Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Е во ова мислење, нема да ставам ниту едно смајли. Затоа сум изнервирана. И гајле ми е за цензура. Мрзам неодговорни личности. Го оставив кај една другарка паричникот, да ми го причува. А она си отишла дома. Јас останав без скршен денар и без слободна. И се јавив. - Ааа, па јас веќе сум во автобус, ако не качи се во автобус, дојди до кај мене, ќе ти ја дадам. - Ама немам ни слободна ни пари, како да се качам? - Е де. Нема да те фати контрола. Останав 14 автобуски станици од дома. Чекав 20 минути, да ѕвони за час, за да побарам од некој 25 денари. Позајмив, и бев приморена да одам само со еден автобус и да одам пешки 4 автобуски станици. Значи како да убедам некој, дека не можам и не сакам да влезам без слободна во автобус? Како да кажам дека ми е глупаво? И дека не сум таква? Не ми е криво што ме заеба. Криво ми е што јас да бев од нејзина страна, ќе постапев на скроз друг начин. Како прво немаше ни да тргнам накај дома, знаејќи дека кај мене има нешто што не ми припаѓа. А и да заборавев, ќе се извинев по милионити пат. И притоа ќе добиев еден куп предавања, за тоа како сум можела да си отидам, а да ја оставам неа така... Криво ми е што секогаш мислам за другите, а мене никој 2% не рецка. Јас не можам да кажам: Од утре, мислам само за мене, кој ги ебе другите. Е ќе ги ебе! Јас ќе ги ебам! (не во буквална смисла) Зошто не сум злопамтило? Зошто за секоја направена услуга, се чувствувам приморена да ја вратам тродупло. А јас на некого кога ќе му направам услуга, не ме рецка? Криво ми е, што секогаш некој кога МЕНЕ ќе ми згреши, јас ја барам вината во МЕНЕ. Прееска си бев љута самата себеси, се кривев. Па добро, може на секој да му се случи. Јас не требаше да и го дадам паричникот. После си реков... да, да... јас сум крива што ме остави сама на другиот крај на Скопје, без скршен денар. А ти снаоѓај се... Целта на постов не ми е да се фалам дека сум цвеќе за мирисање, туку колку се мрзам самата себеси. А не вреди, не вреди! Можеби си викате: Големо чудо, што направила. Ама за мене е големо, и ми е криво. Јас се' си собирам во мене... а од утре ќе се правам како ништо да не било. А било. И ќе биде уште многу пати.
     
    На Glossy-girl, Lux, bittersweet и 53 други им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Freedom is a state of mind. По толку време, конечно успеав да се одделам од корените кои ме држеа несреќна толку долго време. Минатата година ми е во магла, речиси и да не се сеќавам на барем еден среќен момент. Цело време сум била во заблуда, сум си фрлила една година во вода.
    Уште не ми е јасно како успеав да живеам меѓу туѓите и лично моите желби. Успеав да ја најдам слободата во тој вртлог на очекувања и интереси. До мене се само луѓето што ги сакам, што вистински биле со мене кога ми беше тешко и секогаш ќе бидат. Им благодарам, I solemny swear дека никогаш нема да ги запоставам како претходно. А и не би можела. Ништо не е повредно од нив.

    Не остана тема што не ја прочитав изгледа. Нема веќе кај да се извлекувам, Мара оди на учење. :D
     
    На Moira, DeMelo, ceca-1 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Да,сепак на многу им смета туѓата среќа.
    Колку зборови изнакажани,просто да се изначудам.Божем не го знаат моето минато па сега измислуваат некои нивни приказни...Свашта,не им се замарам веќе.
    Иде испитна сесија,а јас наместо да учам,читам книгички по мој вкус,готвам,чистам.Не не сум домаќинка да не се залажуваме :D ,само сум приморана сега овој период.Блиските ми викаат ајде на ред ќе се научиш.Ред?Мојот ред не го менувам јас.Од каде ви е таа апсурдна идеја??
    Гледам и тој си помислува дека би ме сменил...а незнае дека е залудно кај мене.Не се менувам јас,си имам свои стандарди.И да,инаетлива сум,горделива,тврдоглава...а и зошто би го сменила тоа,мене така ми е убаво.Зошто другите не се сменат за мене?Нема ни потреба,ете јас ги прифаќам онакви какви што се,иако често ме нервираат. :wasntme:
    И ајде веќе нека помине овој период,нека огрее сонце (и во буквална смисла). :sun:
    Ааа и да си се пофалам :wasntme: вчера имав еден така добар шопинг,тоа барем ме расположи малку.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, WarriorAngel, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Резервирав карта. Ќе летам. Ќе одамммммм! :D :D

