Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Не сакам да кажам, ами да прашам, не можам да најдам соодветна (и често отворана)тема.

    Како најдобро се бара станче/спрат од куќа во Скопје? За двајца или тројца студенти, Центар (некаде меѓу Кузман и Рамстор), за секој посебно собиче. Не треба луксузи, свилени завеси и турски теписи... Не мора ни да е којзнае како наместен. Се наоѓа нешто за 70тина евра по човек?

    Овие што ги гледам на пазар3 и реклама5 се како за семејства, наместени, со сите салтанати, а немам 100-150 евра само за кирија.

    ЛП ако имате информација/совет, да не ги замараме во темава. :)
     
  2. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Значи не реков дека мора моден креатор за да изгледа нормално.Според неа сите биле облечени или во долги или асиметрични фустани, па само прашувам дали сите треба да платат моден креатор за да изгледаат различно, за да не наликуваат едни на други.
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не знам што е галамава со екстерното тестирање , не гледам вести :D да не ве видов на улиците немаше да знам дека протестирате.
    Не знам каков точно е принципот на екстерно тестирање , ама ако сте си учеле , не би требало да ви биде проблем . Ама проблемот е што генерално ( има исклучоци нормално ) младите се помалку и помалку учат.
    Порано најголем срам беше да одиш на полагање во јуни , денес една средношколка гордо ми кажува дека ќе оди на полагање и баш мува не ја лази ,па 20 души од нејзиниот клас биле на полагање, во смисол дека се многу кул |(
    Како оди образованието , за некоја година ќе стане премија ако знаат да читаат и пишуваат .
    Сакав да кажам дека ако сте учеле , тестовите нема да бидат проблем . Да ме прашувате мене , се треба да се укине -матури , тестирања, чуда и да се вратат приемните на факултетите , да видиме колку ќе се запишат на факултет ]:)

    И сепак поентата на постот ми беше друго , ве видов сплотени во голем број , тоа е добро - без разлика на целта за таа сплотеност ..
    Таа сплотеност и борбеност да ја задржите кога ќе бидете студенти , да се борите за подобри услови во студенските домови ( каде условите за живот се мизерни ), да се борите против непотребните давачки на факултет , против митото , да се изборите за статус на академски граѓани и своите права . Оти нашата генерација , и тие пред нас и по нас , пасивни бевме , згазени . Само ќути и учи :D
    Бидете поразлични .
     
    На thinkerbell, MandyLane, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ^ Остај шо ке мрчиш, туку не си апсолутно информирана за тоа што го имаш напишано, не полагат екстерно матурантите,драга феминке туку сите од основно послем 4то одделение, и во средно.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кажав дека не сум де :D мене ми беше поентата дека е добро што се здружени .
    Само целта им е чудна , да не им ги проверат знаењата :?: , еве ќе се редактирам . :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Се согласувам со фактот дека денешната младина за ништо не ја бива(со исклучоци), но стави се на нивно место и дали би ти одбрала екстерно? :)
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    " Во мое време " :D навистина се учеше , и не гледам што е проблемот ако учиш цело време да ти направат проверка на наученото . СДК добро е да се борат за своите права и вака да се здружуваат само целта за таа борба треба да биде насочена кон по суштински прашања.
    И мене никој не ме праша дали ќе полагам матура , први бевме од тие што полагавме . Само воопшто не ми се чинеше страшно .
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Сакам да кажам дека се разочарувам од луѓево,како бе може за 5 денари да ме краде? па јас да не ке се осиромашам а она да не ке се збогати? Постапката ме нервира,немала ситно да ми врати! а тогаш како тропаа железни парички кога ја отвори фиоката кусур да ми вратиш? па ај нема врска,шо уопште ми врати кусур,еј па ти за кусур 75 денари,големо чудо де ај,на муштериите не треба кусур да им се враќа,вие не зимате плата гревчиња сте.. :@ -.- свашта!!
    Како и да е ви посакувам убава вечер каде и да одите,јас вечерва ке си останам дома и отидов да си се сместам пред телевизор со мојот сончоглед. :)
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Научив!
    Во животов за секој проблем има решение, освен за смртта, со се ожиш да се справиш освен со смртта,
    сватив дека сум среќна што моите родители се живи и се до мене, сватив дека парите што ги имаш не значат ништо откако ќе изгубиш некој сакан.
     
