Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Лесно е да се каже ... тешко да се примени. Не е ништо едноставно ...
     
    На Umbrella22, popi и tessie им се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Луничка, биди ми поздравена :hai:
    Фарбај златна косата и не се жали многу од децата, и ние на времето не бевме поарни :)
    Него и мене понекогаш ми се дига косата, ама кога ги нема дома, празна ми е куќата.
    Да не кажам ... сум си изгубена во просторот :)

    опис за децата!
    Тоа се личности,физички поголеми од тебе.
    Е за ова да! со раст ме заминаа .... абе јас дома сум си најмала :D

    Убав ден мила
    [​IMG]
     
    На vinozito1, bittersweet, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Мирисот на цветот обетка ми буди носталгија за едни безгрижни ,убави времиња.
    Ме потсетува на мојата најдрага личност.
    За неговиот именден целото маало мирисаше на обетка, која лазеше по малото трошно куќарче во неговиот двор.
    Годините одлетаа ,а со нив и тој. Ми фали неговата топла прегратка и утеха. Ми недостасуваат потполните чувства кои ми ги буди обетката , гледајќи го него облечен во најнов костум како весело ме повикува да излезам надвор и да ги пречекам гостите за неговиот именден.

    Нештата се променија ... На лошо... ;( ;( ;(
     
    На viktorija 90, pamelche и lunicka им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Напротив Џули, машко-женските односи се многу едноставни. Секој од нас, ама буквално секој, и машко и девојка, точно знае за сите луѓе со кои бил или сеуште е, дали и колку ги сака(л) и за што или како што - за секс или авантура само, за врска која има или нема намера да премине во нешто посериозно и обратното - колку и како што сме биле сакани од сите со кои сме биле или сме.

    Во случај кога нештата не се одвиваат како што сакаме сите сме потпаѓале под илузијата дека преку ноќ магично ќе се променат - некој дека ќе бидат засакани од оној кој е целосно рамнодушен кон нив, оние кои се повремено со некого дека ќе им биде понудена врска, оние кои се во несреќен брак или дисфункционална врска дека нештата ќе се поправат сами по себе. Сум гледала прекрасни луѓе како си го поебале животот буквално држејќи се цврсто до погрешна личност. Сите имале изговори, оправдувања, очекувања, релативизирања на вистинската слика и знаеш што е најинтересниот момент, кога доаѓало до прекин, оној кој бил егоцентрикот, како овој бившиот на Примавера, си го продолжува најнормално животот, другиов пропаѓа емотивно.

    Сите биле и се слаби кога љубовта е во прашање, ама не смее да се загуби разумот и не смее да се жртвува сопствениот живот заради некого, посебно кога нема реципроцитет. Луѓето често мислат дека моќта во една врска ја има оној кој е поубав, попаметен, побогат или не знам веќе што во компаратив. Не, не и не. Моќта е кај оној кој може да ја напушти таа врска, во оној момент кога веќе нема услови за таа да продолжи. Не велам дека тоа е на првата преперка, зборуваме за поврзувања од старт осудени на пропаст и онакви кои веќе е јасно дека не функционираат повеќе...

    Луѓето имаат многу начини да си го уништат својот живот, еден од најфунционалните и најефикасните е бирањето погрешен човек, понекогаш не сме веднаш свесни за тоа, ама штом се открие треба да се одреагира правилно. Не треба да се остава на случување на ,,чудо,, бидејќи реков и пак ќе повторам - никој никому нема да ги врати месеците и годините поминати во болка и страдање, а животот навистина ни е еден, зошто да не се помине наместо во духовно мизерување со некој кој се грижи навистина да не‘ направи среќни?! Кога човек јасно и објективно застане да ги изанализира своите врски, точно знае колку вложил емоции, време и се‘ што може да се даде и секогаш точно знае дали вреди и понатаму да продолжува со истото, напуштање на засекогаш изгубената битка, некогаш е мудрост неопходна за да оствариш победа.

    Има една доста добра изрека за непродуктивната надеж -

    Hope is the worst of evils, for it prolongs the torments of men.

