Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.709
    Пол:
    Женски
    Иииии така... помина едното екстерно денеска. :whew:
    Не се секирајте, останав читава. [​IMG] Не ме изеде компјутерот, добро е. :rofl:
    Уф, што ми направија овие пусти школски стресови... :x
    Мозоков ми е како чаша наполнета до врв. [​IMG] Вчера дури цел ден не сум вклучила компјутер, дури цел ден не отворив Фемина. :o Ете така, минус да ми пишете за вчера. :wasntme:
    Сега се утепав од читање постови, што ми се насобрале. [​IMG]

    Ама вчера математика, за првпат ми испаднаа основани стравот и нервозата. :doh:
    Си буљев во една задача ко кутро теленце во шарена врата, и напишав една третина од неа. [​IMG] Задачата, бај д веј, носи пола од бодовите. :|
    И сега сите ќе ве частам по една милка ако добијам 4. Ама не се надевајте, тоа не е многу можно. :!:
    Еее па, и јас сум ептен брливо створење. [​IMG] Сите ги советувам да се релаксираат, да не се нервираат, да си свиркаат, а јас се трескам од земја за еден тест што ништо не ми влијае. :^) Tреба да си ја чукнам тиквата малце. :rofl:
    Денеска си ветив одмор на мозокот малце. [​IMG] Да ми се изветрее малце, за да се створи простор за ново. [​IMG]

    А, и да, да ви се пофалам, од денеска дома ми летка едно преубавко папагалче. [​IMG] Ептен му се изнарадував. [​IMG]

    Ај отидов сега на тераса, со сладолед и со слушалки во уши, да ме милува ветренцето и да се опуштам со чилаут музиче. [​IMG]
    Ариведерчи. [​IMG]
     
    На Glossy-girl, tweety26, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... живеам во село. Буквално.
    Многупати имам зборувано на темата како децата од ова проклето НЛо се невидени сељачиња, иако ме убедуваат дека децата се секаде деца. Сите се демек исти.
    Жими бога - не се.
    Кај мене се најретардирани, потпишувам со мастило и крв.
    Што ти пречи кабелот за интернет, зошто 4 пати во месецот мора да го корнеш и тегнеш и кинеш на сила, ама зошто носиш мозок колку едно гравче?
    И такви се, маалски фраерчиња демек јебовци, квакнале пред влез и гледаат кој како помине, замине, дофрлуваат, се кикотат ко простаци, ко некои стринки и штрбави баби без работа, и на старо и на младо атакуваат, малтретираат дечиња, кучиња, мачиња, просто тероризираат.

    Многу сакам да ги искршам, ама онака да се размавам со некој стап, со камења и да ги растепам, леле како ми кинат нерви, колку само ги мразам ! :devil:
    Уште од мали ги учат, т.е. не ги учат да бидат барем мааалку воспитани, барем зрно човечни, не бре, ќе те убие, нема веќе такви бајки кога возрасен ќе ти свика, а ти со страв ќе избегаш дома и два дена нема да се појавиш пред зграда, сега адвокат ќе ти изнесе.

    Гнаси, (не ми се верува дека вакви зборови употребувам за деца и полумрсни бубуљичави тинејџерчиња), ама стварно се стока невидена. |(
     
    На eli25, sweet-cherry, anabel-a и 23 други им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Денес и машките почнаа со оговарање ц'ц'ц. Ее па на пијано уште што не ќе ти каже тоа никој нма да ти каже хахах :rofl: . Убаво велат пијаните и децата се НАЈИСКРЕНИ :P. Мада некои работи ги збори без врска..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да ви кажам, оваа година се поретко гледам вести, оти сум приметила дека страшен порив на негативна енергија ми ствара.
    Наутро или попладне си седнувам нате-нане си отворам Дневник ако имам по дома, или Вечер и Вест на интернет, и дури оние сеирџиските страни ми се поинтересни од дневните препукувања.
    А и не дека животот ми се промени ако Спире дошол во образование. |(

    Де ќе отворам Курир да видам Боркица кај ги шетала децата, или ќе отидам кај овие другиве да видам што кукаат и за што се бунат. И си викам: И што ако видов? Дознав нешто што не знам? Да не сум изненадена случајно?

    Да ти се плукнам во општеството во кое стааааално се почнува или завршува со муабети за политика. Роднински збиднувања, имендени, слави, дрн-дрн јариња, почнува со фамозното прашање: Што мислиш ти за Х проект? Ево га, крене. |(
    Ко дете одев стално на летувања со блиски и роднини и мајка ми. Не знаете колку пати во текот на денот гледаа вести. Од сабајле првите да ги фатат, попладне во 16:00h после ручекот, во 19:00h можеа да ги пропуштат оти дремнале или се на прошетка, ама тие во 21:00h за пред спиење една доза мора да се кркнат.

    Се чудев и ко дете. Поарно ќе скитав да откривам нови сокачиња, нови луѓе, нови работи, да се изнадишам чист воздух, него мозокот да ми се труе.

