Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Чувајте си ги вашите соништа , никогаш не знаете кога ќе ви притребаат.
    Нека бидат посебни скоро реални.
    Фантазијата може да направи од нас било што, можеме за момент да одлутаме.

    Сонувајте често.
    Помогнете некому да сонува.
    Борете се за своите соништа.
     
    На Glossy-girl, tweety26, Hipster и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Транзиција од патетичен mood, во i don't care mood.
    Сериозно размислувам и дали да го ничкосам од ФБ, од што толку многу почна да не ми е гајле.
    Или да го оставам да цркне додека гледа колку ќе ми биде убаво од 1ви :devil:
     
  3. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    3.628
    Ќе си отворам кафуле Врска и доете чекирајте се у врска, со тој шо седите. Ти е гајле. Илузија.
     
    На mysterious, Someonespecial, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сдк дека сум распарчена. Правам нешта кои навистина болат. Им ги правам на најблиските мои. Ги отргнувам од мене затоа што не сум подготвена да живеам покрај толкава љубов. Јас никогаш не сум верувала дека мене ми следува барем дел од некаква љубов. И сега кога таа е тука јас упорно ја туркам да си оди од мене. Еве против неа се борам три години.
    Како да сум растргната помеѓу две нешта, животот во болка кој незнам од каде испадна да е длабоко всаден во моето внатрешно јас и оној другиот живот кој разумно сакам да се потрудам да го имам, а и вреди да го имам, ама кога и да изодам еден мал чекор кон истиот нешто посилно ме турка наназад за едно добри илјада чекори.
    Само се залажувам кога кажувам дека и јас љубам. Волкава себична магарица како мене сеуште не е спремна за тоа. А љубовта, љубовта е тоа кое јас неможам да го допрам затоа што сум исполнета со тага која ме распарчува. А јас другите ги распарчувам со истата. Веќе две децении!!!
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Среќа.
    Полни батерии.
    Љубов.
    Болки во очите, телото, од умор, ама пуста среќа ме плени. Неможам да спијам.
    Неговата прегратка е како рај. Таму има и неизмерна тага, и куп од среќа, и трагови од болка, и радост.. Се што ми треба. И најважното-мир.
    Се чувствувам сигурно. Сакано.
    Среќна сум.
    Ноќва си легнувам со очи полни љубов.
    .. |-)
     
    На tweety26, Elennaa, WarriorAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Последниве 2 дена имам негативни ставови кон се што ме опкружува.Родителите,дечкото,пријателите,ноктите..
    Незнам зошто.
    Анорксични маникенки,силиконски гради,усни ко магарешка п**ка пред пораѓање,3 декари задник О.о
    ват да фак?
    муабети,шепотења на секој чекор,оваа се изебала со оној,оваа ми го пушеше,верувале или не па воа го има само во нашата јадна МАКЕДОНИЈА.Таков ни е менталитетот,кој ни е крив,500 години ропство,па кој и да е ќе заостане..
    На сите ни одговара кремската страна,шема по кафиќи,дечко со мерцедес и строго лакосте.
    Па тие се најголемите лигуши.Не знаат да ценат,самобендисани мамини синчиња.
    И додека другиве трчаат по випот,јас едноставно сум среќна со мојата љубов,затоа што знам дека тоа е вистинското,а не извештачена насмевка,бакнеж,па и секс,само за слава .
     
    На SimplyElegant, Christina.A, cheetah.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Некако како да не го сваќам светот денес.. чупињава сите светици, а овие пак сите еб*чи.
     
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На пат сум кон остварување на мојот сон - да станам црвенокоса.
    А и полека кокците во животот почнуваат да ми се редат.
    Среќна сум.
    Добра ви ноќ на сите :*
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сакам да си го започнам денов вака

    [​IMG]

    :*

    A кафево мое мене вака

    [​IMG] ...
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    Што сакам да кажам?

