Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Што уште сакате да земете од мене??
    зарем не ви беше малку што ми ги одзедовте умот, срцето и душата...
    не сум толку храбра и силна за да можете да ударате секој пат одново и одново, ја немаа она девојка која веруваше во се и секого, која дозволуваше да ја газите... сега ми е сеедно, затоа што немате што повеќе да земете.. земавте се што можевте.. а не смеевте :doh:

    И мислев дека се што ми се случува е само проклет период, дека се ќе се среди за недела-две, и кога веќе се навикнав на тоа, кога полека почнав да гледам напред, ме предаде, ми забоде нож во грбот, личност која ја гледав како сестра.. и нема да простам.. едноставно неможам да поминам преку ова...
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... да ви кажам право, отсекогаш сум се чудела што мајка бара вертикалниот замрзнувач долу во подрум, па уште и работи, :?: а зјае празен, евентуално некогаш може да вдоми на кратко некое зајче ако ни го донеле (вегетаријанци смирено, да - јадам зајачко. Вештерка).
    Нејсе, денес сфатив што му е намената. :D

    Тој замрзнувач е потребен доколку го расипеш горниот, па да ја преместиш сета замрзната храна долу. Многу ми е мило што мислеле моите со време, на вакви бек ап планови.
    Видете, јас имам расипувачка карма за апарати во домаќинството. И апарати општо.
    Многу е едноставно, некој ќе си купи еве нов телефон, и сите викаат - ееее, дај да го видам, и телефонот стар еден ден, шета од рака во рака, доаѓа кај мене, го фаќам - и се исклучува. :^)
    ;(

    И така, секоја година кога останувам дома - се расипува нешто.
    Една година беше двд-то. Друга - телевизорот. Трета - бојлер. Па казанче.
    Оваа - фрижидерот. :(
    Со најубави намери земав да го чистам од мраз, со нож (подоцна сфатив дека не се чисти со никаков остар предмет, екс плавушо, браво!). И направив некое мало минијатурно дупче, леле мајсторот кога го виде сабајле се ѕвездоса.
    А тоа со лупа да го гледаш. Осетив јас дека тоа шушти, си викам - мора да е толку чист, па сега шушти.
    :D

    Абе ми се плачеше од мака. Налет пари за поправката, пари се заработуваат, ама зошто мојата расипувачка карма ме следи, нели можеше да истерам едно седење сама дома, без расипување.
    И така, бев тажна, сега откако мајсторите си отидоа се смеам ко налудничава, сфаќам дека освен готвење, мразам се` друго поврзано со домаќинството - од алишта и пеглање, до миење садови и чистење длабок замрзнувач.
    :D

    Ве поздравувам, имајте убава сабота и држете среќа утре да ми го оправат фрижидерот.
    ^_^
     
    На anabel-a, mims-89, Maya3112 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    охх,нека е за арно
    убаво се изнасмеав со онаа темана за најголема глупост што сте ја направиле секакви глупости видов.... :D :D
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Сдк синоке се успавме со мојот спанко хаха толку ни беше топло и сладко и кога ке се разбудиме ? Надвор се разденило не ми се верува хахаха набрина облекувај се и да те нема дома хахаха
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Веќе 4ти ден како сум неизмерно среќна, и страв ми е да напишам, страв ми е да го изговорам тоа, страв ми е и да се разбудам наутро затоа што сеуште не ми се верува дека ова... е реалност.

    4 години како пиев хормони, 4 години како се мачев, пази на јадење, пази ова пази она, и пак стануваш подебел и подебел, ајде да ги поминуваш границите, да си неконтролирано суштество па да не ти е тешко ама со мојот начин на јадење кога не внимавам би требало да имам максимум 8 кила вишок како порано кога си бев нормална, а не 30. Чуди се, плачи, паѓај во депресии... на никој не кажував колку лошо ми влијаат хормоните затоа што мислев дека од дебелината имам негативни ефекти и затоа што мислев дека луѓето ќе си мислат дека само барам изговори и оправданија, седи ноќеска пред вц школката, плачи и сили се да не повратиш зошто не знаеш да повраќаш, станувај од спиење зошто ти се гади или те фаќаат грчеви, седи дома затворен да не те фати некоја хистерија ако отидеш негде и од воздух дебелеј се.