    Па така аватарот ми е не само во чест на архитектонските поместувања периодов, туку општо земено. Политиката не да е курва, дрољиште невидено е!
    Правете се на Тошо!
     
    На anabel-a, bittersweet, anuskaNESTLE и 22 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hе знам за вас, ама мене ми е нормално да им станам на стари баби и дедовци во автобус :) Hикогаш не би дозволила да седам, а над мене да виси некое 80 годишно бабе, што веќе до колена е во гроб.
    Tоа ми е врв на некултурата, Mа и колку да сум изморена, сум била и јас средношколка бе, сум седела по 7 саати во школо, ама секогаш, без исклучок, а влезе некој стар одма рипање од стол :)
    Секакви погрдни зборови сум слишала во автобус од страна на ова младинава, дури и желудникот ми се превртувал :x
    Е добро де, им дале неколку дена во автобус, нека се возат,нека се забавуваат од населба во населба, па последни години од животот им се.
    Зар немате ли бе вие баба и дедо? :^) Сакате некој така невкусно да им се обраќа на нив?
    јас така да слушнам некое распрдено средношколче да се обраќа на баба ми, абе забите би му ги скршила.
    Утре и јас ќе бидам пензионер, здравје боже и јас сакам да бидам Лејди Гага :D

    Инаку навлезена во ПМС максимално сум |( . Ај среќа овој пат не ме мава на психа, не делувам ко побегната из Демир Хисар, ама затоа......... :rofl: фрижидерот е испразнет, може да се најде некој скапан патлиџан, и една овената краставичка, се сум си изделкала, се сум си смацкала ]:)
    Е не можам да се контролирам, ми се јаде бе,страшно многу ми се јаде пред добивање.
    Сега си ја наполнив чинијата црешки, и ќе си замислувам дека јадам лубеница :D
    Абе, јас треба и книгите да си ги фатам, средина на месец полагам, после тоа на екскурзија в Чуждина со баба ми, ме премоле, ајде па ајде!
    Еми ајде бре ајде ]:)
     
    На ilipili, sweet-cherry, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК веќе ќе ја избришам Канал 5 ,досадни се веќе, уште 1 не завршила најавуваат нови 5 турски серии,да имаше 3-4 ајде де ќе разберев,ама ова веќе претарано.. :@ а најавите им се страшни :x
    ни документарци не даваат ни ништо,барем од документарците ќе научиш нешто, а од ова турскиве што се учи ? :| од денес само МТВ ќе си ја гледам :!: ( и сител помалце ) :)
     
    На Micheleljubov, Ketrin.Moon и Kristina.R им се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Искрено настаните од минатата недела ме натераа да размислувам за мојот живот многу повеќе од порано, личностите што ме повредија всушност ми беа лекција, ме научија да не верувам секому, да внимавам на кој му се доверувам, зошто не секој сочувствува со мене :^) .
    Сакам да се променам :) .
    За почеток газираните сокови ги заменив со овошни сокови и ладни чаеви, (најтешката одлука некогаш донесена) :D, планирам да почнам со јога или да најдам некоја друга занимација која ќе ме смири, планирам да ја збогатам домашнава библиотека, веќе имам 10-тина книги на листата за купување :wasntme: па во жешките денови ќе се фрлам на читање...

    Нели животот почнува да се менува од малите нешта :)

    Туку.. дали тоа што се сретнав со него денес два пати е случајност или животов пак нешто ми крои :?:
     
    На anabel-a, kala21, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке ти почне денот со половина чашка винце-ко на мене се тече ко подмачкано :D ваква сум цел ден :$ насмеана од 6ка до 6ка :D а тоа дека главава ми зовра од :sun: пу пу не се важи
    ми пиша сметководителката кога ке ме исплакаат :$ ин а фју дејс едвај чекам тоа да се случи, а утре сум прва смена на замена :doh: кој ке станува рано а бев и на факс да видиме што се случува таму-пак ке морам да ги посетам затоа што треба да поднесам молба-малку имам проблем со изразувањето ама со мама на помош ке ја склопиме некако :) а тоа дека шетав, и шетав ко нездрава барајки го местото каде ке се собираме со девојкиве и жениве од средно е друго-за на крај да дознаам дека е толку блиско што не ми се веруваше-а таман си помислив со кој автобус ке се вракам, страв да не го промашам а е толку блиску :)
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Со фустан на точак утре. Па ќе читаме поезија во МКЦ.

