува, ќе си ја носел дома :inlove:
    Оф бре синко мислев ќе имам барем 20-тина години да се припремам како да бидам добра свекрва :rofl:
    Сега се покажав како лоша свекрва, морав да ги разделам вљубените инаку ќе си отидев вака млада и убава во затвор за киднапирање :D

    И да не се жалам многу на поинаквава состојба :lol: ама ај што ме тера на лигавење на филмови и серии ама на Masterchef да се лигавам, тоа е претеризам веќе, левел на лигавење 100.
    Добро е што гледам доволно серии ќе си се изналигавам додека ги гледам па немам веќе сила да се лигавам за реални работи, го гледам мм само ми предлага нови серии за гледање :D
     
    На Hipster, Annath, Elennaa и 21 други им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Животе ме креваш , ме спушташ , ми будиш насмевка ми леееш солзи ......ме трескаш од земја па ме тераш да станам како ништо да не било.
    Се што сакам е да си ги гледам луѓенцата кои ми се драги -здрави весли и живи години години , и да си остареме со билдерецов полни со љубов како првиот ден да гледаме внуци и да се смееме на нивната итрост палавост и детска наивност ....многу ли барам .
     
    На teddybear, lunicka и kravce им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.107
    Пол:
    Женски
    Леле, како истура. :| Не грми, ниту светка, ама истура, истура. Се знаеше тоа. Вчера Дала ми кажа. ;( Врне толку многу силно што како некој со кофа да истура вода од горе. :rain:
    Стварно премногу. :x Ама затоа пак мириса на дожд, тој свеж прекрасен мирис, исто така има и сонце, капките блескаат на сонцето. Прекрасна глетка е. :sun:
    [​IMG]
     
    На Dala, Someonespecial, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    И јас да си пишам ред-два...

    Она чуство кога надвор е +40 степени,а ти веке 4ти ден си во кревет и неможеш глава да кренеш зошто крајниците ти се во алармантна состојба... :( и +40те степени што ги имаш во телото :!: .Денот ми се претвори во ноќ и обратно.Денес сум некако поарна,па собрав сили и трк на лекар.Дијагноза - стандарт :Амоксиклав,Фервекс...

    Иако се донесоа нови правила во нашево здравство сепак мене денес ми ги тестираа живиците во чекална чекајќи 25 минути електоронски да ми дадат рецепт,електронски да ми закажат преглед (мене ми се брзаше за денес тој преглед,е не можело електронски тек наредна недела :^) )...Плати па клати работава...И кога се електорнски мора да се направи нормално дека копјутерот во ординацијата се оптерети и добро е што не експлодира :D.Ова електронсково без врска значи.гола вода.Крадење пари од народот за вадење и електроснки здравствени книшки кога јас со месеци ја имам во паричникот а сеуште е вон употреба :fubar: .Муабето ми беше и со нивното електронско закажување на преглед за наредна недела јас прегледот си го направиви уште денес. :D .

    СДК народов незнае да користи основни картички за во банкомат
    (сведок сум на ваков случај милион пати :) )
    ,а вие дури и наметнавте и електронски здравствени книшки . (смајли што се крсти).


    Ова што бев дома затворена 4 дена не е на арно мајке ми.Како разбеснета лавица во кафез сум :D.Леле,леле има да се задавиме со лавон мој вечер ќе биде работава рже не се држе.
    Ајде останете ми со здравје,имајте убав продолжен викенд. :*
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Лесно ти е тебе, во Австралија живееш :D :hai:

    СДК
    http://www.youtube.com/watch?v=jhUkGIsKvn0

    Во шиз фазон сум, шизење :dance: туруру туруру турурут турурууу. Ништо не е во ред, ништо не е сменето, а јас се смеам...со душа. Едвај чекам да си дојдам дома и да си го изгушкам кучето, да го изгњавам максимално :inlove: И ќе си спремам викендов хелти куизина, стварчиња и ќе гледаме шпански комедии со другарка ми :drunk: Ете...и пиење треба да купам, да допишам на списокот. Станале фенси, само коктели пијат по седенки :^) а јас пиво во фенси чаша ќе им ставам, дури и цевка :wasntme: они на мене коктели... :angel:
     
    На Annath, Sexybaby86, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Лесно е да се уништи нешто, а тешко е истото да се зачува.А се случува тоа, само поради погрешната перцепција на нештата и не прифаќањето на истите.А додека човек се сети на тоа, заминал возот.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... Зошто кога некој бара одговор од високите, уважени функционери околу некое важно прашање, секогаш првото на кое налетувам е: Абе овие што го поставуваат прашањето се сенки на опозицијата - и обратно?
    Добро, за толку неупатените во политиката (како мене, на пример) не ми е гајле дали тој што го поставува прашањето (Рајко, Петко, Миленко, радио МОФ или тв Сител) е како и колку политички обоен.
    Прашањата се тука и тие, и јас сакам да прочитам одговор и решенија, а не директни напади врз оној кој ги поставува, па чиј сакал бришач на задници нека биде.