    Пред некоја недела затоа што повторно немам циклус мајка ми пак почна да ме тера да одам на лекар, мене душата ми е изнамачена ако ми верувате, во февруари ги завршив последните апчиња и не можев повеќе, и плачев како бебе, мамо сфати ме не сум спремна, пак ќе ми даде други хормоништа, не сакам не сакам не сакам, абе како дете буквално. Ама мајка како мајка, се грижи, се секира, се мачи сигурно и повеќе од мене и реши да одиме на друг лекар. Случајно слушнала за една жена што многу и помогнала на нејзина муштерика и ми вика ќе одиш. И решив да одам заради неа, па хормоните што ќе ми ги даде докторката да не ги пијам. Арно амаааа.... отидов и после три дена испитувања, боцкања и се остало во вторникот дознав дека сите хормони ми се во ред(а испитувани ми се стооо пати во куп различни лаборатории и не знам како глупавото дете не се посомнева зошто пие хормонска терапија кога сите хормони се во референтните вредности) и дека никогаш не сум требала да пијам хормонска терапија. Имам некоја состојба хиперинсулинемија, и интолеранција на глукоза, иронично е што се појавуваат од дебелина и предизвикуваат дебелина. Како што сама накачив некој килгорам тоа се појавило, и кога прв пат отидов на гинеколог тој не ми испитал инсулин туку ми препиша хормонска терапија која лошо ми делувала затоа што не ми била воопшто потребна, како што таа лошо си влијаела, инсулинот си скокал ли си скокал, и моментално ми е скоро 400, а границата е 20 и нешто.

    Кога и кажа докторката на мајка ми дека ако неписмениот доктор пред 4 години ми испитал инсулин, тогаш ќе сум си почнела со оваа терапија, ниту некогаш олку многу ќе се здебелев, ниту некогаш ќе пиев хормони, ниту пак ќе имав милион проблеми внатре во организмот и по кожата предизвикани од непотребното труење со грдите апчиња, мајка ми збесна, сметајте мајка ми е помирна и од мене, кога фати да развикува, а јас слушам се од ходник она се дере, па како може, па дали е нормален, кога ќе отидам партал ќе го направам, абе ќе го тужам ако треба, ќе види, така ли се третира дете со здравствен проблем, откачи го најлесно за 5 минути, докторката вика џабе се нервози господ грев ќе му пише.... абе хаос, сега ми е смешно ама тогаш многу ми беше тешко не толку за мене колку што ме болеше за мајка ми, абе кога ја видов колку и олесна на душата, како ме гушна, мислам дека моментот ми остана изрезбан во душата и никогаш нема да го заборавам. Секој пат кога со плачење ќе излезев од вц а таа ќе ме видеше мислам се кинеа делчиња од неа, абе ако ништо друго 5 години од животот си има скратено од нервози за мене. Поплака малкуцка па се откажа од тужбите :lol: ама кога ќе одиме да си земам одјава нема да го поштеди од некој сочен збор затоа што ми рече немој да си отишла сама! А не ни сакам да помислам што би било да дознае татко ми за целата оваа приказна, леле ќе отиде и ќе го утепа гинекологот без два пати да размисли. 4 години се во прашање луѓе мои не се малку, многу маки претпрев, а покрај мене и тие двајца, мене ми е душата преморена, не па нив.

    Ама јас сум глупава, кога прв пат ми се појавија проблеми отидов само кај еден лекар, мајка ми ми викаше смени уште еден, јас нее, добар е овој, во странство студирал, секогаш има гужва, зошто да го менувам, плус кај него еднаш сум се соблекла сега и кај други ли....дете, глупаво детиште, не можам да се помирам. Затоа сега кога ми рече таа соблакај се од глава до петици јас уааат, абе за секоја моја глупост ми се врати. И викам на мајка ми, што не си ме фатила за коса бре жено и да ме однесеш на друг лекар, и ми вика да да ќе те фатам човек со тебе не може да се справи говедо си. Ах бре ах, навистина сум. Ама па и не сакав да се мачам и себе и неа, цело време си велев, ти си крива бе мече не пазиш колку тшо треба и десет доктори смени џабе ти е, си даваш слободно денови а не смееш, не вежбаш, ти си идиот и не ни заслужуваш да ослабеш и се потешко и потешко ми стануваше и од јануари навака пазам, и прво ослабев, и после качив 9 кила. А за 5 месеци ниту 10 слободни денови не сум си дала и ми идеше да земам пиштол и да си пукам во главата веќе. Не одев ниту на кожно да ми ги проверат проблемите со кожата затоа што мислев од дебелина ми се додека тоа се од хормоните, а ме тераше мајка ми цело време, јас не бе џабе ќе биде не не не... ах да сум отшла порано колку поинакви ќе биле работите.