    Денов ми почна уште во 6,дури да ги разбудам моиве индијанци за во училиште.Цвеќињата и тревата се навадени,кафето при крај а јас некако полна со елан како да е 12 напладне.Туку да ви раскажам нешто.Сношти се договоривме да се видиме со братучетка ми излегов 15-20 минути порано од закажаното,седнав на клупа,кога еве ти е едно деденце од 70 и плус години.-Може ли да седнам?-Може зошто не-реков.И на деденцево толку му требаше,се отвори,почна да зборува за време ова,она..и на крај -е дете мое,ми умре бабичката пред 2 недели.И си почна дедово да си раскажува како имале убав живот,немале деца за жал...и плаче дедово како дете.Почнаа и мене солзите да ме гушат,како да станува збор за род најроден,доаѓа братучетка ми не гледа и двајцата расплакани ништо не и е јасно.Се смири некако дедово...со растреперена рака се поздрави ...рече му олеснало.Колку е животот значи груб.Сега ќе се врати во празната куќа сам осамен...а да ви кажам нема ништо полошо од осаменост.Нема.

    Син ми денес се тестира,а мува не го лази.Кој знае како ќе помине.Некако од тестирањево мене ми се врти во желудникот а тие гајле си немаат.Децава гарант ми се заменети во болница,вакви нечуствителни творби дека сум родила просто е за неверување.Децата се како стрела ,дали ќе ја погодат целта или не ,зависи од стрелецот но и од каков материјал е направена стрелата.Се фаќам како си велам само да се живи и здрави ,иако во мене нешто се буни.

    Лудото ме насмеа со лубениците и дињите.Не знам дали го приметила грозјето од 130 денари килограм? :D
     
    На Lux, bittersweet, anuskaNESTLE и 20 други им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ги сакам утрата...најубавиот дел од денот. Тогаш кога се се буди, некако убавите утра ми влеваат надеж дека денот ќе биде позитивен.
    Ден започнат со кафе и саканите луѓе неможе да биде лош.
    Но, се чини дека секогаш ќе имам некое црвче кое што сепак нема толку лесно да ми доволи да го вдишам денот со полни гради.
    Денеска ќе ги дадам маченцата мои, тие малите. :( И бескрајно ми е мака што ќе мора да се разделиме иако знам дека така е најдобро зошто навистина немам услови да чувам уште неколку мачиња дома.
    Ќе се потрудам да го прифатам ова на најсмирениот начин затоа што дополнителни стресови и нервози во моментот не ми се потребни.
    И така, подобро да тргнам на работа, веќе доцнам.
    Имајте убав ден.
     
    На anuskaNESTLE, SparkyAngel, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК жалам по времето кога бев безгрижно животно и умав само една мисла на ум-да пораснам! Клише, мхм, да, сите сте го поминале тоа?!
    Просто човек да не се начуди на секој нов ден, застанувам едно сабајле пред огледало, коренот на косата израстен таман за фарбање, и мислам дека видов бели влакна :^)(патем, косава природно ми е некоја светло лешник боја, ама видов, видов над ушите ;( ) Видов бре, се наплакав, мајка ми се колне дека ми се причинува, а од друга страна ме држи за рака и ме преколнува да престанам да се грижам, да не дозревам и презревам. Јадно е колку луѓето не размислуваат соодветно на блиската иднина. Јадно е кога сугерираш работи кои ти воопшто не планираш да ги направиш, а почнуваат од тебе. Јадно е кога околу тебе правиш илузија на хармоничен дом и семејство, а абер немаш ни како изгледа тоа :|

    Искрено, јака ми душа како само пронаоѓам убави нешта во сите овие грижи, та насмевката ми е заштитен знак. И кога сум дома, покрај моите, се сепнувам, и покрај насмевката ми стојат тажни очи :doh:
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Пуштете ми среќа, многу.
    Математика, туго моја ќе те средам на екстерно! 8)
     