    Еве, конкретно да бидам појасна, читам како радио МОФ упатило прашање, цитирам:
    „Се запали дел од студентскиот дом „Гоце Делчев“, добар дел од останатите студентски домови се исто така во лоша состојба, со покриви кои протекуваат и несоодветни санитарни услови. Кога студентите ќе добијат домови за пристоен студентски живот?“

    И што има лошо и несоодветно во ова прашање? Зошто налетувам на аргумент - како „дотичното радио било полтрон на партијата во опозиција“? |( Што ми е мене тоа важно?
    Ќе се поправи ли покривот? Ќе се поправи ли некогаш студентскиот дом Гоце Делчев, и не само тој, туку и сите останати? Ќе ги згрижи ли некој студентите, ќе им овозможи ли бесплатен превоз, поевтини учебници, поефикасно и подобро образование, повоспитани и почовечни професори, мотивација за постигнување успех, редовна исплата на стипендии?
    Ќе се погрижат ли за лебарките во мензите, парното кое не работи, влагата и мувлата во домовите, скршениот мебел, корупцијата која и за тие бедни услови е потребна, да се згрижиш некаде, додека со маки си дошол да учиш во големиот град???

    Од кожа да се извади човек, кога некој толку политички незаинтересиран и неинформиран како мене може да се изнервира, можам да замислам како си кинат нерви други.

    Па и ДУИ да ги постави овие прашања, што ќе речат тогаш?
    „Леле види ги, се дрзнуваат да не` прашуваат вакви работи, наша работа е до кога ќе скапува младината, така да си знаете“.
    |(

    Бог да чува, само во Македонија го има ова лудило.
    „Оваа кошула црвена ли е“?
    - Не е зелена.

    Значи не ми врти околу прашањето, едноставно ДА или НЕ е доволно, не демагогии и насочување прсти во погрешна насока.
    Плукам.
    :puke:
     
    На Annath, Mishela, Ana.Jones и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    http://www.youtube.com/watch?v=lmq321zjkvs

    Јас не сум воопшто посебен, во тоа сум сигурен.Јас сум обично момче со обични мисли и водам обичен живот.Нема споменици кои ми се посветени мене, а моето име наскоро ќе биде заборавено.Но имам љубено со целото мое срце и душа, а тоа мене секогаш ми било доволно.Видеото погоре ме исполни со позитивна енергија денес и ми ја врати вербата во вистинска љубов без предрасуди.Секоја чест на тие што искрено љубат и се љубени :* .
     
    На Chica.Loca, Hopeful, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    ]
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.242
    Пол:
    Женски
    Сонце...дожд...сонце...дожд...сонце...дожд...сонце...дожд....сонце...дожд...
    За секого по нешто... кој би посакал поише?? :D

    Шала на страна, времево стварно си игра со нас... кај шо на секој шо ќе му текне во државава си игра со нас, уште времево фалеше... ама па, од друга страна навикнати сме си ние... и не дека ни смета нешо баш |(
    **************

    Друго... денеска ми е овошен ден од диетава па брат ми, ми купил круша и ја завиткал као поклонче...ама панделка фалеше.. :D епа непишано правило е.. без панделка не се рачуна за поклон :D :D
    **************

    Трето.. денеска ме боли уво!!! Решив да не се замарам, кај шо гладувам цел ден, па неам живци уште и да се замарам со безпотребни PMS работи, уште помалку па со такви луѓенца... а и нели најпозитивна болка е кога те боли уво за се?! 8)
     
    На Elennaa, Someonespecial, l-a-d-y-di и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Да се пофалам јас, имам комшии паднати од Марс.
    Или незнам од каде се дојдени, битно рецепторите за осет им се расипани...дефинитивно |(

    Уште сонцето не изгреало..тие чукаат, рушат еден ѕид (веќе 13ти ден по ред) :^)
    Тој чеканот ми удира директно во центарот. Не се трпи, главата почна константно да ме боле, само што ќе почнат со чукање. Како чука чеканот, така мене во главата бум-бум-трееееес!
    Да ве тресне незнам што :devil:

    3 часот - време за ручек, за одмор. Тие пак! Значи како за инат да се темпираат.

