Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Usus est optimus magister

    Искуството е најдобар учител
     
    На Veki4kaa, Glossy-girl, Trnche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ми фалиш Игл. Ми фалат сите тие вечери поминати со тебе, онака без везе. Баш пред некој ден помислив на тебе, ги разгледав разговорите. Очите ти ги немам видено, ама затоа душата каква што ми ја претстави ме маѓепса. Знаеш, може и требаше така да е. Само страв ми е да не ти се случило нешто, пребрзо те снема. Исчезна! А ми фалиш. Ми недостига твоето разбирање. Само ти знаеше така да ми дадеш совет и да ме разбереш. Ама тоа е...
    Се надевам ќе прочиташ. И се надевам дека си добро. Ти посакува се најдобро. Не верувам дека некогаш ќе се видиме, а и да се видиме не верувам дека ќе се препознаеме. Навистина сакам да бидеш пресреќен. И дали горе или доле... биди мирен. Ми фалиш човече, а најтажно од се е што незнам дали воопшто си жив. ;(
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.709
    Пол:
    Женски
    Замислете го моментот кога ги гледаш двајцата „најголеми машки“ (во смисла на агресивци, хулигани), како после секој тест цимолат на професорите за повисока оценка. Да, да, буквално молат да им се подари поенче-два за да добијат повисока оценка, а театарската претстава понекогаш кулминира и со потплачување. :rofl:
    Трагикомедии. Ама навистина сум многу против тоа молење за оценки. Многу ми е ниско и глупаво.
    Разбирам и почитувам кога некој се бори кога е во право, ама без основа да се буниш, да се пазариш и да молиш за оценки... Јас никогаш не сум заплакала за оценка, барем не пред професор.
    Убаво им рече една професорка: Па што ќе правите вие кога ќе одите на работа и кога нема да ви прифатат некој проект? И таму ли ќе цимолите? :D
    Ама имаат таквите нешто што ќе ги турка - врските, се разбира.
    Сепак, си знаеме сите колку вредиме и колку ни е заслужен успехот. :)
     
    На Elennaa, ana-girl, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Што ќе ви е реалноста?
    Кој ја измисли? Кој ја створи? Кој ја предложи?
    Што се замислувате, кои сте во реалноста? Понекогаш мислам дека вашето значење е толку малечко, неважно и невлијателно за мене, и понекогаш мислам дека така треба да мислам постојано.

    Кој од сите излезе од утробата со мене? Кој од сите излезе од утробата со вас?
    Кој ми ја држи раката за да се осмели да ми каже лош збор и да ме понижи?
    Кој е тој компетентен кој си дава за право да ми го уништи животот само затоа што учествувал во моето создавање (на било кој начин)?

    Кој е тој што се смета за повеќе од аларм кој ѕвони во одредено време да ме разбуди, за да разбуди уште една ситуација?
    Кој е тој, толку храбар, толку силен, да ми ја одземе смислата?
    Реалноста ли?

    А не?
    Не.

    http://www.youtube.com/watch?v=r77Rbid9rDo
     
    На WarriorAngel и Trnche им се допаѓа ова.
  6. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    Не сме свесни колку малку треба за да израдуваш една невина душа која неможе целосно да го ужива животов. Личностите со посебни потреби се милион пати со почиста душа од нас, искрени и замислуваат многу мали желби, толку реални и возможни. Пресреќна сум што денес израдував таква личност, кога би можела би ги задоволила сите потреби на ваквите личности. Чувството не се опишува, таа задоволна насмевка на едно невино лице е скапоцена. :)
     
    На DarkTulip, ludoto19, WarriorAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  7. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    ПаРаТа ПрАвЕ иГрАтА :^)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    За 3 дена ќе си ги брцкам нозете во солениот Јадран.
    Аривидерчи :hai:
     
    На Someonespecial, tessi, ludoto19 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ајдее сега пред матура до презентации ми е... :x
     