    На bittersweet, Hipster и pamelche им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Се разбудив доцна ова утро.Гледам ме оставиле да се наспијам.Додека да се врати апсолвенката јас ке ја прегледам фемина.Се си мислам дека сите погледи се вперени во нас.Вчера си работевме по дворот( чекам да биде готов ке ви пратам слика), абе сите се џверат.Згаснаа оние муабети од порано.Сега и Добар ден ретко кој кажува.Зошто лугето станаа вакви?Како дете се секавам на нашиот двор.Полн со наредени дрвени столчиња.Се наредиле комишики,ама секоја со по нешто работа во раце, чиниш е работилница.Се гледаа конци во разни бои.Весели лица, покриени си шамии, но срца широко отворени.Се слушаше смеа по цел ден.Татко ми понекогаш знаеше да се налути, но штом го видеа таков наогаа начин да го насмеат.Ке ме викнеа ако и требаше помош со аршините.Бев љубопитна на работите што ги плетеа и везеа. Се што работеа , работеа со љубов.Се гледаше во нивните очи кога зборуваа за кого е плетеното .Не ретко се случуваше и да запеат.Секоја донасаше понешто овошје, благо , па дури и свежо печен леб и сиренце.Практично делеа се и добро и лошо.Знаеа и да ни помогнат во нижењето тутун.Денес е ретко тоа.Лугето не се тоа што беа.Завидливи се.Се немало време за да се каже Добар Ден.Просто се чудам.Она вчера направи да се потсетам на старите добри времиња. Ке му се вратам на плетењето,и ке соберам некоја пријателка во таа чест , макар и на еден ден.
     
    На kate21, tweety26, ozbilnazena и 6 други им се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    СДК...Никогаш не верував дека нас може ова да ни се случи....Пред месец и пол дена не ограбија...стресови стресови...до бескрај,знаев кој се крадците мојата интуиција не ме излага и навиститина беа тие кои ги посочив... нешто најдовме,ама џабе закачивме болести...јас се опоравив, а мм може и до операција да стигне ;( ....Многу ми е тешко...само господ нека биде со нас и нека го чува...бидејки тој ми е се..... ;(
     
    На green.eyes, kate21, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Лајк на фб не е единица мерка за убавина.
     
    На Glossy-girl и kala21 им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Драга моја ричи, баш ми е жал. :( А за подлите крадци, не велам ништо. Убаво си викаат Србите „Отето је проклето.“ нема да видат многу аир од тоа.
    Разбирам колкав шок е тоа, но те молам остани ти силна, а и сопругот. Здравјето не се купува така лесно како што се купуваат лекови во аптека. Те молам да бидете силни и да истраете. Здрави луѓе еднаш створиле, ќе створат пак. Само гледајте да не го изгубите она што ништо материјално не може да го врати.

    Силно те гушкам и ти ја пуштам цела среќа тебе и на твоето семејство. :*
     
    На kate21, Rubiii и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Драги основци и средношколци...... кога би знаеле во животот уште колку потешки ЕКСТЕРНИ ТЕСТОВИ ви претстојат,ке се насмевнете и ке го решите тестот како линеарна равенка со една непозната,чувајте си го нервниот систем, ќе ви треба за понатаму.... Good Luck :)
     
    На ludoto19, Lux, Foreveryoungiwannabe и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Е баш ме заболе - неверојатно во колку ситуации е соодветно да си ја запееш песнава. Вклучувајќи ја и мојата актуелна колоквиумска.

    И да бе, пак не ми се учи. Временски колоквиумскиве се многу лошо поставени - првата е многу рано и имам изгубено континуитет за учење од летото, втората...ех, кој ќе учи за време на новогодишни/божиќни празници, до наредната повторно има многу време, а и се запролетува, за последната сум готова, лето ми е во глава, сонце пече, а фактот што скоро сите останати факултети се завршени не ми оди во прилог :D

    А јас така надежно ги вратив сите книги неделава, со намера да учам, нели. Некои не ни успеав да ги извадам од ранецот, а други едвај ги разлистав. Се откажав од идејата да ги ставм под перница, предебели се и премногу :geek:

    Земајќи ги предвид неколкуте (не доволно) часови што учев вчера, денес и не поминав толку лошо. Можеби е среќа, можеби карма, а можеби и не треба пред време да се радувам. Едно е сигурно - престанав да се замарам, а и онака прилично сум сигурна дека нема да го работам ова што го учам. Сакам нешто друго, сакам да патувам... Моментално има 7 милијарди луѓе на планетава кои не ги познавам и 195 земји кои не сум ги посетила, а јас сум заглавена овде, и треба да носам одлуки кои влијаат на мојата иднина, кога едвај знам која сум...

    http://www.youtube.com/watch?v=a01QQZyl-_I
     
    На Ilusionist, la-chicka и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    И пак се навикнав на него и пак ке си оди...Како ке ми помине пак еден месец како ? Без него неможам ни да дишам никако не ми поминува времето кога не е тука како јас да не постојам неможам да функционирам никако без негоо :(
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.