    Едни баби две ги има, дрдорки. Неподносливи.

    Мареееее, ги скопа ли чушките?? - Нее, го чекам Димо да си дојде. Ти?
    Ааа, мене ми овенале...незнам што му е. |(
    (после 10 минути)
    Мареееее, тука ли сии, ручек што правеше?
    Донке мори, сила немам...снаата го направи.
    (после 3 миннути)
    Марееее, јас го измив дворот?
    Еее арно Донке, јас до сега бев на пазар, немав време. А, оваа снаата, мрзлива цел ден на телефон...ваква е, таква е, бла бла бла....

    Марееее....мареее...на секои 5 минути се дерат! Аман!
    Ај викни ја Марето на кафе поарно, отколку да ми се продвикаш преку двор по цел ден.
    Или па, немора на Марето дневен извештај да и даваш што си направила. Ај, иќкоа ке одиш у вц, викни и` и кажи и што работа си завршила |(

    Од другата страна имам еден семеен насилник.
    Сите му се криви него. Туку црка по цел ден. Мава по сите. Крши по дворот што ќе му дојде при рака.
    Тешко на фамилијата.
    Јас од страна што го гледам ми се иде да му треснам една, а не па тие дома што го трпат по цел ден!

    Аааа, и да не го заборавам младиот ми комшија што прави журки по цел ден и цела ноќ.
    Техно, транс...незнам уште каква музика не пушта. Цело маало ечи. Секој ден кај него е забава до бесвест. Пиење, пушење...и редовно ја играат Јас сум магаре и викаат од тераса на цел глас!

    И, така...неможе да се живее нормално тука.
    Имам за учење, ми треба барем малку мир...ама Н-Е-М-А!
    Барем да бев наспана...ама ни тоа не се може.

    Нема спиење, само чукање и чукање....
    Се селам во планина...оп, стоп!!! :emo:
     
    На tweety26, Elennaa, julie77 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.107
    Пол:
    Женски
    Jaoo.. рушам рекорди на играта на сестра ми.. :rock: Panda Run :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Најдругарски совет: Пих, тие тоа го чекаат. Да се изнервираш и да го видат тоа. И мене ми го кажувале, иако јас сум си знаела, ама за инает сум им викала „Е рака на срце лесно ми е. И ептен ми е убаво, шо да праам?“ (затоа што обично тие што се дрзнуваат така да ти викаат, едвај чекаат да слушнат дека ти е тешко у животов).

    И тие ги осеќаш пукаат од завист. :D

    И не викаат више така.
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    е З'шчо де...!
    Зошто не мачат со екстерни главате незнам каде ми е на 1-ви полагам географија 200 трани книга треба да учам, ама тешко оди 20 стр цел ден се мачам ги учам и пак ништо :envy:
    Само да се укина екстерното, ветив кој што стигнам ќе го частам, голем товар ќе ми се слегне :whew: . На плоштад ќе застанам и на секој по едно атлантис ќе му давам :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • zsco.jpg
      zsco.jpg
      Големина на фајлот:
      24,6 KB
      Прегледи:
      449
    На Someonespecial и sweet-star им се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Метеопатијва ме уби во поим. Главава како некој помеѓу менгеме да ми ја ставил и да чукал, да чукал, да се заборавил. :drunk:


    Ние луѓето сме многу безобразни ѓубришта. Ги памтиме само лошите спомени и работи. И баш прееска си мислев колку убави работи имам поминато во животот, а на ништо не се сеќавам. И понекогаш се обидувам додека се случува нешто, да го запамтам пластично, со истите бои, со истите луѓе, мириси.. И кога ќе се измешаат повеќе такви спомени, само некои неодредени чувства ми доаѓаат.
    Да речеме на мирисот од косена трева, обавезно ми доаѓа некоја пена во устата и ист вкус, како да сум јадела нешто такво. :^) Или кога се будам наутро а од ролетната ми влегуваат сончеви зраци обавезно се натажувам, ми текнува на нешто, а незнам на што. Секоја пролет ми е ваква.
    И весела и тажна. И луѓето незнаат како да се однесуваат со мене, те сум насмеана, те ќе се натажам. Изгледам на емоционално незрела личност. Ама посилно е од мене, времево страшна работа е како ми влијае..