    Колку побргу се реагира, побргу се заздравува, не велам дека ќе е лесно на почеток, напротив знае да биде проклето тешко, ама ќе помине. Сите поминале, поминуваат и дури постои човештвото ќе поминуваат низ тоа. Сами бираме дали ќе и дадеме шанса на среќата или несреќата да управува со нашите животи. Почнав да разбирам дека голем број луѓе кои кукаат како немале среќа во љубовта, сами си ја минирале среќата со цврство држење до погрешни луѓе. Никој не треба да сака да биде еден од нив, едноставно е, никој не мора. Јас сум убедена дека секој може да ја најде својата вистинска љубов и среќа, затоа подалеку од оние кои унесреќуваат. Што побргу. :)
     
    На tweety26, anabel-a, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    :D
    Син ми го гледам веќе со подигната глава,ќерка ми веќе во очи кај и да е за една година и таа ќе ме замине.Или јас се смалувам [​IMG]
    И јас сум таква,кога сум сама,неколку часа ми е пријатно а после ми фали гужва и галама..па дури и чашите во садоперот ми фалат [​IMG]
    Само нека растат среќни,и онака животот не се знае кога може да ги исшамара.
     
    На tweety26, anabel-a, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Совршен дечко за мене е...
     

    Прикачени фајлови:

  7. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ме немало подолго на темава ама секој ден редовно ве читам ;)

    Шо ми беше муабетот....а да. Не ги разбирам значи луѓето шо својот живот буквално на тацна го стават, се мора да кажат и секој мора да знај се.... Дали се имаат воопшто запрашано дали то ги интересира луѓето околу нив? |( Конкретно мене не ме интересира туѓ живот бе, работата ми е таква, шо секој ден се среќавам буквално со секакви луѓе.

    И секој ама баш секој апсолутно си се исповедва :D Денес една девојка ми бара тест за бременост и во ред, и давам и мојата работа е значи да го продам и ако бидам прашана да кажам како да го направи :!: И пазете таа ме праша шо ако била трудна? Оти не знаела дали ќе биди од дечкото или од некој друг донатор :tmi: И шо да одговорам јас? Значи не, не ме интерсират такви работи и не, нејќам да знам шо ќе прајш |(

    И на излегвање ми вели,ќе му го подметнам,нема да знај тој ;) Шта речи а не заплакати :clap:

    Имајте најубав ден и бидете ми полни со позитивна енергија :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241

    Теодора, :bow:

    Колку само точно ја опиша секоја една емоција што ми се мотка низ глава во моментов, секоја ти чест...

    А јас би сакала да знам само едно нешто - што се случува кога ќе се најдат две беземоционални суштества? Што кога јас не го сакам, тој не ме сака, имаме некоја взаемна корист, нема трети луѓе вмешано, едноставно двајцата се плашиме од тој фамозен збор „љубов“?

    Одговорот е „ништо“, уште некое залудно потрошено време, уште една привремено потполнета празнина....само се` некако ми оди дека равенката ќе биде:
    „празнина“ + „празнина“ = „црна дупка“ :rofl: :sweat:

    Дал да плачам ил да се смеам...овој поглед не прашува....

    Скролајте слободно.
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Домот е таму каде што ти е срцето

    Oва е проклето точно.
    Иако на 50 км од моето домче, во овие четири ѕида, се чувствувам како преку 4 океани.
    Мојот дом е таму каде што ме буди џагорот од тенџерињата на мајка ми, веселите глас на брат ми, кој има желби уште од рано насабајље. И колку и да ми пречат кога сум поспана, кога сум тука проклето многу ми фалат. Ми фали и утринското нес направено од мајка ми и нејзините молби да седнам ко човек на доручек.

    Тука ја нема и топлата прегратка на ''малиот'' и неговите молби да останам само уште малко. Дури и неговиот дом е потопол од овој бидејќи е исполнет со многу, многу љубов.
    И се така се врти во круг малку во овие четири ѕида, малку во другиот ми дом. А ако срцето е полно со хармонија и љубов - е тоа е домот.
     