    Леле луѓе, се израдував, искрено. Многу се израдував. Одамна се немав израдувано, а денеска двапати се израдував и се окезив. Леле, се возбудив! :D

    Ќе одаммммм, ќе одам, ќе одам, многу се израдував!
    :D

    Ова до наредна тура плачење е радоста, да не се зезаме. :rofl:
     
    На 1209, Adi888, Glossy-girl и 54 други им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Многу, ама стварно многу мразам патетики ... и ако на некој овие збор два подолу ви се патетични, ве разбирам ама така е само наизглед.

    Како и да е ....
    еј девојче со газ со поголеми пропорции од мевот
    ќе ми фалиш, ќе ни фалиш !!! не не заборавај и пишувај понекогаш.

    СД ти кажам дека ме израдува твојата радост, толку многу што ме стегна нешто во грлово и се стркала некоја солза. Не е патетика, не е, искрено е и од душа.

    Знаеш колку многу? Толку што намерно ги скролам твоите мислења и не ги читам, си ги оставам за некој ден (како овој) кога сакам да ме насмееш, па си ги читам како кога се гледаат серии на нет, одеднаш, по неколку, незаситно додека очите ти гледаат, а другите околу тебе те гледаат :^) , што ли прави оваа???

    Голема си. Многу си голема. Имај го тоа на ум секогаш.
    :hug:
     
    На DeMelo, Libera, LilBaby и 8 други им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Eден ден че ни биди криво за многу работи, ама па шо е еден ден... :D :D
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.287
    Последнава година со особена динамика запознавам многу, многу различни луѓе...и не поседувам толкав капацитет соодветно да ги процесирам,па се трудам да се држам на безбедна дистанца дур дојде делот да се одмотуваат нештата. Се трудам да не ги вмешувам премногу во мојот круг на најважни и очигледно не сум згрешила... Зошто колку повеќе различности запознаваш, разбираш колку е нездрав светот во кој живееш.И еве сега сведочам...сведочам...од безбедна дистанца и си велам, со овие моиве некогаш ќе направиме некој потег на потфрлување во нашиот однос, ама никогаш не поминало без каење или извини или преќутно помирување, без збор да си кажеме и да разбереме кој се кае,а кој згрешил...ама ова...

    Еднакво возбудувачки, да го гледаш феноменот на нечие проектирање на својата одвратна личност, на сосема нормална и добра личност, како да го гледаш феноменотот Аурора Бореалис. Само што тука чувствуваш доза на гадење, тапост, лигавост и бес... Гледаш како бесрамно знаејќи дека ти ги знаеш двете страни, ти ја презентира својата извртена... со толку небулози и нелогичности што не можеш дури и да си објасниш како може некој да е таков. Со толкава возбуденост на својата наводно повредена личност, што единствено што ми оди да изустам е - те молам оди лечи се, те молам!
    Социопати! На сите страни!
    И во моментот кога од сега па натака некој ми вика дека не му е гајле за никого, освен за себе и реално гледаш како губи луѓе покрај себе, константно, значи не го вика тоа само како утешителна реченица кон себе си зошто животот шлапа шамари, туку како сериозна изјава... мојата ќе биде, тогаш не ми требаш во животов! А ја слушам често, па брзо ќе биде окончување на односот.

    Јас сум ококорена и изненадена! Може да ти се случува и да си ја знаеш страната, ама да не си способен да го согледаш нештото како се развива во целост од другата страна...ама ова го гледаш со свои очи, како едната личност се брани, прави чекор наназад, навистина е обесправена и сака да си се повлече, а другата страна се жести и покрај тоа што е виновна и се свое одвратно го префрла на таа личност. Ееееј...колку треба да си нездрав да не ја согледаш својата одвратна постапка во ниту еден момент никогаш?!
    Требаше да ми биде симптоматично уште кога ги увидов сите тие комплекси на маргинални работи на постоењето и сета воодушевеност од толку плитки нешта,а желби за високи достигнувања за кои не се поседува способност, туку само болна желба. Ама еј... да знаете дека таа болна желба, несогледувајќи си ги недостатоците...проаѓа... таков е светот.
    Се прашувам, што ги тера да се такви неспособни да преземат одговорност за своите постапки? Што ги тера толку да се расипани?!
    Сериозно...ЗАБЕЗЕКНАТА сум... гледам и се чудам. И си велам со умот, значи вака функционирал овој однос и феномен. Лудо е,ЛУДО!!!