    На bittersweet, Jenniffer, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    незнам дали и јас сум како времево или имам несто :!: станав во 10 од спиење и пред 1 сат до сега сум спиела пак :x врне,сонце,врне,сонце и јас спијам,спијам,спијам :| :| :|
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Имам чувство дека цело Скопје отиде во Пробиштип на Аква Фест-от. ;(
    И незнаев дека ќе ми биде толку тешко, и криво што не отидов :doh:
    Ама ако, битно јас и љубовта моја сме си тука, во Скопје, (додуша тој е на работа :( ) ама секако,
    фамилијарно останавме во градов. :)
    Душичка, како прееска се обиде да ме утеши, дека и нема да било толку убаво во Аква Паркот бидејќи ќе било гужва. А кога ќе се роди бебушот и кога ние ќе одиме ќе било многу поубаво.... ама ме насмеа :D
    Јас морав да му реплицирам... ааа теши се ти така само :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК дека ми недостига Симончето(мојата најдобра другарка од школо). :(
    Незнам денов како го издржав без неа, како ќе издржам уште 2 дена а? :@ ;(
    Ај Симонче колку сакам во моментов да бидеш до мене... Да ми подариш една ИСКРЕНА прегратка... :(
    Само ти ме сваќаш Симончеее..!!!
    Камо сите луѓе на Земјава да беа како тебе, сите да ме разбираа како тебе, те САКАМ Симонче, знај дека секогаш многу ќе те сакам зошто ми ЗНАЧИШ најмногу во животот! :|
    Порано не разбирав дека кога сум со тебе сум насреќна,насмеана,весела... Порано не сваќав дека кога сум до тебе ми здрачиш ПОЗИТИВНА енергија Симончее.
    Ама сега сваќам се! И за НИШТО не те давам! ГОРДА сум на себе што Господ ми прати една ваква личност како Симона! :!: Поздравче до тебее :* ... :hai:
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога ќе слушнам како некоја сакала дечко кој е во врска со друга и како таа ќе направела се за тие да раскинат, се прашувам какви луѓе ги воспитувале овие срцки невини. Ужасно! Никој неможе да ме убеди дека секогаш треба да се бориме за љубовта! Бидејќи не секоја љубов треба да се нарекува, ниту пак смета за ЉУБОВ.
     
    На anabel-a, Doozy, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Неможам да учам, значи не ми се учи.. Колку имам за полагањеееееее!!! Аааах, не знам главата каде ми е.. Ама не ми е тука паметот, што да правам.. Се ќе си паднам :(

    И он па како ме нервира, значи не идеме ете раскинавме, што има цело време да воспоставуваш контакти со мене!! Па уште и на брат ми кругчиња ќе му даваш да прави!! Мајмун еден!! Ај иди си кај тиее сега или веќе не ти се интересни откако ме изгуби мене!! Што да ти правам, веќе не ме заслужуваш.. а утре ќе правевме 3 години и 7 месеци.......ама тоа е живот.. Ти си крив и јас не ти простувам!!
     
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК најмногу мразам кога со дечко ми треба да се влечкам по имиња на некои НН личности кои појма немам кои се и да седам таму , затоа што никој не познавам, и да цутам ко перуника, додека притоа тој си уживка и ама ич уво не му чуе дека ми е незгодно. И мора последен да си замини, МОРА.... |(

    А јас кутра, антисоцијалец, од прво кога се сретнам со некој и в земја пропаѓам. Напето ќе биди, напето. Мислам знам дека мора така за да ги запознаам луѓево, знам, тоа е и логично јас го разбирам. Ама мразам бре, мразам. :$

    И ако не овде кај да мрчам на друго место.... Тоа е ... ]:)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Колку виртуелна љубов и реална осаменост.
     
    На sweet-star, anabel-a, Doozy и 22 други им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...посакував д а не сум толку чувствителна , ме копа ме јаде ....ви се случило онака блиц момент, во секунда да ви текне на некој тажен момент и во истата таа секунда да ви се слеат солзите .
    Видов една бабичка денес која ме потсети на мојата и од кога е замината од овој свет не сум осетила таква тага и болка, дека навистина ја нема , во истиот миг ми текна и на чичко ми ....
    си викам каков е животот чудесија си одат луѓе идат , живуткаркаш на момент `забораваш`дека боли и кога наеднаш така ке те акне како со бетонска цигла.
     