    Сега не сакам да мислам што би било кога би било, на пример да се мразам затоа што одамна не сменив лекар, туку можам само да бидам благодарна што ете отидов и што после 4 години од душата не ми се симна камен туку цела планина, затоа што ако бев со непотребна терапија уште 7-10 години без да се открие ова ќе му кажев бај бај на светов убав. Многу пари фрливме зошто се правевме приватно, ама докторката ми рече ич не ги жали парите сега кога веќе знаеш дека имаш болест што се третира со лекови од 120 денари.

    Не знам колку успав да ви доловам да сфатите како се чувствувам, ама не можам сеуште да си поверувам, во средата кога завршив со лекари и кога си дојдов дома цело поладне плачев од среќа, плачев рикав, не можев да се соземам од радост и сеуште мислам дека утре ќе станам и ова ќе е само некој сон на кој бледо ќе се сеќавам.

    Сега со радост чекам да дојде саатот кога ќе го испијам апчето, со радост чекам да пројдат две недели и уште повеќе да ми ја зголемат терапијата, се радувам со секое испиено апче, додека порано плачев пред да го испијам бомбончето хормонче. Абе летам, цветам, не можам да ви објаснам, не можам да ги пронајдам зборовите за да ви искажам како ми е.

    Докторката ми кажа, немој да очекуваш утре да се оправи се зошто со години телото и организмот се мачени, ама за 4 месеци ќе почнеш поинаку да се чувствуваш, а по 6-8 месеци со малку пазење на исхрана ќе бидеш нов човек. Таа не разбира дека јас веќе сум нов човек, сум среќен човек, искрено среќен што гледа оптимистично на работите, за прв пат после толку години.

    Знам дека многу од вас ќе си речат ту ама се потресла оваа и реферат напиша за глупости додека некој страда и од нешто пострашно... ама сепак, секој со својата мака, јас сакав да споделам делче од мојата мака и среќа, секој човек си има свои маки и секое магаре си го носи својот товар, мојов товар наеднаш стана многу полесен за носење.

    И сега со душа чекам за некои 6 месеци кога ќе изгледам многу поинаку да поминам во маало и на неговата улица да стои тој, со двајцата другари што секогаш јадеа гомна(и не сакам ниту цензура да му ставам на зборов) за тоа како изгледам, кога ќе сум се сменела, како сме можеле да одиме да јадеме во вили а дебели сме биле, и да пукнат од мака. Нека ми е злобна желбава, гајле ми е, ќе си ја исполнам, и за сите солзи пролеани заради нив ќе си го исполнам срцето со среќа кога така ќе поминам и ќе им се насмеам и ќе ги прашам како се и ќе им испаднат тоа вилиците!

    Среќното сонце овој пат не ме огреа, туку асолно ме испече.

    Си седам на тераса, си јадам печено сирење, и ви пишувам вас, па кај и да е ќе фатам малку книга затоа што сепак испитите не се ближат туку дојдени се веќе ама и за нив сум оптимист, ќе смачкам два потешки и 4 полесни и не му ја мислам многу многу. :D

    Посакувам да ми трае оваа среќа, посакувам и вие секогаш да бидете олку среќни. Ми иде да скокам и денсам по 24 саати на ден :dance:

    Имајте убав викенд.
    :f: :sun: :f:
     

    Прикачени фајлови:

    На dream.queen, ilipili, eli25 и 57 други им се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Слично е, иако не сум плавуша. :D Таман работа да се лутам. :fubar: :D
    Абе жени, не дека мрчам ама не ги оспорувам оние муабети „кола не е за жена“. Сериозно, среќа го кажувам анонимно инаку сите жени има да ме согорат на клада. :D
    Ама јас сум уште една во таа низа на неписмени возачи. За чудо за паркирање ме бива.
    Прееска се шалиме со домашниве во кола, демек ајде Мишел нека вози, и татко ми се убацува „Кај ќе вози, колава е полна кутии (купувавме нешто) нема прегледност“.
    :^) Кој ти кажа дека ми треба прегледност??? И онака кога возам си гледам само напред. :D
    Тоа е прав шофер. 8)