  10. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно, после 2 год. читање, јас да се зачленувам на форумов... It took me quite a while...
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Фино поштено си бапнав математика ;(
    Цел ден леб в уста немам клаено, ми се врти во глата, немам ум, вежбав и вежбав и пак да се мачам уште цело лето, ме јади во душата ако ме вервате, другарките и тие сите на бапка.
    Не знам шо му е на професорката едно кажва, сосем трето дава, од камен да беше женава ќе разбереше дека стварно задачите ѓо ги дава се тешки, Август не ми бега :(
    Но од една страна решивме да не се нервираме, еднаш кога и да е мора да положиме, та било август та било понатаму, се се дешава во животот.
    Мојте ми викат да не се нервирам, уште поќе да вежбам од то шо вежбав и дека тогаш сигурно еднаш мора да поминам, како и да е решив да не се нервирам, ама те јади во душата ко ќе ти само пола остаен за да ја исчистиш прва година ;(
    Како е да е то е то.
    Одам да гледам Госсип то единствено ме смирва. :)
    Сега сум поактивна се читаме денојве.
    Ви посакувам убава вечер :*
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Забрането е да не им се смеете на проблемите,
    да не се борите за она што го сакате,
    да се откажете од се поради сопствениот страв.
    Забрането е да не ја барате среќата,
    да не го живеете животот со позитивен став,
    да не помислувате секогаш
    можам да бидам подобра.
    Пабло Неруда
    Е така да си знаете ви забранувам точка :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Не можам да се редактирам.
    Ептен сум себична. И крајно глупава!
    Додека татко ми таму за живот се борел, јас овде се лутев дека ниска ме викаат. Ма глупости! Ќе си умрам од својата глупавост некој ден. Крајно себична и глупава испаднав. Демек битно било. Не, небитно е.
    Битно е живи да останеме и да остариме сречни, задоволни, дека сме постигнале нешто, макар само да сме биле нешто. Па макар и само среќни биле.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Ја ставаш сликава, и викаш дека ножот не е твој?! Згора на се, еј. Оооо и тоа како е твој... и ти ни го заби, „другарке“.
     
    На Sara123, Micheleljubov, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило искрено. По сите тие лоши искуства кои си ги доживеал со припадничките од спротивниот пол, потребна ти е позитивна личност и тебе да те разведри. Штом ти е за авантура и убав провод, тепање време, не се замарај како се поздравува со други машки. Доколку се чувствуваш опуштено, позитивно и среќно во нејзино друштво, а не чувствуваш дека се вљубуваш, терај понатаму.

    A зошто девојката го прави тоа...воопшто не мора да значи дека планира нешто со некој од нив. Имав другарка што со сите се гушкаше, се бакнуваше, во скут им седеше. Дури и пред дечко и`. Тој (видливо) не покажуваше дека му пречи,а девојкава едноставно си сакаше внимание од спротивниот пол и си уживаше во истото. Можеби баш тоа внимание е еден од индикаторите што ја прават толку позитивна.

    Препорака до сите
    Барајте ја и уживајте во секоја позитивност која ви ја нуди животот. Не се мачете барајќи ги негативностите или недостатоците, тие секако избиваат на површина доколку ги има.
     
    На imelda, Trendafilka, Yipman2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте :D
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Некогаш си строг кон некои луѓе за нивно добро, знаеш и да ги нападнеш за нивно добро, и да им се развикаш, и да бидеш груб. Па и да ги повредиш за нивно добро. Некогаш некои луѓе ги ставаш пред тебе, а некогаш па секои. Ни едното ни другото на крај не е добро. Колку и да се трудиме да му помогнеме на човек, тој е тој што самиот треба да си ги отвори очите.
    Знам дека идат убави денови, го чувствувам тоа. Секој ден е една нова авантура, едно нова сплетка, нова љубов кон животот. Секој ден чекаме едно ново утре. Ама без некои работи не се може нели? Некои работи се тука и постојани, да не држат на земја, да не држат стабилни и да ни даваат желба за напредок.
    Како шпагети кодовите на моите програми - така и ова мислење ја следи истата тенденција. Ако, и сигналите од мозокот ми се кодирани со некои неразбирливи знаци.
    Си мислам сега, колку храброст треба да имаш за да оставиш се зад тебе, па макар и на година-2, да ги оставиш сите и се што имаш, да жртвуваш се за напредок. Јас сум амбициозна, сум силна и упорна, ама на крај можеби толку нерешителна, или само роб на навики. Кој знае дали еден ден би се одучила на ваков чекор...
    Времето јас го контролирам вечерва, со секоја нервозна мисла надвор светнува, со секоја патетична што тера на глупаво цимолење-надвор почнува да врне. Гледам се смири... ако, се смирив и јас :)
     
    На Hipster, Someonespecial, Micheleljubov и 7 други им се допаѓа ова.
  18. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Што е....Тоа е.....
     
  19. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    In vino veritas

    Што е во виното ? па вистината :D

    :d:
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.292
    Кога ќе видам кои габори од твитер мислат дека се лепотици, ми оди да си направам чај од ѓумбир у када и да се удавам!
    Ако ти кажат дома дека си им убава, не се важи, во ред?!
    Ама може у овулација се,што знам...ама постојано?!
     
    На NoellePage, Hipster, Veki4kaa и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.