    На Micheleljubov и Doozy им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Aпсолутно ме вадат од такт глупи и ограничени луѓе кои пристрасно си ги бранат децата и за сите проблеми во школството ги обвинуваат само и само наставниците/професорите. Никој не е глуп па да сфати дека со тоа НЕ покажуваат родителска љубов, туку им е беден изговор за да не поминат малку време со детето и како родители да му укажат на некои грешки.

    Пред секогаш и во секоја ситуација да го фрлат каменот по наставниците, нека се запрашаат какви родители се тие и дали нивната должност правилно да го воспитаат своето дете ја исполниле. Доколку одговорот е „не“, не може да очекуваат дека некој друг ќе ја поправи нивната грешка.

    Не велам дека нема просветни работници на кои таму не им е местото. Но работата е што се` почесто, просветни работници за кои знам дека добро си ја вршат својата работа (сум ги гледала кога сум им одела дома како само се подготвуваат за еден час, сум присуствувала на час и сл) се неправедно напаѓани, жртви на бујните фантазии на учениците после им викаат „извини, грешка беше“. Еден пријател вчера вика „Навистина треба еден преглед кај психијатар да се направи пред да се стане наставник.“ на што јас му одговорив „Од истите причини, треба да се направи и пред да се стане родител.“

    Благородна професија е која многу ја почитувам, но тешко е да се биде професор во нашава земја, со нашиве сфаќања. Низ децении не сме успеале да воспоставиме некој баланс, некогаш ги тепаа учениците, сега наставниците. Само во крајности одење. Затоа повеќе од мило ми е што ни ден од животот не сум го поминала во учење/работа за да бидам дел од таа професија.
     
    На WarriorAngel и COollLady им се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    И така отидом кај него мнооогу рано му направив кафенце си пиевме и дојде време да направам јадење прв пат му правам и мислев дека од мојата пица ни п нема да има но ја направив најубавата пица на светот не се фалам но премногу се изненадив не очекував толку од мене хаха тој беше презадоволен а јас уште повеке ^_^
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Денес додека разгледував ташни низ градот, додека плакнев очи :D и правев планови која ташна ќе ја купам од плата се појави Тој... од зад грб ко му го слушнав гласот се изненадив :o пријатно се разбира :) .
    Го немав видено охх 3-4 години можеби :?:, и не беше ни малку променет ја имаше истата онаа бушава коса :D и убава насмевка :wasntme:
    Ми беше еден од подобрите другари, штета што немавме време да седниме некаде на кафе па да помуабетиме... Во секој случај ептен ми е драго што го видов и што со еден таков позитивен лик ми почна денов :D.
     