    Претпоставувам дека за некоја година и мојот инструктор ќе бара прошка од Господ за направената колатерална штета. ]:)

    Инаку деновиве се убави.
    Убаво ми поминуваат.
    Одморам.
    Хусааааа.
    :mm:
     
    На ozbilnazena, LilBaby, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ден втори како не гличам насабајле. :!: Апчињата почнуваат да делуваат. Ноќеска, за првпат по долго време, не сонував глупости, сонував црква. Не знам што значи тоа, него нема врска. За жал, сепак се придодадоа некои хорор елементи во приказнава, после гледав починати луѓе, но имаше и убави работи, на пример, внатре имаше жена, енергична, млада, со кратка коса, зрачеше со некоја енергија од неа и ми зборуваше, ме охрабруваше. Кога погледнав надоле, немаше нозе жената, и беа пресечени.

    И некој наеднаш стропа одозгора, некој заѕвони на врата и ме извади од памет. Зошто непознати луѓе ми ѕвонат на врата, значи ќе се онесвестам во такви моменти. Па и секогаш некои ,,старо купујем,, стајл, значи зошто, не ми ѕвонете, слабо срце, истанчени нерви, терапија и глупости. Секако нема да ви отворам. Дегени.

    Некна кога дојдов во Скопје, бев решена да се откажам од се'. И од полагање на испити, и од одење во Германија, и од контактирање со луѓе, некако го гледав долго, вруќо лето пред мене, јас на кревет како гличам по цели денови, сама... Да, откако претходниот ден го допрев дното, сфатив дека џабе сите ми викаат дека не сум сама - во такви моменти, сам си. Убаво е да сфатиш дека си сам, ти се враќа силата, си викаш еј, тоа е тоа, се оствари тоа што најмногу се плашеше дека ќе се случи, ама ете, сама си. И убаво се изнаплакав на тој заклучок, добри два часа ѕмиздрев додека чекав да се раздени. Како во некое бунило. Да не ме сфатите погрешно, има луѓе околу мене, ме поддржуваат, ама во тие моменти, сама бев, сум и ќе бидам.

    Како и да е, дојдов, разочарана, накурчена, сакав само да се откажам од се' живо и диво што треба да го направам во следниот период, затоа што и најмалата обврска, за мене треба огромна сила да се изврши. Но... налет тоа што сите ми зборуваа, немој, немој немој, ако толку сакав, ќе се откажев и ќе се вратев дома во мојот кревет, да си тонам во мизериите. Ама не. Пак нешто не ми даде туку-така да дигнам раци од се', барем не на 20 години.

    И еве ме сега, учам, колку што можам за последните два испита, правам планови за одење, правам планови за касен одмор со момчето кога ќе се вратам, правам планови за шетање последниве денови во Скопје, правам планови за да се извидам со сите пред да одам, планирам што ќе правам таму, каде ќе отидам, што ќе видам, што ќе си купам... Апчињата делуваат. ]:)

    Сфатив дека навистина можам на сите да им бидам потпора, да им помогнам, да ги поддржам, ама самата себе, многу тешко. Искрено, полесно е да тешиш и да гушкаш и да правиш се' за некој друг, отколку за тебе. Обично тие што можат да ги насмеат и расположат сите, најтешко можат да се насмеат од срце. Тоа е. Па така, донесено е решение, да плачам кога ми се плаче, да се смеам кога ми се смее. Ама, една грешка веќе не ја правам - не си го гасам мозокот и разумното во мене. Лажам, и да ја направам пак, гајле ми е, ќе се опаметам пак.

    До подобри времиња, односно, апчиња. :D
    :hai:
     
    На ilipili, Moira, Serafima и 13 други им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ако мислиш дека значењето на ИМАМ дечко значи да се изолираш од цел свет, think twice.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Автомобили паркирани на тротоар, велосипедисти ко на Тур де Франс возат на тротоар, и денес најново, запрежна кола чекав да помине за да не ме собере некоја кола на пат.
    Па и седнати во кола на тротоар се ладат со отворена врата, немој брачкооооо, клима ќе ти купам за да се ладиш, немој да се мачиш со отворена врата. Абе осет да се немало!