    Ај чао.
     
    На anabel-a, julie77, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    „Елеганцијата не подразбира облекување на нов фустан.“

    Цицки надвор,минич до пич, лудо високи штикли, напрчени усни со црвен кармин
    дали одговара и стои не е важно. Црвена боја вечност љубави ...


    Абе јас сум си мирна, комуникативна жена која знае да ислуша, да се нашали,со младите млада
    со старите стара, ама ме дрма пмс а ме здрма и нешто друго...

    Имам кола немам бензин. А итно ми излезе работава.
    Па кажи мајку му, како на човек ти ја дадов фул.
    Арно велеше овој мојов. Кола и Жена не се дава, или како беше де.
    И ајде, друга лист вртам за побрзо да стигнам нели ме чекаат. Барам такси.
    И ми се падна таксист со оговарањето као некои жени, за неколку минути дознав многу работи :^)

    Е Озбилна, кај живееш мор ти сирота, ништо не знаеш .... кој со кого каде и кога,
    многу информации добив без да побарам ,абе многу некако ми дојде. Застани тука ќе слезам.
    Ама нели одевте до тоа и тоа место? Да одев ама попатно се предомислив а и дождот го обожавам добар бил за растот на косата сериозно му велам :D Колку да има што да му каже на следниот патник.
    Абе што возев пред малку една чукната по дождот слезе бил добар за растот на косата :!:
    Слегов на пола пат, накиснав од дарот Божји, мм ме пречека пред врата.
    Што си ваква Озбилна? Е што ми фали бре човек :D ништо, ништо не ти фали само си влажна :D
    Гром да те неубие, каква сакаш да бидам на дождов сува ]:) влажна :D :$
    И тако то...утре ќе ми биде поарно...
     
    На tweety26, Annath, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Не да кажам.. САКАМ ДА ВИКНАМ!!!
    СЕСТРА МИ Е БРЕМЕНА!!!!!

    Ооо Боже.. Каква радост било ова.. О Боже солзите не можам да си ги сопрам..
    Мојата помала сестра во својата утроба носи бебе..
    Ти благодарам Боже за оваа радост.. Ти благодарам!!!

    Уште никој не знае, ги очекувам со зетот да дојдат во секое време и на цела фамилија да им ја соопштат оваа вест.
    До тогаш ќе се кријам во соба и ќе шетам како Балтазар. А толку ми доаѓа да викнам..

    Плачам.. Да плачка сум.. Плачам од среќа и возбуда!
    Ви посакувам на сите да ја доживеете оваа радост..
     
    На Katerinceee, Anna-Banana, Lepaaa и 49 други им се допаѓа ова.
  19. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    ^ Честитки до сестра ти, со лесно нека и е бременоста, па и за тебе да дочекаме :lol:

    СДК дека личностите не се секогаш како што изгледаат.. Еве, една личност која долго ја познавам и многу бевме блиски- ЈА СИМНА МАСКАТА .. Какви пријателки имам, ни на сон не може да си замислите.. Се нешто ќе ти кажат в лице за тебе, се нешто издаваат, те провоцираат,не чуваат никаква тајна, дволични се.. Поради нив ми иде да се затворам, толку да се повлечам во себе, да не пуштам ниту збор се додека не запознаам некоја ВИСТИНСКА личност, на која секогаш можам да сметам, да имам рамо за плачење, да кажам се што ми лежи на душа.. Ми иде од најзборлеста, секогаш насмеана и расположена личност да станам некоја тажна личност, со смуртено лице и отечени очи..
    Но, главата горе и само напред ! Се надевам дека некогаш ќе се исполни оваа моја желба :!: ;)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сега пред пола час одам во аптека и една г-ѓа пред мене го прашува аптекарот:
    -Имате ли и колку пари се апчињава?
    тој вели:
    -Не г-ѓо од овие немаме
    аха,а колку пари се?
    Ви реков дека немаме значи немозам да ви казам цена...
    Човече се разбираш ли ти? му вели таа :цена колку се?запнал немале па немале... цена кази ми
    незнам г-ѓо сега ако сакате не правете неред има и други
    доаѓам јас на ред си земам еглонил,а таа вели за сите знаеш цени нели а за мене не...е се е политика
    и си испаѓа...
    аптекаров ме гледа и вели мозеби и таа несака ама ја тера...јас се стаписав а кога се вратив во дукан се изнасмеав јако беше она цена бре цена запнал немаа па нема бог да чува се има по светов
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.