Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Имав еден другар во основно со кој се смеевме како луди. Постојано, на секој час само нас не опоменуваа за смеењето. Некако имавме иста смисла на хумор. Тоа верувајте ми се единствените убави спомени од тие години. Едноставно тоа нашето беше чисто другарство, немаше никаква љубовна привлечност - само другарска. И тој ми е пример дека може да постои машко-женско пријателство. Ми недостига, сакам да му посакам еве вака виртуелно, бидејќи лично неможам, да има многу радости во животчето. И да, и многу смеење. Ми фалиш другарче!
     
    На Glossy-girl, anabel-a, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.953
    Допаѓања:
    15.949
    Пол:
    Женски
    Си ставив нова слика за аватар :D [​IMG]
     
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК...никако да почнам да учам за матурава. Никако!
    Деновите полека си поминуваат а јас си уживам... и си се тешам - има време :!:
    Од утре сигурно ќе почнам да учам. Секој ден истата лага. Ама ако ;)

    Што да правам кога не можам да престанам да мислам на некои работи. А толку посакувам да се реални :lol:
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hи турбофолкот не е тоа што беше :D Оддамна немав чуено, викам ајде да видам некоја новокомпонована турбофолкерајска песна, пуштам на Јутуб и што да слушнам
    Па на времето колку толку се трпеа, не верувам дека има некој што не ја знае Београд, Лична карта и Лепа Брена :!:
    Таков ни е менталитетот, сакаме или не, ќе не бомбардираат со Турбофолк, а и Турски Индиски и секакви серии :D
    Епа што сакате, еве јас на пример одам да ручам, пуштам телевизор, јас сакам да си јадам со телевизија.
    Пуштам 1- МТВ Некои никакви и ужасни народни приказни :^) Најсериозно зашто бе се снимаат нови кога не ги бива!?
    Една реченица што ја наслушнав ќе ви кажам, и се ќе ви стане јасно-
    ЌЕ ТЕ САКАМ. СЕ КОЛНАМ ВО ОНАА СТОНОГАЛКА- и кажа принцот на парталавата принцеза
    Следеќи програм- 2че (Е, сега не знам што беше овој програм :lol: )
    3ти канал, Канал 5, Драган, неговите никакви маички на риги, и среќни коцки.
    Орајт, сега на 4че, е тука е Сител, секако малку покомплицитано, и се зависи кое време јадам.
    Ако е за време ручек,
    ќе имам среќа да ја начекам Аси како копа компир на нива, а ако е попладне, тогаш
    ќе ја гледам малата невеста, обвинета за превара, со направена фотографија, фотошоп левел 9000 :rofl:
    Или па како ги учи тие дедовците што е интернет, Ова срање е добро за со прилог печурки,мислам на салата де :rofl:
    5ка и Телма, и ФАМИЛИЈАААА, ВЛАТЧЕ РУСИНОТ и неговата ,Со игра песна, лекцијата е лесна' |( водителката со НАЈУЖАСЕН И НАЈПИСКАВ ГЛАС што моето уво го слушнало, јас не знам тоа децата како ја гледаат оваа Емисија, абе на времето какви Емисии имавме бе, златни, мерак да ти било дете да си!
    и, да квалитето е после полноќ, нели кога сите спијат, на Мтв1 се врти Супернатурал.
    и после што сакате?
    Епа нема што да се гледа бе луѓе, кога сакаат да поминат со малку пари овие нашиве програми :)
    Не сме ние криви што не трујат со вакви срања.
    Па и шпанските серии беа премија за ова, научивме и јазик и се, ТЕ ЌЕРО МУЧО, ЕЛА НА КАУЧО :rofl:
    и да, ова дигитализацијава не можеа да ја стават на потуп датум, кога сите луѓе едвај си ги чекаат пензиите и платите, со неколку стотки во џеб.
    Аман може да причекаат малку, нека стигнат пари, после ќе се дигитализираме.
    Да де, Битно стабилен сигнал ќе има Дур Ананди со куршумот у глава плаче
     