    Не знам, на пешаци да им се делат Ред Бул па да прелетуваат препреки на пат. :^)


    Ахххх да сум шофер, бар да не ме слуша никој кога сочно ќе ве опцујам! ]:)
     
  10. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    одвај чекам да слушнам дека во мене расти мало животинче :lol: :inlove:
     
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе,деновиве само се нервирам.
    И денес резултат на нервозите-афти на грлото.
    Апчиња,течности,и све остало треба да пијам,а јас неможам ни да голтам,а и едвај зборам.Оcлабена сум 5 кила,се осеќам така омалаксано и безволно,тоа чудо.
    А денес полагав ПЕТ,во понеделник и среда екстерно,сила немам да учам.
    И така. :(

    Јас,девојчето што 24/7 се смее,пее и прави заебанции...Да лежам дома во кревет,со чај што неможам да гo испијам до мене и да ми солзат очи од болка :sweat:

    Не верував дека вака ќе ми биде некогаш ! :x
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Ми вели другарка ми, срам и било дечко и гола да ја гледа, а не се тазе.

    Сум го пуштила во најмрачните делови од свеста и потсвеста, ме видел и на дното и на врвот, душата сум му ја отворила небаре за дисекција... Да се срамам да сум гола пред него? Nah.

    Плус, како му светнуваат очите ^_^ .. priceless
     
    На mamma-mia, anabel-a, Micheleljubov и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Моментот кога ќе слушнете една стара Евровизиска песна, и по неа уште една, па уште една... :D

    Многу ја сакав песнава...
    http://www.youtube.com/watch?v=S4WuVfC_w64

    Моментот кога ќе со искине фустанот, priceless ми е :D
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    одам да се лакирам темно плаво со кршена фолија... едвај чекам
    ќе оставам резултати во темата вашите нокти
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Фала ви на сите за роденденските честитки!
    Редно е и јас да ве почестам. :D :party:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Someonespecial, AwesomeGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    СДК, Големата преселба на народите официјално заврши. :whew:
    Фала Богу!
    И ќе го кажам само уште ова, дека нема ништо поубаво од чувството конечно да си бидеш дома, во сопствената дома и да си легнеш во сопствената постела. :inlove:
    Не, не се омажив, скраја да е :D , како што тргнала работава на свадби и веселби, ни случајно да не сте помислиле на таа опција - си имаме јас и либето прво кариера за градење. :!:
    Бидна домата, си се вративме како Леси, сите туто комплето. :wasntme:
    Пак сум ќерето на баба, утрово чинам не спиела за да ми стокми модерно кафе (читајте - нес) и да си муабетиме.
    Колку само ми фалело сето ова, дури ни јас самата не сум имала поим.
    ***
    Толку ми е убаво и си се чувствувам исполнета во душата (дури и деколтето ми се зголеми од таа моја исполнетост, а не е ПМС, ниту пак блажена состојба - да се разбереме :D ), што дури и си ја најдов најубавата червена нијанса на кармин. :makeup:
    Добро, тоа моментално не е ниту битно, ми остана уште да го исчистам семестаров во најбрз можен рок со просек каков што фала Богу и ми доликува и ... да се сликам цело лето со све четири у вис.
    Ама буквално.
    :hai:
     
    На bittersweet, Serafima, marama и 11 други им се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    Утрото кога водата ти е послатка и од џус од портокал !!
     
    На mims-89, AwesomeGirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    И официјално сум црвенокоса хахахха
    Не е баш изедначена бојата но со тек на време ќе биде.

    Мала промена не е лошо :D
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк интересни ми се луѓето што те местат за некои работи што ти не си го направил,имам еден колега кој направи една глупост кој сега ме обвинува мене дека јас сум тој,е такви неправди никогаш не сум трпел,ниту ке трпам,за срека моја неможеше да докаже и заврши без последици,но не знае што го чека,тек ке следи негово бркање од работа.
    Извини колега ама нема да ти го опростам тоа што ми го направи.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.