    На anabel-a, Yowannty, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Среќна сум - вчера дипломирав :D

    Уште посреќна што и конкурсот за работа го поминав :) Пракса неколку дена и од први јуни почнувам :) ЕДВАЈ ЈЕКАААМ :rofl: :rofl:
     
    На sweet-star, Annath, anabel-a и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас со душа ги чекам овие денови. :rofl:
    Со душа чекам, да дојде лето, па од надвор да ми пуштаат музика. :rofl: Макар и Чае Шукарие. Не е битно, битно музика да е. :D Пред неколку дена, кога почнаа накај 2 саат ноќе да ми ги вртат: Уз мораву ветар дува, Поломичу чаше од кристала, А сад адио, Муштулук... :rofl: Дечки јас на коњ бев, море каков коњ, на жирафа. :rofl: Не ме кривете, што да правам кога си сакам стари српски и македонски. :rofl: Англискиот ми е така малку слабо... :D У главно ги пејам ко Макарена: фњеифхоиеф Макарена, јњифехф Макарена... Ееее МАКАРЕНА! :D И многу мрзам, кога пејам, а пејачот ќе го згреши текстот. [​IMG]

    Па некогаш кога ќе за-ѕмкам, се заборавам. :D Ѕма, ѕма, ѕма, ѕм... ѕма, ѕма, ѕма, ѕм... :D Се' е добро додека не почнам да ја пејам Кој ти го тури жено. [​IMG] Искрено не знам како ме трпат, тие околу мене. [​IMG] А тешко на сестра ми... секоја вечер и' одржувам концерти. [​IMG] Кога ќе почнам да завивам... ООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООО БАТОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООО! МОГЛА САМ ЉЕТЕТИИИИИИИИИ! [​IMG]

    После тоа иде: Хајде ночас ми доџиии, бурек ми донеси. Ночас можеш и 2 јогурта, нек буду у ќеси. [​IMG] Не знам да пејам, па затоа се дерам за тројца. [​IMG] Ја само пјевам, ја само се дерам... ја немам разлог да се живцирааам! [​IMG]

    Го знаете овој од Жикина Династија? Од него имам уплав... Е ко него се осеќам. [​IMG]

    [​IMG]
     
    На sweet-star, Micheleljubov, ana-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Абе се замрчиле за се и сешто и за мрчењето - мрчорат пак на крај!
    ИнаФ!
    Жени, баш жени! :devil:
    Само шо незнам кога ќе сфатите дека мрчењето е залудно потрошено време и нерви.
    Мислете дека на некоја Струмичанка (пошто тие важат за девојки најраскошно облечени за матура со долги елегантни и впечатливи тоалети) облечена во балски фустан од 1000 евра и е гајле шо пишете тука за нејзниот кич или бугарски изглед, кој да речиме некогаш е ефтин, иако буквално не е нели :|
    Епа не и е, пошто она си гледа за себе, она го сака тоа, и она си поминала лудо и прекрасно во тој фустан, и утредента со мерак сто фотографии ќе става и профилната на фб ќе ја смене толку доволно додека половина Македонија не и стисне лајк.
    Ама тоа е што е нели, секој нека си гледа за себе, и секој со својот вкус напред.

    Памeлче душо, арно си мрчиш за екстерното, тоа е мрчење во прав смер, што па за матурантките, лично јас тоа не го оправдувам.
    Секоја девојка си има право што да носе, и мене не ми се свиѓа кичот, претеризмот и разголеноста ама некој ужива во тоа и нема шо да спомнувам или воопшто па Бог да чува да ми е гајле, можам само да си се насмеам додека и ги гледам фотографиите подоцна, чисто од досада и сеир. ]:)

    А јас драги мои, денеска бев крајно непродуктивно створење, срам да ми е, имам грижа на совест голема колку Индија....
    Легнавме со дечко ми, ама не можев да заспијам, утре сабајле во 9 одиме на Водно, ни почнува сезоната официјално, чекав да помине пролетта, со алергијава да стивнам, и малку се смирив, така да одма почнуваме, ама џабе легнав, си станав со подвиткан опаш, си седнав на моето Хилари Клинтон биро - така дечко ми ми го вика, и отворив материјали, презентации решена да учам...
    Бар малку, колку да можам да заспијам.

    Јас сум ти од тие луѓе кои ако се нервозни, ако згрешиле нешто а не го поправиле или ако имаат грижа на совест, не можат да се опуштат, а камоли па да спијат, па затоа ќе се потрудам да си ја намалам грижата на совест, па макар седела до 3, бар знам дека утре со мерак ќе го искачувам Водно и ќе уживам во пикникот горе.
     
    На anabel-a, Doozy, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.