    На Elennaa, bittersweet, ana-girl и 28 други им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога минувам низ напорни периоди, кога главава е спремна да ми прсне секој момент, пуштам Колдплеј и се навраќам на летото кога завршив средно.
    Безгрижно време. Мислам, сигурна сум дека и тогаш сум имала "проблеми" кои ми виселе над глава, ама еве сега не памтам ништо од тоа, и се свеснувам дека се е минливо, посебно некои ситници на кои сами им придаваме значење и ги правиме приоритети и оставаме да не контролираат, наместо ние нив.
    Се е минливо, и баш поради тоа треба да бидам порелаксирана. Е, ама ај примени го ова. Ај не се нервирај со секојдневно полагање, главоболки, ненаспаност, стрес, фрустрирани луѓе... иако ништо од ова нема да памтам, ама ајде.
    Туку, Колдплеј.
    Ме асоцираат на беспрекорна среќа и безгрижност.
    И ги слушам сега, не знам дали ми олеснуваат во целиов овој хаос, или пак прават да ми е потешко, затоа што не знам дали некогаш во живот повторно ќе се чувствувам како тоа лето...

    http://www.youtube.com/watch?v=ZWcKB8tLrEs

    И уште нешто за сите во основно и средно, и за екстерниве тестирања што ви се тешки. Клише е кога некој ќе ви рече ќе ги барате овие времиња, ама верувајте дека по некоја година, кога ќе се најдете на некое место со нови луѓе, на место кое не ве исполнува, животот би го дале само за да повторно се чувствувате како што се чувствувате сега.
    За некоја година нема да се сеќавате на ништо од ова, на ниту една солза, ниту една непроспиена ноќ, на ниту една тешка лекција по историја и слично.. односно, ги губите нервите за нешто што и не е толку вредно, ама за жал вакви работи секогаш се сфаќаат покасно.
    А и не се споредува ова низ кое вие поминувате, со се што ве чека во животов, и чувајте нерви и здравје.
    Опуштено. Колку брзо поминуваат годиниве и воопшто животов, додека трепнеш, језиво е.
     
    На bittersweet, anabel-a, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Навистина признавам дека знам да бидам ептен смотана. Премногу се замарам со тоа како ќе биде, што ќе биде ... Сакам се да му пропуштам на времето, тоа нека покаже како ќе се одвиваат работите.
    Покрај сите обврски кои следуваат зарем и со дополнителни, не толку битни работи да се преокупитам. :fubar:

    Добро е што денес некако времево ми изгледа потопло. :)
    Јас веќе почнав да си кројам планови за ова лето, дали ќе имам некој слободен ден за одмор и малку уживање на некоја плажа 8) секако времето ќе покаже :!: :)

    Убаво ми е денес, расположение на ниво, со кафенце и нешто благо, читајќи ве вас навистина батерииве ми се полнат со позитивна енергија. :)

    Имајте убав ден!
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ново фустанче од Зара (читај Бабел), 5ка од Дестан со лепче и компирчиња, порција сладолед и одма друго е.
    Туку многу пати е мрчено и уште ќе се мрчи за тоа, ама ај да те видам преќути во полн автобус, од кои пола небањати, а дезодорансот за нив е научна фантастика. Уште па кога ќе речат, стар/а сум јас за мириси и парфеми. Абре човек, мисли малце и за околината, па порано сода ставале за да не смрдат. Применете нешто, ова не е хумано. :puke:
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Помина екстерново ! Да се надевам дека двата предмети ќе ги положам со 4 или 5...
    Фала Богу нема веќе со што да се замарам и да учам како ненормална.Само уште некои работи да си дојдат на свое место....
     
    На prettyliar и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    tessi ги смени сликите во аватарот ама сегашната е нај нај нежна и одговара на карактерот. :) :*
     
  10. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Не знам како да ти кажам, а знам каде да те најдам..
    Но знам дека ти пак ќе молчиш, и белиот мермер ќе молчи..
    Сеедно, зборовите се болни.. И подобро е што е така, бар ќе ме поштедите од ударот на зборот крај...
    Залудно стоев на дождот, не ми ја изми тагата. Тој безмилоен облак ми го врати мирисот на спомените, ме потсети на тебе..
    Ме потсети дека Те сакав.. дека Те сакам.. и ќе Те сакам..
    И дека повеќе никогаш нема да те видам, тато...
     
