Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... неверојатно е како некои песни може да те вратат години наназад.
    Ние со мојот најдобар другар бевме посебно опседнати со албумот на еден британски бенд - Blue. :lol:
    Сите песни ги знаевме - Breathe Easy, Walk Away, Bubblin`, When Summer's Gone, уживавме да ги пееме.
    Секоја журка беше во знакот на тој албум, а секој ден - беше журка.

    Многу ми недостигаат тие безгрижни времиња, немавме нешто многу пари и погодувате - не ни беше гајле, не ни мислевме на тоа. Имавме колку што имавме, ќе си ги соберевме на купче, колку за вино и некои грицки и само сакавме да пееме, да играме, имавме кореографии, сакавме само да се забавуваме, не беше важно кој како е облечен, кој колку има, какви ти се патиките, штиклите, пффффф, нам ни беше важно да работи микрофонот, и да ечи до сабајле.
    Па колку преспивања имало, мајка ми викаше дека станот и наликува на автобуска станица :D , јас ги прибирав сите, и секогаш викав - на ова ќе се сеќаваме, друго нема ништо да остане...

    И навистина така и испадна. Само на тие моменти се сеќавам, на насмеани лица, на моите другари, на нашите омилени песни... Колку ме мава носталгија за тоа време.

    И сега кога некој ќе ми рече - ајде да одиме на журка, мене пред очите ми игра таа слика, од моето друштво, во нашето време.
    Можеби затоа сите журки денес ми се... сиромашно, бледо огледало на минатото. :(
     
    На Annath, anabel-a, Mishela и 23 други им се допаѓа ова.
  2. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    многу ми се јаде сладолед, а немам друштво кој да дојде да си купам :(
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Да живееш..Да копнееш..Да се будиш секое утро со помислата дека некому си му потребен...Најубавото чувство. Тоа што нe' исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Чуство кое може да ги помине сите препреки за да спои две срца!
    Да споделуваш се..да знаеш дека некој навечер пред легнување мисли на тебе, а наутро кога ќе се разбуди првото нешто што сака го види, си ти!
    Љубов..мал збор исполнет со толку многу чуства. Можеби најпоставуваното прашање, што е тоа љубов? .. Нешто кое што не го гледаме, но го чуствуваме.. Moжеби за некој претставува болка, рана која живее длабоко во срцето, но некој го прави најсреќен на целиот свет!
    Кога си со личноста што ја сакаш, се чуствуваш како цел свет да е твој. Прегратката - твоето омилено место..Не ти се важни озборувањата од другите, важен ти е тој, му веруваш целосно, го подржуваш секогаш..Кога со нетрпение чекаш да ја видиш насмевката на неговото лице..Кога си искрен со него.. Кога со него ги поминуваш најубавите моменти..
    Колку и да се трудиш да сфатиш што е тоа љубов, неможеш..
    Но, ако некогаш си го почуствуал ова чуство..всушност најубавото чуство кое те исполнува..Ќе сфатиш за што зборуваме ние..!! ♥ :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Umbrella22, liliput22, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сабајле тргам на пат, тоа се само 2 цели дена во соседствово и 3тиот се враќам, а се осеќам ко да одам на крајот на светот и + засекогаш. Ем сакам да шетам сегде, ем од дома не ми се оди. Абе ни се водам ни се терам, не знам дали само ја сум ваква или и има и други :lol:

    И да, среќен нека ни е празникот :)

    Ќе пишам штом се вратам, :hai: :hug:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Чувството кога ќе ги земеш првите заработени пари во животот - непроценливо 8)
    Ама да нагласам дека не станува збор за некоја голема сума на пари но сепак доволни беа за да го паметам овој прекрасен ден уште многу долго време.
    Си ги купив омилените сандали на плута, две маички и наочари за сонце за сестра ми. Потоа се вратив дома и спремив ручек со моите пари, ја наместив масата и ги чекав да се вратат сите од работа. Имавме пријатен семеен ручек, татко ми ми кажа дека е горд на мене затоа што сум неговиот борец и дека верувал дека се повеќе се ближи денот кога ќе се ослободам од сите стравови и вистински ќе бидам среќна.
    - Ти го заслужуваш тоа, ми рече со растреперен глас и солзи во очите, почувствував кнедла во грлото и ми дојде да вриснам на цел глас. Сепак се воздржав затоа што сакав ова да биде убав ден за сите нас.И беше,навистина!

    Да напоменам дека не ги заборавив и останатите членови на семејството, сите си добија по една кутија храна, одамна не бев во можност да им купувам па јадеа само домашно приготвена храна, ама еве редно време беше и тие да си ги почестат душичките.

    Првата плата, официјално земена и потрошена до последното денарче. Ама ако, не жалам. :)
     
    На Annath, anabel-a, Lux и 31 други им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Морав уште ова.
    [​IMG]
    :rofl:
     
  7. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Да се вратам со времето назад на некој работи ке им дадев нов почеток, на други друг крај а пак и некој работи немаше ни да ги започнувам. Можеби времето ке смени се, се ке биде подобро но ништо не се заборава. Колку и да сакаш да заборавиш на нештата во минатото едноставно не можеш. Има луге кој ке ти влезат во животот, ке пуштат корен во твоето срце и никогаш повеке не ке можат да си заминат од него. Има места кој ни будат спомени-едно место илјадници спомени. Спомените се нешто најубавото во животот, понекогаш имаме и добри но и лоши спомени. Животот ни е учител за се, и ако не поробаме нема да знаеме за друг пат. Има многу личности во минатото кој си им помогнал, си дал се од себе за нив а денеска нема ни да те погледнат а камо ли пак здраво да ти кажат. Животот е една многу долга приказна, со еден почеток а сосема различен крај!
     