    И да...вести од регионот... Седум години велат се потребни за да се оттргне некоја несреќа од тебе. Мене ми истекоа. Некако суеверно почувствував како да ми паѓа од плеќи некоја марама извезена со ситни оловни зрнца. Веројатно тоа е мојот систем на канализирање на страв,а истовремено и воља дека работите едноставно завршија и можат да продолжат во среќен тек. И завршетокот морам да кажам беше симболичен, но ќе го задржам за себе,зошто беше тажен... многу, многу тажен...
    Некогаш не можеме да се бориме со работи, мораат да поминат едноставно. Дозволи и пушти да помине низ тебе и твојот живот... колку помал отпор, толку побезболно поминува.

    Физички далечни сме, тоа е сигурно. Некоја взаемна апатија си плути по течение на цел однос периодов,ама не е така... Воопшто не е така. Механизми на заштита на срце од корозија и слични ми ти работи. Шкрипи, ама не зарѓавува. Некогаш се чувствувам како да сум безкруполозна во одлуките... Ама не може, кога не може. Толку е! Толку е од можноста за чекање, сега само физичката отсутност е пречка...ама до тогаш...со дебела црвена линија. Гледам дека сме на иста релација во моментов, емотивно и ментално... Знам дека не му е премногу добро, иако му се случуваат чуда од успеси и тивко се радувам за секоја негова победа.

    А реално... знам што сакам, знам кој е патот...ама во моментов и јас сум на место како што гледам се повеќето. Сите со гласна јасност дека сме смртници и дека е океј да плачеме и да посакаме да искршиме нешто. Со тоа што... не можам да плачам,а сакам,а за кршење сум премрзлива да чистам потоа. Сакам да речам, стоп животе, почекај ме малку, па едно тераписко плачење и повторно на плеј за да си продолжиме.
     
    На bittersweet, MSkorpionka, Boleyn.7 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... кој е најдобриот подарок што може да ви го дадат на прагот од летото? ^_^
    Подвижна клима!!!

    Моето мало, клаустрофобично собиче си има нов компањон, климиче на тркалца, ко кутивче ми е, си ја гушкам, си ја сакам, самата помисла на тие пеколно одвратни, лепливи, гнасни, мишкосмрдливи денови ме тераше на плачки и мрсулавење, а сега си ја имам неа, Honeywell Coolmaster 75G.
    Охоооо, си ја тркалам низ соба, си ја пуштив, фуче бре, ледара ми ја направи собата за помалку од 2 минути, сега и милје ќе си ставам над Ханивел.

    Една грижа помалку, т.е. најголемата грижа, не знам инаку како ќе се работеше во саунава на плус 40 степени по цели денови, :sweat: сега чкртната од списокот на грижи.
    И после некој ќе ми рече - мене ме радува пар чевли. :^)
    Да те видам со чевлите на 48 степени во соба, што ќе правиш, освен да ја собуеш едната и да се акнеш по глава, да се нокаутираш до онесвестување од жештините.

    Еве ми ја лепотицата, дојдете на кафе и ладење.
    ;)
    [​IMG]
     
    На Glossy-girl, bittersweet, anuskaNESTLE и 21 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денот ќе го запамтам по ручекот кој си го имав со моите родители и него! Они ракијче, јас пиво, имавме кромитче :D, пире, колбасички...
    Кога ги гледав сите такви какви што ги имам, не ми се веруваше дека срцето ми тагува. Мислам зар е можно да сум несреќна имајќи ги нив. Ама така е и тие неможат да го променат тоа.