    На Ketrin.Moon, Trnche и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Oд каде ли да почнам, навистина не знам ...
    Мислам дека многупати имам кажано дека обожавам средби низ автобус - непланирани, брзи и експресни. :D
    И не знам дали, за да биде уште поголема иронијата - оти нели, најубавите работи по некое непишано правило доаѓаат на крај - се качувам денеска во автобус, со помислата дека ова е тоа, крај, готово со влечкањата торби, куфери и глупости до почетокот на следниот семестар, си шарам со погледот натаму-наваму, си барам слободно место и одеднаш се стаписав и ужасно се молев да не се примети по ликата моја - го видов, по којзнае колку време. :?:

    Немавме некоја посебна и срцепарателна приказна со него, ама знаете, секогаш ќе има таква личност во која можеби не сте биле доволно затрескани, но ете, ви било едноставно и убаво, без многу салтанати.
    Немам апсолутно никакви чувства кон него - никогаш и немав, а и нема да имам, зашто дефинитивно не е мој тип на карактер со кој сум компатибилна, но ми беше мил и навистина ми годеше што имав таква личност како него во овој животец.
    Тој е жив доказ дека за да ти биде убаво не треба многу да му ја мислиш, а јас сум ... тотално спротивно.
    Се чувствувам виновно дури и тогаш кога сум среќна и кога ми е убаво, зашто сигурно некаде на некое место, било каде, некој е несреќен, си има маки и слични нерешени мистерии - ракче бре, се тресе за сè и сешто.
    Тој е авантурист и е тотално зависен од нешто ново, а јас сум си домашарче и ме потресуваат „авантурите“ низ дома, а да не зборувам за нешто друго ... :^)
    Никогаш нема да му простам - си ја продаде гитарата заради една таква авантура, а му велев да не го лажат очите, дека мене ова уште од почеток ми мирисаше на пропаст, ама не ме послуша и очигледно дека гладта за нешто ново и невидено била поголема од сето останато, но како и да е.
    Не можам ни да се сетам зошто точно прекинавме, не се скаравме, ниту пак некој проба да шета со опашката во други правци :D , ама ете, мислам дека едноставно сфативме оти не сме еден за друг, оти и покрај разликите сме минус и минус или плус и плус, како сакате, а знаете гледано од апект на физиката, два исти полнежи се одбиваат.
    Епа, среќа што се одбивме на време, зашто навистина секогаш кога си ги анализирав нашите карактери на ум ми доаѓаше слика на хиперактивно животинче во кафез, наспроти накиснато маче сето позеленето во фацулето од стравот од нешто „ново“.
    Уште ми е малку лут, го сетив и му се познава по погледот. Никогаш лесно не се откажуваше од ништо, а некои работи навистина не се постигнуваат со упорност - или ги има, или ги нема.
    Ќе му стане јасно некој ден, ќе олади и ќе сфати дека сум била во право и дека подобро било така.
    Си изустивме едно „здраво“, а во меѓувреме низ глава ми поминаа милион, милион слики и ... тоа е тоа, до некое наредно видување низ некоја автобусовска сеанса, со уште едно срамежливо „здраво“ пропратено со мутавото - :) ...
     
    На bittersweet, Bright, kravce и 22 други им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мразам средби со луѓе кои одеднаш ги снемува па се појавуваат.
    Ми се јави една девојка од маалото со која пораснав, онаа која мислев дека ми е најдоброто другарче од детството, и со која се разделивме у средно, кога живеевме во соседни соби а немавме контакт дека беше јака пичка.

    Ќе дошла да ме види, да ми честитала матура.
    Нека дојде, ама нема да ја пречекам со раширани раце, ниту со драго срце, дека не сме сите исти, нели..
    Не ми недостига, ниту пак ми е жал за нејзе. Нека и е со среќа се во животецов..