    Не ми стивнува животов, никако. Трчам од една дома во друга, носам алишта, комбинации, чевли, чанти. Да не заборавам црно моливче, скриптите на Нина, неколку пара гаќички и кутијата за сладолед полна со обетки!
    Тоа е тој трансфер од живеење со своите, во премин во живеење со дечко. Главава ми мисли на две страни. Иако, за арно да ми е. Сега во моментов, варам супа, уклучувам машина за перење, пишувам биографија за Makbooks.mk и паралелно си го средувам cv-то за некои подобри времиња. Еј де. А утре со деца, сметки, и чуда, како ли ќе ми биде. Ќе ослабам од движење! :D
    Викендов беше љубовни прикаски. Балкон, дворче со млад кромид и калинки, зезање, зајдисонца и многу опекотини по образи. Бекутан во чанта и бегај од сонце, ама бадијала, срцево сончево си бара друштво. Точакот спремен, номад на релација од еден до друг крај на Скопје.
    Во сабота на свадба, фустанот спремен, уште да не ми беа толку бели ноџињава, од цело зимување по хеланки и хулахопки. Бркотници. Подочњаци. Бегство од многу луѓе крвопии, гушкање со драги луѓе шеретлии ем боеми. Сами си ги прајме главоболките, зар не.
    Ко да сакав нешто којзнае што да кажам, ама батали.
    Убав е денов. Трчаници, ама ете така. Ко грст цреши во рака, убав е.
    И покрај тоа што реалноста во колективот создава тажни глетки. Ко човекот гол што трча не по Месечината, ами низ Центар. И што тетката кај чичко Стоилко, среде сите тие купишта меса и помфрит, седната во ќошот, си мереше притисок...
    Чудно е ова време - невреме.
    Здив ни треба.
    Еве јас, со пишување го земам. Супата нека кркори. И мене ми кркори главата, од свашта!
    Ве канам утре во МКЦ да влеземе во други светови, и да си го зачуваме срцето барем раат.
    Гушка Шилејка.
     
    На Trnche, anabel-a, Lux и 9 други им се допаѓа ова.
  10. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Мразам луѓе што кога им кажуваш за некоја книга прво што те прашуваат е
    Колку страни има?
    Aко броиш страни подобро не читај.
    Читање е да се нурнеш, да заборавиш, да дозволиш да те понесе и занесе.

    Не да се мачиш да прочиташ точно 53 страни
    претходно пресметано ти е дека точно по толку треба да читаш цела недела за да ја прочиташ
    и пак да седнеш на фејсбук.
     
    На Someonespecial, SparkyAngel, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  11. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Подај му прст, ќе ти ја земат целата рака :devil:
     
    На Someonespecial, Elennaa, Plavusa.17 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    ништо страшно :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • riba.jpg
      riba.jpg
      Големина на фајлот:
      52,1 KB
      Прегледи:
      408
    На Someonespecial, kala21, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Испити.
    Трема ме фаќа...мислам ништо не знам иако многу долго време им посветив на овие , си ги спремам им се тресам ..Страв. :|
    Си имам прифатено така некоја несреќа се за еден бод-прашање си паѓам ...крајно намалена самодоверба,се чувствувам некорисна.
    Затоа овој пат се трудам повеќе.


    И да .Младинава дефинивитно забегала!!!

    -Си одам по улица..и едно дечиште од 16-17 години бап раката на задник и моментално убрза додека се свртев :@ Добро бе неписмен , некултерен еден :envy: како се изнервирав му се развикав :devil: ,па имаше една постара женичка па и таа коа фати како мене лом го направивме... :D ]:) Тоа е невоспитани,без морал.
    ]:)
     
    На Someonespecial, Adi888, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Леле леле леле, ги утепаа со прашањава за екстерно :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Најлошиот момент за една жена! :lol: :tmi:
     
  16. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Само смоки, чипсови и слатки јадам :devil: . Како дрога да има внатре па што неможам да се откажам од нив.
    Ако продолжам вака 200 кила ке станам :@
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Everywhere I go I always take the smile with me :))
     
    На Someonespecial, Dog-lover, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Еве ме назад! Конечно да седнам пред лаптоп без да се брзам, без да праќам милиони мејлови, или да трчам! Побурен период не сум имала до сега, се ми е на брзање, состаноци, колоквиуми, испити, уплати за Германија, банки, пошти! Секаде сум, само не дома.

    И подобро што е така, барем не мислам на секојдневните проблеми. Ме тиштат, не дека не, ама ги потискам некаде длабоко во себе. Не сакам да дозволам да се разочарам по милионити пат, и не сакам да плачам. Се трудам колку што можам да не мислам на нив...

    Полека се спремам, пак ќе се пакувам, пак ќе излезам од оваа средина која ме гуши. А деновиве слушам само убави животни приказни кои допрва ќе се остваруваат, ама настрана од овде. Сите бараат начин како да ја напуштат оваа смрдлива земја. Се надевам дека еден ден, и јас ќе го пронајдам мојот пат кој води на некое подобро место.. И нема да купам повратна карта како до сега... :)
     
    На Annath, anabel-a, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  19. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Леле кје умрам држите срекја утре полагам историја на екстерно :puke: :worried: :x
     
    На Dog-lover и COollLady им се допаѓа ова.
  20. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Од денсес нема повеќе да бидам искрена зошто на луѓето не им се допаѓа кога им ја казжувате вистината во лице.Тие преферраат да бидат излажани и да го слушнат тоа што сакаат да го слушнат.Оние кои премолчуваа се секогаш подобро иако можеби имаат многу полошо мислење од вас.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.