    Морам да им најдам некоја друга среќа, за да не ни приметат како јас вриштам од несреќа! За да не ни приметат кога ќе си одам за УК!

    http://www.youtube.com/watch?v=qbmWs6Jf5dc - сериозно песнава ме тера да си се изнадерам како никогаш досега.
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Па земи воздух, затвори очи, уши, мисли... диши длабоко. Дојдов да си се олеснам, себично, иако знам дека нема да ми биде полесно. Јас само сакам никој да не биде болен, сите да се среќни, здрави и прави. И додека сите велат колку е тоа честа појава и лесно дека ќе помине, мене секакви сценарија ми се вртат во глава... не сакам да се вратам дома без неа. Како никогаш во животов мислам дека плачев кога ја удри кола, нека живее и живее, искрено си ја сакам. Колку и на некому да му изгледа чудно или нелогично или што ти знам таму, семејство ни е, наша е, нејзини сме. Ме боли кога ја боли, се радувам кога како манијак го тегне цревото со вода по двор. Ја сакам.
    И вие бидете си здрави и силни сите...и кучето да ми биде. Може? Нели може? Плис ;(
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, ozbilnazena и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    самоооооооо сакам да поминитттт 2 неделиииии и ништо друго само тоа сакам знам дека и вие сакате да поминит деновите кои сите сме нервозни за школото ама eптенн ептен axx ! ;( ;(
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Се фатив себеси како пишувам на форумов само кога сум нервозна и негативна, веројатно добро ми служи како издувен вентил :) А убавите моменти скржаво сум ги чувала за мене. Еве денес ќе бидам поинаква и ќе кажам дека имав прекрасно, квалитетно попладне :inlove: :wasntme:
     
    На tweety26, sweet-cherry, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дали може ден да ми помине без нервози? НЕ!
    Или мајка ми ќе ме извади од такт поради некои безвезни глупости, или ќе ме изнервира некоја простакуша ИЛИ школо!!
    Епа така и денес цел ден ми го уништи една невротична проф. која од пуст инат ми пишала две 3 само зашто не сум дошла на тест кој според неа бил само за поправање..и така јас цела година 5,за на крај да ме за*бе!! Само за на крај да не ми спушти 5...
    Само смирено,ако нејќе со добро,ќе најдеме др начин ;)


    Од учењево за екстерно да не може човек до вц да оди.. :)
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Јас стварно незнам како некои луѓе немаат попаметна работа освен постирање, чекирање и коментирање на фејсбук. Незнам дали патите по внимание или патите од комплекси. Дај бе луѓе не сте деца да молите за лајк по фејсбуков.
    Изгледа немате сопствен живот или не знаете да уживате во моментите, па се чекирате кај стигнете и таму кај што сте биле а и кај што не сте биле. И дај престанете со патетични статуси , не мора сите да знаеме дали сте вие оставени или ве мачи некоја мака.
    Јас незнам како вие го сфаќате фејбукот ама по се изгледа како споменар на вашиот досаден живот.
     
    На WarriorAngel, ludoto19, Boleyn.7 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Тоа не е важно кого љубиш, кој спиеш со тоа, со кого си имаш будење, кога ќе одиме или каде што ќе купите подарок за Денот на вљубените, или кога ќе се јавите „љубов’’ , за никој не може да ги однесе во движење, кој е на чекање за вас после училиште, кои да се одржи мојата рака, ти си зборуваме 24 часа. само важни нешто во овој свет е кога ќе помислите кога ќе ги видите празно место до него. оние кои не се сеќаваат на другите, но кој не ви запамти мене. Тоа се брои :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Се извинувам за буквите сто ке фалат во текстов :)

    Од каде потребата секој Бозји викенд да се оди на исти места, со исти народ, да се пие истата пијаЧка, се пусат истите цигари...истата музика.. И сепак да се врака дома во 3,4 па ако Бог даде и во 5 наутро дома?
    МогуЧе е дека стареам ама, сепак не ми е сфатливо. Искрено преферирам обицна вецер со пријатели во некој двор со пивце и малку музика, квалитетни па и глупи разговори отколку ова..
    Срека сто сум пред поцеток на испитна сесија па мозам комотно дома да си седам без никој да мрЧи.

    Во последно време сум станата многу емотивна. Се науЧив да се извинам од срце тогас кога ке погресам :)
    Ми се плаЧе, во секакви ситуации ми се плаЧе. Беѕ раѕлика дали гледам мали деЧиња кои се дрзат за раЧиња на просетка или за понемили гласови и слуЧки, ми се плаЧе и не, не е ПМС.

    Се факам се поЧесто дека кога се молам на Бога, се молам да ми помогне да бидам подобар Човек, оти навистина го сакам тоа, самата за себеси.