  8. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Многу исполнет ден, конечно најдов малку време да се одморам. Цел ден бев изморена и со обврски, и завршив навистина многу работи па среќна сум и задоволна сама на себе. Стигнав за крај и со саканиот да се видам, па сите задоволни да бидат.

    Иде лето, се полнат фитнес,спортските центри, дури и McDonald's не’ стави на диета. :lol: Шала на страна, јас се обидувам и давам се од себе зошто многу ми е битно да си ја зголемам самодовербата, а верувам дека тоа ќе го постигнам ако ослабам и ако правам нешта кои ме прават среќна. Тргнувајќи од самодовербата, па се до оние слики од фотосесиите на Candice Swanepoel и Alessandra Ambrosio имам доста мотивација.

    За крај, сите размислуваат за одмори и веќе се организирани, само јас се уште ништо незнам. А знам како ќе биде, како и секогаш, ќе се организирам во последен момент, но ќе си поминам незаборавно.Па не за џабе се вели дека најубавите моменти секогаш доаѓаат кога најмалку очекуваш. :)


    Добра ноќ Феминки, имајте слатки сништа. :*
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Колку повеќе сум рамнодушна , толку ми е поубаво :) пуштив нервите малку да одморат , а работите да си одат по својот пат . Што треба да биде ќе биде . Доста се јадосував сфатив , некои работи и луѓе само Горниот може да ги смени . Ќе се грижам само за мене ќе се штедам , и ќе гледам најмногу да уживам . И не повеќе не идеализирам персони , ако се способни ќе се издигнат над просекот. И да ако нешто сфатив во последново време е што помалку се грижиш тоа поубаво ќе си поминеш . :)
     
    На julie77 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.991
    Пол:
    Женски
    Не е љубов се што ќе видиш затоа пази кому завидуваш.
    Ете така убава реценица и многу добро кажано . Денешниве луѓе пак од љубов љ немаат.
    Па добро бе нели ви здосади да се слушате на секој 1 саат и да си поставувате прашања од стилот : Што правиш ? Каде си ? и најбтино од се Со кој си ? Па што можеш да направиш кога 1 саат само поминал и ти врти љубениот и да ме праша такво прашања пак ! Господ нека им е напомош. Среќна сум кога ке видам каква врска имам јас а каква врска имаат некои од моите другарки . Па сте напукале во газот по 20 години и како деца од 14 години знаеш прва врска ни е па ајде ќе се лигавиме по телефон . Стварно не можам да сфатам вакви луѓе. Ме иритираат едноствано.
    Како може да не ги задушува таква врска ... Возрасни луѓе сме бе ало мислам нема потреба од патетики или веќе ако толку сакате да се лигавите можете на страна не вака пред цело друштво
    Немам зборови веќе озбилно ! Леќа ноќ :)
     
  11. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Си недостигаме. И така...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheGirlNextDoor

    TheGirlNextDoor Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    82
    ај ве молам ако некој/а од вас знае бугарски нека ми пише ЛП. неколку реченици да ми ги преведе ако може :)

    пишувам овде пошто општи прашања е заклучена
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Животов мој ми приреди уште еден удар вчера :x
    кога слушнав ми беше тешко а потоа ми помина за брзо време,се плашам да не сум станала ладна и безчуствителна се изненадив од себеси или само сум со секој удар посилна
     
  14. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Убав ден.Љубов ми врни на главата.Посебно кога се разбудив до него.За прв пат. :)
     
    На Yowannty, green.eyes, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Која леснотија и задоволство е кога `САМ` ќе си ја најдеш работата,затоа што во денешно време кај луѓето не ти помагаат и да можат,ами ако ти помогнат или имаат корист , или пак после цел живот должник треба д а им бидеш и низ нос ќе ти го извадат .
    Јас длабоко во себе си знаев дека ќе си најдам и тоа сама , порано или покасно (во средина во која од неоодамна живеам , во која не познавам никој ...) иако во моментов ми е повеќе сезонска од како стална но ...надеж ми останува и во државна институција дека ќе воспитувам дечиња :!: , па како весело ќе ги поздравам тогаш , сите неверници оние кои ме омаловажуваа , и оние кои можеби со смеа гледаа на мене :P :) .
     
    На Annath, Sweety-90, WarriorAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека денес се чувствувам олеснето некако. Си ја носам конечно сукњата што си ја купив завчера (убаво беше времето сабајле, фала богу) и си ја направив косата по ќеф, како што сакам јас.

    Убаво ми е :)
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Се бара матуранка со краток фустан, евентуално не асиметричен :bandit: .
     
    На thelittle17, Hipster, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Жената се чувствува исполнето кога е сакана и кога знае што ќе облечи! :lol:
     
    На kala21 и Ana.Jones им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.122
    Пол:
    Женски
    [attachment=0]Screenshot_2013-05-24-10-01-07.png[/attachment]
    и ај после сакај дома ,како па да не ]:)
    Па оваа клима ни прија на сите само не на мм ]:)
    Мене убаво ми е Дома сум 8)
    Сонцеее 30 кусур степени
    Ајде поздрав :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath, Doozy, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро,мора сеа место да се одморам 3 дена јас да учам математика за екстерно !?
    Мора некои луѓе да го прават тоа што не треба ? Мора моите да ми се уклучуваат од фејсбукот ?
    Мора ли бе да ми почне денов со нервози !?
    И ова па времево надвор,и тоа ме нервира.Се ме нервира денеска.

    Фала,пријатно.
     
    На Someonespecial, prettyliar и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.