    На bittersweet, tweety26, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    9.835
    Уф тешко ми е не од друго туку од јадење!
    И јас сум од никоја вера де со се вика ,понекогаш заборавам да јадам а понекогаш претерувам. |(
    Таков мрзоволен и јадачки ден како вчера не сум имала . :lol:
    А и чоколадото во 1 по полнок ме дукусури!
    Сите препорачуват да не се јаде навечер не било здраво демак бла, бла...
    Јас незнам :?: зошто тогаш по фриждерите има сијалички? :D
    Само џабе струјата да ми ја трошат .:rofl:
    Денес ќе се дистанцирам од него,не го фермам два посто,ме држи уште влага од вчера :P
    Си ја помолив душичката со се и сешто ама баш буквално,слободен ден бре ама најслободен.
    Сладоледи,торти,колачи,солено и благо да не кажам во мешето ми е чорба каша.
    И така сега си се освежувам со јогуртче.
    И тоа е се народе да си кажам нешто да надокнадам за тоа што бев подолго отсутна :lol: ,ајде сега на кафенце и блашко јас честам...
    Леле пак :x :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    fake friends everywhere :clap:
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Таман почнаа коцките да се местат како што треба,гром од ведро небо.
    Таман се фалев дека беше супер екстерното математика,поднаучив за тоа македонски,почнав да слабеам,решив дека ќе одам на Скопје Гори 2013..
    И ете ти.Навидум мала работа.Отидов на лекар-хируршки захват морало.И тоа на 7ми,дента после полуматура.Имаше и друг термин за утре,ама неможело,немало да можам да одам до полуматура.Мислат ли бе тие дали ќе можам да идам до Скопје Гори(14ти?) ? :lol: Незнаат они колку ми е битно мене тоа.
    Мене вечерта само таму ќе ми е паметот.Ама што да правам.Живот.Си се тешам со аватаров само :rofl: :worried:
    http://www.youtube.com/watch?v=byEGjLU2egA
    I get sick when I'm around !
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Онаа насмевка од викендот, среќата, мирот во душата кој го чувствувам како за миг за исчезна.
    Се чувствувам тажно, истоштено, безволно..Куп лекции Историја ме чекаат за утре ама абер немам.Не е фер јас утре правам историја а други училишта во Четврток. И јас сега ке им ги кажам прашањата и тие ке извадат 4ки 5ки јас 2ка.Нема врска гајле ми е. Воопшто не исправно.Каде е активноста на ученикот преку цела година, слушањато на професорот, дисциплината на ученикот..
    Слушам министерот оставка си дал.Шо да не си даде оставка ..И јас би си дала да бев на негово место.
    Професорите се загрижени уште повеќе.Пишувале петки а на екстерните децата се среќаваат со непознати поими и даваат одговор за маскимум 3. Како и да е.
    Чекам викенд , кој иако ке биди полн обррвски за последната недела барем ке можам да поспијам бидејки ниту физички ниту психички повеќе не се чувствувам способна.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам како никогаш претходно не сум забележала колку е всушност грд мојов град...
    Веројатно низ сите тие гужви и растрчувања, не сум имала време да фрлам еден поглед врз она што овде се случува. Денес за момент помислив дека има земјотрес додека чекав во централната Комерцијална. Се исплашив кога видов дека сé се тресе, а никој не реагира! После некое време сфатив дека цела банка се тресе заради градежните работи во близина. Човек треба да прави мудри стратегии на кој начин ќе стигне до посакуваната дестинација, затоа што овде преку ноќ никнуваат згради, па не ретко ми се случувало да налетам на затворен пролаз. Или нешто се руши, или нешто се гради.
    Денешново претпладне го поминав од шалтер на шалтер, од банка во банка, па почувствував дека ќе дехидрирам некаде по пат... Фонтани имаме на секој чекор, ама украсни. А ако на човек му се припие вода, може слободно некаде да си се онесвести.

    Златно славејче нека си ја смени химната...
    http://www.youtube.com/watch?v=oVMIL1TDTfY
     
    На ines.h, SparkyAngel, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Како да го пријавам? Знам дека ако го пријавам се ке се реши и ке се спасам,ама татко ми ке дознае и тогаш јас нема жива да останам...И после животот бил убав? Дали само мене ми се слуцува ова? Уште ме нарекува лесна девојка,курва..Боли тоа....Се обидувам да бидам среќна,сепак овие години ги имам ама како покрај ова? Како? Знам јас сум си крива за се и заслужувам да плацам и глава да ме боли,ама ке заврши ли еден ден ова? Ке заврши ли? Ѕвона на секои 5 мин,пораки и кога ке му се јавам за да му кажам да престане ме нарекува со најгрди зборови..Немаше така да се цувствувам само тој некој да ми кажуваше така,но штом тоа родителите ти го кажуваат знаци стварно сум таква.Солзите ги бришам,сите ми викаат ти си дете немаш за што да плацеш и колку посакувам да е така..Ама нема..
     
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Глупости, значи прави глупости... http://press24.mk/samo-polnoletnite-mak ... -proshetka

    Од кога па сега оваа?
    Значи навистина глупа држава сме. Тоа нема врска, можеш да возиш кола или мотори на 16-17 години а неможеш да излезеш кучето да го прошеташ?
    E wtf... :swear:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.