    Плус, мислам дека се додека не излезе од неговата дрзава на некое време, не сфака колку таа му знаЧи и колку би мозела да му фали.
    Две веЧери по ред сонев како сум дома :) и се осекав слободна, исполнета. Година и пол си немам појдено дома, и ми фали. Се ми фали, мирисот ми фали, цувството ми фали. Ми фали песната на кокоските на комсиите кои ме будеа секое утро.. :rofl:
    Пред некој ден пиевме кафе со мајка ми и наеднаЧ ја слусам, Орелски крилја как да си метнам, и в наси страни да си прелетнам...
    Не велат за џабе, где је срце мајко, ту је дом.

    ...Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам.
     
    На tweety26, DeMelo, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Чудно е што најголемите бури се случуваат кога сме најтивки. Нешто како земјотрес во раните утрински часови, кога скоро сите спијат.

    И чудно е колку нешта можат да се променат за една година, и во однос на другите и во однос на самата себеси. Требаше да поминам низ толку многу нешта, за да ја освојам најголемата битка досега, за мене позначајна и од наводното идно колонизирање на Марс - конечно сфатив колку сум била навистина сурова кон себеси, во колку строг духовен затвор сум била. Предолго. И си простив. Онака искрено. Се сетив на сите немили настани, ама и на сите среќни мигови, се сетив на сите мои жртвувања, ама и на сите неправди кои ми биле нанесени, на сите изгубени битки и на сите стекнати победи. И се почувствував во хармонија со себе и некако чисто, не дека не сум погрешила никогаш, туку дека билансот ми покажува дека имам право да се наречам човек, во време кога човечноста е реткост. Убедена сум дека луѓето кои се најсурови кон себе, носат всушност помало бреме, барем моите гревови си се мои и на крај мене најмногу ме повредиле, моето постоење на овој свет не нанело непоправлива штета никому, бидејќи сум избирала побргу да страдам и да бидам јас разочараната страна.

    Она што сакам да кажам е не бидете премногу строги кон себеси и дозволувајте си почесто да бидете и навистина слаби, благи, трпеливи кон себеси и кон другите луѓе, бидејќи често кога човек мисли дека се‘ почнало да се урива, ќе ја увиди својата вистинска внатрешна сила. Не се сеќавам колку време не сум се почувствувала толку енергично и колку време рациото не ми било толку изоштрено, а емоциите толку силни и варијабилни, ама на еден добар начин, во исто време. И конечно разбрав и што е она што најмногу ми треба. Не е едноставно за остварување, не знам колку време треба за реализација, дури ни начинот не ми е јасно дефиниран за доаѓањето до целта сеуште, ама знам - не е невозможно :) .
     
    На ChenoaBi, tweety26, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    I'm back girls. :*

    Хм, незнам од што попрво да почнам..полуматурант сум и полуматурската воедно и екскурзијата поминаа супер. А пак денес...пред 47 години се родил најголемиот херој за мене - татко ми :l: :l: :l: . Човек кој безусловно го сакам и се би направила за него, како и тој за мене. Да биде жив и здрав уште 100 години. :)
    [​IMG]

    Ова беше на кратко..сега немам време да пишувам, инаку ве читав редовно. :hug:
     
    На Lella, Glossy-girl, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Имам и тоа многу да си кажам ... Незнам од кај да почнам!

    За 4 дена ми е роденден.Многу сакам да го прославам во мојата градина со најблиските и да си го организирам по свој кејф.Секој детал си го смислив сама,сакав да биде една приватна забава,тивка музика,балони.Си се вратив малку во детството и направив да ми биде поинтересно па дури и искреирав покани за неколкуте поканети :lol: .Ех,ама другпат не планирам ништо однапред - знам дека нема да ми се исполни.Еве и роденденот нема да ми се исполни.Се разболев! И тоа многу ! Веќе 5ти ден не сум помрдната од кревет и ужасно ми е.Се разочарав.И се така ќе биде уште наредните 7 дена - дијагноза потпишана од доктор специјалист :!: .Очигледно за роденденот ќе бидеме само јас и мажето мое.Ќе си направиме живели со чајче,ќе јадеме само свежо овошје но,битно ќе го запазиме редот и ќе си се почастиме со по едно парче торта :clap: .

    Држете ми среќа да се случи некое чудо,и се да биде по мојата замисла.Да знаете би била пресреќна.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Жената е беспомошна само додека и се исуши лакот од ноктите :!:
    Bаш така :!: само што ги средив ноктите ги лакирав, најдобро што знам, а ретко го знам тоа :D и ми се преоде во вц |( е ај оди да те видам ]:)
     
    На Ketrin.Moon, kala21 и ludoto19 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.