    еве ја, ѕвони на врата.. :)
     
    На eli25, anabel-a, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Бакнежи, прегратки, многу моменти кои сакаме да ги проживееме барем уште еднаш во животот.. Понекогаш само тоа посакуваме, зарем не?

    Ситниците многу значат, малите нешта ги сочинуваат големите,убавите моменти чинат среќен живот.
    Се треба да цениме.
    Денес знам дека се си има своја вредност. :)
     
    На crazylady, Micheleljubov, Primavera и 8 други им се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    22.887
    Пол:
    Женски
    Многу разделби ми се струпаа овој период. А јас најмногу од се мразам разделби. Посебно пак што сум свесна дека со некои од тие мили и драги луѓе можеби никогаш повеќе нема да се видам... :( И така тешко ми паѓаат, при секоја цврста прегратка очите ми се насолзуваат. Си имам кажано дека не сакам кога доаѓа крај на нештата.

    А деновиве завршува дружењето со колегите од факултет. Некои заминуваат во Шпанија, други Германија, трети за Америка.. и ретко кој ќе се врати... Лани ми беше полесно, знаев дека во септември пак ќе седнеме заедно во клупите, пак ќе има кафе шема после предавања...

    Ама сега не, време е секој од нас да си ја бара среќата под ова небо. Или под некое друго :)
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mногу изгубивме со откажувањето на самитот во Oхрид.Aј да не се знаеше дека Kосово не е покането :swear: Oчигледно е дека некои соседни држави не не сакаат.
     
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Постов го посветувам за моето телефонче.

    Најпрво мислев дека си изгубено некаде низ домот.
    Те барав,те барав насекаде,во секој агол во секоја фиока,над секое казанче,во секоја ташна.
    Секој момент помислував дека ќе излезе нешто бело,толку незачувано и симпатично.
    Те немаше..те немаше ни на оние места,од каде што често паѓаше.
    Од каде што често те кревав,и со доза на страв внимателно погледнував да не ти се случило нешто сериозно.
    на пример да не ти пукнало екранчето.
    за среќа секогаш завршуваше само со по некоја гребнатика.
    Ни мачка со 9 животи не ти беше рамно.
    Жалам за мојата индиферентност.
    Жалам за мојата не-доволно грижа за тебе.
    Жалам и за сите солзи што не ги пуштив за тебе,сега откако те нема.
    Иако мие криво,криво мие што со тебе заминаја и сите спомени кои себично ги чував.
    Броеви, слики. пораки.Пораки кои беа препрочитувани по стотти пат.
    Сега си можеби во туѓи прегратки,туѓи раце шетаат по твоето мени.
    Можеби еден ќе се вратиш,и ќе сфатиш i never dreamed someone like you could love someone like me <3
     
    На Primavera, Umbrella22, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк запознав една девојка која е нон стоп позитивна,и на моја покана за кафе од прва прифати што многу ретко барем на мене ми се случува,и сега ке ја посматрам,поминува друг дечко и гледам оваа му се фрли во прегртка и го бакнува,ај си викам другар,потоа друг доаѓа и на тој исто го бакнува,и се прашуваам што е со девојкава не ми е јасно,вакво нешто сеуште немам видено,пазете позитивна е,авантуриска,барем сама ми кажа,мила е убавка е,дали девојкава незнае да одбие? :?:
     
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    I need summer. Now! :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Е не знае богами :rofl:

    Иначе ах во вакви моменти само едно си викам - зашто неам една фабрика за благи, еве за Сникерс или Марс да речеме, или како не сум сопственик на Милка, Тоблероне или Шогетен, ок или на Најлепше жеље, или па на некоја за чипсови и сите останати грицки за коа ќе ми се пригрицка нешто... или на ланец пицерии и сендвичари коа ќе сум гладна, на Вива сокови коа ќе сум жедна...

    уај, оу уај...
     
    На ceca-1, Dog-lover и pamelche им се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не постои нешто друго што повеќе ме нервира од себични луѓе!!!! :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.